КАФЕ ПАУЗА

Tag: лично

  • Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

    Овие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работите

    Живееме во свет каде негативните емоции се подоминантни во споредба со позитивните. Свет во кој ги проектираме нашите несигурности, љубомора, омраза кон другите луѓе и создаваме негативна средина. За возврат, оваа негативност нè прави непродуктивни и ја намалува нашата духовна енергија. Еве на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите и да живеете во мир и хармонија.rnrnОвие совети ќе ви помогнат да престанете да ги сфаќате лично работитеrn

    1. Не се работи за вас туку за нив

    rnЛуѓето се несвесни за нивните најдлабоки стравови, несигурности и продолжуваат да ги проектираат своите идеи, најдлабоки желби, внатрешни конфликти и борби на оние околу нив. Она што луѓето не успеваат да го сфатат е дека проблемот лежи внатре во нив, а не надвор. Но, полесно е да ги рефлектираме нашите несвесни желби на другите, наместо да ги гледаме во очи и да се соочиме со нив.rn

    2. Не обрнувајте премногу внимание

    rnОд особена важност е да не се фокусирате секогаш на негативните зборови што луѓето ги зборуваат за вас. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на позитивните коментари. Имајте на ум дека негативните мисли имаат моќ да го отрујат вашето срце, вашиот ум, вашето тело и вашиот живот.rn

    3. Бидете тоа што сте

    rnПризнајте дека никој не ве познава подобро од вас. Тоа значи дека мислењата на другите за вас, без разлика колку се злонамерни, никогаш нема да ве променат. Имајте на ум дека е ваша должност да си бидете верни на себеси, да ја прифатите секоја мана што ја имате и да си ја пружите љубовта што ја заслужувате. Ако одредени луѓе не се согласуваат со начинот на кој го живеете вашиот живот, тоа е нивен проблем, а не ваш.rn

    4. Тоа што другите луѓе мислат за вас не е ваша работа

    rnДоколку постојано се грижите за тоа што другите мислат за вас и постојано го барате нивно одобрување, веднаш станувате нивен затвореник. Вие сте слободна индивидуа – слободна да размислува, да зборува и да ги остварува своите соништа.rn

    5. Луѓето го даваат она што го имаат во срцето

    rnСите ние сме родени со вродена потреба да даваме – да им го понудиме на другите околу нас она што го имаме во нашите срца. Оние луѓе чии срца се исполнети со љубов, добрина и сочувство, шират љубов кон секој на кој ќе наидат. Додека, пак, оние луѓе кои се во неволја и чии срца се ранети поради многуте предизвици, искушенија, трауми, тешкотии и болни искуства проектираат негативни емоции на луѓето на кои наидуваат. Во моментов тоа е сè што имаат да им понудат на другите. Нашата способност да го сфатиме ова ќе ни помогне да бидеме помалку груби кон луѓето за кои мислиме дека намерно шират негативност.rn

    6. Чувајте го своето срце, бидејќи сè што правите произлегува од него

    rnБез разлика што некој може да ви каже и без разлика колку негативност луѓето би можеле да се обидат да внесат во вашиот живот преку нивните постапки и однесувања, никогаш не дозволувајте болката што може да се создаде притоа да ве натера да мразите.rn

    7. Негувајте го вашиот мир

    rnОддалечете се од оние нешта или луѓе што не ви носат мир, радост и среќа во вашиот живот и постојано фокусирајте се на оние работи што го исполнуваат вашето срце со љубов. Поставете го душевниот мир како ваша највисока цел во животот и не дозволувајте ништо и никој да се меша во тоа. Не дозволувајте ништо и никој да ви го нарушува внатрешниот мир. Секогаш кога ќе се соочите со тешка личност или ситуација, запрашајте се: „Како можам да се справам со оваа ситуација на начин што нема да го наруши мојот внатрешен мир? Дејствувајте на начин што ќе ви помогне да ја одржувате состојбата на внатрешен мир и спокојство.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да престанете да ги сфаќате лично работите, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да им угодувате на другите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 50 одговори на едно тешко прашање…

