Дали некогаш сте се запрашале што е тоа што ве прави Македонец? Или пак, што е тоа што целата ваша фамилија ја издвојува од некоја германска или кинеска фамилија? Постојат многу нешта кои нè издвојуваат од останатите луѓе, нешта кои можат да се забележат кај сите на Балканот, со варијации секако. Па, ајде да видиме дали сте вистински Македонци… Во колку од овие точки се пронаоѓате?rnrnrnrn1. Вашата баба вели дека промајата убива.rnrn2. Мора да делите соба со браќата/сестрите барем до 27 години (ако не и повеќе).rnrn3. Сите имате прекари кои ни најмалку не се слични со вашето вистинско име.rnrn4.Имате плетен чаршав на вашата кујнска маса.rnrn5. Вие сте оние кои стојат до двата најголеми куфери на аеродром.rnrnrnrn6. Зборувате цел час на врата пред да си заминете од нечиј дом.rnrn7. Вашата мајка ви вели дека сте преслаби, дури и покрај тоа што имате прекумерна тежина.rnrn8.Вашиот дом е преполн со медикаменти за сите видови здравствени проблеми.rnrn9. Вие и вашите пријатели барем еднаш сте биле исфрлени од ресторан, музеј или парк затоа што сте биле премногу гласни или насилни.rnrn10.Доцните 2 часа на забава или на гости и тоа е сосема нормално за вас.rnrnrnrn11. Ги користите кесите од пазарење за собирање на ѓубрето.rnrn12. Не знаете како да користите машина за садови бидејќи секогаш рачно ги миете садовите.rnrn13.Поголемиот дел од вас имаат дедовци кои колеле прасе или јагне.rnrn14.Доколку не живеете веќе дома, кога вашите родители ќе ви се јават, првото нешто што ве прашуваат е дали сте јаделе. Дури и ако е полноќ.rnrn15.Кога одите фамилијарно на плажа, со вас носите цел тон торби, пешкири, храна, пијалаци, играчки…rnrnrnrn16.Вашата 15-годишна сестра може да испие повеќе алкохол од кој било друг човек на планетава (со исклучок на Русите, големи се шансите дека со нив е на исто ниво).rnrn17.Возите подобар автомобил од оној на вашите родители.rnrn18. Имате сосема нова кујна, но вашата мајка готви во подрум со рерната од вашиот стар дом.rnrn19. Го базирате целиот ваш живот врз основа на она што ќе ви го „видат“ во талогот од кафе.rnrn20.Сè што јадете изобилува со лук и кромид.rnrnrnrn21. Кога патувате, секогаш носите барем едно шише ракија во пластично шише, замотано во многу облека.rnrn22.Имате 17 согласки и само 3 самогласки во вашето презиме.rnrn23. Сосема е нормално на вашата свадба да има 500 луѓе.rnrn24. Носите дизајнерска облека кога одите да вежбате.rnrn25. Сигурно кимнувате со главата и се смеете на повеќето од овие нешта.
