КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовно писмо

  • Најубавото љубовно писмо на сите времиња: Ти си главната причина поради којашто постојам…

    Најубавото љубовно писмо на сите времиња: Ти си главната причина поради којашто постојам…

    Роденденската честитка којашто Џони Кеш ја напишал до својата сопруга Џун Картер е прогласено за најубавото љубовно писмо на сите времиња. Имено, писмото било напишано во 1994 година, кога познатиот Кеш ѝ го честитал 65-от роденден на својата сопруга и од тогаш па навака служи како „калап“ за составување прекрасни писма преку кои ги искажуваме своите емоции. Затоа и било изгласано од луѓето ширум светот како најубавото и најискреното писмо полно со емоции коешто некогаш го прочитале. Уживајте во него и фатете го пенкалото во раце, за и вие да напишете нешто вакво за вашите љубени…rnrnrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСреќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш и по малку си газиме на живци. Понекогаш можеби и се земаме здраво за готово. Но понекогаш, како денес, размислувам за сè и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена која некогаш сум ја запознал. Уште ме фасцинираш и ме инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главната причина поради којашто постојам. Силно те љубам.rnrnСреќен роденден, принцезоrnrnЏонrnrn[/message_box]rnrnПрочитајте го и ова страсно љубовно писмо напишано од писателот Хенри Милер до неговата љубовница.

  • Љубовни писма на Фрида Кало од тинејџерските години кои ќе ви предизвикаат бура од емоции

    Љубовни писма на Фрида Кало од тинејџерските години кои ќе ви предизвикаат бура од емоции

