КАФЕ ПАУЗА

Tag: Мајорка

  • Деија: Шпанско прибежиште за уметници

    Деија: Шпанско прибежиште за уметници

    На шпанскиот остров Мајорка постои едно мало место Деија. Од главниот град на островот, познатата Палма де Мајорка, е оддалечено само половина час возење и еве зошто може да се најде на вашата листа на идни екскурзии.rnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnЧестопати, слушајќи ги приказните за патниците, ќе слушнете дека ова село е опишано како весела, хипи, боемска оаза. На прв поглед, навистина изгледа така, па дури и на втор.rnrnОна што ја заработи боемската репутација е фактот дека во него живееле многу писатели и музичари, особено по Втората светска војна кога започна ерата на масовно патување. Не е ни чудо што тие инспирацијата ја бараа токму тука, во идиличен пејзаж од чии бушави зелени џунгли излегуваат само покривите на камени згради и колиби.rnrnНе можеме да кажеме дека тој го открил, но тој дефинитивно ја раширил веста за тоа – Роберт Грејвс, англиски поет кој емигрирал тука на почетокот на 20 век. Малку по малку почнале да пристигнуваат нови креативни души. Уметничката Сесели Шеридан во склопот ја опишува разновидноста на местото, велејќи дека „овде и сенките имаат боја“.rnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnЗапочна скромно, како мало село полно со маслинови градини и рибарски куќи. Дури и самото име Деија потекнува од маварскиот збор „ад даја“ што значи село. Иако Деија не е толку позната, оние со подлабок џеб и добри извори на информации знаат каде да побараат мирно засолниште.rnrnОсновачот на Вирџин Рекордс, Ричард Бренсон, направи луксузен дом тука, и беше придружуван од други имиња во рок сцената. Кон крајот на 80-тите години, Мик Џагер, Марк Нопфлер и Мајк Олдфилд редовно настапувале тука.rnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnДенес тука живеат нешто помалку од илјада луѓе, а скоро половина од нив се имигранти од други земји. Не е невообичаено да се види, за време на прошетка по улица, уметници како сликаат во нивните дворови или имаат релаксирана дискусија на кафе, разговарајќи за нивните најнови идеи.rnrnНекои дури тврдат дека посебниот шарм на селото го дава планината што шири „позитивни вибрации“. Не знаеме многу за тоа, но што и да е во воздухот од кој тече животот со полесно, порелаксирано темпо – сакаме да се пријавиме.rnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметнициrnrnДеија: Шпанско прибежиште за уметници

  • Прекрасна рустична вила на Мајорка

    Прекрасна рустична вила на Мајорка

    Сместена во мирните краишта на Мајорка, оваа вила со својот рустичен дизајн целосно се вклопува во природниот амбиент околу неа. И внатрешноста има елементи во истиот стил, но покрај тоа има и некои модерни додатоци. Сѐ на сѐ, преубава вила која асоцира на одличен одмор.rnrnПрекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка Прекрасна рустична вила на Мајорка
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќа од камен покрај море на Мајорка

    Куќа од камен покрај море на Мајорка

    „Десет години сонував за тоа, пет години го барав совршеното место, две години работев на тоа, уште две години ја градев и сега конечно е готова, “ вели Александре де Бетак во едно од неговите интервјуа за неговата нова куќа која е сместена во мало крајбрежно село во регионот Трамуната, во Мајорка.Куќа од камен покрај море на МајоркаТој е инспириран од архитектурата во седумдесетите години, најверојатно затоа што растел баш во тој период. Бетак е познат организатор на настани, уметнички директор и дизајнер, чија работа вклучува модни спектакли за клиентите од Диор и Тифани.Куќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на МајоркаКуќа од камен покрај море на Мајорка
    rnrnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn