КАФЕ ПАУЗА

Tag: лик

  • Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

    Кој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?

    На духовит начин пробавме да ги опишеме знаците од Зодијакот кога би биле славни ликови од познатите филмови. Забавувајте се и вие и дознајте кој филмски јунак е всушност вашата сродна душа.rn

    Овен – Дедпул

    rnКој популарен лик од филмовите најдобро го опишува вашиот хороскопски знак?rnrnСакате да носите црвена боја, па некои ви се потсмеваат поради тоа, но вие сте и опасен „фраер“ кој со својот шарм ќе го реши секој проблем. Имате неверојатна смисла за хумор и секогаш ја освојувате личноста која ви се допаѓа.rn

    Бик – Роки Билбоа

    rnrnrnНе се вели залудно „јак како бик“. Истрајниот и упорен Бик никогаш не се откажува и не се повлекува. Жилави сте, дури и по малку груби. Ништо не може да ве запре кога нешто ќе одлучите. Вие сте борец кој секогаш победува.rn

    Близнаци – Том Ајсмен Казански од филмот „Топ Ган“

    rnrnrnТивки сте, склони кон незгоди и секогаш смислувате некоја замка. Можеби поради тоа луѓето понекогаш немаат доверба во вас. Сепак, со својот шарм и добронаклоност, на крајот ја решавате секоја ситуација.rn

    Рак – Габриел од филмот „Константин“

    rnrnrnСакате работите да се одвиваат по план и да имате контрола над сè. Ве привлекуваат пријателства со по малку злобни личности, иако тоа не го признавате. Мислите дека сте над сè, но оние кои ве познаваат, попрво би ве опишале како налудничава личност.rn

    Лав – Волшебникот од „Волшебникот од Оз“

    rnrnrnКаде и да одите, сакате да пристигнете со стил и не ви пречи кога другите ве доживуваат како генијална и грозна личност. Баш како Волшебникот од Оз, и вие знаете да ги залажете сите околу себе, но тоа е само поради тоа што сакате да правите големи работи.rn

    Девица – Миранда Присли од „И ѓаволот носи Прада“

    rnrnrnНа педантната Девица која секогаш тежнее кон совршенство, речиси никогаш не ѝ е нешто доволно добро. Тоа значи дека таа секогаш го бара само најдоброто. Вие сте најдобри во секој поглед и другите треба да научат да го ценат тоа.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rnrn

  • 6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексот

    6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексот

    Да, верувале или не, постојат нешта за време на сексот кои тие не би сакале да ги забележите. Токму затоа и се обидуваат што е можно повеќе да ги скријат, а со тоа и да ја одржат својата самодоверба во креветот на повисоко ниво.rnrn6 нешта кои сите мажи сакаат да ги скријат од жените за време на сексотrn

    1. Неговиот израз на лицето за време на оргазмот

    rnТокму затоа и во овој клучен момент тие имаат навика да го скријат својот лик во вашите гради или врат. Тие се свесни за своите гримаси и покрај тоа што се сосема природна и нормална работа, сепак повеќе би сакале да не ги видите.rn

    2. Интензивниот мирис на пот

    rnМожеби вие не секогаш го забележувате овој мирис, но тој е многу свесен кога се појавува. Токму затоа и најчесто одбира позиции во кој е сигурен дека нема да пристигне и до вашиот нос, со цел да ви овозможи попријатно искуство.rn

    3. Избегнувањето на теретаната кое се познава на неговото тело

    rnТој сака да ве привлекува онаков каков што е, но тоа не значи и дека вие сте единствените кои мечтаете за затегнато и секси тело. Доколку во последно време не можел да оди во теретана или никогаш ја немал таа навика, тој ќе стори сè за да ги скрие „недостатоците“ од своето тело.rn

    4. Фактот дека силно се труди да не заврши прерано

    rnОколу 50% од траењето на односот, момците со сите сили се трудат да не завршат прерано. Тие сакаат кога најпрво вие ќе доживеете оргазам, а потоа се опуштаат и самите. Прераното завршување е еден од најголемите удари на нивното его.rn

