КАФЕ ПАУЗА

Tag: лудак

  • Лудите луѓе се најдобри: 11 причини зошто мора да бидете луди за да успеете во животот

    Лудите луѓе се најдобри: 11 причини зошто мора да бидете луди за да успеете во животот

    Сигурно сте чуле дека за да успеете мора да бидете малку луди и притоа сте превртувале со очите и цинично сте коментирале. Но, лудоста и успехот се синоними. Како доказ на таа теза, да се вратиме назад во минатото… Дали сите луѓе кои направиле нешто ново или се заслужни за некое важно откритие барем во еден момент од животот не биле нарекувани луди?rnrn0-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mkrnrnБез разлика дали е во прашање љубовта, кариерата, уметноста, врските, активизмот или поезијата, лудаците ги поместија границите и тоа ги направи славни и успешни. Луѓето мора да научат да размислуваат поинаку за да можат да придонесат со нешто ново, а еве што е тоа што лудите луѓе ги прави да бидат толку успешни.rn

    1. На лудаците не им гајле кој што мисли за нив

    rnЛудите луѓе одамна го имаат сфатено она што голем број луѓе не можат да го запомнат – Колку порано престанете да се грижите што луѓето мислат за вас, толку побрзо ќе напредувате и ќе бидете среќни. Кога не ве гушат очекувањата на големите маси, особено кога станува збор за она што е „нормално“, тогаш ќе станете послободни и покреативни.rn

    2. Лудите луѓе не размислуваат конвенционално

    rnМногу од луѓето размислуваат онака како што размислуваат луѓето околу нив, но некои луѓе не размислуваат така. Тие имаат пошироки гледишта и не се оптоваруваат со тоа што е „нормално“ и „општоприфатено“.rn

    3. Лудите луѓе не се запознаени со правилата – или едноставно не им е воопшто грижа за нив

    rnПравилата ги создаваат луѓе на кои им недостига креативност за да можат да ги контролираат брилијантните, креативни умови. Како можете да уживате во спонтаноста на новата љубов ако цело време сте ограничени од времето и протоколите, а тоа не ви одговара ни вам, ни на вашиот партнер? Како можете да создавате ако цело време следите туѓи упатства и се плашите да размислувате подалеку од она што веќе постои?rn

    4. Кога ќе ѝ кажете „не“, лудата личност слуша „те предизвикувам“

    rnКога ќе им кажете не, лудите луѓе тоа ги прифаќаат како предизвик за да ви покажат дека не сте во право. Вечната желба за преживување, одбивањето да се предадете, пронаоѓањето нови начини и самодовербата да застанете на нозе откако сте паднале е токму она што ви е потребно за да станете успешни.rn

    5. Лудаците се доволно луди за да веруваат во себе

    rnСовремениот свет е преполн со таленти, па затоа животот стана едно големо натпреварување. Кога ќе сфатиме колку е голем светот и колку луѓе се борат за истата работа, истата личност, истиот дом од соништата, едноставно посакуваме да кренеме раце и да се откажеме од сето тоа.rnrnСепак постојат неколку поединци кои ќе успеат и ќе ги остварат своите соништа. Не се работи за тоа дека тие луѓе се поталентирани, попаметни или подобри од вас – се работи за тоа дека тие веруваат дека се доволно силни и посебни за да го добијат она што го сакаат.rnrn1-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mkrn

    6. Лудите луѓе не ги кочи стравот од неуспех

    rnПостојаниот страв од неуспех е најголемата кочница која не ни дозволува да ризикуваме и да напредуваме. Кога имаме скршено срце, ние не гледаме да се ослободиме од болката, туку поради страв не ѝ дозволуваме на новата љубов да влезе во нашите животи и се заштитуваме од неа.rnrnЛудите луѓе не се плашат да паднат. Тие непретпазливо „копаат“ под површината на која останатите само лебдат во страв дека она што е под нас може да нѐ повреди. Можеби така се заштитуваме од лошото, но за жал, така се заштитуваме и од доброто.rn

    7. Лудаците не бараат дозвола

    rnЛудите луѓе никогаш не бараат дозвола. Нивното животно мото е „Попрво би молел/а за прошка отколку да прашам за дозвола“.rnrnТие едноставно ги прават нештата. Можеби ќе завршат во затвор, можеби ќе добијат Оскар. Во секој случај, стравот дека ќе западнат во неволја не ги спречува да направат нешто револуционерно.rn