    50 одговори на едно тешко прашање…

    Во ирскиот град Голвеј е снимен инспиративниот документарец „Педесет луѓе, едно прашање – Ирска“ на младата режисерка Камил Кролака од Полска. Педесет странци од различни култури, религии, раси и делови од светот одговараат на едно исто прашање.rnrn50 одговори на едно тешко прашањеrnrnНикој со никого нема ништо заедничко, сѐ додека едно ноемвриско попладне група млади луѓе, не ги повика да одговараат на едно многу тешко, лично прашање „За што најмногу жалите во животот?“. Погледнете ги овие искрени и емотивни одговори од овој инспиративен документарец, кој Камил и го посветила на својата мајка.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Време резервирано за вас

    Време резервирано за вас

    За момент исклучете се од светот околу вас, стопирајте го времето, земете здив и резервирајте си момент посветен исклучиво на себеси. Доволно трчавте за да ги исполните вашите обврски за денес, да ги задоволите очекувањата на сите, да им направите услуга на блиските и да ги средите сите работи кои тргнале наопаку. Ова е време резервирано само за вас, за работите кои ви годат и ве опуштаат, време посветено за нештата во кои вие уживате. Еве неколку начини како да си отстапите повеќе време за себе.Време резервирано за васrn

    Не бидете робови на перфекцијата

    rnПостојаните грижи да ги доведеме работите до перфекција, можат да бидат навистина напорни и да ни донесат повеќе стрес и притисок отколку задоволство. Не мора креветот секој ден да ви е совршено наместен, ниту рамките на сликите совршено подредени, зашто еден ден ќе сфатите дека опседнатоста сѐ да доведете до совршенство, ви ги одзела скапоцените мигови за одмор и релаксација. Оставете некои работи да поминат несовршени и уживајте во дополнителните мигови посветени на самите вас.rn

    Мигови за лично задоволство

    rnОставете го вашиот мобилен да мирува, опуштете се со добар третман за лице или поминете повеќе време со најблиските и не дозволувајте да ве гризе совест. Тоа не е изгубено време, напротив, тоа се мигови за лично задоволство.Време резервирано за васrn

    Направете си распоред и почитувајте го

    rnНаправете си мини распоред за работните денови, што и кога правите. Не мора да сте точни до минута, но ако имате определен распоред, функционирањето на вашето тело и ум, ќе го прилагодите на една секојдневна рутина. Тоа е добро бидејќи ќе имате одреден ритам на движење, ќе знаете за што колку време ви треба, па полесно ќе ги избалансирате обврските и паузите во денот.rn

    Километарски разговори по телефон

    rnОва е еден од оние моменти кога ви се јавува здодевната тетка, а вас ви се крева косата од глава. Не трпете непотребно долги телефонски разговори, културно дајте ѝ до знаење дека имате други обврски на кои морате да се посветите.Време резервирано за васrn

    Листа со работи кои ви одземаат најмногу време

    rnНаправете листа со работите кои ви одземаат најмногу време, зошто денешниот ден не може да го вратите назад. Најдете начин како да ги скратите или сосема да ги отфрлите работите кои непотребно ви одземаат време.rn

    Избегнете долги редици и чекање

    rnНе мора да одите во маркет тогаш кога сите пазарат или во банка кога на пензионерите им стигнуваат пензиите, бидејќи така само ќе изгубите драгоцено време и нерви. Бидете ефикасни и планирајте ги работите и ќе бидете изненадени колку лесно можете да ги насочите работите во ваша корист и притоа да заштедите време.rn

    Престанете да го правите она што не морате и не сакате

    rnПоделете ги обврските на делови, не мора сѐ да завршите во еден ден. Така и работата ќе си ја направите поефикасна. Избегнете ги обврските кои не ви се задолжителни, а тогаш кога ви е потребно време за себе, не морате да трчате да му направите услуга некому. Понекогаш не е грев да одбиете нова обврска и едноставно да речете „не“.rn

    Прилагодување на обврските

    rnНе мора цел ден да парадирате низ градот. Сами одредете си ја дневната динамика, складирајќи ги обврските и потребите во определен дел од денот, задолжен за едното или за другото.Време резервирано за васЧесто самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.