КАФЕ ПАУЗА

Tag: лутење

  • Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

    Кои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?

    Уште пред 2.000 години, римскиот император Марко Аврелиј рекол: „Доколку сте вознемирени поради некој надворешен фактор, болката не е резултат на самиот тој фактор, туку на вашата проценка на истиот, која имате моќ да ја промените во секој момент“.rnrnИли со други зборови: Се чувствувате онака како што мислите. Вашите верувања, очекувања и мисли во врска со нешто доведуваат до чувствата што ги имате. Токму затоа две различни личности реагираат на сосема различен начин кога ќе се најдат во иста ситуација. Доколку заглавите во сообраќај, или ќе се нервирате и ќе викате, или ќе се опуштите, ќе си пуштите музика и ќе грицнете нешто. Не е сообраќајот она што ве вознемирува, туку вашите верувања и мисли за него.rnrnКои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?rnrnОва важи за сите нешта во животот. Верувале или не, можете да почувствувате болка и вознемиреност, без да се налутите и нервирате. Ние сме несреќни само поради нашата перцепција и очекувања. Кога доживуваме некои негативни емоции, сакаме веднаш да се ослободиме од нив и наместо да се соочиме, ги насочуваме кон некоја друга личност или на повеќе луѓе кои нѐ опкружуваат.rnrnПочнуваме да ги обвинуваме надворешните нешта и луѓе, наместо да погледнеме што се случува во нас самите. Кога станува збор за љубовни врски, најлесно е да се обвини личноста со којашто сме, односно нашиот партнер. Ова се двете најчести причини поради кои неоправдано му се лутите на вашиот партнер…rn

    Сте имале нереалистични очекувања

    rnМногу е важно да имате високи стандарди, но ниски очекувања. За повеќето луѓе важи обратното. Имаат ниски стандарди и прифаќаат секакво можно токсично однесување од останатите, но истовремено имаат и неверојатно високи очекувања, па се чувствуваат разочарани кога тие нема да бидат исполнети.rnrnДоколку некогаш сте разочарани или фрустрирани, тоа значи дека вашите очекувања веројатно биле многу високи во одредена ситуација. Можеби сте очекувале некаков посебен подарок за вашиот роденден или сте очекувале вашиот сакан да ви ги прочита мислите и да знае дека треба да ви помогне околу домашните обврски. Треба да имате високи стандарди, но не и да очекувате од вашиот партнер да ги исполни 100% од времето.rnrnКои се најчестите неоправдани причини поради кои му се лутиме на нашиот партнер?rn

    Верувате дека вашата гледна точка е единствената гледна точка

    rnЛуѓето имаат тенденција да мислат дека секогаш се во право и дека ги знаат вистинските факти. Но, постојат различни начини на кои може да се гледа одредена ситуација. Ако 5 луѓе се сведоци на сообраќајна несреќа од 5 различни гледни точки, веројатноста е дека ќе дадат различни изјави за она што „навистина“ се случило и кој бил виновен. Ниту еден од нив нема да биде 100% во право. Се работи само за нивната лична перцепција на она што се случило.rnrnКога сме во врска, ние постојано го правиме ова. Но, ако ја отфрлате гледната точка на вашиот партнер само затоа што се разликува од вашата, тоа неизбежно ќе доведе до караници и конфликти.rn

    Преземете одговорност за вашите сопствени очекувања и перцепција

    rnПред да му се истурите на партнерот, направете анализа на она што го размислувате и зошто го размислувате. Запрашајте се: „Кој вели дека ова е вистина?“ или „Што друго би можело да биде вистина?“.rnrnНареден пак кога ќе се скарате или ќе се почувствувате фрустрација поради вашиот сакан, земете воздух, застанете и поставете си ги тие прашања. Ако сакате да го промените начинот на кој се чувствувате, прво мора да го промените начинот на кој размислувате.

  • Зошто луѓето викаат кога се лути?