    8. Лудите луѓе се личности кои се посипени со ѕвездена прашина

    rnДецата честопати се обидуваат да сфатат од каде доаѓа терминот „филмска ѕвезда“ и што е тоа што ги прави овие луѓе ѕвезди. Тие тоа го поврзуваат со сјајот на небото. Кога ќе пораснат, сфаќаат дека она што ги чини познатите толку успешни и познати е самата нивна личност. Нивниот успех е резултат на фактот дека тие не се вклопуваат.rn

    9. Лудите луѓе имаат интегритет

    rnСекој лидер на општествена револуција е наречен луд. Кога е во прашање вистината, лудите луѓе не можете да ги замолчите.rn

    10. Нив ги води страста, а не парите

    rnЧовек не може далеку да стигне ако целта му се само парите. Можеби ќе остварите финансиски успех, но нема да го задржите. Парите не се доволни за да ве одржат. Страста ќе ве донесе до повеќе и подобар успех отколку желбата за пари.rn

    11. Лудите луѓе се доволно луди за да си веруваат на себеси

    rnТие му веруваат на своето шесто сетило, на срцето, на инстинктот и сл. Сите имаме внатрешно чувство“, но ретко кој го следи. Тоа е тоа што го правиме погрешно. Лудите луѓе си веруваат себеси и го следат тоа чувство – затоа се успешни.rnrn2-ludite-lugje-se-najdobri-11-prichini-zoshto-mora-da-bidete-ludi-za-da-uspeete-vo-zhivotot-kafepauza.mk

  • Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible – Ghost Protocol)

    Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible – Ghost Protocol)

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnФилм кој целосно го оправдува слоганот: „без план, без бекап, без избор“ и кој успешно ќе ве воведе во ултравозбудлива двочасовна акциона авантураrnrnНевозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Режија: Бред Брдrn rnrnГлавни улоги: Том Круз, Сајмон Пег, Пола Патон, Џереми Ренерrn rnrnВреметраење: 133 минутиrn rnrnЈазик: англискиrn rnrnПремиера: 16 декември 2011rn rnrnЖанр: трилер, акцијаrn rnrnНаша оценка: 8/10rn rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Доколку ви се допадна „Брзи и бесни: Рио“, ќе го обожавате и најновиот дел од „Невозможна мисија“ на Брд, кој ќе ја исполни желбата за една добра шпионска трчаница на сите љубители на добри акциони трилери. Филмот е посебно погоден доколку ви здосадија сите оние зимско-божиќни филмови, кои веќе од средината на декември се вртат по телевизиите. Обрнете  посебно внимание на три сцени: бегството од рускиот затвор, опасното искачување по највисоката зграда на светот во Дубаи (однадвор) и борбата во Бомбај со која и кулминира приказната. Овие три сцени се рангирани меѓу најдобрите, не само во изминатата година, туку воопшто во филмската индустрија.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Во четвртото продолжение од серијата „Невозможна мисија“, Итан Хант и неговиот тим се борат со времето за да најдат еден опасен терорист по име Хендрикс (го глуми Швеѓанецот Мајкл Њуквист, чија глума нема да ви остави некој посебен впечаток), кој во неговите раце ги држи кодовите од руските нуклеарни ракети, планирајќи напад на САД. Првиот обид да го запрат завршува безуспешно, притоа уништувајќи го половина Кремлин и приморувајќи го рускиот претседател да се повика на Протоколот дух. Непоколебливиот Итан и неговата дружина го бркаат Хендрикс до Дубаи, а од таму до Бомбај, но и по неколку спектакуларни акции, сѐ уште немаат голема шанса да го запрат.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)За волја на вистината, во приказната и нема некоја посебна девијација од основниот, веќе и рутински, модел кога станува збор за филм со шпиони и тајни агенти. Има нов лудак, во случајот Хендрикс, кој сака да го доведе светот на работ на војна. Тој верува дека светот мора да го помине патот на нуклеарната војна за да настапи вечен мир.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Но, од друга страна, она што го комплетира филмот и што го прави интересен е специфичниот шарм на Том Круз, чувството дека не постои гравитацијата, мајсторските егзибиции и неверојатната акција. Се разбира, како и секогаш во филмовите со Том Круз, тука е и огромната брзина која ќе ве вовлече во авантурата на Итан Хант толку многу, што во ниту еден момент филмот нема да ви биде здодевен или неинтересен.Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Невозможна мисија: Протокол дух (Mission: Impossible - Ghost Protocol)Според Rotten Tomatoes филмот доби 93% позитивни критики и оценка 7.6/10. Досега само од американската публика заработил 170 милиони долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Возење (Drive)

