КАФЕ ПАУЗА

Tag: ликер

  • Рецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!

    Рецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!

    Почнува сезоната на јагоди, која, за жал, трае кратко, а сигурни сме дека многумина од вас смислуваат различни начини како да ги зачуваат што подолго и на тој начин да уживаат во нив колку што е можно подолго. Од замрзнување, до подготовка на мармалади, џемови и компот, изборот е навистина голем. Сепак, денес ви предлагаме рецепт за ликер од јагоди и бозел кој не само што можете да го пиете како аперитив туку можете да го користите и како прелив за десерти.rnrnРецепт за ликер од јагоди и бозел: Уживајте во вкусот на пролетта во текот на целата година!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 килограми јагоди
    • rn 011

    • 20 цветови од бозел
    • rn 011

    • 1,5 литри ракија
    • rn 011

    • 4 децилитри сируп од бозел
    • rn 011

    • 1 килограм шеќер
    • rn 011

    • цимет и каранфилче, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Јагодите и сите останати состојки префрлете ги во голема тегла.rnrn2. Измешајте ја содржината и оставете ја три недели на топло место или сончев дел од прозорецот. Мешајте повремено.rnrn3. По три недели, исцедете го и чувајте го ликерот на темно и ладно место. Доколку сакате погуст ликер, испасирајте дел од јагодите и измешајте ги. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вкусен и миризлив ликер од аронија.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и рум

    Рецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и рум

    Овие празници поминете ги со стил пиејќи ликер од јајца и рум кој традиционално се служи во САД и Канада. Се работи за пијалак во кој се содржат најмиризливите божиќни зачини и е многу лесен за подготовка. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за еден од најубавите божиќни ликери.rnrnРецепт за најдобриот божиќен ликер со јајца и румrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 литар млеко
    • rn 011

    • 10 жолчки
    • rn 011

    • 300 грама шеќер
    • rn 011

    • 250 милилитри рум
    • rn 011

    • 400 грама слатка павлака
    • rn 011

    • 4-5 зрна каранфилче
    • rn 011

    • 1 лажичка мелен цимет
    • rn 011

    • 2 лажици екстракт од ванила
    • rn 011

    • ½ лажичка морско оревче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во тенџере се мешаат млекото, каранфилчето и циметот и течноста се загрева на мала температура, околу пет минути.rnrn2. Во посебен сад добро се матат жолчките и шеќерот сè додека не се добие пенеста смеса, а потоа полека се додава топлото млеко. Префрлете ја целата течност во тенџере и варете на умерена температура околу пет минути додека не згусне смесата. Имајте на ум дека пијалакот не треба да врие.rnrn3. Процедете ја течноста од каранфилчето и оставете ја да се излади. Во изладената течност додадете ја слатката павлака, екстрактот од ванила, румот и морското оревче. Добро изладете го ликерот пред сервирање.rnrnОвој божиќен коктел можете да го чувате во фрижидер десет дена. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за еден од најдобрите божиќни ликери, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за омилениот божиќен десерт на кралицата Елизабета.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома

    Рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома

    Сезоната на јагоди може да се искористи за правење домашен ликер што можете да го пиете во добро друштво или додека се релаксирате.rnrnРецепт за домашен ликер од јагоди - пијалак што освојува со неодоливата аромаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм јагоди
    • rn 011

    • 400 грама шеќер
    • rn 011

    • 1 литар вотка
    • rn 011

    • 100 милилитри рум
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги јагодите и отстранете ги дршките. Потоа изгмечете ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат покриени 12 часа.rnrnПотоа, ставете ги јагодите во поголема тегла или во шише за вино и турете ги вотката и румот.rnrnЗатворете ја теглата цврсто и оставете ја да стои на ладно место 3 недели. Мешајте ги јагодите внимателно на секои 3-4 дена.rnrnКога ќе биде готов, треба да го исцедите ликерот низ густа газа, а потоа да го турите во стаклени шишиња.rnrnПогледнете го и овој рецепт за микелада – мексикански коктел што лади и гори во иста голтка.

