КАФЕ ПАУЗА

Tag: лизгачки

  • Мистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

    Мистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

    Долината на смртта е голем национален парк во Калифорнија полн со разни природни атракции. Дел од него е и Рејстрак Плаја, басен на пресушено езеро кое изгледа многу здодевно сè додека не се забележат камењата кои самите се движат по неговата каллива површина.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnОвој феномен се случува на секои две или три години, а причините кои стојат зад него сè уште се мистерија. Единствено што се знае е тоа дека камењата кои пред извесно време стоеле на едно место, сега се преместиле на друго, оставајќи јасна трага зад нив. Нема никакви знаци дека човек или животно помогнале во тоа, а нема ниту видео снимка која ќе ја разреши мистеријата.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnИстражувачите до сега развиле повеќе теории, а речиси сите од нив вината им ја припишуваат на силните зимски ветрови. Тие дуваат од југозапад кон југоисток, а најголемиот дел од правите траги зад камењата одат во истата насока. Други научници причината ја бараат во тенките слоеви мраз кои настануваат во зимата. Според нив, тоа или создава перфектни услови за ветрот да ги помести тешките камења или се формираат мали санти мраз кои го лизгаат каменот.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnЛизгачките камења во Рејстрак Плаја се голем предизвик и за научниците на НАСА, чии обемни истражувања не довеле до откритие, тука само до нови теории. Додека не ги испитаат нив, овие камења ќе останат една од најголемите неразрешени мистерии во светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќата „Баија“ со дрвени лизгачки ѕидови

    Куќата „Баија“ со дрвени лизгачки ѕидови

    Марсио Коган е виновникот за ова прекрасно здание кое се наоѓа на крајбрежјето на градот Салвадор во Бразил, оддалечен 1.700 километри од Рио Де Женеиро.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиОваа широко отворена резиденција е фокусирана на надворешното живеење. Собите од куќата можат да се отворат кон прекрасната надворешна околина, бидејќи се направени од дрвени лизгачки ѕидови. Дизајнот на куќата е добро препознатлив за стилот на Коган, бидејќи ги содржи неговите омилени камени и дрвени елементи во внатрешното уредување.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата создава чувство како да е градена со влијание од азиската култура, иако ќерамидниот кров изгледа е инспириран од медитеранската обнова. Сè на сè, прекрасен, спокоен, отворен дом кој прави надворешната средина да биде дел од архитектурата, исто колку и самата негова структура.rnКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидовиКуќата „Баија“ направена од панелни лизгачки ѕидови