КАФЕ ПАУЗА

Tag: мал

  • Најголемите грешки во уредувањето на ентериерот што го прават домот визуелно помал

    Најголемите грешки во уредувањето на ентериерот што го прават домот визуелно помал

    Рефлектирачките својства на огледалата можат да создадат впечаток дека просторот е поголем, но само ако се поставени на вистинското место во домот. Исто така, не е сеедно каде ги чувате сликите, играчките итн. Водени од убавината на некои предмети во домот, луѓето забораваат да обрнат внимание на тоа како тие визуелно влијаат на просторот. Деталите можат визуелно да ја намалат просторијата и секогаш треба да ги имате ум овие 13 работи при уредување на вашиот ентериер:rn

    1. Тапети со премногу големи форми

    rnrnrnГолемите дезени на ѕидовите привлекуваат внимание и го прават просторот помал. Изберете посветли тапети со мали дезени за собата да изгледа поголема.rn

    2. Отворени полици за книги

    rnrnrnОва му дава впечаток на пренатрупаност на просторот, со што се создава впечаток на помалку простор отколку што има навистина. Изберете парчиња мебел што имаат врати за да ги скриете нередот и пренатрупаноста. Секогаш можете да ја отворите вратата и да ја земете посакуваната книга. Просторот ќе изгледа многу подобро ако книгите се наоѓаат зад врата што одговара на бојата на остатокот од собата.rn

    3. Софа во форма на буквата Г

    rnrnrnИако ваквите софи се многу практични, тие се посоодветни за поголеми простори. Во мали простории, тие го ограничуваат протокот, така што просторот изгледа помал и е недоволно функционален.rn

    4. Поставување украсни предмети на ниво на очите

    rnrnrnВака се создава илузија дека просторот е помал, без разлика колку е висок таванот. Закачете ги полиците, украсите и сличните работи на повисоко. Ова го привлекува погледот кон таванот и со тоа визуелно се зголемува просторот.rn

    5. Неправилно поставени огледала

    rnrnrnРефлектирачките својства на огледалата можат да создадат впечаток дека просторот е поголем, но само ако се поставени на вистинското место во домот. Најдобро е да го поставите огледалото пред прозорецот. Ова ќе внесе повеќе светлина во просторот и ќе го направи визуелно поголем.rn

    6. Мебел на влезот во собата

    rnrnrnТоа може да биде стол до вратата или некое друго парче мебел. Ова дава чувство на пренатрупаност на просторот во кој се влегува. Експертите советуваат да се групира масивниот мебел долж еден ѕид – ова прави да има повеќе слободен простор и просторијата да изгледа поголема.rn

    7. Столови и каучи без видливи ногарки

    rnrnrnИ тоа е еден детал на кој многумина не обрнуваат внимание. Таквите парчиња мебел изгледаат погломазни бидејќи нивните ногарки не се видливи и го прават просторот потесен.rn

    8. Мебел со висок наслон

    rnrnrnСтолиците, креветот или софата со висок наслон изгледаат гломазно и визуелно го намалуваат просторот. Ако собата е помала, не задушувајте ја со таков мебел. На пример, ако имате мала спална соба, изберете кревет со многу низок наслон.rn

    9. Дебели, тешки завеси

    rnrnrnДебелите завеси од сатен или кадифе го прават таванот понизок отколку што навистина е. Тие всушност оставаат впечаток како да има уште еден ѕид во просторот. Покрај тоа, тие ја ограничуваат светлината што доаѓа низ прозорците. Лесните проѕирни завеси се подобар избор.rn

    10. Темни или разнобојни покривки на каучот

    rnrnrnПознато е дека темните бои визуелно го намалуваат просторот, а истото важи и за покривките за софата во домот. Оние со шарен дезен имаат сличен ефект. Ако сакате визуелно да ја зголемите дневната соба, одберете покривки во светла боја.rn

