Автор: Маја ЛинковаrnrnОдвреме-навреме се случува расчистувајќи го фрижидерот да најдете туба со мајонез на кој му поминал рокот. Наместо да го фрлите можете да го употребите на 10 многу креативни начини.rnrn
rn
1. Балсам за коса
rnАко е време да ја измиете вашата коса, но ви снемало балсам, не плашете се! Мајонезот може да се искористи како одлична замена. Само протријте го на вашето теме, почекајте неколку минути и потоа измијте ја косата со обичен шампон. Вашата коса ќе биде мека и сјајна.rn
2. Се грижи за вашата кожа
rnМајонезот има повеќенаменска употреба. Не само што ја прави вашата коса сјајна, туку исто така ѝ дава влажност на вашата кожа. Може да помогне во лекувањето на одредени недостатоци на кожата. Сè што треба да направите, е да го нанесете мајонезот како крем, а тој ќе си го направи своето.rn
3. Ги зацврстува вашите нокти
rnВашите нокти сè уште се кршат? Нема потреба да фрлате пари за маникир, бидејќи може да употребете мајонез за да ги зацврстете ноктите. Подгответе мал сад кој ќе го наполнете со мајонез, држете ги ноктите во него околу 5 минути и потоа измијте си ги рацете. Со тек на време, вашите нокти ќе се зацврстат.rn
4. Изгореници
rnДоколку го искористите убавото време и појдете на плажа, но заборавите да ставите крема за сончање, веројатно ќе добиете изгореници од сонцето. Мајонезот ќе делува како Алое-вера, бидејќи може да ја ублажи болката додека се обнови изгорената кожа.rn
5. Вадење заглавен прстен
rnВашите нокти се супер, но што е со прстенот кој е заглавен на вашиот прст? Намачкајте малку мајонез околу прстенот, а тој веднаш ќе се излизга од прстот.rn
6. Ги убива вошките
rnМајонезот се користи наместо шампон против вошки, без хемикалии. Само измасирајте ја главата со него, ставете си капа за туширање и преспијте. Наутро, измијте ја вашата коса и повторете го истиот процес 10 дена подоцна.rn
7. Полирање на растителните листови
rnЗа да го освежете вашето растение, избришете ги листовите со мајонез и ќе светнат во блескаво-зелена боја. Понекогаш тоа може да трае со месеци. Овој чуден трик се користи во продавниците, за да изгледаат подобро одошто во вашиот дом.rn
8. Исчистете го вашето пијано
rnКлавишите на пијаното не се бели како претходно? Употребете влажна крпа на која ќе ставете мајонез, почекајте неколку минути, па потоа избришете ги. Мајонезот ќе ја отстрани сета нечистотија од нив.rn
9. Отстранете ги досадните налепници на вашиот автомобил
rnЖалите за налепниците кои сте ги ставиле на вашиот автомобил во 90-те години? Не можете да ги отстранете без да оставите трага? Земете малку мајонез и ставете врз налепницата, почекајте неколку минути и исчистете. Мајонезот ќе го апсорбира лепилото и налепницата ќе излезе без да остави трага.rn
10. Ги чисти чкртаниците од боички на ѕидот
rnНаместо одново да ја бојадисувате вашата куќа благодарение на вашите креативни дечиња, може да употребете малку мајонез. Попрскајте мајонез на ѕидот, почекајте малку и потоа избришете со хартиена крпа. Како со магија чкртаниците ќе исчезнат, а ѕидот ќе биде како нов.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на
Кафе пауза. Следете нè
на Твитер или пак станете фанови на
нашата страница на Фејсбук.