    5. Кога се мачи со откопчување на вашиот градник

    rnБез разлика колку градници имале можност да откопчаат, тие без сомнение се свесни дека постојат најразлични модели, од кои голем дел можат да им направат проблем дури и на најискусните. Токму затоа и секогаш се нервозни кога доаѓа до овој дел.rn

    6. Дека под неговиот кревет се крие брдо неидентификувани објекти

    rnЗапочнувајќи од нечиста долна облека и празни шишиња, па сè до останатите ситници кои во одреден момент имале друго место во неговата соба. Тоа се случува бидејќи тој најверојатно ги турнал под кревет, без размислување, во истиот момент кога разбрал дека вие ќе дојдете.

  • Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубаво

    Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубаво

    Дали симетричното значи и убаво? Или пак, сите ние сме убави само поради нашите несовршености? Токму тоа се обидел да го открие фотографот Алекс Џон Бек. Со создавањето совршено симетрични композиции од фотографии од различни луѓе, тој направил неколку навистина интересни откритија.rnrn(1) Фотографии кои ни покажуваат дека посиметричното не секогаш значи и поубавоrnrnОвие субјекти не изгледаат како вистински луѓе. Секој портрет во оваа серија наречена „Both Sides Of“ е составен од две лица: едниот лик се состои само од левата страна, а другиот од десната. Според Бек, ефектот е да се откријат различните карактери кои се скриени во нашето лице. И покрај тоа што двете фотографии изгледаат како да се од истиот субјект, тие делуваат драматично различни. Едната страна изгледа попријателска, помудра или полута од другите. Погледнете…rnrn

  • Огледало: Психолошка вежба за повикување позитивни емоции

    Огледало: Психолошка вежба за повикување позитивни емоции

    Погледнете се во огледало, а потоа направете нешто. На пример, земете подарок во вашата рака и пружете ја кон огледалото. Што ќе видите? Ќе видите рака која е насочена кон вас. Доколку се насмеете, ликот во огледалото ќе ви возврати на насмевката. Доколку оставите впечаток на депресивна и мрачна личност, истото ќе го добиете назад. Сè што ќе направите, сè ќе ви се врати на истиот начин.rnrnОгледало: Психолошка вежба за повикување позитивни емоцииrnrnДодека се гледате, замислете некоја сцена од вашиот живот која се одвива пред огледалото, на пример, однос со некоја личност. Замислете ги сите оние нешта кои сте ги чувствувале за оваа личност, почнувајќи од љубовта, па сè до неисполнетите очекувања и негативните емоции. Ние имаме навика во односите со луѓето најчесто да ја препознаваме само нашата страна и според тоа да имаме свои очекувања, услови и критериуми кои не соодветствуваат со реалноста.rnrnТокму затоа погледнете сега кон тие очекувања, седејќи пасивно од другата страна и чекајќи некој друг да направи нешто што ќе ве усреќи или исполни. Со ова однесување вие очекувате оваа личност да ве сака, да ги исполни вашите надежи, соништа, желби… Вие давате знак дека не сте задоволни со неговото/нејзиното однесување, дека сте неисполнети, несреќни, отфрлени… Доколку истиот овој став го емитувате кон парите и чувствата на сигурност (немам, ми недостасува) и доколку секоја ваша мисла започнува со негација, тогаш што би добиле назад? Истото кое и вие го вложувате од оваа страна. Сè она што сте го испратиле кон огледалото ќе ви бидете вратено назад, ни помалку ни повеќе. Тоа претставува непосредно искуство и одговор на животот. Сите наши искуства ќе одат во тој правец во кој ние ги испраќаме, па доколку сме неисполнети и незадоволни, како можеме да очекуваме да добиеме нешто позитивно за возврат?rnrnТокму затоа, на крајот од секој ден, застанете пред огледало и поставете си ги прашањето: „Што сум направил/а денес со своите дела, мисли и чувства?“ Размислете добро, а потоа одговерете си имајќи на ум дека она што сте го вложиле во светот, во иста мера ќе ви биде возвратено назад.