Вчеравечер втората фаза во „Куќите на судиите“ помина доста возбудливо. Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач имаа тешка задача како ментори, да одберат по три најдобри кандидати од својата група, кои повторно ќе ги гледаме на настапите во живо, во јануари, 2014 година. На Жељко помош околу изборот му даде пејачот Тони Цетински, а Кристина ја поддржуваше пејачката Леонтина Вукомановиќ.rnrnrnrnПосле макотрпното размислување, судиите ги одбраа своите фаворити. Во групата на Жељко „Постари од 27“, во наредната рунда се пласираа Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ и нашата гордост Даниел Кајмакоски.rnrnОд друга страна, во групата на Кристина „Бендови“, во понатамошно натпреварување се пласира женскиот бенд 4U, машкиот бенд Doktoriи нашата Фифи во дуетот со Маринела, под назив H20.rnrnДаниел уште еднаш докажа зошто е еден од фаворитите за победник во Х фактор Адриа. Суперталентираниот Македонец, откако го отпеа хитот на Бруно Марс „When I Was Your Man“, ги воодушеви Жељко и Тони, кои му рекоа дека е фантастичен. Откако си замина Жељко му наведе на Тони дека Даниел поседува светски Х фактор!rnrnrnrnУбав настап кај Кристина и Леонтина имаа и Фифи и Маринела Џогани, кои во дует ја изведоа нумерата „I Was Here“ од Бијонсе. „Нивната енергија супер се согласува“ – јасно кажа Кристина.rnrnrn
Младен Лукиќ
rnrn
Маја Новаковиќ
rnrn
4U (Лана Шојиќ, Теодора Спаравало, Катарина Манојловиќ и Вања Мишиќ)
rnrn
Доктори (Армин Маликиќ, Предраг Антиќ, Марко Балабановиќ, Урош Туркулов)
rnrnrnУрош Туркулов, кој е во составот на групата, е роден Штип, а живее во Нови Сад.rnrnЗа жал, македонските браќа Иван и Кико не успеаја да продолжат понатаму. Според Кристина нив им недостасува искуство и не е сигурна дека тие поседуваат X фактор. Сепак, сè уште не е сè изгубено, бидејќи до 7 јануари кога ќе започнат настапите во живо, публиката има можност во шоуто да врати еден од испаднатите кандидати, па да се надеваме дека ќе се одлучи за браќата Раденови. Погледнете го и нивниот настап.rnrnrnrn
Кафе пауза секогаш поддржува талентирани, млади луѓе кои имаат голема жар да ја изразат својата креативност и да направат нешто различно. Особено ни е драго, кога ќе чуеме за талентирани млади луѓе од Македонија, какви што се момците Давид Димов и DjGoce D’Sauce (RawNWicked), кои ги следат музичките трендови во светот, и ја започнуваат својата Јутјуб кариера.rnrnНивниот проект насловен „AcousticSundays“, се состои од преработки на веќе постоечки песни во нова акустична варијанта. За Аудио&Видео продукцијата е задолжен DjGoce D’Sauce (RawNWicked), а за перформансот Давид Димовски. Ова се дел од нивните одлични кавери, а момците планираат на секои 2 недели да објавуваат ново видео. Само напред!rn
Народ со најголеми пениси во Европа се Унгарците, додека пак најмали имаат мажите во Романија, доколку му верувате на ова истражување. Што се однесува до земјите од бивша Југославија, Словенците го заземаат највисокото место, потоа Србите, Хрватите, па дури потоа Македонците со просек од 13,98 см. Должината на пенисите на Босанците и Црногорците не е измерена.rnrnrnrn16+ см: 1. Унгарија (16,51) 2. Франција (16,01)rnrn15,5-16 см: 3. Чешка (15,89), 4. Холандија (15,87), 5. Италија (15,74), 6. Белгија (15,65), 7. Грузија (15,61)rnrn15-15,5 см: 8. Данска (15,29), 9. Словачка (15,21), 10. Словенија (15,13), 11. Бугарија (15,02)rnrn14,5-15 см: 12. Србија (14,87), 13. Шведска (14,80), 14. Хрватска (14,77), 15. Грција (14,73), 15. Албанија (14,73), 17. Белорусија (14,63), 18. Исланд (14,56)rnrn14-14,5 см: 19. Германија (14,48), 20. Швајцарија (14,35), 21. Норвешка (14,34), 22. Полска (14,29), 23. Австрија (14,16), 24. Турција (14,11)rnrn13,5-14 см: 25. Македонија (13,98), 26. Украина (13,97), 26. Велика Британија (13,97), 28. Шпанија (13,85), 29. Естонија (13,78), 30. Финска (13,77)rnrn13-13,5 см: 31. Ерменија (13,22), 32. Русија (13,21), 33. Португалија (13,19)rnrn12,5-13 см: 34. Ирска (12,78), 35. Романија (12,73)rnrnНема податоци за: Андора, Босна и Херцеговина, Кипар, Литванија, Лихтенштајн, Летонија, Луксембург, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора и Сан Марино.rnrn