    11. Мал тепих во близина на софата или креветот

    rnrnrnМалиот тепих го прави просторот визуелно помал, па затоа бидете внимателни каква големина ќе изберете, во зависност од големината на просторот за кој е наменет. Пред да го купите, обидете се да замислите како ќе изгледа кога ќе го ставите. Понекогаш е подобро да не ставате тепих отколку да ставите тепих со мали димензии. На тепихот треба да стојат цели парчиња мебел или барем нивните предни ногарки. Исто така, изберете теписи во посветла боја.rn

    12. Големи играчки

    rnrnrnГолемите плишени играчи се слатки за гледање, но тие дополнително ќе го намалат веќе малиот простор. Покрај тоа што навистина зафаќаат одреден простор, тие привлекуваат премногу внимание кон себе и така изгледа дека просторијата е преполна. Ако живеете во мал стан со деца, научете ги да ги чуваат играчките во корпи или во убави кутии, наместо да ги оставаат низ целата куќа.rn

    13. Вентилатор на таванот

    rnrnrnВентилаторите на таванот ужасно го нарушуваат просторот и создаваат сенки без разлика каде се наоѓаат. Ако навистина сакате да имате вентилатор на таванот, изберете вентилатор во бела боја.rnrnПогледнете кои две бои ќе ја одбележат 2021 година.

  • Како хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?

    Како хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?

    Во идеална ситуација, секој би сакал да има доволно квадрати и ресурси за да го организира просторот за живеење во согласност со своите желби. Но, во реалниот живот, многумина треба да се адаптираат на малиот број квадрати и на ограничениот буџет. За среќа, постојат многу начини да се уреди малиот простор, така што ќе биде извор на задоволство. Во продолжение прочитајте како ќе се справи секој хороскопски знак во таква ситуација.rnrnКако хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак сакаат сè да биде достапно и многу добро уредено. Овните не сакаат многу детали, а за просторот да изгледа поголем, тие користат поинтензивни и посветли бои при уредувањето на ентериерот.rn

    Бик

    rnИако сакаат да инвестираат во убави работи, Биковите многу добро знаат дека просторот може лесно да се преполни ако немаат доволно квадрати. Затоа, полиците им се најдобри пријатели. Тие знаат од каде да набават полици во сите големини и стилови и не се плашат да ги постават на необични места. На тој начин ќе имаат повеќе простор, а благодарение на нивниот талент, целата приказна ќе изгледа елегантно.rn

    Близнаци

    rnНивните интереси се разновидни и ги има многу. Иако Близнаците едноставно не можат да се приспособат на ситуацијата кога го немаат посакуваниот број квадрати, тие сепак ќе најдат начин. Припадниците на овој хороскопски знак ќе инвестираат пари во едно големо парче мебел што ќе биде впечатлива точка во собата. Покрај тоа што мебелот ќе го привлече целото внимание кон себе, благодарение на него, просторот ќе изгледа поголем отколку што е. Освен тоа, ова парче мебел ќе биде апстрактно, така што ќе биде тема на разговор со гостите и недостатокот на простор ќе падне во втор план.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат да изложуваат работи што им се важни, па просторот на ѕидот им е најдобар пријател. Тие ги ставаат драгите спомени на мали полици, закачуваат фотографии од своите најблиски на ѕидовите итн. Таму наоѓаат место и за работи што често ги користат. Нивните ѕидови ги претставуваат нив и сè што им е важно.rn

    Лав

    rnИако е важно да имате огледало за да бидете сигурни дека изгледате одлично, тоа може да направи многу повеќе во просторот. Огледалата помагаат да се создаде впечаток дека просторот е поголем отколку што е навистина. Поради тоа, Лавовите експериментираат и поставуваат повеќе огледала низ станот за да му дадат длабочина на просторот, но и да го наполнат со светлина.rn