    Зошто луѓето викаат кога се лути?

    Ова е многу впечатлива приказна на која вреди често да се потсетуваме…rnrnzoshto-lugjeto-vikaat-koga-se-luti-kafepauza.mkrnrnЕднаш еден духовен учител ги прашал своите ученици: „Зошто луѓето викаат кога се лути?“rnУчениците кратко размислувале и одговориле: „Затоа што го губиме трпението, затоа викаме.“rn„Но, зошто да викаме ако личноста е покрај нас?“ – прашал учителот. „Зар не е можно да се зборува тивко и полека?“rnУчениците дале уште некој одговор, но ниеден не го задоволил учителот.rnrnПотоа објаснил:rnrn„Кога две личности се караат и лутат, нивните срца силно се оддалечуваат. Затоа мораат да викаат за нивниот крик да може да ја премости оддалеченоста и да можат да се чујат. Што се полути, толку погласно мораат да викаат, бидејќи оддалеченоста меѓу нив е сè поголема.“rnrnПотоа прашал:rnrn„Што се случува кога две личности ќе се заљубат? Не викаат еден на друг, туку зборуваат тивко и нежно. Зошто? Нивните срца се многу близу. Оддалеченоста помеѓу нив е многу мала.rnrnА што се случува кога ќе се заљубат уште повеќе? Тогаш не зборуваат. Само шепотат и уште повеќе се зближуваат со својата љубов. Конечно, не треба веќе ни да шепотат. Само се гледаат и тоа е сè. Такви се две личности кои се сакаат.“rnrnПотоа рекол:rnrn„Кога се карате, не дозволувајте вашите срца да се оддалечат, не изговарајте зборови кои би можеле уште повеќе да ве оддалечат, бидејќи ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе стане толку голема, што веќе никогаш нема да можете да го најдете патот назад.“

  • Работи кои ниту една жена не сака да ги чуе, а сепак ѝ ги кажуваат

    Работи кои ниту една жена не сака да ги чуе, а сепак ѝ ги кажуваат

    Некогаш, мислејќи дека кажуваат нешто убаво или воопшто неразмислувајќи, луѓето знаат да кажат нешто со кое ќе повредат нечии чувства. На многу луѓе јазикот им е побрз од умот, па сите слушаме работи кои нè погодуваат, нервираат, повредуваат, лутат или бунат. Но кога станува збор за жените, работата е малку покомплицирана бидејќи бројот на такви нешта е огромен и сепак, зависи од самата индивидуа. Да, ние имаме тенденција да се лутиме за секакви ситници, но во глобала следниве неколку реченици не би сакала да ги чуе ниту една жена, никогаш.rnrn(1)-raboti-koi-nitu-edna-zhena-ne-saka-da-gi-chue-a-sepak-i-gi-kazhuvaat-kafepauza.mkrn

    Слатка си

    rnНема полошо чувство од тоа кога жената флертува со некој маж и тој ѝ кажува дека е слатка. Во нејзините уши, овие зборови се перципираат како детинесто смешна и интересна, наместо секси и убава кон што и веројатно целела.rn

    Имаш навистина убаво лице

    rnА што е со телото? Подобро воопшто не ѝ ни давајте комплимент доколку не знаете што точно да кажете, бидејќи ова вришти дека не ви е привлечна.rn

    Зошто не се смееш?

    rnНавистина? Па дали би требало постојано да се смее? И нели е можеби подобро да се запрашате дали навистина сте толку интересен како што мислите, кога веќе нема никаква реакција од нејзина страна?rn

    Мора да е убаво да добиваш бесплатни пијачки

    rnОва е веќе навреда. Нормално дека е убаво да добиеш бесплатна пијачка, но тоа не значи дека таа не е способна сама да си ја купи. Таа има слобода да пие што сака и колку сака, а на крајот на краиштата, никој не те тера да ја понудиш со пијачка доколку не сакаш.rn