  • 8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксон

    8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксон

    Во текот на последниве неколку сезони од ТВ серијата „The Walking Dead“ Дерил Диксон успеа да најде начин да влезе во нашето срце и да стане еден од нашите омилени ликови. Тој е секогаш забавен за гледање, но на страна од тоа, тој индиректно нè научи на многу моќни лекции.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    1. Никогаш не судете за книгата по нејзините корици

    rnДоколку ја следите оваа ТВ серија, тогаш сигурни сме дека како и сите останати, така и вие имавте погрешно мислење за Дерил на почетокот. Сите ние мислевме дека тој е ист како својот брат Мерл, премногу агресивен и личност на која не може да ѝ се верува. Но, како што поминуваше времето така сфаќавме дека нашето мислење е погрешно. Дерил постојано ни покажува дека изгледот на личноста не го отсликува и нејзиниот карактер.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    2. Во ред е да плачете

    rnДоколку нешто ве растажува, тогаш најдобро е да му верувате на Дерил и едноставно да ги отпуштите солзите од вашите очи. Откако здраво ќе се исплачете, работите веднаш ќе почнат да се подобруваат.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    3. Вашето минато не треба да ве дефинира

    rnИ покрај застрашувачката смрт на мајка му која изгорела во оган предизвикан од сопствената цигара и ужасното дело на неговиот постар брат кој го оставил сам да се справува со насилничкиот татко, Дерил сепак успеал да го тргне своето минато на страна и да го живее животот онака како што навистина треба. Тој постојано нè учи дека дури и во оние моменти кога изгледа како сè да е против вас, вие сте доволно силни да се изборите и да излезете од тој период како добра личност.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    4. Понекогаш е во ред да бидете строги

    rnСите ние добро знаеме дека Дерил понекогаш е темпераментен, но во оние ситуации кога гледате дека вашиот пријател прави нешто глупаво, сосема е во ред да го повишите вашиот тон. Како инаку тие би научиле?rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    5. Никогаш не се откажувајте

    rnВо втората сезона од оваа ТВ серија, Софија, ќерката на Керол исчезна и целата група се обидуваше да ја најде. По неколку дена, многумина се откажаа од потрагата, но не и Дерил кој продолжи да ја бара, дури и по ризик на својот живот. Без разлика на вашата мисија, никогаш не се откажувајте од тоа што сте го намислиле бидејќи кога-тогаш ќе ги почувствувате придобивките од вашиот труд.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    6. Понекогаш сè што му е потребно на светов е малку смеа

    rnЖивотот во постапокалиптичен свет е далеку од едноставен, но тоа не значи дека не треба да се најде време и за малку позитивности. Дерил секогаш успева да измами насмевка на лицето на неговите пријатели, бидејќи ја знае нејзината моќ. Без разлика на периодот низ кој поминувате, не заборавајте дека насмевката може да ве направи многу посилни.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    7. Никогаш не е предоцна за промена

    rnВо 6-тата епизода од 5-тата сезона добивме краток поглед кон детството на Дерил. Ние откривме дека тој чита книга во која е објаснето справувањето со децата кои претрпеле семејно насилство, а токму со тоа ни покажува дека никогаш не е доцна да започнете со менување на себе.rnrn8 животни лекции на кои нè научи Дерил Диксонrn

    8. Возењето мотор со самострел на вашиот грб секогаш прави да изгледате кул!

    rn8 животни лекции на кои нè научи Дерил ДиксонrnrnЗарем треба да се каже нешто повеќе?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дизни откри каде се наоѓа скриениот Мики Маус во нивните филмови. Можете ли да го најдете?

    Дизни откри каде се наоѓа скриениот Мики Маус во нивните филмови. Можете ли да го најдете?