    Кога ќе се спомене Фрида Кало, првите асоцијации што ни паѓаат на памет се нејзиниот неоспорлив талент, нејзината љубов кон Мексико и неговата култура, но и нејзината турбулентна љубовна врска со Диего, како и ранливоста што Фрида ја има покажано за време на таа врска. Но, и покрај сè, вистината е дека таа имала неверојатна способност да ги пронајде вистинските зборови и да ги извлече од длабочината на нејзината душа уште пред да го запознае Диего. Љубовните писма на Фрида од нејзините тинејџерски години не само што го потврдуваат тоа, туку и го докажуваат фактот дека таа била повеќе од легенда. Пред сѐ, таа била обично човечко суштество со чувства и емоции исто како и сите нас.rnrnПрочитајте ги љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат бура од емоцииrnrnВо нејзината биографија „Фрида: Биографија на Фрида Кало“ од Хајден Херера, читателите добиваат можност да се запознаат со интимниот живот на оваа неверојатна жена додека била во нејзините тинејџерски години, пред да стане икона. Акцент се става на првата сериозна љубовна врска кога за прв пат почнала да копа во нејзиниот внатрешен бунар богат со емоции и душа. Соученикот Алехандро Гомез Ариас, успеал да го украде нејзиното срце, но и тој не останал рамнодушен. И двајцата се вљубиле еден во друг и набрзо почнале да си разменуваат лични и емотивни писма, за време на летото во 1923 година. Важно е да се спомене дека родителите на Фрида не ја поддржувале оваа врска.rnrnВо чест на нејзиниот 109-ти роденден, кој да беше жива ќе го прославуваше вчера, на 6-ти јули, ви претставуваме дел од нејзините љубовни писма кои ќе ви го стопат срцето.rnrnЗапочнуваме со едно од првите писма за Алехандро во кое Фрида почнува да го вади заштитниот вел и да ја открива нејзината ранлива и самосвесна личност…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnАлекс: Ја добив твојата порака вчера, во 7 часот навечер, кога најмалку очекував дека некој ќе се сети на мене, а уште помалку доктор Алехандро, но за среќа, сум погрешила… Не знаеш колку бев среќна што имаше доверба во мене како да сум ти најдобар пријател и што ми зборуваше како што никогаш претходно не си ми зборувал, со оглед на тоа што со малку иронија ми велиш „Јас сум толку супериорен“ и „Јас сум многу над тебе“. Јас ќе ја видам основата на тие реченици и нема да го видам она што другите би го виделе во нив… И ти побара совет од мене, нешто што би ти го дала со целото мое срце, ако малото искуство од моите 15 (16) години вреди нешто, но ако доволна ти е само добрата намера, не само што мојот скромен совет е целосно твој, туку и целата јас сум целосно твоја…rnrnПа, Алекс, пишувај ми често и долго, што подолго тоа подобро…rnrn[/message_box]rnrnПрочитајте ги љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат бура од емоцииrnrnМногу искрено, нели? Сите ние сме имале силни тинејџерски чувства, но само неколкумина се осмелиле да признаат дека чувствуваат пеперутки во стомакот кога ќе видат некого. И тоа не завршува тука. Фрида не се срамела од ништо и таа е веројатно инспирацијата што очајно ни треба на сите за да собереме храброст и да ги признаеме нашите емоции без никаков срам. Фрида му ветила на Алехандро дека ќе му праќа писма секој ден за да му докаже дека не го заборавила…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Кажи ми ако не ме сакаш повеќе Алекс, јас те сакам иако ти не ме сакаш повеќе од болва.[/message_box]rnrnПомеѓу 1923 и 1924, Фрида и Алехандро се разделиле за време на училишниот одмор, но и затоа што започнал бунтот против претседателот Обрегон. Навидум безнадежната разделба само уште повеќе го зголемила интензитетот на нивната врска, што со себе донело и зголемена параноја, несигурност и други негативни чувства кои никој не сака да ги има. На крајот, парот успеал пак да се соедини и покрај политичките немири во Мексико. Таа во едно писмо од декември 1924 година му пишува…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Мој Алекс: Те сакам уште од првиот момент кога те видов. Што велиш? Ќе поминат веројатно уште неколку дена пред да се видиме и затоа те преколнувам да не ја заборавиш твојата убава, мала жена… Понекогаш навечер многу се плашам и посакувам да беше до мене за да не бидам толку исплашена и да ми кажеш дека ме сакаш исто како порано, како минатиот декември, иако јас сум „лесна“, нели Алекс? Сигурно сакаш лесни работи.[/message_box]rnrnНајтешко е кога се сомневаме во себе и не веруваме дека нашиот партнер нѐ сака и мисли на нас кога не сме заедно. Можете само да си замислите како таа се чувствувала во овој период. Млада жена со сите грижи и со целиот гнев што е нормален за секоја тинејџерка.rnrnПрочитајте ги љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат бура од емоцииrnrnВрвот на нејзината самосвесност, храброст и искреност доаѓаат до израз во едно писмо од јануари 1925 година. Во него Фрида зборува за љубомората, нешто коешто дури и најразумните возрасни луѓе се обидуваат да го победат и разберат.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnШто се однесува до она што ми го кажа за Анита Рејна, вообичаено не би се налутила дури ни да се шегуваш, пред сѐ затоа што ги сакам сите луѓе што ги сакаш или си ги сакал, само поради тоа што ги сакаш. Меѓутоа, не ми се допадна тоа дека сте се милувале, бидејќи и покрај тоа што разбирам дека е навистина многу згодна, чувствувам нешто како… Како да кажам… Како завидливост, знаеш? Но, тоа е природно. Друг пат кога ќе посакаш да ја милуваш, дури и да се работи само за сеќавање, милувај ме мене и мисли си дека е таа, важи? Мој Алекс?rnrn…Прости ми за повторувањето на зборот „сака“. Пет пати по ред, но многу сум збркана.rnrn[/message_box]rnrnИ покрај тоа што биле многу заљубени еден во друг, двојката се разделила. Но, белегот што си го оставиле никогаш не избледел. Нивната љубов покажува колку се комплицирани врските, но и фактот дека дури и најневеројатните личности во историјата, како што е Фрида Кало, некогаш биле тинејџери. Чудни, несигурни и изгубени тинејџери.