    Дали внимаваш на тежината?/Си ослабела

    rnНе знам дали со ова машките мислат дека покажуваат внимание, но на секоја жена ова јасно и гласно ѝ кажува дека е дебела. Дури и навистина да внимава на својата линија, нејзин е изборот што и како ќе прави со својот живот и своето тело.rn

    Изгледаш уморно

    rnАко навистина се чувствува уморно, тогаш сигурно и знае дека се чувствува уморно. А тогаш најмалку ѝ треба некој уште и да ѝ го потенцира тоа. Убав збор би дошол добро, за промена.rn

    Си ја променила фризурата/Тоа што го имаш облечено изгледа… различно

    rnДа, бидејќи вака ѝ се допаѓа повеќе, а и можеби ѝ е потребна промена. Затоа ако немате нешто убаво да кажете или новиот изглед не ви се допаѓа доволно за ѝ кажете дека изгледа убаво, подобро молчете.rn

    Сама си поради тоа што си била во врска со погрешни мажи

    rnДали навистина мислите дека не го знае тоа? И која е поентата на потенцирање на овој факт? Бидејќи сигурно нема да направи да се чувствува подобро.rn

    Па и немаш многу фатено боја (после одмор)

    rnА можеби и такви ѝ се гените, па тешко поцрнува. Или можеби има алергија на сонце, па не може да се сонча на плажа по цел ден. Или па и нема желба за сончање и сосема ѝ е удобно под сенка. Како и да е, тоа е нејзин проблем и нејзин избор.rn

    Без гајле, вистинскиот ќе се појави кога најмалку очекуваш

    rnАко ова треба да помогне кога е факт дека сите очекуваат и бараат и се надеваат, тогаш навистина немате поим што зборувате. Сите девојки го сакаат својот принц на бел коњ, а додека да го имаат, подобро не им спомнувајте дека е тука некаде.rn

    Даде сѐ од себе

    rnОва звучи навистина добронамерно, но и целосно сожалувачки, а никој не сака да биде сожалуван. Подобро би било да ѝ дадете совет што да смени кон подобро следниот пат отколку да се обидете да ја разведрите со реченица која не ни знаете дали е точна. Едноставно нема да успеете.rn

    Сѐ се случува со причина

    rnДали? И од каде знаете? Бидејќи баш и нема врска дека е така. Некогаш работите се случуваат бидејќи ете, се случуваат. Тука така, без посебна причина и без никакво објаснување. А тогаш една прегратка може да помогне многу повеќе.

  • 9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    9 типови однесување поради кои луѓето ве избегнуваат

    Никој не е совршен. Сите сме со свои предности и недостатоци и соодветно сме опколени со личности чии карактерни особини во поголемиот дел се согласуваат со нашите. Но дали некогаш сте забележале дека некои луѓе, колку и вам да ви се допаѓа нивното друштво, сепак ве избегнуваат? Сигурно сте се запрашале зошто е тоа така, а ретко кој ја бара причината за тоа кај себе. Иако не мора да значи дека кривицата е целосно ваша, што значи дека можеби не сте направиле нешто погрешно, сепак е можно токму некоја ваша реакција да предизвикала одбивност кај нив. Во глобала, може да се каже дека постојат неколку типови однесување кои предизвикуваат луѓето сѐ почесто да избегнуваат да бидат во ваша околина.rnrn(1)-9-tipovi-na-odnesuvanje-poradi-koi-lugjeto-ve-izbegnuvaat-kafepazua.mkrn

    1. Се обидувате да доминирате во секоја ситуација

    rnДали е тоа кафе муабет или завршување на некоја работа, доколку се обидувате во сѐ да бидете први и секогаш најгласни, тогаш со сигурност ќе ги оттргнете луѓето од себе. Сѐ поретко ќе ве бараат за кафе и никогаш доброволно нема повторно да работат со вас. Никој не сака кога се наоѓа во круг на луѓе каде не може да дојде до збор и да го искаже својот став. Доколку се пронаоѓате тука, би било убаво доколку следниот пат кога ќе се најдете во друштвена или работна група, им дадете предност на останатите и за промена слушнете што тие имаат да кажат.rn

