Ако копнеете по малку луксуз, задолжително „прошетајте“ низ овој прекрасен стан со поглед кој го одзема здивот. Ова гламурозно место за живеење се наоѓа во Лос Анџелес и навистина изгледа како дом на некоја холивудска ѕвезда. Од пространата тераса со бел мебел има панорамски поглед на градот. Замислете само да пиете кафе секое утро на таква тераса и да уживате во волшебниот поглед.rnrnКако и многу куќи и станови во Лос Анџелес, и овој има базен, а искуството е уште повеќе посебно бидејќи базенот нуди и бесконечен поглед кон градот. Воодушевени сме и од стаклениот ѕид на терасата што го отсликува прекрасниот зелен пејзаж. Внатрешноста е украсена во совршена хармонија на еклектичен стил, рустикален, рококо, модерен и уште неколку, што докажува дека разликите можат да функционираат совршено заедно и да се надополнуваат едни со други. Бањата со црна када е концепт на висока елеганција, додека атмосферата во дневната соба навечер се претвора во чиста магија.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете ги овие 10 фотографии што докажуваат дека виолетовата и сивата боја се совршен спој во уредувањето на домот.
Имајќи ја предвид нејзината локација на падините на Холивуд Хилс, оваа прекрасна куќа и не може да нуди ништо друго освен ваков убав поглед над Лос Анџелес. Освен тоа, таа е вистинско архитектонско совршенство. Се простира на 650 метри квадратни, а во нив се сместени 6 спални соби, 7 бањи, неколку дневни соби и една кујна. На средината има базен кој куќата ја дели на два дела. Страните се од стакло, овозможувајќи многу светлина во куќата, како и одличен панорамски поглед. Куќата чини 15,5 милиони долари, а е во сопственост на шведскиот диџеј и продуцент Авичи.rnrn rnrn
Овој знак е култна икона која ја дефинира целата филмска индустрија. Се наоѓа на планината Санта Моника во Лос Анџелес, а секоја буква е со висина од 13,7 метри. Поставен е во 1923 година, но она што малкумина го знаат е причината за неговото поставување.rnrnrnrnКога првпат го наместиле знакот, тој содржел уште 4 букви и пишувало „HOLLYWOODLAND“. Поставен бил за промоција на новите куќи на самите ридови, од каде што станарите ќе можеле да уживаат во прекрасен поглед. Планот бил, откако ќе се продадат сите куќи, по неколку месеци да биде тргнат и знакот.rnrnrnrnНо, поради неговата преголема видливост во голем број филмови (оттаму и самата поврзаност со познатите и филмската индустрија), по 26 години од неговото поставување, Стопанската комора и Департманот за паркови на Лос Анџелес, одлучиле да се тргне зборот „LAND“, а да остане „HOLLYWOOD“.rnrnrnrn
Инспириран од љубовта кон својот роден град, фотографот Колин Рич го создал ова прекрасно дело со кое нè води на возбудлива прошетка низ улиците на Лос Анџелес. Покрај прикажувањето на бројни спектакуларни глетки од Градот на Ангелите, Колин во своето видео се обидува и да си поигра со транзицијата од ден кон ноќ во градот.rnrnrn rn
„Никогаш нема да ми здодее сликањето на транзицијата од ден кон ноќ во градот додека хоризонтот на исток е обоен во пурпурна боја, а халогенските светилки кои трепкаат во далечината полека ја совладуваат сè послабата сончева светлина,“ вели тој.
„Skeletons Life“ се креативна серија фотографии создадени со светлина и долга експозиција. Тие се дело на 29-годишниот илустратор Дарен Пирсон, кој со овој уметнички стил се занимава од 2008-та. Фотографиите се направени во неговиот роден град, Лос Анџелес. Пирсон потенцира дека тие не се фотошопирани, иако како што вели, тоа од луѓето го слушнал најмалку 500 пати.rn
„Секое движење се следи прецизно, добивањето препознатливи форми е доста тешко. По 5-7 минути илустрирање на слепо, или ќе ја добиете саканата фотографија или само заплеткани линии и делови од она што сте се обиделе да го нацртате. Најтешкиот дел во создавањето на оваа светлечка уметност е пронаоѓањето на интересна и темна локација, без луѓе“, објаснува калифорнискиот уметник.