    Возење (Drive)

    Филм за несебичното преземање секаков ризик за да ù се помогне на саканата, за неочекуваните пресврти кои животот најчесто и ни ги носи, за емотивноста, но и за суровостаrnrnrnВозење (Drive)Режија: Николас Виндинг РефнrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Кери Мулиган, Алберт БрукrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 мај 2011rnrnЖанр: акција, драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnНе знаеш дали е ангел-серафим или пак лудак, кој во зенитот на лутината може да расчепи човечки череп со кожената чизма. Дали сето ова го прави затоа што мора или пак во некои делови малку повеќе ужива и е предобар? Само што ќе те повлече на едната страна и во главата ќе ти се сврти мислата „Сепак само се обидува да ја спаси девојката“, веднаш те враќа малку наназад. Тоа е тој. Безимениот возач. Човек со малку зборови кој игра единствено по сопствените правила. rnrnВака опишан можеби ви изгледа како уште еден акционен херој во серијата на Стивен Сигал, Арнолд Шварценегери и Силвестер Сталони, но ликот на Рајан Гослинг е далеку потемен и повеќеслоен од кој било од нив. Толку многу е кажано со толку малку текст. А поради комплетната филмска композиција, „Возење“ е далеку поуметнички, попоетичен филм од која било акциона „пуканки и кока-кола“ приказна.rn————————————————————————————————————————————————–rnrn

    rnПриказна: Возачот нема име. Го запознаваме додека е зад воланот во текот на една кражба. Тој им остава на крадците пет минути за да ја завршат својата работа, не носи оружје и не зборува многу. Само така и работи.rnrnНо возачот во текот на денот работи и како филмски каскадер, а и во авто-механичарска работилница. Само пет минути се потребни за да видиме сè што е потребно иако тој кажува едвај една реченица. Целиот негов живот е врзан со автомобилите, а она што останува и не е многу. Но, целата таа негова фасада почнува да се рони откако ја запознава сосетката Ајрин (Кери Мулиган), која е сама со нејзиниот син додека сопругот ù е во затвор. Иако меѓу нив не гледаме никакви љубовни сцени, ниту пак некакви допири, толку добро е портретирано суптилното градење на еден нежен, чист однос. Но ова не е среќна приказна и треба само да видите зошто.Додека минуваат минутите во „Возење“, речиси во секој момент имате барем по едно мало неодговорено прашање кое ве „копка“, па од пасивен, се трасформирате во љубопитен гледач и чекате одговор на некое „зошто“ и „како“.rnrnРајан Гослинг својот лик го гради и зацврстува меѓу вербалните паузи, а верувајте дека ги има многу. И иако во периодов е пред сè познат како момчето по кое тинејџерките лудуваат или едноставно кажано „poster boy“, Рајан почнува паметно да гради и сериозен актерски багаж, кој со сигурност ќе го одвои од трупата холивудски глумци кои самите себеси се заглавуваат во еден актерски калап и постојано одбираат ист тип улоги. Веднаш до него во „Возење“ е Кери Мулиган. Со оглед дека Гослинг го крева нивото во филмот, оваа млада актерка е веднаш до него и според емоцијата и според точните реакции.Возење (Drive)Кинематографија и музика: Данскиот режисер Николас Виндинг Рефн работи на холивудска продукција, но во повеќето аспекти не прави некои особени уметнички компромиси. Светлото на моменти го употребува како да се работи за театарска претстава, а тоа во практика функционира совршено. Музиката е толку забележливо присутна, но толку не пречи, туку само убаво го акцентира и засилува моментот, особено главната песна, Under your spellна Desire.Возење (Drive)Кога и како да го гледате: Мора да напоменеме дека на моменти во филмот има и исклучително насилни сцени така што одлучете дали имате доволно нерви да го погледнете. Сепак, ова е филм кој оди од плус во минус, од убивање до најнежната сцена на целиот свет. Секако подобро е ноќно време и гледајте го сами. Ако го даваат во некое кино, големото платно е одличен избор.Возење (Drive) ———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбукrn

    653A33