    2. Судите дури и кога не ги знаете сите факти

    rnЕдно е да давате совети, но сосема друго е кога осудувате некого за нешто. Дали навистина може да кажете дека сте подобри од него? Секој направил, прави или барем еднаш во животот ќе направи нешто поради кое ќе жали подоцна, но во ниту еден случај вие немате право да го осудите. Тоа право е уште помало кога едноставно станува збор за работа која вие би ја направиле поинаку. А да не зборуваме за ситуација за која не ги ни знаете сите факти. Секој си живее со последиците од своите дела, добри или лоши, но вие не сте тие што треба да судат. Следниот пат бидете пријател и пружете ја поддршката која вие би сакале да ја добиете доколку се најдете во слична ситуација. Во спротивно веројатноста е голема дека вашиот круг на пријатели ќе се намали.rn

    3. Постојано сте негативни

    rnЖивееме во свет во кој и те како има и се случуваат лоши и тажни работи во врска со кои не можеме да направиме ама баш ништо. Со оглед на ова, голем дел од луѓето се обидуваат да се опкружат себеси со убави работи и позитивни луѓе кои дополнително ќе ги разведрат и расположат. Притоа избегнуваат каков и да било потсетник на сивило, посебно оние луѓе кои се полни со негативна енергија. Ова не значи дека мора постојано да сте расположени и среќни за луѓето да сакаат да бидат во ваше друштво. Но секако значи да бидете позитивни, да се обидете да го извлечете максимумот од сѐ и секогаш да ја барате убавата страна на нештата. Бидејќи негативното размислување нема само да предизвика другите луѓе да ве избегнуваат, туку ќе направи и вие да сакате да можете да се избегнете себеси во даден момент.rn

    4. Ви недостасува доза деликатност

    rnЕдно е да се пошегувате на нечија сметка, но сосема друго е да ги преминете сите граници и без размислување да кажете или направите нешто што притоа сигурно ќе повреди и навреди некого. Сѐ што е претерано не чини, па така е и со безобѕирното однесување. Внимавајте повеќе на вашите зборови, бидејќи доколку ги преминете границите може да изгубите многу повеќе отколку што мислите.rn

    5. Живеете во виртуелна реалност

    rnПовеќе зборови не се ни потребни. Ништо поубаво не го репрезентира ова од секојдневното седење пред лаптоп и постојаното користење на мобилниот телефон. Дури и излегувањето со пријателите значи постојано гледање во екранот на која и да е паметна играчка која ја имате во рака. Кога заборавивте да зборувате, ама вистински, со испуштање на глас? Факт е дека денес светот е во постојан развој на секаков тип технологии кои, сакале или не, не можете да ги избегнете ниту занемарите. Но тоа не значи дека треба да се одвоите од светот и да заборавите на добрите стари вредности и пријатели. Не дозволувајте живеејќи во светот на технологијата, да заборавите да живеете во реалноста. Бидејќи ако некогаш сепак се вратите во реалноста, дали сте сигурни дека ќе најдете некого таму?rn

    6. Сконцентрирани сте само на себе

    rnУбаво е кога можете некому да кажете што ве мачи или како ви поминал денот или едноставно да споделите нешто со некого. Но не заборавајте дека и тој некој сигурно сака и има да сподели нешто со вас. Никогаш не треба да бидете толку сконцентрирани на самите себе така што ќе заборавите да поставите барем едно кратко, но многу важно прашање, а тоа е Како си? Луѓето ценат кога ќе видат дека некој се грижи и сака да знае малку повеќе за нив. Но не постои човек кој е расположен постојано да слуша нечија опседнатост со самиот себе и во таков случај сигурно ќе ги избегнува тие личности.rn