  • Ликер од мушмули: Го прочистува црниот дроб, ги регулира холестеролот и варењето на храната

    Ликер од мушмули: Го прочистува црниот дроб, ги регулира холестеролот и варењето на храната

    Во време кога природата полека се подготвува за зимски сон, на едно овошје сега му почнува сезоната. Тоа е мушмулата. Токму сега е вистинското време за берба на ова запоставено и многу лековито овошје.rnrnЛикер од мушмули: Го прочистува црниот дроб, ги регулира холестеролот и варењето на хранатаrnrnМушмулите се полни со витамин Ц и го зајакнуваат имунитетот и со тоа ве штитат од сезонските настинки. Ако веќе сте настинале, тие ќе ви помогнат во борбата против кашлицата.rnrnИсто така, мушмулите треба да ги јадат луѓе кои имаат запек бидејќи е докажано дека успешно го регулираат и го поттикнуваат варењето на храната. Исто така, ќе ви помогнат ако чувствувате подуеност или болки во стомакот.rnrnПокрај варењето на храната, тие го регулираат нивото на лошиот и на добриот холестерол во крвта и ги прочистуваат црниот дроб и бубрезите.rnrnЗа да уживате во нивните придобивки во текот на целата година, направете ликер од мушмули.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 600 грама зрели мушмули
    • rn 011

    • 500 милилитри ракија
    • rn 011

    • 250 грама шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги мушмулите убаво, исушете ги и ставете ги во поголема стерилизирана тегла. Ставете ги ракијата и шеќерот во поголемо тенџере и загревајте на средна топлина додека шеќерот не се растопи. Истурете ја целата течност во теглата и затворете ја.rnrnСтавете ја на темно, ладно и суво место и протресувајте ја теглата еднаш дневно во текот на следните седум дена. Потоа, оставете го ликерот да стои уште три недели, по што можете да го процедите и да го турите во шишиња.rnrnСовет: Мушмулите обично се берат додека се сè уште тврди и светли, а потоа се оставаат да созреат на суво и поладно место. Зрелите мушмули ќе ги препознаете по нивната боја. Кога зреат, тие стануваат темнокафеави, многу меки на допир, а на кората имаат набори.rnrnПогледнете го овој рецепт за крем супа која ги исфрла сите токсини од телото.

  • Еликсир на здравјето: Рецепт за вкусен и миризлив ликер од аронија!

    Еликсир на здравјето: Рецепт за вкусен и миризлив ликер од аронија!

    Аронијата не е само извор на здравје туку и вкусен зрнест плод од кој може да се направат многу вкусни работи. Интензивната боја потсетува на боровинки, а зрнцата аронија помагаат во борбата против инфекции, спречуваат стареење на клетките, тие се одличен извор на хранливи влакна и витамини и се корисни за човечкиот организам.rnrnrnrnДали знаевте дека аронијата помага при снижување на високиот крвен притисок? Можеби има горчлив вкус, но треба почесто да се вклучува во исхраната. Може да се јаде свежа, но и да се преработува и да се користи во многу рецепти. Од неа може да се направат сок, пекмез, па дури и разновидни ликери. Ние ви претставуваме рецепт за убав, домашен ликер од аронија.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 грама зрнца од аронија
    • rn 011

    • 350 грама шеќер
    • rn 011

    • 1 литар црно вино
    • rn 011

    • 150 милилитри рум
    • rn 011

    • 1 парче цимет во стапче
    • rn 011

    • 2 каранфилчиња
    • rn 011

    • 1 мешунка од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги виното, шеќерот, аронијата и зачините во лонец. Потоа преполовете ја мешунката од ванила, отстранете ги семките со нож и ставете ги посебно внатре, па додајте ја и мешунката. Варете на тивок оган околу 15 минути додека шеќерот целосно не се растопи. Тргнете го од огнот и оставете ја смесата малку да се олади па после додајте рум и промешајте.rnrnИстурете ја течноста во подготвени стерилизирани шишиња (заедно со зрнцата и зачините), па затворете и оставете да отстојат најмалку 4 недели. Повремено ќе треба само да ја промешате содржината што претходно сте ја туриле во шишињата. Се служи ладно во соодветна чаша.rnrnПробајте го и рецептот за освежувачки летен компот од праски.

  • Пролетен кафе коктел со вкус на ореви

    Пролетен кафе коктел со вкус на ореви

    Завршете ја оваа работна недела со вкусно егзотично кафе

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 супена лажица какао во прав
    • rn 011

    • 1 кафена лажичка шеќер
    • rn 011

    • Прстофат сол
    • rn 011

    • 120 милилитри шлаг пена
    • rn 011

    • 175 милилитри свежо подготвено црно кафе
    • rn 011

    • 45 милилитри ликер со вкус на ореви
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги какаото, шеќерот, солта и шлагот во сад и изматете со електричен миксер. Матете сè додека не добиете хомогена смеса и не се формираат цврсти врвови на кремот.rnrnСипете ги кафето и ликерот во однапред загреана чаша (така што ќе сипете топла вода во неа, ќе оставите да отстои 1 минута и потоа ќе ја истурите). Со помош на лажица, префрлете го кремот врз кафето и просејте малку какао во прав. Послужете веднаш.rnrnПробајте го и наједноставниот кафе коктел за енергична викенд забава.