    Итрите аниматори кои стојат зад некои од најпознатите анимирани филмови на Дизни долго време сокриваа слики и силуети на Мики Маус во нивната работа, а фановите се обидуваа да ги најдат.rnrn

    6-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk
    Снежана и седумте џуџиња
    rnrnПотрагата по скриениот Мики Маус започна во Дизниевите паркови каде што архитектите и дизајнерите го криеја Мики долго време, но една скорешна објава на блогот Oh My Disney открива неколку слики од цртаните и анимираните филмови каде Мики со сигурност се наоѓа.rnrnНекаде се работи само за обликот на неговата глава, некаде е видлив целиот, а некаде е умешно скриен во „сценографијата“. Колку Мики Мауси ќе успеете да најдете?rnrn rnrn rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Решенија” active=”false”]rnrn13.1-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.2-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.3-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.4-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.5-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.6-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.7-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.8-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.9-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.10-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.11-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.12-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mk 13.13-dizni-otkri-kade-se-naogja-skrieniot-miki-maus-vo-nivnite-filmovi-mozhete-li-da-go-najdete-kafepauza.mkrnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

    Зошто жените „одлепија“ по Кристијан Греј?

    Тој е лош, навредлив манипулатор, но сепак секоја жена посакува барем по една нијанса на сиво од згодниот Кристијан Греј. Еве 6 причини поради кои жените страсно го посакуваат овој фиктивен лик.rnrn0-zoshto-zhenite-odlepija-po-kristijan-grej-kafepauza.mkrn

    1. Бегство од здодевната реалност

    rnЉубителите на книгите знаат колку е убаво чувството на потонување во приказната и бегање од секојдневните здодевни работи и момчињата кои нѐ нервираат бидејќи упорно ги оставаат носените чорапи на подот и ги расфрлаат кошулите и вратоврските насекаде низ дома. Фиктивните ликови не се вистински и токму затоа се и најдобри. Не претставуваат вистинска опасност, не можат да ве повредат, изнервираат или изневерат. Не морате да размислувате кога ќе ги видите повторно. Ова момче е секогаш тука за вас и ве чека да му се вратите.rn

    2. Маж кој знае да презема контрола

    rnПовеќето жени цело време ги држат конците во свои раце, што понекогаш знае да биде прилично исцрпувачки. Едноставно сакате вашиот маж да ја преземе контролата и наместо прашањето: „Не знам, ти каде сакаш да одиме?“, само ќе ви каже „Резервирав ресторан вечерва во 9, ќе дојдам по тебе.“ Кристијан Греј е токму оној кој ќе се погрижи, бидејќи сте исцрпени и преморени, едноставно да седнете, да се опуштите и да му дозволите на вашиот партнер да ве нагости.rn

    3. Посесивноста има темна привлечност

    rnПовеќето го критикуваат Кристијан Греј бидејќи е премногу заштитнички настроен кон Анастасија Стил, и дека тоа всушност се граничи со посесивност. Иако секако не сакате вашиот дечко да ви вгради GPS, сепак е слатко и секси да замислите маж кој толку многу се грижи за вас, зарем не? Тоа е исто како со тепачките во клубовите. Ниедна жена не сака да се гледа со насилник, но самата идеја дека вашиот дечко, само поради тоа што некој друг ве погледнал, е спремен да се степа, ве доведува до инстинктивната реакција веднаш да го повлечете и да го однесете во кревет.rn

    4. Табуто е секси

    rnДенес, кога сѐ е рутина и стереотипи, па дури и сексот, секако дека ви е привлечна можноста да испробате нешто ново и да го истражите непознатото во една табу област како што е сексот. Може ќе ви изгледа бесмислено жените да фантазираат за тоа да бидат подредени во садо-мазо врски, во кои мажите им кажуваат што треба да прават, но самиот влез во црвената соба и идејата да му „слугувате“ на Кристијан Греј… ух, сигурно ве возбудува до лудило.rn

    5. Треба нешто да се поправи?

    rnЖените сакаат да ги поправаат работите. Тоа им е во природата. Ако видат возрасен човек кој е совршен, но психики скршен, веднаш им се пали сијаличката да му помогнат и да му ги залечат раните. Па тоа и нѐ возбудува кај доминантниот фиктивен лик со мрачна тајна која неминовно се одразува на неговите емотивно-сексуални врски. Единствената работа која е посекси од милијардер со доминантни карактеристики е милијардер кој е ранлив и ја чека вашата утеха и помош. Кристијан Греј е двете.rn

