Мачките се озлогласени поради нивната рамнодушност кон речиси сè што се случува околу нив. Сепак, и тие имаат слаба точка, особено кога станува збор за нивните мачиња. Мајките мачки можат да станат прилично заштитнички настроени кон своите млади, особено ако почувствуваат некаква закана. Сите веројатно би се согласиле дека малите мачиња се следните најслатки суштества веднаш по мачките, а кога ќе ги ставите заедно на една фотографија, сигурно ќе ви предизвикаат насмевка на вашето лице.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Обично, аквариумите и зоолошките градини се преполни со огромен број на посетители. Сега, кога многу јавни места колективно се затворени и тие не се исклучок од ова правило. Во момент кога луѓето се во социјална изолација Аквариумот во Џорџија дозволи друг вид посетители, посетители кои не претставуваат ризик за јавното здравје. rnrnrnrnrnrnrnrnДозволете да ви ги претставиме мачињата и кученцата кои се спасени од улица и се донесени од Атланта за да го истражат морскиот свет одблизу. Овие мачиња имаат имиња кои се поврзани со водениот свет: Немо, Дори, Гупи, Баблс и Марлин. Овие љубопитни мачиња сигурно не виделе повеќе риби во своите животи.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОва не било прв пат Аквариумот во Џорџија и Атланта хуманитарно да соработуваат. Аквариумот бил посетен и од 2 кученца пред извесен период. Тие исто така уживале во нивниот пречек, како што може да се види на фотографиите. И на рибите не им пречеле необичните посетители!rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnКако што би можеле да претпоставите, здружението за спасување животни се соочува со хаос хаос, бидејќи многу животни се нашле на улица. Светла страна е што Немо, Дори, Гупи, Баблс и Мерлин се згрижени. Овој невин начин за публицитет сигурно ќе помогне многу животни да бидат спасени, а по карантинот Аквариумот да добие и многу посетители.rnrnrnrnrnrnrnrnhttps://youtu.be/e15Tv1QJGpornrnhttps://youtu.be/s49nfxStZXYrnrnМожеби сакате да ги погледнете овие прекрасни фотографии со розови лалиња и малечко слатко прасе.
Кога сакате да вдомите маче одите во прифатилиште за животни, но кога сте во Канада може тоа да го направите и во „Otis & Clementine’s Books and Coffee“, книжарница во Нова Шкотска, која има иновативен пристап во убедувањето на луѓето да ги спасат мачињата.rnrnrnrnСекој кој ќе влезе да купи добра книга, ќе забележи нешто необично и многу симпатично. Мачиња на сите страни! Тие можеби читаат и книги додека никој не ги гледа!rnrnrnrnМачиња биле преземени од прифатилиште за животни со надеж дека љубителите на книги ќе се вљубат во нив и нема да можат да му одолеат на предизвикот, а да не ги однесат дома. Просторот во книжарницата им овозможува на мачињата да се дружат и да се навикнуваат на луѓето.rnrnrnrnСопственичката на продавницата, Елен Хелмке, започнала да вдомува мачиња, откако сфатила дека има простор во книжарницата кој може да се искористи. Со малите мачиња се и нивните мајки. Досега купувачите вдомиле околу 30 од нив.rnrnrnrnТаа вели дека луѓето почнале да доаѓаат специјално за да си земат маче, а некои од нив доаѓале за да си купат книга, па случајно наидувале и на мачињата. Во секој случај, решението е навистина одлично – кој не сака мачиња, нели?rnrnПогледете ги и преостанатите фотографии од овие од овие преслатки мачиња на следната страница…rnrn
Кучето Банер има златно срце. Тоа не само што е посветено да ѝ помага на неговата сопственичка Витни Бралеј со нејзиниот инвалидитет, таа исто така сака да спасува други животни што имаат потреба од помош и потоа се грижи за нив.rnrnrnrn3-годишната хаска била со Витни од бебе, а таа исто така е тренирана и да ѝ помага со нештата што Витни не може сама да ги направи.rn
„Таа помага при епизоди на постраумско нарушување, напади на анксиозност, мигрени, самоповредување, повлекување во моментот, носење медикаменти и уште многу други нешта“, вели Витни. „Ние често спасуваме, а поради некоја причина таа е најмногу привлечена од мали мачиња. Пред две години спасив мало маче што било фрлено во дупка и Банер го одгледа. Ова маче уште живее со нас, но оттогаш Банер ми има донесено уште многу други. Овој пат, таа најде нешто вакво.“
rnrnrnТоа што Банер го нашла ќе ви го скрши срцето. Затворена картонска кутија, оставена во шумата, со седум новородени мачиња не постари од еден ден. Тие беа премрзнати. Банер ја викнала Витни и ја одвела до шумата каде што ја отворила кутијата и почнала да ги вади мачињата, едно по едно.rn
„Некој најверојатно ги оставил во хартиената кутија, па ја затворил и си заминал. Кој и да бил, не очекувал дека некој би можел да ги најде и да ги спаси. Не знам ни како Банер знаеше дека се таму. Мачињата беа смрзнати и ниту мрдаа, ниту мјаукаа. Ми станува лошо тоа што некој е способен за нешто вакво. Тоа е сурово и без срце.“
rnrnrnОд тој момент, Банер постојано била покрај мачињата и ги посвоила исто како да се нејзини.rn
„Ја стерилизирав кога имаше околу една и пол година, но таа има навистина силен мајчински инстинкт. Откако ќе потпораснат малку, ќе им најдам убав дом, некаде каде што ќе ги сакаат засекогаш. Нашата локална шинтарница убива за три дена, па најдобро е ако го направам тоа самата. Токму затоа и постојано спасувам мали животинчиња. Не сакам да умрат.“
Без разлика што работите сега, да бидете гушкач на мачиња со полно работно време сигурно е многу позабавно. Ова е работа од соништата на многу љубители на овие животни. Работното место се наоѓа во една ветеринарна клиника во Даблин.rnrnrnrnСпоред клиниката, сè што треба да поседувате за оваа работа е многу љубов кон мачињата. Оваа клиника е само за мачки и тие имаат потреба од некој што ќе им помага на нивните пациенти да се чувствуваат подобро. Според описот на работното место, идеалниот кандидат треба да има нежни раце, способни за долго галење. Исто така тој треба да знае како да разговара со мачињата и да ги смирува. Способноста да ги разликувате различните начини на предење се смета за предност.rnrnrnrnrnrnrnrnАко сметате дека сте квалификувани за работното место, можете да се пријавите тука. Кој знае, можеби токму вие ќе бидете избраниот!rnrnПогледнете ги и овие насмеани мачиња кои сигурно ќе ви го разубават денот!