    7. Премногу сериозно ги сфаќате работите

    rnДоколку претераното шегување не чини, тогаш ниту претераната сериозност не е во ред. Доза сериозност мора да постои, бидејќи како поинаку навистина ќе бидеме успешни во нешто. Но мора да постои некој издувен вентил преку кој барем на кратко ќе избегате од реалноста. За многу луѓе тоа се пријателите, дружењето, излегувањето. Доколку вашите пријатели имаат некоја мака тогаш е сосема соодветно сериозно да ја сфатите работата и да бидете тука за нив. Но во секој друг момент бидете ведри и расположени. Не сфаќајте сѐ премногу сериозно и не обидувајте се да пристапите на секоја работа како на потенцијален проблем. Истото се однесува и на вашето перципирање на работите. Некогаш зборовите кои ви звучат како да се кажани со задна намера, всушност се само шега. Премногу сериозниот пристап во врска со сѐ само укажува на некои ваши несигурности, а тоа ве прави најмалку забавната личност во друштвото.rn

    8. Не сте доверлива личност

    rnОва се однесува на тоа дека човек не може да се потпре на вас и вашите зборови. Поточно не може да смета на вас кога му е најпотребно или, пак, да се потпре на тоа дека договореното ќе биде исполнето и од двете страни. Луѓето сакаат да бидат опколени со други луѓе на кои можат да им веруваат, а ако вие не сте таа личност, поверојатно е дека ќе избегнат да ве побараат кога навистина ќе им биде потребен пријател. Доверливоста е многу важна особина која не треба да ја земате здраво за готово, дури ни кога се шегувате.rn

    9. Премногу сте зафатени со сѐ останато

    rnНикој не е секогаш слободен и во можност во кое било време да излезе и да се види со пријателите. Но иако постојат и подолги временски периоди во кои сте зафатени со работата и други обврски, по нивното завршување сигурно постојат час-два кои можете да ги одвоите за луѓето кои ви значат. Постојаното гледање и зборување не значи пријателство, како што ни слушањето и гледањето еднаш во месецот не значи дека не сте повеќе пријатели. Но дали навистина сте толку зафатени што не можете да одвоите барем некоја минута и ако ништо друго да подигнете слушалка? Кога сте премногу посветени на обврските, постои опасност целосно да се оддалечите од сите и сѐ останато. Бидете повнимателни со поставување на приоритетите во животот. Ништо не е повредно од луѓето кои ви значат и ништо не вреди толку за да ги изгубите.

  • Што го нервира вашиот шеф?

    Што го нервира вашиот шеф?

    Сите ние имаме „жолти“ минути. Намерно или не, сигурно некогаш сте разлутиле некого. Можеби вашиот шеф или газда? Следува листа на 8 работи што ги нервираат вашите надредени. Земете ги предвид!Што го нервира вашиот шеф?rn

    Недоволен ентузијазам за работата

    rnГолемо незадоволство кај шефовите предизвикува кога вработените не покажуваат ниту минимално ниво на ентузијазам за одреден проект кој е исклучително важен, особено откако претходно се изјасниле дека се супер возбудени за идната работа. На крајот, проектот завршува со милион ситни и не толку ситни грешки кои надередениот треба да ги поправа, а сето ова можело навремено да се спречи. Дополнително, шефовите се чудат зошто вработените мислат дека ваквото нивно фолирање нема да биде забележано.rn.rn

    Заобиколување во дискусии за време на состанок

    rnШто го нервира вашиот шеф?Фокусирајте се и прејдете на поентата. Времето може да значи правење или трошење пари. Кое од овие две мислите дека му е важно на вашиот газда?rn.rn