  • Викенд кафе со коњак, амарето и карамела

    Викенд кафе со коњак, амарето и карамела

    За добра забава со вашите пријатели

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 160 милилитри шлаг пена
    • rn 011

    • 30 милилитри ликер амарето
    • rn 011

    • 30 милилитри коњак
    • rn 011

    • Свежо подготвено црно филтер кафе
    • rn 011

    • Сируп од карамела (за декорација)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПоделете ги амаретото и коњакот во двете чаши за сервирање. Наполнете околу 3/4 од секоја чаша со кафе. Ставете ја шлаг пената на врвот, па декорирајте со сирупот од карамела. Послужете веднаш.rnrnПробајте го и ова зачинето рум кафе со шлаг пена.

  • Ирско кафе со бурбон и ликер од лешници

    Ирско кафе со бурбон и ликер од лешници

    Загревање пред излегување

    rn(1) Ирско кафе со бурбон и ликер од лешнициrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Бурбон
    • rn011

    • Ирски крем (за најдобар вкус – Бејлис)
    • rn011

    • 1 лажица ликер од лешници
    • rn011

    • Свежо подготвено кафе
    • rn011

    • Шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНаполнете ја шолјата до половина со жешко кафе, а останатата половина дополнете ја со бурбон и ирски крем (со еднаква количина). За крај додајте го и ликерот од лешници и декорирајте со шлаг пена. Имајте пријатен викенд!rnrn(2) Ирско кафе со бурбон и ликер од лешници (3) Ирско кафе со бурбон и ликер од лешници

  • Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

    Домашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летото

    Започна сезоната на вишните, а ова неверојатно овошје со кисело-сладок вкус може да се користи за подготовка на слатки, компот, сирупи, но и на вкусен ликер – сладок аперитив, којшто сите го сакаме. Доколку досега не сте подготвувале ликер од вишни или пак, ако сакате да испробате некоја нова техника, овој наједноставен рецепт, е создаден како за вас!rnrnДомашен ликер од вишни: Лесен за подготовка и измислен за летотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Вишни
    • rn011

    • Ракија
    • rn011

    • Шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги вишните и извадете ги рачките и листовите. На дното од поголема тегла ставете ред вишни, a потоа врз нив посипете подебел слој шеќер. Над шеќерот наредете втор ред вишни, а потоа уште еден слој шеќер. Повторувајте ја оваа постапка сè додека теглата не се наполни речиси до врвот. Теглата со ова прекрасно овошје, ставете ја на место каде што има многу сончеви зраци и затворете ја со мала чинија (никако со капак за тегла). Кога шеќерот целосно ќе се стопи, теглата до самиот врв наполнете ја со ракија, нежно измешајте и затворете ја со капакот. Оставете го ликерот да отстои на темно место барем еден месец. Потоа, тој е подготвен за дегустација.

  • Лековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлезда

    Лековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлезда

    Лековитиот ликер од ореви може да ви помогне при болестите поврзани со желудникот и тироидната жлезда и да ја подобри нивната функција. Овој природен рецепт е идеален и за јакнење на имунитетот, посебно во зимските периоди, а помага и со слабокрвноста и анемијата бидејќи изобилува со витамин Ц.rnrnЛековит ликер стар 90 години: Лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлездаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 18 млади зелени ореви
    • rn011

    • 1 килограм шеќер или уште подобро мед
    • rn011

    • 2 литри домашна ракија
    • rn011

    • 2 лимони
    • rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 2 каранфилчиња
    • rn011

    • 2-4 листови пелин
    • rn011

    • 1 стапче цимет
    • rn011

    • 1 стапче ванила
    • rn011

    • 5 зрна кафе
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • 1 литар бело вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ги оревите и исечете ги на 2 или 4 делови. Истото направете го и со лимонот и портокалот и потоа оставете ги на страна. Во поголем лонец или пластична канта ставете ред ореви и посипете ги со половина од шеќерот или медот. Додајте го лимонот, портокалот, каранфилите, пелинот, циметот, ванилата, зрната кафе и остатокот од оревите и шеќерот. На крајот, прелијте ги сите состојки со ракијата, добро промешајте и поклопете го лонецот.rnrnОставете ја смесата да отстои на сонце 40 дена, но секој ден по малку мешајте ја за состојките подобро да се поврзат. По 40 дена, исцедете ја низ газа и додајте ги виното и ванилиниот шеќер. Добиениот ликер прелијте го во стаклено шише и чувајте го на ладно, суво и темно место.