КАФЕ ПАУЗА

Tag: љубовна драма

  • Неколку причини поради коишто мажите лажат

    Неколку причини поради коишто мажите лажат

    Меѓусебната доверба е една од работите којашто е основа на добрата врска. Кога една врска не оди баш најдобро, најчесто причина за тоа се сомнежите, стравовите, грижите или пак несигурноста. И што се случува потоа? Важите грижи ве принудуваат да потврдите дали вие сте во право.rnrnrnrnЗа сите оние што се чувствуваат измамено, овде ви прикажуваме некои од причините коишто даваат одговор на прашањето: Зошто мажите лажат?rnrn1. Тие не сакаат да ги повредат вашите чувства. Доколку сте девојка која лесно се возбудува и прави драми кога ќе ви се каже вистината, тогаш мажите се принудени да го кажат она што сакате да го слушнете, сè со цел да го одржат мирот.rnrn2. Не сакаат драматични ситуации. Доколку тие секогаш се искрени и ја кажуваат вистината, голема е веројатноста дека ќе предизвикаат драми, душевна болка, како и тага за двајцата, па зошто некој би сакал да го направи тоа? Иако искреноста е доблест којашто се цени, човекот настојува да го направи животот полесен, а не потежок.rnrn3.Не сте благодарни. Доколку сакате искреност, најдете начин да го наградите тоа однесување, а не да го казнувате на тој начин што ќе направите тој да поминува низ пеколни ситуации.rnrn4. Тие сакаат да ве импресионираат и/или не чувствуваат дека направиле доволно за вас доколку не додадат и малку лага. Од еден аспект, на ова може да се погледне како комплимент: вашиот дечко сака да ве импресионира. Реално тоа не е комплимент туку несигурно однесување, па затоа и не е вистинскиот темел на којшто треба да се заснова една врска. За да некој биде искрен со вас, тој треба да биде доволно сигурен во себе.

  • 10 неверојатни приказни како причина за развод

    10 неверојатни приказни како причина за развод

    Разводот ја открива најлудата страна на луѓето.rnrntorn piece of paper with divorce text and paper couple figuresrnrnДури и најрационалните луѓе го губат разумот кога се во процес на развод од својот брачен партнер. Во продолжение, 10 адвокати за развод ги споделуваат своите искуства со невозможни побарувања.rnrn1. „Во еден случај, жената му се одмаздила на својот маж преку неговите скапоценoсти: Ја испразнила водата од базенот со ајкули.“rnrn2. „Еден клиент веруваше дека таа и сопругот се во голема љубов и дека го сакаат нивното куче како свое дете. Но, кога кучето одбивало да јаде и имало проблеми со редовно одење во тоалет, тие во паника отишле на ветеринар. При итната операција поради опструкција на дебелото црево, ветеринарот од неговиот стомак извадил црвени танга гаќички. Кучето се опоравило, но нивниот брак завршил. Црвените танга гаќички не припаѓале на сопругата!“rnrn3. „Мојот клиент тврдеше дека неговата жена го провоцирала со испраќање навредливи пораки наменети кон него, како статус на WhatsApp. Една од нејзините пораки гласела: ‘До сите лажговци: удавете се со (емотикон од модар патлиџан).’ Жалам, но не може на некого да му забраните да пишува статус на својот профил, затоа што вие сметате дека тоа е навредливо за вас.“rnrn4. „Понекогаш се случува, клиент, или поточно кажано потенцијален клиент, да одбива да ми го прикаже ‘доказот’ за неверството на неговиот брачен партнер. Во вакви ситуации ни покажуваат слики од нивниот брачен партнер во сексуална интеракција со некој друг и мислат дека тоа е доволно. Секако, кога ќе прашаме ‘па тогаш кој бил фотографот?’, одговорот неизбежно започнува со ‘Па добро, сите бевме голи…’“rnrn5. „Клиентот ја објави својата намера дa поднесе барање за развод со тоа што го запали свадбениот фустан на неговата жена во каминот. Но таа не направила ништо што би ја оправдало неговата постапка: никогаш не го изневерила, ниту пак несовесно ги трошела неговите пари. Неговото однесување беше исто така необјасниво до крајот на судењето.“rnrn(2)neverojatni-prikazni-kako-prichina-za-kafepauza.mkrnrn6. „Мојот омилен случај беше со жена која била во брак повеќе од 40 години и едноставно не можеше да прифати дека нејзиниот брак е пред распаѓање. Таа беше решена да ги покачи судските трошоци и се јавуваше во нашата канцеларија секој ден (нашата тарифа е 250 долари од час) бидејќи тврдеше дека на нејзиниот папагал ‘му се допаѓал гласот на правниот застапник. ’“rnrn7. „Имавме клиент кој се гадеше поради тоа што нејзиниот сопруг инсистирал да ги чува неговите пет мачки во нивниот заеднички стан од 55 метри квадратни. Таа набргу се исели, но потоа се бореше со часови (кои чинеа илјадници долари) за искинатиот мебел, кој мирисаше на мочка од мачка. Целата покуќнина беше скоро уништена, но таа мораше да го добие својот дел и да го смести во нејзиниот нов стан!“rnrn8. „Еден господин помина до нашата канцеларија со плик во кој се наоѓаа неколку пара гаќички кои припаѓаа на неговата сопруга и од нас побара на нив да извршиме ДНК тестирање. Порака до сите кои го читаат ова, запомнете, ова е суд за разводи, а не полициска лабораторија! Овде немаме пристап до никаква лабораторија. Гаќичките сѐ уште се во мојата фиока.“rnrn9. „Како што расте популарноста на пластичната хирургија, се зголемува бројот на машки клиенти кои аргументираат дека немаат обврска да ги плаќаат сите пластични корекции на нивните сопруги бидејќи тие немаат никаква корист, ниту пак задоволство од нив.“rnrn10. „Еднаш имав случај во кој сопругот, инаку многу успешен бизнисмен во областа на градежништвото, тврдеше дека нема доволно приходи да ги издржува сопругата и неговите деца бидејќи му била потребна трансплантација на колк. Но судијата можеби ќе му поверуваше, кога го виде дека имаме проблеми со движењето при влегувањето во судницата, доколку претходно не го имаше видено неговото селфи со неговата нова девојка на врв на планина, кое го имаше прикачено на Фејсбук само една недела претходно.“

