Лицемер е човек кој едно вели, а друго мисли. Овие луѓе се дволични и нечесни измамници. Сепак, никој не е постојано искрен. Има ситуации кога подобро е да излажете отколку да предизвикате драма. Замислете си ја следнава ситуација: Невестата, која ви е најдобра пријателка, ве замолува да одржите здравица на нејзината свадба. Вие мислите дека нејзиниот сопруг е погрешен избор за неа, но дали ќе го кажете тоа на прославата? Секако дека не! Наместо тоа, ќе им честитате и ќе им посакате сѐ најдобро.rnrn
rnrnТочно е тоа дека на овој начин вие се однесувате лицемерно, но не го правите тоа затоа што имате лоша душа или затоа што сакате да изманипулирате некого. Лажете за да не направите сцена и да упропастите нечиј ден. Секако дека не треба постојано да бидете лицемерни, бидејќи најчесто таквото однесување не е оправдано. Најдобро е да бидете што е можно поискрени и вашите зборови да ги докажувате со дела.rnrnМеѓутоа, вистината е дека сите ние си имаме свои причини за нечесното однесување. Во продолжение, пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте ја вашата лицемерна страна…rn
Овен
rn
rnrnМислите дека сте внимателни и грижливи за туѓите чувства, но кога треба да ја кажете некому суровата вистина, вие воопшто не се воздржувате. Оваа брутална искреност понекогаш е добра, но мора да научите како да бидете потактични.rn
Бик
rn
rnrnВие сте многу тврдоглави, но и покрај тоа секогаш ги осудувате луѓето поради нивната строгост и нефлексибилност. Не сакате да правите никакви компромиси, а се изненадувате кога некој друг нема да постапи онака како што сакате. Имате двојни стандарди и тоа е лицемерно.rn
Близнаци
rn
rnrnМногу сте шармантни, па затоа мислите дека понекогаш треба да се преправате кога сте излезени со друштво. Се однесувате љубезно и пријатно со некого и потоа му зборувате лошо зад грб. Никој не вели дека треба да бидете 100% искрени, но вие ја преминувате границата и премногу глумите.rn
Рак
rn
rnrnОчекувате од вашите пријатели постојано да ги слушаат вашите проблеми, но кога се работи за нивните, вие сте или презафатени или не сакате да се заморувате. Станува збор за двонасочна улица на давање и земање, а не само на земање без да дадете ништо за возврат.rnrnПродолжете на втората страница за останатите хороскопски знаци…rnrn



Овој лик е толку комплексен, што речиси секој кој ја чита драмата ќе си оформи своја верзија за Хамлет. Можеби тоа е резултат на тоа што оваа драма е напишана во период од Шекспировиот живот кога тој е многу зрел писател со силно познавање на човековата природа. Врз оформувањето на ликот на Хамлет, влијае култот на меланхолијата, кој се издигнува во Англија во раниот 17-ти век. Имено, тогаш се верувало дека доколку се наруши
Хамлет чувствува дека Клавдиј го презема неговото место до Гертруда. Тој сака да биде единствениот кон кого неговата мајка ќе чувствува љубов. Бракот меѓу Клавдиј и Гертруда, Хамлет го гледа како одвратна игра, го смета за инцест и за акт со кој се понижува кралството. Хамлет го мрази чичко си толку многу, што одбива да го убие за време на молитва, верувајќи дека на тој начин Клавдиј би одел во рајот.rnrnХамлетовите извртени зборови придонесуваат ликот никогаш да не е потполно јасен за своите чувства, а токму тоа му дава слобода на секој читател да оформи своја теорија за емоционалната состојба на Хамлет и причината за неговото однесување. Комплексноста на овој лик е што од една страна толку ја вреднува мајка си, а од друга страна во многу наврати со неговите зборови остава впечаток дека не ги почитува жените. Исто така, Хамлет постојано го одлага своето дејствување и премногу размислува за секоја своја постапка, но во еден момент без да размислува го следи својот инстинкт и го убива Полониј.
Јасно е дека Хамлет го режира своето лудило, шетајќи и зборувајќи сам со себе, но која е неговата вистинска цел? Неговото божемско лудило е мотив за неговата љубена Офелија навистина да го загуби разумот, посегнувајќи по својот живот, што меѓу другото, ја прави оваа драма и љубовна трагедија.rnrnОваа Шекспирова трагедија е вистински сплет на убиство, одмазда и сексуална желба. Како и другите дела на Шекспир, и оваа драма е одраз на тогашната состојба во Англија, само што Шекспир секогаш поставува други земји како место на случување (во случајов се работи за Данска). Со „Хамлет“, Шекспир дава одраз на негативностите во општеството, како братоубиството, лицемерието и желбата за власт.rn
rnrnКои се пријателите со лошо влијание?rnrn
rnrn
Режија:
Сепак, иницијаторот на големите дејствија во филмот е Еугенија (Ема Стоун), која е поинаква од нејзините врснички. Се обидува да стане новинарка, нема и немала момче и на крајот на краиштата, не се однесува со презир, надмоќ и гадење кон црните жени. Таа решава да напише книга во која ќе ја прикаже приказната на слугинките, нивното гледање на белото семејство, на сето она низ кое мора секојдневно да поминуваат. Прва прозборува Ејбелин (Виола Дејвис), а по неа Мини (Октавија Спенсер), а по нив… и многу повеќе слугинки.
Во „Послуга“ речиси воопшто не може да се почувствува досада и „спуштање“ на дејствието. Толку е преполно со нови моменти, со воајерско навлегување во животите и на госпоѓите и на слугинките, што тоа постојано темпо како гледач комплетно те исполнува и забавува (ако воопшто тоа е идејата на филмот).rnrnВо ова кинематографско парче, иако на моменти се појавува хумор, тој повеќе ни се дава дозирано и на лажичка отколку во големи дози. Почести се тие емотивни сцени од кои на некои ти доаѓаат солзи во очите, а од други само пцовки во устата. Интересно е што комплетното дејство не заглавува само на расизмот, туку се води и една мала заднинска приказна за бела жена која исто така е дискриминирана од префинетите дами, што значи дека тој начин на однесување е повеќе вродено чувство и некои луѓе во светот едноставно го имаат, без разлика дали им е диктиран од некој закон или пак времето во кое живеат.

rn