    Девица

    rnИако се опседнати со складирање, Девиците се паметни, па знаат дека купувањето многу предмети не е паметен потег кога станува збор за мал простор. Затоа тие инвестираат во склад што лесно се крие. Лавовите ги складираат таму сите работи што не мора секогаш да им бидат при рака. Најважно е да знаат каде е сè во секое време и да водат сметка сè да има свое место.rn

    Вага

    rnВагите сакаат дом кој е убав, уреден и полн со живот. Поради тоа, тие сакаат да имаат растенија кои се одличен додаток кога сакате да внесете живот и свежа енергија во просторот без да мора да реновирате. Вагите наоѓаат простор за растенија дури и во мал простор. Растенијата не мора да зафаќаат простор на подот или на други површини, тие изгледаат убаво и кога се обесени.rn

    Скорпија

    rnИако можеби не звучи логично, Скорпијата знае како да го направи просторот да изгледа поголем со поставување прегради. Тоа го прави затоа што ја сака својата приватност, а во малите станови понекогаш е тешко да се одреди каде завршува еден простор, а каде започнува друг. Скорпиите користат прегради, проѕирни завеси и поголеми парчиња мебел за да ја поделат просторијата и да ја направат поголема.rn

    Стрелец

    rnМногу е лесно работите да почнат да се натрупуваат и да го направат вашиот мал простор за живеење уште помал. Сепак, тоа нема да се случи со Стрелецот. Тој ќе ослободи простор колку што е можно повеќе со донирање на облеката, обувките и ситниците што не му се потребни.rn

    Јарец

    rnЈарците сакаат да ги прават работите на најефикасен можен начин, а тој концепт го применуваат и во својот дом. Иако малиот простор може да биде заморен, Јарците не оставаат ништо на случајноста и инвестираат во мебел што има двојна примена. Тие дури можат да најдат маса што ќе се претвори во гарнитура.rn

    Водолија

    rnЛуѓето родени во овој хороскопски знак ќе имаат поинаков пристап од повеќето хороскопски знаци со цел да го искористат максимумот од секој квадрат. Тие ќе се потрудат да изработат мебел затоа што сакаат да ги создаваат работи со свои раце, наместо да ги следат најновите трендови.rnrnВодолијата сака нејзиниот дом целосно да ја рефлектира нејзината личност, па затоа ќе се обиде да направи свои верзии наместо да купува маса или полици.rn

    Риби

    rnРибите сонуваат и сакаат да живеат во простор каде што ќе можат да се релаксираат и да мечтаат. Кога немаат доволно простор, тие се фокусираат на прозорците под кои секогаш се обидуваат да создадат простор за седење.rnrnВо домовите, просторот под прозорците е честопати неискористен, но тоа нема да се случи кај Рибите. На тој дел ќе стават барем клупа каде што ќе се дружат со пријателите или со своите мисли.rnrnПрочитајте која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак.