Нема некој кој не ги знае и не ги бодри успешните македонски спортисти, но на спортските полиња има и за нас помалку познати атлети кои настапуваат за други земји иако имаат македонски корени. Покрај веќе познатите Ед Јовановски и Кевин Кузманов, ова се уште неколкумина од нив.rnrn
Стивен Стамкос
rnСтивен Стамкос е еден од најдобрите канадски хокеисти и воопшто еден од најдобрите во НХЛ лигата. Роден е во 1990 година, а има потекло од Егејска Македонија и од Шкотска. Драфтуван е како прв пик во 2008 година. Во 2010 и 2012 година заврши како најдобар стрелец во лигата, а учества и на Ол Стар натпреварите. Редовно игра и за канадскиот национален тим, со кој има освоено еден сребрен медал на светско првенство.rn
Жозе Теодор
rnЖозе Теодор е голманот на хокејскиот тим Флорида Пантерс. Кариерата ја започнал во 1995 година, во меѓувреме променувајќи уште неколку клубови, а има и неколку настапи како резервен голман на националниот тим на Канада. Неговиот татко Тед Теодор е Македонец, а мајка му има потекло од Шпанија.rn
Петра Цетковска
rnПетра Цетковска е професионална тенисерка која настапува за Чешка. Родена е во Простејов, Чешка, но нејзините родители Петр и Алена имаат македонско потекло. Највисокиот нејзин пласман на светската ВТА листа досега е на 25-тото место.rn
Јован Кировски
rnЈован Кировски е фудбалер и тренер роден во Калифорнија во 1976 година како син на македонски иселеници. На 17 години влегол во академијата на Манчестер Јунајтед каде што тренирал во младинските категории заедно со браќата Невил, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, Пол Сколс итн, но не настапил за овој клуб поради проблеми со работната дозвола. Потоа играл за повеќе клубови, меѓу кои Борусија Дортмунд, тим со кој во 1997 година ја освоил Европската Лига на Шампиони. Настапувал уште за Спортинг Лисабон и Бирмингем, пред да се врати во МЛС лигата. Денес е асистент-тренер во Лос Анџелес Галакси, клубот за кој игра Дејвид Бекам.rn
Семејството Нанчоф
rnСпортското семејство Нанчоф, кое потекнува од Ресен, дало дури тројца спортисти за САД. Браќата Џорџ и Луис играле за повеќе тимови во НАСЛ (тогашното најсилно натпреварување на САД и Канада, денес МЛС), а имаат и по 10 настапи и по еден гол за репрезентацијата на САД во 1979 и 1980 година пред да продолжат со професионално играње фудбал се до пензионирање. На сликата подолу е синот на Џорџ, Мајкл Нанчоф, кој денеска игра во МЛС лигата за Ванкувер Вајткепс.rn
Мајк Врабел
rnМајк Врабел е поранешен играч во американски фудбал. Професионалната кариера ја започнал во Питсбург Стилерс, продолжил во Њу Ингланд Патриотс, а се пензионирал во Канзас Сити Чифс во 2011 година. Роден е во Акрон, Охајо во 1975 година, од родители со корени од Македонија.rn
Питер Даикос
rnПитер Даикос денес е пензиониран играч на австралиски фудбал (aussi rules – варијанта на рагби). Важи за еден од најдобрите играчи што некогаш го играл овој спорт, поради што го добил прекарот Македонскиот Марвел. Инаку, тој е син на двајца Македонци кои од егејското село Баница емигрирале во Австралија.rn
Томи Ајван
rnТоми Ајван починал на 88-годишна возраст во 1999 година, но сè уште останува веројатно најуспешниот тренер и генерален спортски менаџер со македонски корени. Во далечните 1950, 1952 и 1954 година со Детроит Ред Вингс освоил три шампионски титули во професионалната хокејска НХЛ лига. Потоа се нафатил на нови предизвици како генерален менаџер на Чикаго Блек Хокс. Тие во тој момент биле еден од најслабите тимови во лигата, но тој од нив успеал да направи шампиони во 1961 година.rnrn
Најголемата грешка што ја направив тоа попладне, е оставањето на балконската врата од мојата соба отворена. Баш супер, си учев за испитот кој доаѓаше за неколку дена, главата онака буквално ми „чади“ ама што муабети се изнаслушав, ми го разубавија денот.rnrn
„Леле еј да ви кажам, значи ни пижами сум зела, ни бањарка, ни чанта, ни паста за заби, ни крем, абе ништо ич!“rnrn„Озбилно ма, ами со шо си дојдена?“rnrn„Ами си зедов една четка, па ќе се мијам кај шо ќе стигнам ахахахахха…..“rnrn„Е не си нормална, жими сè. Еј потивко малку, комшиите…“rnrn„Ако им сметам на комшиите да си купат ПВЦ врати и прозорци…. аааааа“ (и да скратам, следува долга, и слободно да се изразам, ретардирана смеа).