    Поставување прашања пред целосно да се докаже реченицата

    rnДодека некој зборува, треба да почекате тој целосно да се искаже. Така е и во врската помеѓу вас и вашиот шеф. Ако почнете да поставувате прашања, а притоа го прекинувате во средина на реченица, тоа дава многу лош впечаток за вас, како нестрплив и невоспитан човек и вработен. Плус, одговорот на вашето прашање можеби сепак ќе сте го добиеле од вашиот шеф, да не сте го прекинале додека зборувал.rn.rn

    Несогласување со колегите

    rnШто го нервира вашиот шеф?Верувале или не, ова ги нервира вашите надредени. Тие сакаат сите вработени да се согласуваат и да работат во хармонична средина. Ако шефот гледа дека вие ни малку не се трудите да имате коректен однос со вашите колеги, тоа прави лоша слика за вас во неговите очи. Истиот впечаток го оставате доколку според вас секогаш другите се криви зашто некоја работа не е добро завршена.rn.rn

    Вработени кои забораваат дека без оглед која е нивната работна позиција, тие работат во фирма чија првична цел е да прави пари

    rnШто го нервира вашиот шеф?rn

    Вработени кои секојдневно доцнат

    rnВо секоја фирма има по некои вработени кои константно доцнат неколку минути на работа или пак си заминуваат од работното место неколку минути порано. Ако мислите дека вашиот шеф или газда нема да го забележи вашето доцнење, сте се излажале. Тие гледаат сè… или пак имаат некои луѓе кои ги известуваат за тоа.rn.rn

    Ѕвонење на телефон за време на состанок

    rn

    Што го нервира вашиот шеф?Ова е недопустливо! И во случај шефот да не ве опоменал пред состанокот да го исклучите телефонот, вие треба да знаете дека треба да го направите тоа пред започнување на истиот. Ако дозволите вашиот телефон да ѕвони, светка или вибрира за време на состанок, само ќе покажете некултура и непочитување кон присутните.rn.

    rnrn

    Прво истражи, па потоа прашај

    rnШто го нервира вашиот шеф?Бидете сигурни дека вашиот шеф ќе се изнервира ако му поставите прашање во врска со некој проблем за кој претходно не сте се ни потрудиле да најдете решение.

  • Астрологијата и трпеливоста

    Астрологијата и трпеливоста

    На секој од нас во одредени ситуации, поради очигледни или нејасни причини, ни се случува да го изгубиме трпението и да кажеме работи со кои ќе го навредиме нашиот соговорник. Знаеме дека кажаните зборови не можат да се повлечат назад и дека личноста на која сме и се обратиле нема брзо да ги заборави и да ни прости. Можеби сте биле во право за сè што сте кажале, но нервозното избувнување за сето она кое ви се собирало подолго време, не е паметно, ниту вистинско решение на вашиот проблем.rnrnАко вака се однесувате дома ќе имате неслога во семејството, потоа можеби ќе им се „истурите“ на пријателите, па на крај на вашиот шеф поради што ќе останете без работа. Некои хороскопски знаци се подобри од други, во однос на проценката кога е исклучително важно да ја „држат устата затворена“.rnrnrnrnНајбрутално искрени знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се стрелец, водолија, овен и до извесен степен близнаци. Стрелецот и овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.rnrnВодолијата ја цени искреноста и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината, дури и по цена на нејзе самата. Близнаците исто така се склони да избрборат повеќе работи одошто е потребно и да се каат за тоа порано или подоцна.rnrnДевицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.rnrnСкорпиите се внимателни и промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и имаат тенденција луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро.  Можеби не звучи чувствително, но скорпиите уживаат во тоа.rnrnБикот, вагата и рибите преферираат да останат смирени и мили секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите „остри“ мисли кои ги имаат. Но ако доволно го иритирате бикот, тој ќе „експлодира“ и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара, кој ќе биде тешко да се врати на претходното ниво.rnrnrnrnЛавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.rnrnЈарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.rnrnРакот и рибите не сакаат „бурни“ ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. Како и на сите други луѓе, така и на овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им смета, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.