    6. Ах, тие стереотипи

    rnДечко успева да усреќи просечна девојка од средната класа. Тој во неа гледа нешто повеќе од просечност, а таа го чува божествениот дечко од самиот себе и од своите внатрешни демони. На сето тоа додајте ја сексуалната привлечност, скријте го конечниот исход до самиот крај – и ете, сте напишале бестселер.rnrnАвторката на „50 нијанси на сиво“ Е. Л. Џејмс признала дека книгата ја напишала инспирирана од „Twilight“ бидејќи била голем фан. Всушност Кристијан Греј го замислувала како попривлечна верзија на Едвард Кулен.rnrnГи обожаваме трагичните доминантни ликови од овие книги и филмови бидејќи ги обожаваме нивните варијации во карактерот. Знаеме дека не можеме сосема да им помогнеме, но сепак секогаш се враќаме по уште.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето

    30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓето

    Постојат луѓе кои многу повеќе уживаат во седење дома и читање добра книга, отколку во излегување и многу дружби. Таму во својот свет се чувствуваат удобно и не сакаат да бидат вознемирувани. Уживаат во запознавањето со нови книжевни приказни и ликови, во кои секогаш успеваат да се пронајдат. Во продолжение погледнете некои од знаците кои покажуваат дека сепак, повеќе ги сакате книгите отколку луѓето.rnrn30 знаци дека повеќе ги сакате книгите отколку луѓетоrnrn1. Честопати откажувате други планови за да останете дома и да читате. Нестрпливи сте да дознаете што следно ќе се случи во книгата што моментално ја читате.rnrn2. При читањето на речиси секоја книга, си замислувате кој лик би биле. А пак во оние омилените, можете веднаш сите книжевни ликови да ги поистоветите со луѓето кои ги познавате.rnrn3. Читате една иста книга повеќе пати, само за повторно и повторно да ја доживеете.rnrn4. Не ја оставате книгата, сè додека не завршите со читање. Останувате до доцна и не спиете само затоа што книгата е едноставно преинтересна.rnrn5. Каде и да одите, со себе носите книга. На кино, концерти, па дури и во теретена.rnrn6. Кога одите на одмор, со себе носите повеќе книги од чевли. Блиските секогаш ви велат да оставите некои од нив, бидејќи според нив, одморот е за опуштање, а не за читање книги.rnrn7. Често посакувате да сте живееле во минатиот век, во Париз, или пак во Лондон – да сте можеле да го гледате светот низ очите на Хемингвеј, Фицџералд, Евелин Воуг.rnrn8. Понекогаш себеси се опишувате како личност со стара душа.rnrn9. Кога читате некоја книга, длабоко се внесувате во животите на ликовите и се чувствувате како да ги познавате. Ако пак станува збор за препрочитување на книга, при секое ново читање се чувствувате како повторно да се среќавате со стари пријатели.rnrn10. Често поминувате време по библиотеки или книжарници, не за да купите нешто, туку само да видите што се нуди. Но колку и да се трудите, никогаш не ви успева да излезете од таму, без барем една книга во рацете.rnrn11. Најомилен подарок за вас е секако – книга.rnrn12. Можете да пешачите и истовремено да читате книга.rnrn13. Знаете многу повеќе за своите омилени писатели од останатите луѓе.rnrn14. Ако некој ве праша од која книга би сакале да бидете дел, веднаш би знаеле што да одговорите.rnrn15. Повеќе сочувствувате со смртта на вашиот омилен книжевен лик, отколку со онаа на некоја личност од реалниот живот.rnrn16. Исто така, смртта на омилениот лик за вас е како да сте изгубиле некој близок другар. Знаете дека никогаш не сте го сретнале, но имате чувство дека точно знаете што мисли.rnrn17. Наткасната и бирото се едноставно преплавени со книги.rnrn18. Во сè може да видите потенцијален бележник за книги. Сметката и билетот за кино се совршени за таа намена.rnrn19. Строго сте против пишувањето белешки на маргините од книгата, бидејќи сакате страниците на книгата да ви останат чисти и неишкртани.rnrn20. Кога некогаш сами излегувате надвор да јадете, воопшто не ви е проблем со себе да ја земете и книгата. Кафето и оброкот ви се одлично друштво.rnrn21. Едвај чекате да ги завршите сите обврски, за да може да одите дома и да читате.rnrn22. На работа кога сите ручаат во најблискиот ресторан на пауза, вас човек ќе ве најде на биро или надвор на клупа со книга и сендвич в раце, секако.rnrn23. Имате толку многу книги во домот, што би ви требало цел живот за да ги прочитате. Но, не грижете се. Некогаш можеби и ќе успеете во тоа.rnrn24. Кога читате нешто, целосно се исклучувате.rnrn25. За вас книгата е секогаш подобра од филмот. Честопати и не ги гледате филмуваните верзии, затоа што знаете дека ќе се разочарате.rnrn26. Се затрескувате во некој книжевен лик и посакувате да има повеќе мажи како, да речеме, г-дин Дарси од Гордост и предрасуди.rnrn27. После водење љубов, најдоброто нешто за вас е кога двајцата заедно читате некоја добра книга.rnrn28. Кога некого вистина го почитувате, му давате подарок книга, која вам ви е значајна.rnrn29. Ги гледате полиците со книги во нечиј дом и веднаш сфаќате за каков тип на луѓе се работи. Можете многу да кажете за некој човек, врз база на книгите кои ги чита.rnrn30. Понекогаш кога зборувате со некого, се фаќате себеси како размислувате за книгата што ја читате и се прашувате како одреден лик би реагирал на одредени прашања и теми во разговорот.