Во пресрет на триесеттите летни олимписки игри кои ќе се одржат од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија, погледнете како изгледаа најспектакуларните отворања на олимписките игри досега.rnrn
Кога некој би можел да бира во која куќа во Лос Анџелес сака да живее, Blue Jay Way Residence сигурно би била при врвот на листата на желби. Оваа луксузна куќа се наоѓа на ридските падини над Градот на ангелите, нудејќи панорамски поглед над метрополата кој делува магично.Овој дом е дизајниран во студиото McClean Design, а изграден од страна на Corr Contemporary Homes во 2008 година. Се простира на 630 метри квадратни во кои се сместени бројни луксузни детали, како базен, гаража за четири автомобили и многу гостински соби за да собере доволно голем број пријатели на гости.rnrn
Колин Мика и Брендон Ведер од компанијата „All Cut Up Films“ се креаторите на ова уникатно видео, изработено во техниката „time-lapse“, кое го прикажува Лос Анџелес во текот на новогодишниот период.Ова е несекојдневно видео бидејќи сцените се прикажани погледнати низ сијалица полна со вода. Да, добро прочитавте, ова не е кристална топка, туку сијалица. Ѕвездичките, елките и срцињата кои ги гледате зад сијалицата, се всушност исечоци од хартија, а нивната намена е да постигнат „замаглен“ ефект. За видеото е користен апарат Canon 5D MII.Викендот и официјално започна, па крајно време е да се опуштите и да се порадувате што се ближи Нова година. Пуштете го видеово на цел екран и уживајте три минути во празничната магија во Градот на Ангелите.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Во овие жешки денови, со температури од над 30 степени Целзиусови, доколку сè уште не сте заминати некаде на летен одмор, идејата да се нурнете во еден фантастичен бесконечен базен, лоциран во некое ексклузивно место, сигурно ви звучи волшебно.rnrnЛокација: МалдивиrnrnЛокација: ФилипиниrnrnЛокација: Бора БораrnrnЛокација: ШпанијаrnrnОвие базени се нарекуваат бесконечни, бидејќи нивните рабови не се видливи, што создава визуелен ефект дека базенот се протега кон хоризонтот, т.е. продолжува до „бесконечност“. Рабовите им се обично неколку сантиметри под нивото на водата, притоа создавајќи го ефектот дека базенот нема крај и бескрајно се протега кон небото, градот, морето, планините, карпите, природата…rnrnЛокација: Јужна КалифорнијаrnrnЛокација: БалиrnrnЛокација: Лос КабосrnrnЛокација: ГрцијаrnrnДизајнерскиот концепт за создавање бесконечен базен, потекнува од Франција уште од 1600 година, кога е изграден базен во Версајскиот дворец. Сепак, денес нив можете да ги најдете најчесто во егзотичните места, на луксузни имоти или пак на реклами.rnrnЛокација: БалиrnrnДоколку не можете да си дозволите ваков луксуз, дозволете им бар на вашите очи да се разладат и „исплакнете“ ги за момент. :)rnrnЛокација: МексикоrnrnЛокација: ТахитиrnrnЛокација: ТурцијаrnrnЛокација: БалиrnrnЛокација: СингапурrnrnЛокација: БалиrnrnЛокација: Лос Анџелесrnrn rnrn
Американската пејачка, Бритни Спирс живее во областа Калабасас, Лос Анџелес или поточно во вила која е проценета на 8,9 милиони американски долари. Но очигледно на богатата пејачка и било претесно во неа, па дала учество за купување нова, уште поголема куќа, која чини 20 милиони долари, а се наоѓа на само неколку километри од старата. Во оваа приватна населба, соседи на Бритни ќе и бидат Џенифер Лопез, Озборнови и семејството Кардашијан.rnНовиот имот се наоѓа на простор од 3 ара, а куќата е распослана на 1.860 метри квадратни. Вилата има 10 спални соби, 13 купатила, а во сите има дрвен под. Една од детските соби е обоена розово, па Бритни ќе мора да се погрижи да ги задоволи вкусовите на нејзините 2 сина кои во новата куќа ќе добијат и цела соба за забава и играње.rnВо дворот има тениски терен, неколку џакузија, прекрасна градина и базен со пештери и водопад.