rnМа немој! Сега, одма, специјално за тебе тргнувам до најблиската продавница за прозорци! Впрочем зошто требаше целата улица да дознае што понела со себе на одмор? Во случај да не ви е јасно, комшијата мој издава приватни апартмани, и да, тоа беа неговите гости од по 18 или 19 години, чии гласови ми се чинеше дека се за неколку децибели повисоки од она што е човечки возможно.Е сега, знам кои би биле првите коментари, ама ве молам да не се контрираме на релација Охрид-Скопје и други градови, туристи, пари и слично, сите сме во иста каша! А во случајов, зборам за културата односно бонтонот, кој ние како Македонци го имаме на одмор! Во случај да ве интересира мојот заклучок, всушност немаме ама баш никаква култура, критична ќе бидам и кон себе и кон својата нација, ама ако зборуваме за Македонците како целина, буквално никакви сме кога одиме негде на одмор! Си ја покажуваме некултурата и простотилукот. Ќе бидам реална и директна, ако е премногу за вас, можеби би било подобро да запрете со читање овде.rnrnКако прво, не мора да се понашаме како дивјаци пуштени од кафез. Штом ќе слушнам муабети и однесување како гореопишаното, се потсеќам на фразата од еден филм „freak-in-cage.com“ (ама овој пат фрикот е пуштен на слобода). Значи доаѓаш на одмор за убаво да си поминеш, за спомени, доживување и слично. Со тоа што се дереш како последна пијана будала останата на светот во 3 наутро, не ми докажуваш ни мене, а ни на комшијата колку си „кул“. Седумдесетгодишниот комшија не го интересира колку си „начукан“, туку го интересира зошто не е уште дојдена полицијата, а се јавил пред половина час. И јас сум млада, сакам забава, провод и слично, ама можеш да си поминеш најубаво и без да изиграваш човек со ментални проблеми.rnrnСоставен дел од болната замисла да си „кул“ на одмор со другарите, е повраќање на спротивната страна на улицата. Зашто сигурно така си повраќаш и кај тебе во маало, всушност сигурно и така се дереш и лудуваш, а твоите родители може и ти се придружуваат па кулирате до 5 наутро. Не се сомневам дека е така, воопшто! Што е работава, не сте излезени од дома во градот каде живеете, првпат доживувате слобода па не знаете што да правите со неа или…? Не разбирам!rnrnЛани на мојот летен одмор, човекот од соседната соба се побуни зашто сме тропнале. Алооо, сме тропнале по ѕидот. Ха! Дефинитивно тој треба да доживее вистински Македонци на одмор!rnrnДруго, како да си „кул“ на одмор (барем според нашето сфаќање за „кул“), е да се однесуваш како да си цар на светот! Зашто ти си сегде главен, па нормално дека ќе бидеш главен и на одмор! Покажи им на локалните жители кој е „закон“, тие немаат видено ништо, не се тие „кул“ како тебе. Всушност, со болните умови, во рок од недела или десет дена, си ги лечиме комплексите кои општеството ни ги наметнува во текот на останатиот период од годината. Кога веќе си никој и ништо во твојот роден град, таму каде никој не те знае биди фраер, зошто да не? Не ни сакам да спомнувам дивјачко однесување на плажа, фрлање ѓубре кај шо ќе ти текне и секако, пакетите со домашни намирници за да не мора за трошиш пари за храна. Всушност само си го оставаме ѓубрето, правиме беља, го рушиме угледот на нашиот град или земја и си се враќаме дома.rnrnКако што и самите забележавте, се вбројував и самата јас, исти сме, од исти кош и ова влијае на сите нас подеднакво. Ако имаме желба да се подобриме, макар малку, тоа би било супер. Како може твојата смисла за супер одмор да е нарушување на јавниот ред и мир, уништување на што е можно повеќе јавни места, тепачки и тешки пијанства? Или имаме погрешна претстава за добар одмор и немаме никаква култура, или јас сум заостанала со поимов за супер провод, навистина не знам!rnrn