  • Жени кои имале искуство со мажи со микропенис

    Жени кои имале искуство со мажи со микропенис

    Микропенис е термин кој се користи за машки полов орган кој е значително помал од просечната големина. Во случај да налетате на вакво момче, можеби не треба веднаш да бегате или да дигате раце од потенцијалната врска. Некои дами кои имале вакви искуства со момци чии пениси не биле поголеми од само неколку сантиметри, решиле јавно да ги споделат. Нивните искуства се различни, исто и одлуките, а ова се нивните исповеди.rnrnzheni-koi-imale-iskustvo-so-mazhi-so-mikropenis-kafepauza.mkrnrn1. Бев со тип кој имаше минијатурен пенис. Бевме заедно околу година дена. Имавме секс само еднаш, а потоа се држевме до орално задоволување. Всушност, врската ни беше супер!rnrn2. Се запознавме преку Тиндер. Инсистираше да излегуваме повеќе пати, ама мислев дека е само старомоден. Сексот беше малку чуден заради неговата големина, но беше неверојатен во пружање орален секс, така што ми беше многу убаво. На крајот раскинавме, но тоа немаше никаква врска со неговиот пенис.rnrn3. Влегов во врска со дечко кој имаше микропенис, но веќе порано имав искуство со момче со слична големина на пенисот, па си реков да му дадам шанса на овој. Додека претходниот се трудеше да ме задоволи на различни начини, овој не. На крајот одлучив тоа да му го кажам. Тој ме праша дали ми се допаѓал сексот, а јас му реков дека не. Реков дека ништо не почувствував. Тогаш тој ме праша дали мислам дека му е мал. Му реков „да“. А тој се извика „а можеби ти имаш голема вагина“. Си отидов.rnrn4. Првиот човек со кој спиев после разводот беше толку малку надарен што морав на интернет да дознаам дека тоа е микропенис. Ништо не почувствував во текот на сексот, но му дадов шанса. На крајот врската се распадна затоа што беше премногу врзан за мене.rnrn6. Бев со висок тип со големи раце. Очекував дека таков ќе биде и без облека. Не беше. Иако сексот не беше нешто, искуството беше убаво и го повторивме. Мојот совет е да се обидете, не отпишувајте го момчето туку така.rnrn7. Имав секс со тип за кој знам дека една девојка ја забременил. Ми рече да бидам одозгора. Го прашав дали му се дигнал, а тој рече „да“. Тогаш го прашав дали ставил кондом. Рече дека нема да го прави тоа бидејќи од тоа ќе му се спушти. Му реков дека веќе му е спуштен – не беше. Од шок и бес што не сака безбеден секс си отидов дома.rnrn8. Првиот пат кога ги ставив рацете во пантолоните на мојот дечко сфатив дека му е малечок. Беше како половина од мојата дланка, а јас имам мала дланка. Немаше секс, сè направив рачно. Раскинавме, а тоа беше одлучувачки фактор за мојата одлука.

  • Мал шармантен стан во Букурешт

    Мал шармантен стан во Букурешт

    Ова мало, но многу шармантно станче се наоѓа во Букурешт, Романија. Дело е на креативните умови на Моника Кордунеану и Паула Марија Дута од архитектонската компанија „Archinteriors“.rnrnМал шармантен стан во Букурешт rnrnВо малиот достапен простор има една спана соба, кујна, бања и дневна соба. Просторот е одлично испланиран, а боите му даваат неверојатна топлина и динамика.rnrnМал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт Мал шармантен стан во Букурешт rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ИКЕА ви покажува како да го зголемите вашиот мал стан

    ИКЕА ви покажува како да го зголемите вашиот мал стан

    Ви фали уште некој квадрат во станот или тој е едноставно премногу мал? Го делите просторот со повеќе луѓе и не можете добро да се организирате, ниту да го исчистите? ИКЕА ви покажува како да го зголемите вашиот мал стан Сакате да направите домашна журка, но просторот не ви е сојузник? Се прашувате што да сторите со вашата соба или со бањата? ИKEA предложува неколку практични идеи за одлично искористување на малиот простор.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шармантно станче на поткровје во Париз

    Шармантно станче на поткровје во Париз

    Неискористеното поткровје на една зграда во Париз, Франција претставувало одлично место за креативно изразување на архитектката Силви Каен. Во овој мал простор од скоро 16 метри квадратни, таа успеала да создаде одлично станче, наменето за студентски живот.Шармантно станче на поткровје во ПаризМодерното студио е полно со уникатен и специјално дизајниран мебел, за да го собере во малиот простор, има одлично купатило, кујна, работно катче и спална. Големите прозори обезбедуваат големи количества сончева светлина, па станот е постојано убаво осветлен.Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз Шармантно станче на поткровје во Париз
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мал стан во Њујорк кој се преобразува во многу соби