  • Викенд книга: „На улица Даблин“ – Саманта Јанг

    Викенд книга: „На улица Даблин“ – Саманта Јанг

    rn

    Може ли човек целосно да го остави минатото зад себе исто како да не се случило? Дали одрекувањето е начин спомените да се уништат?

    rn

    Наша оцена: 5/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rn0-kniga-na-ulica-dablin-samanta-jang-kafepauza.mkrnrnПривлечен наслов, уште попривлечна корица, полн погодок за дамите, особено за оние кои во моментов бараат нешто лесно, нешто што ќе ги релаксира и забавува. Интересна книга која ќе ви ја раскаже приказната за Џоселин, демоните од нејзиното минато со кои болно се соочува, но и нејзината упорна потрага по среќа и светла иднина. Станува збор за делумно еротска книга, така убаво „спакувана“, но без тој експлицитен и претеран стил на серијалот „Кросфајр“, на пример.rnrnКнигава е преведена на над 28 јазици и ужива воглавно добри критики. А еве за што станува збор.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnЏоселин го оставила својот живот во Америка зад себе и се преселила во Шкотска со цел да започне нов живот. Нејзините родители и помалата сестра починале кога таа била многу млада и со себе го носи демоните од минатото кои ја прогонуваат и не ѝ даваат мир. Таа е самотник, не се врзува лесно со луѓето, не е романтичарка која копнее по љубов на прв поглед. Неа совршено ѝ оди тој живот на самотник, ладна, воздржана, независна. Сè додека не реши конечно да ужива во наследството од нејзините прерано починати родители и да си приушти удобен стан со забавна цимерка која по сè изгледа има за цел да ѝ стане најдобра пријателка на Џос. Обидите на Ели, цимерката на Џос, да ѝ стане најдобра пријателка и да ја направи дел од своето семејство, ќе резултираат со панични напади поради тоа што Џос ќе се присетува како е да се има семејство.rnrnТука е и Брејден (се разбира), богат, згоден маж кој е навикнат да ужива во сè што сака и лесно да ги добива нештата кои му се по мерак. Но, Џоселин е тврд орев за кршење па ќе мора да се потруди малку повеќе.rnrnДали Брејден ќе успее да ги сруши ѕидовите кои Џоселин ги изградила околу себе? Дали ќе успее да се пробие во нејзиниот оклоп? Дали таа ќе му се отвори и ќе му дозволи тој вистински да ја запознае?rnrnМорам да бидам искрена дека книгава не ме воодушеви посебно, но ја препорачувам на помладите девојки кои преферираат романтични комедии (мојата 17-годишна братучеда не можеше да се соземе откако ја прочита и ја оцени со 100 од 10). Мене ми беше некако предвидлива и лесна. Да не заборавиме дека важен е тајмингот, па затоа мислам дека причината е тоа што оваа книга просто не е тоа што ми требало во моментот и затоа не ги задоволила моите апетити.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 24 јануари 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

    Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)

    Филм за препреките кои мора да се совладуваат во една врска на далечинаrnrnФилм: Лудо вљубени (Like Crazy)Режија: Дрејк ДоремусrnrnУлоги: Антон Елчин, Фелисити Џонс, Џенифер Лоренс, Чарли БјулиrnrnВреметраење: 90 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 јануари 2012rnrnЖанр: романса, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]
    rn


    rnrnОва е романтичен филм, но не е исполнет со патетика. Многу е поразличен од стандардните холивудски романси поради неговиот неконвенционален пристап во прикажувањето на љубовните проблеми и одбивањето компромис со публиката која е жедна за среќни краеви кои недостасуваат во реалниот живот. „Лудо вљубени“ е филм кој што детално се занимава со проблемите кои стојат пред секоја врска, а особено оние кои се одржуваат на далечина.rnrnОвој филм раскажува извонредна топла приказна за првата голема љубов на двајца студенти која поради бирократски проблем ќе биде ставена на сериозен тест. Лудо вљубените Ана и Џејкоб ќе бидат принудени да ја одржуваат својата врска на далечина додека се трудат да најдат начин повторно да бидат заедно.rnrnФилмот собра еден куп награди, меѓу кои најзначајна е онаа за најдобар филм на филмскиот фестивал Санденс, каде што и Фелисити Џонс беше наградена за најдобра актерка. Интересно е тоа што приказната е инпсирирана од вистински настани кои му се случиле на режисерот Дрејк Доремус. И тој морал да бара начин како да ја одржува романсата со неговата девојка – Австријка (денес негова сопруга) додека траела нејзината борба за дозвола за престој.rn



    rn

    rnПриказна: Ана е Англичанка која студира во Лос Анџелес. На тамошниот универзитет ќе го запознае Џејкоб, американски студент. Веднаш ќе се вљубат еден во друг и ќе започнат страсна врска исполнета со многу романтика и нежност. За жал, се ближи нивното дипломирање, по што истекува визата за престој на Ана во САД. Таа ќе мора да се врати во Лондон за да извади нова виза, правејќи ја евентуалната привремена разделба непријатна тема за разговор меѓу нив двајцата. Тоа Ана ќе го реши на неконвенционален и наивен начин – ќе реши да остане и покрај тоа што визата ѝ е истечена. Џејкоб ќе биде воодушевен. Тие двајцата заедно ќе го поминат летото од соништата, по што Ана на кратко ќе се врати во Лондон. Ќе се обиде да се врати во Лос Анџелес како турист, но граничната служба ќе забележи дека еднаш веќе ја пречекорила визата, па ќе ја врати во Лондон и ќе ѝ изрече забрана за влегување во Америка.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Со тоа започнуваат и големите проблеми за големата љубов меѓу нив двајца. Единствен начин да се гледаат се повремените летови на Џејкоб до Лондон, но тој мора постојано да се враќа во Лос Анџелес каде што во меѓувреме започнал успешен бизнис како дизајнер на мебел. Семејството на Ана веќе има ангажирано адвокат за да се симне забраната за влез во Америка, но и покрај тоа романтичните мигови за време на неговите кратки посети ќе бидат оптоварени со потребата од решение за нивниот проблем и одржувањето на врската на далечина. Додека копнежот кон другиот станува сè поголем, во нивните одвоени животи ќе почнат да се појавуваат и други луѓе (Чарли Бјули е преубавата Џенифер Лоренс). Тогаш се поставува прашањето дали нивната страсна врска е доволно силна да ги издржи сите препреки кои им ги наметнува далечината.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Глума: Глумата, едноставно, е брилијантна. Фасцинира фактот дека режисерот им дал само насоки на своите двајца главни актери, а тие целосно ги импровизираат своите дијалози. Со тоа филмот добива еден посебен шарм кој го немаат дури ни најпопуларните холивудски романтични филмови. Тоа им дава поголема доза реалност на случувањата: вие самите ќе ја почувствувате нивната љубов и болката заради разделеноста, исто како да сте таму покрај нив и ги набљудувате.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Кога и како да го гледате: Би било убаво никој да не ве вознемирува додека го гледате филмот за да можете целосно да го доживеете силниот емоционален набој кој го создава приказната. Добра опција е и гледањето во друштво на најблиските пријатели, затоа што откако ќе заврши филмот ќе ви отвори љубовни теми за разговор.Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)Филм: Лудо вљубени (Like Crazy)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Астрологијата и смирувањето со партнерот после кавга