Мачињата се слатки, неодоливи и нежни, освен ако не станале на лева нога! Тогаш тие се претвораат во мали крзнени демони со убиствен поглед. Листата на нешта што можат да ги налутат мачките е бесконечна: Чудни луѓе, нова околина, други мачки, животни и слично. Ако вашето маче минува низ промени на расположението, најдобро е да му дадете малку простор, а нема да погрешите и ако го почестите со неговата омилена храна.rnrnrnrnПогледнете ги овие фотографии од лути мачиња, кои дури и кога се бесни како рисови, мора да признаеме дека сѐ уште се неодоливо слатки…rnrnrnrnrnrnrnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn
Иако мачките имаат репутација дека не се многу дружељубиви, оние што ги чуваат како домашни миленици можат да го тврдат спротивното. Погледнете ги следниве насмеани мачиња што ќе ве убедат дека се крзнени топчиња полни со љубов.rn
Насмевката и крзнените шепички ќе ви го растопат срцето!
rnrn
Совршен аксесоар за совршено маче
rnrn
Ова маченце разменува насмевки за гушкање
rnrn
Ова маченце е подготвено да го започне денот полн со радост!
Луи и Луна се две посвоени мачиња кои станаа вистинска Интернет сензација. Тие се прославија со нивната фотографија на која се бакнуваат до новогодишна елка. Изгледа дека навистина љубовта е насекаде, а овие мачиња нѐ потсетија токму на тоа.rnrnrn
„Откако ги посвоив, тие се неразделни и сѐ прават заедно. Тие спијат, јадат и ја уништуваат мојата елка заедно како тим!“, изјавил нивниот сопственик Џејмс од Флорида.
rnrnrnЏејмс е многу среќен што љубовта на овие две 10-месечни мачиња послужила како инспирација за многу луѓе.rnrnrn
„Многу луѓе коментираа дека фотографијата им го разубавила денот. Имаше коментари и од типот ’Се расплакав од што е убава фотографијата’. Сакам да ги гледам луѓето среќни и драго ми е што тие пронаоѓаат среќа во фотографии од мачки“, објаснил Џејмс.
rnrnrnДури и да не сте љубители на мачки, нема сомнеж дека овие фотографии ќе ве разнежат и ќе ви го стопат срцето. Освен тоа, ќе го почувствувате духот на празниците и ќе се сетите на најголемата сила во светот – љубовта.rnrn
Мачињата и кучињата се всушност најдобри пријатели. Зошто? Затоа што делат сѐ – креветчето, храната и скутовите на своите сопственици. Зошто би се карале кога има доволно место за двајцата? И уште позабавно е кога луѓето не се дома. Во продолжение погледнете ги овие преслатки фотографии кои ја демонстрираат едноставната вистина дека мачињата и кучињата се сакаат и се најверни пријателчиња.rnrnПријателот секогаш ќе ве утешиrnrn
Смартфони, компјутери, рамни ТВ екрани, Интернет… Малкумина можат да живеат без нив, а тие кои можат, или пак поради кои било општествени или животни причини немаат пристап, се сметаат за чудни, антисоцијални или субверзивни личности. Но, сте се запрашале ли некогаш како светот на домашните миленичиња, поконкретно на мачињата, се променил паралелно со промените на светот и се адаптирал на модерната технолошка револуција?rnrnСпиење на телевизоротrnrnОдговорот може да се најде во овие интересни фотографии кои ни покажуваат дека мачињата се многу збунети и не знаат во што повеќе да веруваат. Дали компјутерското глувче е животно или помошна алатка за работа на електронските уреди? Дали едно клопче од обоени конци е всушност клопче од сплеткани жици? Дали радијаторот е ист извор на топлина како и компјутерскиот адаптер? Модерната технологија можеби е корисна за луѓето, но е многу збунувачка за мачињата. Погледнете за што станува збор.rnrn