Повеќе од 50% од граѓаните на Македонија во просек уживаат во две шолји пладневно кафе на ден со пријатели и со тоа се шампиони во регионот, покажало истражувањето на „Нескафе долче густо” спроведено од реномираната агенција за истражување на пазарот – ГфК Македонија.Фразата „Aјде на кафе“ означува повик за дружење и начин со некоја блиска личност да поминете дел од своето слободно време. Дека Македонците сакаат да се дружат, тоа е одамна познато, а истражувањето покажало и дека навистина уживаат да пијат кафе.rnrnВо анкетата спроведена на почетокот на годината на 1.000 испитаници, скоро повеќе од 50% од испитаниците изјавиле дека пијат турско или пак инстант кафе, и тоа неколку пати на ден. Истражувањето покажало дека ритуалот на пиење кафе, Македонците го поистоветуваат со дружењето, блискоста и уживањето. Топлите шолји се наоѓаат на масите во дневните соби, канцелариите или пак во кафулињата, и тоа не само поради уживање во вкусот на кафето, туку и за дружење и заради амбиентот.rn.rn
„Кафето има навистина посебна улога во животот на луѓето. Тоа е пијалак кој споил милиони луѓе ширум светот на нивниот прв состанок… Пијалак кој склучил милиони бизниси во целиот свет, кој им помогнал на многу студенти да ги завршат големите испити, држејќи ги будни и концентрирани… Пијалак со кој е означен официјалниот премин од детството во зрелото доба. Кафе паузата е време за релаксиран муабет со колегите и пријателите со кое се стимулира социјалната интеграција“ – вели социологот Славе Младеновски.
rnОстанатиот дел од Балканот го загрева лончето претпладне, како прв напиток, додека 2/3 од нашите граѓани се зафаќаат за шолјата и после пладне, а причината за тоа не е да останат будни, туку од задоволство. Овдешните навики на пиење на кафе се разликуваат, не само по времето кога тоа се пие, туку и по неговата температура и начинот на кој е направено. Македонците дефинитивно пијат пожешко и појако кафе од српските и хрватските зависници од кафе кои пак повеќе преферираат ладно подготвено кафе. Во Босна и Црна Гора кафето воглавно се пие на работа и во кафуле, додека пак 74% од Македонците пијат кафе и во домашна атмосфера, со пријатели, како симбол на релаксираност и удобност.rnrnДека сме нација која обожава да пие кафе, покажуваат и преполните кафулиња, но и практиката да се „викаат гости на кафе“ и „лаф муабет“. Кога станува збор за купување кафе, за македонските конзументи најважна им е цената и квалитетот, разните вкусови и достапноста, а дури потоа препораката од некој пријател.rnrnВо светот скоро и да не постои возрасно лице кое не пие кафе, со или без млеко, во голема или мала шолја, појако или послабо. Луѓето ширум светот секоја година пијат 400 милијарди шолји, бројки кои покажуваат колку овој напиток станал составен дел од нашето секојдневие.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.rnrn
Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч
rnrnКевин Кузманов на бејзбол теренотrnrnРоден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.rnrn
Џон Битов и фамилијата – бизнисмени
rnrnДесно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)rnrnЏон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.rnrn
Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови
rnrnЛетни олимписки игри во Мелбурн, АвстралијаrnrnПитер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.rnrnПрочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.rnrnrn