    Секој понекогаш мора да се налути. Некои тоа го прават одвреме-навреме не криејќи ги чувствата, а други пак долго молчат и еден ден ќе експлодираат како вулкан. Здраво е да се покаже лутина, повремено да се скарате и искрено да кажете што мислите, но понекогаш е корисно да кажете и нешто со што ќе го смирите соговорникот и ќе спречите кавгата да ескалира. Дознајте како со кој знак можете да се скарате и што треба да му кажете за да го сочувате мирот.rnrnАстрологијата и смирувањето со партнерот после кавга rn

    Овен

    rnЗа да го смирите овенот, едноставно морате да му дадете на знаење, дека сте чуле сè што рекол и дека ќе сторите сè што е во ваша моќ за тој/таа да биде задоволен, без разлика дали се сложувате со тоа. Треба да го уверите дека има целосна контрола за тоа што ќе се случи, па дури и ако станува збор за заблуда. Овенот ќе се смири во оној момент кога ќе стане свесен дека има моќ и дека ја контролира ситуацијата.rn

    Бик

    rnЛутиот бик не е лесно да се смири. Луѓето родени во овој знак се вистински воини, кои секоја навреда ја доживуваат како предизвик. Единствен начин да го сопрете нападот, особено ако го навредите, е едноставно да си легнете и да се правите дека сте мртви, се разбира фигуративно кажано. На бикот кажете му дека е во право, дека секогаш бил во право и дека секогаш ќе биде. Ова звучи како погрешен пристап, но ова е единствениот начин да се смирите со луѓето родени во овој знак.rn

    Близнаци

    rnНајдобар начин да ги смирите близнаците, е да им кажете дека ги почитувате и дека можете да се сложите околу тоа дека не се сложувате. Близнаците исто така одлично реагираат на писмена комуникација. Писмо во кое ги објаснувате своите ставови или писмо со извинување, без проблем би требало да ги смири близнаците. Всушност станува збор за дипломатски знак кој најчесто може да ги согледа двете страни на проблемот. Во смирувањето може да помогне ако својот партнер близнак го однесете на вечера за да поразговарате околу проблемите.rn

    Рак

    rnПричината поради која ракот најчесто може да се скара, е што се почувствувал навредено или несигурно. За да се смири, морате да го уверите дека секогаш ќе бидете тука за него/нејзе без разлика што ќе се случи и дека секогаш ќе бидете на негова/нејзина страна, независно дали е во право или не. Комплиментот е најделотворното оружје во смирувањето на ракот.rn

    Лав

    rnСилното викање на лутиот лав не е лесно да се сопре. Најдобро е да не изговорите ниту еден збор додека лавот не заврши со својот гласен монолог. Морате да бидете тивки и покорни и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек. Добрата работа кај лавовите е што нивната лутина никогаш не трае долго, а кога ќе се смират, тоа за нив е готова работа и немаат обичај да бидат злопамтила.rn

    Девица

    rnОва е еден од најтешките знаци за кавга и смирување, бидејќи кога ќе се налутат стануваат тивки и некомуникативни и многу често можат да лажат за тоа дали нешто замеруваат или не. Девицата може да се прави дека сè е во најдобар ред, а за тоа време да подготвува некаква одмазда. Најдобар начин да се смирите со претставник на овој хороскопски знак, е да се извините и да ѝ кажете дека е во право, а потоа да продолжите да терате по свое.rn

    Вага

    rnНа луѓето родени во знакот вага, сè што треба е да им се каже, е дека треба да направат пауза, да земат воздух или да излезат на кратко и да размислат. Всушност вагите се нежни и не сакаат претерано да се караат. Тие се големи дипломати и ако им дадете неколку минути да се смират, вообичаено ќе ги согледаат двете страни на проблемот. Добро реагираат ако ги поканите на пијалак, за да поразговарате околу проблемите.rn