  • Страсно љубовно писмо напишано од писателот Хенри Милер до неговата љубовница

    Страсно љубовно писмо напишано од писателот Хенри Милер до неговата љубовница

    Славниот американски писател Хенри Милер ја сретнал кубанската писателка Анаис Нин во Париз во 1932 година, денови во кои започнале страсна љубовна врска иако и двајцата веќе биле во брак. Нивната љубов траела долги години и изродила многу страсни љубовни писма од двете страни. Ова е едно од нив, кое Милер ѝ го испратил на својата љубовница кратко по неговата посета во нејзиниот дом во селото Лувесјен, недалеку од Париз.rnrnСтрасно љубовно писмо напишано од писталеот Хенри Милер до неговата љубовницаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn14 август 1932rnrn rnrnАнаис:rnrnНе очекувај веќе да бидам разумен. Не дозволувај ми да бидам разумен. Тоа во Лувесјен беше брак, не можеш да го одречеш тоа. Заминав, а делови од тебе останаа во мене. Се движам и пливам во океан од крв, твојата андалузиска крв, прочистена и отровна. Сè што зборувам и мислам е поврзано со тој брак. Те видов како љубовница во твојот дом, како Маварка со убаво полно лице, како црнка со бело тело, очи по целата твоја кожа, жена, жена, жена. Не знам како да го продолжам животот без тебе, овие прекини се смрт. Како беше кога се врати Хуго? Бев ли сè уште присутен? Не можам да замислам како со него ги правиш истите движења како со мене. Со затворени нозе. Без никаков отпор. Со слатко, предавничко согласување. Со кроткост на птичка. Ти стана жена со мене. Бев речиси преплашен. Ти немаш само триесет години, ти имаш илјада години.rnrnЈас се вратив овде и сè уште пламтам од страст, како вино што испарува. Тоа не е повеќе страст за тело, туку целосна глад за тебе, ненаситна глад. Во весниците читам за убиства и самоубиства и сега целосно го разбирам сето тоа. Се чувствувам убиствено, самоубиствено. Некако чувствувам дека е срамота да не направам ништо, само да чекам погодна прилика, на тоа да гледам филозофски и да бидам разумен. Каде отиде времето кога мажите се бореа, убиваа, умираа за допир и за краток поглед? (свири онаа ужасна арија од „Мадам Батерфлај“ – „Тој ќе дојде еден ден“).rnrnСè уште можам да те слушнам како пееш во кујната, некакво нехармонично, монотоно кубанско завивање. Знам дека беше среќна во кујната и дека храната што ја зготви е најубавиот оброк што некогаш сме го поделиле. Знам дека се изгоре и дека не се пожали. Јас го чувствувам најголемиот мир и најголемата радост во моментот кога шушкаш со твојот фустан закопчан со илјадници очи како божицата Индра.rnrnАнаис, јас и претходно мислев дека те сакам, ама тоа беше ништо во споредба со оваа сигурност сега. Зарем ова беше толку прекрасно само затоа што беше кратко и забрането? Зарем само глумевме еден за друг, еден спроти друг? Бев ли јас помалку Јас, или повеќе Јас, а ти беше помалку или повеќе Ти? Лудост ли е да мислам дека ова може да продолжи? Кога и каде би започнале безличните мигови? Бескрајно те набљудувам за да ти ги откријам можните мани, слабите точки, лошите страни. Но не можам да ги најдам, никако. Тоа значи дека сум вљубен, слеп, слеп. Нека бидам слеп засекогаш! (Сега ја свират „Рај и океан“ од „Џоконда“).rnrnТе замислувам како ги слушаш плочите одново и одново… плочите на Хуго. „Parlez moi d’amour“. Двоен живот, двоен вкус, двојна радост и мизерија. Тоа мора да остава траги на тебе. Знам јас за тоа, ама не можам да сторам ништо за да го спречам. Навистина посакувам јас да бев тој кој мора да го издржи сето тоа. Знам дека сега очите ти се широко отворени. Никогаш повеќе нема да веруваш во некои работи, никогаш повеќе нема да повториш одредени гестови, некакви тагувања, претчувства за зло, никогаш повеќе нема да искусуваш. Има некој вид на светла жестокост во твојата нежност и суровост. Ниту каење, ниту одмазда, ни тага ни вина. Живеење на животот, со тоа што нема ништо да те спаси од работ на бездната освен голема надеж, верба и радост која си ја вкусила и можеш пак да ја пробаш кога и да посакаш.rnrnЦело утро сум покрај моите белешки, вртејќи по белешките од мојот живот, чудејќи се од каде да почнам и каде да почнам, не гледајќи само една книга пред мене туку цел живот за книги. Но не почнувам. Ѕидовите се целосно голи, симнав сè од нив пред да дојдам да се сретнам со тебе. Затоа што бев спремен да заминам засекогаш. На ѕидот се познаваат точките каде што си ја потпираше главата. Додека грми и треска јас лежам на креветот со моите диви соништа. Во Севилја сме, па потоа во Фез па на Капри па во Хавана. Постојано патуваме, има и машина и книги, а твоето тело постојано е блиску до мене и погледот во твоите очи никако не се менува. Луѓето ни велат дека ќе страдаме, дека ќе се каеме, но ние сме среќни и секогаш се смееме и пееме. Зборуваме на шпански и француски и арапски и турски. Имаме пристап до секое место и секаде патот ни го посипуваат со цвеќиња.rnrnВелам дека ова е луд сон, но ова е сон кој сакам да го остварам. Животот и литературата заедно, љубовта и динамото, ти со твојата камелеонска душа давајќи ми илјадници љубови секогаш цврсти и стабилни без оглед низ каква бура поминуваме и да сме дома каде и да сме. Во утрата, продолжувајќи онаму каде што сме застанале. Воскреснување по воскреснување. Ти се докажуваш себеси и го достигнуваш богатиот разновиден живот кој го посакуваш, а колку повеќе се докажуваш толку повеќе ме сакаш и ти требам. Гласот ти станува позарипнат и подлабок, очите поцрни, крвта погуста, а телото пополно. Похотна понизност и тиранска потреба. Посурова од кога било, свесно и волно сурова. Ненаситната радост на искусувањето.rnrn rnrnХВМrnrn[/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    Покажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите

    За да можат да функционираат љубовните врски, пред сè е потребна меѓусебна љубов помеѓу партнерите. Но, понекогаш љубовта не е доволна, за да ги победи сите недоразбирања, расправии, повредени чувства и нарушена самодоверба. За да не дозволите вашата врска неславно да заврши, имајте на ум дека сите односи помеѓу луѓето треба непрестајно да се негуваат за да можат добро да се развиваат.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите rnrnСледуваат 10 интересни нешта кои можете да му ги приредите на вашиот партнер за да се чувствува љубено.rn

    1. Пофалете го/ја пред вашите пријатели

    rnАко вашиот/та љубен/а неодамна постигнал/а некој успех на некое поле од животот, раскажете им на вашите пријатели за таа добра вест. Тоа ќе му/ѝ ја покрене самодовербата и ќе направи да ве сака уште повеќе.rn

    2. Оставете му/ѝ тајни пораки во знак на внимание

    rnСледниот пат кога вашата душичка ќе го напушти градот или ќе замине на работа/факултет, оставете ѝ љубовна порака во џебот од јакната или во книгата која што во моментот ја чита. Не заборавајте да оставите отпечатоци од вашите усни обоени со црвен кармин доколку сте женско или да прснете секси машки парфем ако сте машко.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    3. Заедно прославете ги неговите/нејзините успеси

    rnДоколку вашето злато конечно го добило покачувањето на платата кое го очекувало долго време или „фатило“ некоја „фриленс“ тезга или го положило најтешкиот испит во неговото студирање, приредете му некое пријатно специјално изненадување. Дури и ако сè што имате на ум е отворање шише шампањско по повод прославување на убавата вест, самиот чин дека го вреднувате успехот на вашиот партнер, нему ќе му причини огромно задоволство.rn

    4. Понудете му/ѝ ја вашата помош кога се чувствува под стрес

    rnСледниот пат кога вашиот партнер ќе се почувствува пренатрупан со многу обврски или со некакви лични грижи, понудете му масажа од половина час, перење на неговите алишта или вкусни јадења за цела недела кои ќе може да ги одржува во фрижидер. Ваквите едноставни постапки ќе му покажат на вашето најмило дека се грижите за него и истовремено ќе му помогне да ја тргне од мислите тежината која ја чувствува.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    5. Постојано полнете го неговото/нејзиното его

    rnДали вашиот партнер има некој посебен талент? Без разлика дали тој/таа има фантастична ориентација во простор, одличен вкус за облекување, убаво пее, одлично вози или секогаш победува во карти, секогаш дајте му/ѝ до знаење колку сметате дека е фантастичен/а. Без разлика дали тој негов/нејзин талент има или нема некое посуштинско значење во животот, секогаш кажувајте ги на глас тие работи кои ви се допаѓаат кај него/нејзе.rn

    6. Флертувај со него/нејзе на јавни места

    rnСе наоѓате на забава со вашиот/та партнер/ка? Обидете се да не го поминете целото време заедно еден до друг. Остварувајте контакт со очи од другиот крај на просторот и кога ќе се разминете, како да сте странци, тоа со сигурност ќе ги врати старите романтични чувства. Не заборавајте и да поднамигнувате, секако со стил и незабележително.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    7. Изненадете го/ја со специјално рандеву

    rnДали вашиот партнер спомнал дека многу сака да присуствува на некој концерт, настан или спортски натпревар? Запомнете го датумот и изненадете го со влезници. Планирање на нешто што е важно за другиот секогаш ја подобрува врската.rn

    8. Покажете интерес за неговото/нејзиното хоби

    rnДури и да не сте обожаватели на следење спорт или ТВ новели, обидете се да издржите и одвреме-навреме учествувајте во интересите на вашиот партнер. Тоа многу ќе му значи.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубитеrn

    9. Прашувајте за неговиот/нејзиниот тек на денот

    rnМожеби изгледа едноставно, но сепак ова може да биде многу важно. Доколку на партнерот не му оставите простор да каже за неговиот тек на денот, тој ќе се чувствува како да не ви е важно неговото време. Секогаш имајте на ум дека не треба да зборувате само за себе и вашите чувства.rn

    10. Прикачете ја вашата омилена музика на неговиот/нејзиниот плеер или изрежете цеде

    rnКога вашиот партнер треба да заминува на некое патување, изненадете го со плејлиста од вашите омилени песни. Секоја од нив ќе го потсетува на вас.rnrnПокажете му на вашиот партнер дека искрено го љубите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.