    Мал стан во Њујорк кој се преобразува во многу соби

    Живеењето во Њујорк може да биде многу тешко доколку не можете да си дозволите поголем простор за вашиот дом. Грем Хил, претприемач и основач на веб-сајтот Treehugger, го направил ова фантастично мало станче, во кое сè е смислено да функционира перфектно.rnrnМал стан во Њујорк кој се преобразува во голем број собиПросторот е мултифункционален и може да се преобрази во работна соба, гостинска соба, домашно кино, спална соба, огромна трпезарија и во што ли уште не. За дизајнирањето на овој стан, стигнале голем број идеи од целиот свет, а тој ги имплементирал најдобрите.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Совршено уреден стан од 22 метри квадратни

    Иако многу луѓе својот дом од соништата го замислуваат како голема и пространа резиденција, во која има голем број соби и дизајниран мебел, има и онакви кои преферираат скромна, многу помала и едноставна верзија од овој сон.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrnТим Сегермен од Бруклин, го уредил ова мало станче во Менхетен изработувајќи го целиот мебел рачно. Во овој стан од 22 квадрата можете да видите многу генијални и специфични решенија. При изработката Тим употребувал полно дрво и успеал и покрај малата квадратура да не го задуши просторот, а домот делува топло и удобно.rnrnСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниСовршено уреден стан од 22 метри квадратниrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Малиот црн фустан низ историјата на модата

    Малиот црн фустан низ историјата на модата

    Малиот црн фустан е она парче облека кое секоја жена треба да го има во својот плакар – фустанот со кој нема да погрешите во ниту една ситуација. Од бизнис состаноци, вечерни излегувања па сè до формални и свечени настани, малиот црн фустан е добитна комбинација. Во светот на модата ова парче облека е симбол на стил, безвременост и елеганција. Низ годините, па сè до ден денес служи како инспирација на сите дизајнери и иако се развиваше и менуваше со модните трендови, сепак остана како една од најважните модни креации.rn

    Пред 20-тите години

    rnВо раните години на 19 век црната боја се сметала за симбол на жалење и искажување почит кон мртвите и ни оддалеку не се поврзувала со модата. Сè додека сликарот Џон Сингер Сарџент не ја насликал Мадам Х, портрет на млада дама во црн, елегантен фустан. Оваа слика предизвикала доста контроверзии поради, за тоа време, изразената сексуалност.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    20-тите години

    rnПрвиот мал црн фустан бил креиран од страна на неверојатната Коко Шанел. Во 1926 година бил објавен цртеж на првичен модел на црн фустан од Коко Шанел во Вог и уште тогаш бил наречен „Форд во модата“ поради неговата едноставност и тенденцијата кон безвременост. Тоа дефинитивно бил само почетокот на оваа модна креација која истовремено станала симбол и на ослободувањето на жената. Малиот црн фустан освен елеганција и стил значел и конечно отфрлање на корсетот и секако заштедувал на време затоа што бил многу полесен за облекување.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    30-тите години

    rnГодини на економска криза и сиромаштија, но истовремено и на модна експанзија, холивудски гламур и дефинитивно златното доба на театарот. Токму овој период го одбележа таканаречениот „флапер“ фустан којшто е всушност бунтовна и весела верзија на малиот црн фустан. Делувал разиграно и опуштено, а особено биле популарни оние со везени детали. Го поврзувале со џезот и со бунтовно однесување, па не е ни чудно што токму овој фустан станал симбол на 30-тите години.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    40-тите години

    rnЗа време на војната станал омилено парче облека поради неограничените можности за комбинирање, што автоматски значело помалку трошоци за облека. Во овие години рационализацијата била на прво место, па и жените го искористиле тој момент за да го популаризираат неговото носење. Малиот црн фустан одлично оди со разни модни додатоци што значело многу едноставен начин да се биде модерен.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    50-тите години

    rnКако што гламурот на Холивуд сè повеќе привлекувал, така и желбата за мода и малку елеганција во секојдневниот живот, особено после војната, сè повеќе растела. Малиот црн фустан доживеал одредени промени коишто всушност значеле малку повеќе луксуз и надеж за подобро утре. Диор преку својата „New Look“ колекција го прикажал новиот фустан, со поширок долен дел и многу посекси изглед. Практично, ова значело дека времето на „врзување крај со крај“ завршува и доаѓаат многу подобри години.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    60-тите години