    Скорпија

    rnСо скорпиите е многу тешко да се смирите бидејќи имаат склоност да ги повредуваат другите луѓе, но сепак тие секогаш ќе реагираат на две работи, а тоа се пари и секс. Скорпиите ќе престанат да ве тероризираат ако некако можете да им покажете дека сте помоќни од нив во социјална смисла. Кажете ѝ на скорпијата дека е многу моќна и дека не може да згреши и на тој начин ќе ја преземете контролата во расправијата.rn

    Стрелец

    rnСтрелците обожуваат расправии и ако не сте внимателни можат да ве вовлечат во кавга, која може да потрае и неколку часа, при што ќе ви се чини дека логиката се врти во круг, на моменти дека воопшто ја нема и дека на крајот никој нема да победи. Според тоа најдобро нешто што можете да направите, е да побегнете од просторијата пред воопшто стрелецот да ве вовлече во вербална војна.rn

    Јарец

    rnЛуѓето родени во знакот јарец стануваат особено студени и некомуникативни кога ќе се налутат. Единствена работа што може малку да ги омекне е хуморот. Ако кавгата излезе од контрола, обидете се да ги насмеете. Напнатоста можете да ја ублажите ако им кажете нешто смешно или ги потсетите на некоја забавна случка од минатото.rn

    Водолија

    rnВодолиите секогаш можете да ги смирите со музика или со некоја соодветна филозофска реченица или поговорка. Луѓето родени во овој знак, ја обожуваат мистичноста на религијата и цитатите на големите филозофи. Тие воопшто не се воинствени личности и многу лесно можете да ги натерате да се смират и да не навредуваат никого.rn

    Риби

    rnРибите премногу се плашат од фактот дека личноста на која се лутат и со која се во расправија, ќе изгуби способност за цивилизиран разговор. Тие се несигурни и не сакаат промени. Единствениот начин да спречите премногу да се налутат е постојано да им давате комплименти, да им го потхранувате егото и да направите да бидат свесни дека ги сакате и дека ја контролираат ситуацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вода за слонови (Water for elephants)

    Вода за слонови (Water for elephants)

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОна што ви се чини премногу далечно, може за миг и вам да ви затропа на вратата. Подгответе се за неочекувана животна бура.rnrnВода за слонови (Water for elephants)Режија: Френсис Лоренс („I am Legend“; „Constantine“)rnrnУлоги: Роберт Патинсон, Рис Витерспун, Кристофер ВалцrnrnВреметраење: 120 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 април 2011rnrnЖанр: љубовна драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn—————————————————————————————————————————————————rnСтанува збор за филм кој ќе ве остави без здив и со „грутка“ во грлото. Романтична драма базирана на истоимената новела на Сара Груел… Ќе ве однесе во ерата на прохибицијата и на депресијата, карактеристични за триесетите години на минатиот век. Но, ќе ви покаже и како да истраете во вакви тешки периоди и да зачекорите по нов животен пат.rn—————————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во квалитетни 120 минути е претставена судбината на Џејкоб (Роберт Патинсон), млад студент по ветерина кој по смртта на неговите родители е принуден да го напушти факултетот. Неговиот удобен и исполнет живот, за кус период се претвора во буквална борба за опстанок.rnrnОткако ќе му ја одземат куќата, тој без „скршена“ пара во џебот се приклучува на патувачки циркус кој сонот за успешен доктор по ветерина, ќе му го замени со кошмар. Џејкоб, ќе се соочи со немилосрдно дресирање и злоупотреба на животните.rnrnПреку симпатиите и особениот интерес за новиот слон кој ќе пристигне во циркусот, како замена за дотогашната главна атракција, тој ќе ја пронајде вистинската, но во моментот и забранета љубов, Марлена (Рис Витерспун). Таа е главен изведувач во циркусот, но во исто време и сопруга на неговиот злобен сопственик, Август (Кристофер Валц).Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Режисерот, преку глевиот лик во филмот испраќа недвосмислена порака за ненадејниот пресврт кој може да му се случи на секој од нас, во кој било момент од животот. Младиот Џејкоб храбро и подготвено чекори низ ужасот, кој ќе му го приреди лицемерниот и алчен Август. Во ниту еден момент нема да се откаже од љубовта која исто така, одненадеж ќе го „здрма“.Вода за слонови (Water for elephants)Вода за слонови (Water for elephants)Кога и како да го гледате филмот: Оваа драма е одлична, со неа да го завршите денот. Сеедно е дали ќе ја гледате со вашите пријатели или сами, бидејќи и во двата случаи, приказната ќе ве натера добро да размислите и да ги преиспитате вредностите и целите што сте ги поставиле во животот.Вода за слонови (Water for elephants)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.