  • Пици со ликови на познатите личности

    Пици со ликови на познатите личности

    Артистката Пруденс Стејт има необично хоби – таа прави вкусни пици дизајнирани со портрети од познатите личности.rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Кралицата Елизабета II
    rnrn rn

    „Ги креирам лицата со слободна рака, гледајќи од фотографии. Прво најчесто правам скица на хартија со молив, а потоа го цртам дизајнот на тестото со доматно пире“, вели 33-годишната Пруденс.

    rnИнтересно е дека и покрај тоа што треба да се запази одреден дизајн кој го идентификува ликот, таа внимава и на состојките кои ги употребува. Имено, не меша состојки кои не одат заедно.rnrnКој лик би сакале да го изедете?rnrn

    Пици со ликови на познатите личности
    Сајмон Кауел
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Барак Обама
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Викторија Бекам
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Винслет
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Велосипедистот Бредли Вигинс
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Премиерот на Обединетото Кралство Дејвид Камерон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Мик Џегер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Кејт Мидлтон
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Лејди Гага
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Покојната баронеса Маргарет Тачер
    rnrn
    Пици со ликови на познатите личности
    Атлетичарот Мохамед Фара
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик

    Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик

    Let’s café e синџир од кафе-продавници во Тајван распространет на повеќе од 2.000 локации. За да им понудат на купувачите нешто поразлично од конкурентните продавници за кафе, тие смислиле навистина креативна идеја – им овозможуваат на посетителите да направат фотографија од себеси со мобилен телефон, да ја постават во машината за кафе и да добијат напиток со уникатно дизајнирана површина – нивното лице.Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликМожеби е малку застрашувачки да си го сркате сопственото лице, но идејата не ги ограничува муштериите во нивната креативност.Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликОва е дефинитивно интересна форма на кафе-уметност или лате арт, која срцињата и лебедите од млечна пена ги прави здодевни во споредба со уникатните принтови во Let’s café, кои им овозможуваат на сите посетители да пијат единствено и неповторливо кафе. Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот лик Во Тајван можете да пиете кафе со слика од вашиот ликПогледнете го видеото за да го видите процесот на работа на оваа интересна машина за кафе.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.