    rnВо овој период се среќаваме со два различни стила на носење на малиот црн фустан. Првиот начин бил посоодветен и подобро прифатен од постарите генерации, со што фустанот ја задржал својата едноставност и должина. Но, младите жени во 60-тите години добиваат поинаква идеја за тоа што е модерно, и по долгите години криза, конечно се охрабруваат да експериментираат со облеката и со модата. Должината на малиот црн фустан исчезнува и тој за првпат станува навистина мал. Големо внимание се посветува и на деталите, а омилени стануваат отворите по должина на ногата. Мини сукњата на Мари Квант е револуционерното парче облека на 60-тите години и најверојатно причината за сè пократкиот црн фустан. Не смееме да ја заборавиме и Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“, модната икона на 60-тите и малиот црн фустан истовремено.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    70-тите години

    rnВреме кое остави свој посебен белег во историјата на музиката, модата, размислувањата на младите, политиката и засекогаш ги промени шемите на однесување. Златните години на хипиците, диско кралиците и глам рок стилот се можеби најинспиративните години во историјата на модата, па и малиот црн фустан не ги избегна револуционерните промени. За разлика од 60-тите години кога особено се обрнувало внимание на материјалот, тука имаме многу повеќе избор, но и помал квалитет. Се заборава на строгите линии и елегантните материјали, па малиот црн фустан сега се комбинира со проѕирни парчиња и чипка. Особено позната варијација на фустанот е во панк-рок стил, со нерамномерни линии, сечење и надодавање различни материјали. Многу накит и мрежести хулахопки се неизбежните додатоци.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    80-тите години

    rnОвие години носат нови промени за малиот црн фустан. Се обрнува внимание на тенкиот струк и доста популарен е пеплум трендот, којшто ни се врати и овие неколку сезони. Рамената се многу пошироки и нагласени, а особено се ценат рачната изработка и везените детали на самите фустани.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    90-тите години

    rnГранџ стилот на 90-тите го врати малиот црн фустан на неговите корени нагласувајќи ја едноставноста. Се комбинира со сандали или елегантни чизми. Материјалите се тенки и припиени, а должината е сè пократка. Тука мора да ги споменеме и  девојките од „Спајс грлс“ кои се симбол на музиката и модата на овој период.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrn

    По 2000-та година

    rnВо првите години на новиот век малиот црн фустан го доживеа и својот 80-ти роденден, уште еден мал потсетник на неговата безвременост и значење за модата. Иако овие години ги следи тренд на ексцентричност во креативното изразување, сепак едноставноста на малиот црн фустан сè уште владее со црвениот тепих. И до ден денес, обожуваме да го комбинираме во секоја можна варијанта и постојано се враќаме низ неговата историја за малку инспирација.rnrnМалиот црн фустан низ историјата на модатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Урбан летен автомобил

    Урбан летен автомобил

    Smart for-us е прекрасен автомобил создаден за летно возење, а во исто време практичен благодарение на можноста малиот простор максимално да се искористи, правејќи од него одличен пик-ап автомобил.Урбан летен автомобилУрбан летен автомобилИако овој двосед на Смарт на прв поглед изгледа мал како за пик-ап и располага со скромни 73 коњски сили наменети за градско возење, тој сепак е сетиран на начин кој му овозможува да совладува дури и нерамни оф-роуд терени. Тоа го обезбедува електромоторот со кој се достигнуваат брзини со максимум од нешто преку 120 км/ч.Урбан летен автомобилУрбан летен автомобилВнатрешноста визуелно е доста интересна, изработена од метализирана кожа во бела и жолта боја. Печатот на летото е ставен преку седиштата кои се изработени на начин кој на возачот му даваат чувство дека седи на лежалка, а не на возачко седиште.Урбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобилУрбан летен автомобил
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.