КАФЕ ПАУЗА

Tag: ледено

  • Леден дожд го претворил Букурешт во замрзнат апокалиптичен град

    Леден дожд го претворил Букурешт во замрзнат апокалиптичен град

    Кога ќе ги погледнете овие фотографии, нема да можете да си поверувате дека се од Букурешт – модерниот град што е познат по живоста во него. Но, по едно екстремно ледено невреме, тој станал смрзнат град на духови.rnrnrn

    „По ноќ со смрзнат дожд, се разбудив и сфатив дека се наоѓам во леден и оштетен град. Ова беше навистина необична временска непогода, па имав проблеми со движењето на улиците без лизгалки и постојано се надевав дека нема да падне некоја гранка врз мене“, вели Андреи Раута, фотографот.

    rnrnrnКако што можете да видите на овие неверојатни фотографии, многу автомобили биле оштетени од гранки или цели дрвја кои паднале на нив. Патиштата исто така биле полни со дрвја, гранки и лед и дел од каблите пукнале поради тешкиот лед што се закачил на нив.rnrnrn

    „Вечерта кога шетав, погледот беше апокалиптичен, но истовремено и интересен. Се чувствував како да шетам во некој филм за крајот на светот“, дополнува тој.

    rnrnrnПогледнете ги фотографиите и уживајте во апокалиптичната атмосфера на Букурешт.rnrn rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Леденото вино го зазема првото место меѓу љубителите на овој алкохолен пијалак

    Леденото вино го зазема првото место меѓу љубителите на овој алкохолен пијалак

    Ако и вие сте едни од оние што им се смеат на блиските кога ќе видат како тие ставаат коцки лед во својата чаша вино, тогаш имаме големи новости за вас! Одредени црвени вина се наменети да се служат ледени. Токму затоа и ве покануваме да го доживеете ова искуство летово, со отворен ум, а откако ќе го сторите тоа, слободно споделете го искуството на нас, во коментарите подолу.rnrnЛеденото вино го зазема првото место меѓу љубителите на овој алкохолен пијалакrnrnДа, знаеме. Можеби ви звучи како голема заблуда, но според неколку неофицијални истражувања, а и тоа што може да се забележи на социјалните мрежи, сѐ повеќе луѓе го сместуваат црвеното вино во замрзнувач пред да го послужат. Ова започнало како мал експеримент на љубопитни љубители на овој пијалак, барајќи го најдобриот начин за целосно искусување на неговиот вкус, но брзо потоа почнало да се шири и надвор од овие кругови.rnrnСо оглед на тоа што нема официјална препорака од самите произведувачи, можете самите да направите експеримент така што ќе отворите две шишиња од вашето омилено црвено вино и едното ќе го пробате оладено, а другото на собна температура. Имајте на ум дека не сите ќе бидат подобри оладени, но повеќето од нив, според љубителите, ќе имаат помоќен вкус кога се ледени. Разликата не може да се забележи толку со ледените коцки, но и тоа може да направи промена.rnrnПа, што мислите… ќе пробате ледено црвено вино?rnrnПостојат само 2 вида жени: Оние кои пијат црвено вино и оние кои пијат бело вино!

  • Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

    Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

    Дозволете ни да ви претставиме идеја која е толку едноставна, што не можеме да си поверуваме дека никогаш претходно не сме помислиле на неа. Станува збор за ледени коцки од лубеница. Овие замрзнати овошни коцки се суптилно благи, целосно освежувачки и најдобро од сè, бараат само една состојка за да ги направите. Зарем има подобар начин на кој можете да се освежите за време на топлите летни денови?rnrn(1) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите деновиrnrnСè што ви е потребно за овие чудесни ледени коцки се лубеница (без семки) и калап за коцки лед. Едноставно исечкајте ја лубеницата на мали парчиња, доволни за да можат да се сместат во калапот или пак, исцедете ја па сипете ја во нив и потоа ставете ги во фрижидер. По желба можете да додадете и прстофат шеќер или ливчиња нане.rnrn(2) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите деновиrnrnОткако ќе се замрзнат, тие се веднаш спремни за послужување. Можете да ги додадете во обична вода, природен цеден сок или кој било друг пијалак (дури и алкохолен) кој би сакале да го разладите. Исто така можете и само нив да ги јадете – тие се исто толку вкусни како и сладоледот. Единствената разлика е што се далеку поздрави за вашето тело.rnrn(3) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

  • 3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

    3 брзи рецепти за совршено ледено кафе

    Се сеќавате ли на она чувство кога ви изгледа скоро невозможно да се разбудите рано наутро, но откако ќе го мириснете вкусното кафе, вие во истиот момент да се расоните? Лесно е да се заљубите во вкусот на овој животен еликсир, па токму затоа погледнете ги следниве неколку едноставни рецепти за најтоплите летни денови…rn

    Ледено кафе со кокос

    rn(1) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафеrnrnОвој едноставен и здрав рецепт се подготвува за само 2 минути. Сè што ви е потребно е кафе и кокосова вода. Помешајте 230 милилитри кокосова вода со една лажичка (две, ако сакате посилен вкус) кафе, добро промешајте, па додајте лед и по желба шлаг пена.rn

    Чоколадно ледено кафе

    rn(2) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафеrnrnАко не можете да одолеете на вкусот на чоколадо, тогаш постои еден навистина одличен трик за вашето кафе. Додајте чоколадно млеко во сад за лед, замрзнете го и потоа ставете ги овие ледени чоколадни коцки во вашето кафе.rn

    Ванила наместо лед

    rn(3) 3 брзи рецепти за совршено ледено кафеrnrnУште еден одличен рецепт доаѓа во облик на ванила во вашето ледено кафе. Сè што ви е потребно се 230 милилитри силно кафе, 60 милилитри кокосово млеко, 1 лажица мед, 1/8 лажица цимет, екстракт од ванила и лед. Во една чаша ставете многу лед, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро промешајте.

  • Како да направите сируп за ледено кафе?

    Како да направите сируп за ледено кафе?

    Одличен за оние денови кога немате многу време за подготовка на кафе

    rnКако да направите сируп за ледено кафе?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 супени лажици гранулирано инстант кафе
    • rn011

    • 470 милилитри топла вода
    • rn011

    • 400 милилитри кондензирано млеко
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКомбинирајте го инстант кафето со топлата вода и мешајте сè додека не се разложи, а потоа додајте го и кондензираното млеко. Сместете го во добро затворен сад и чувајте го во фрижидер. Овој рецепт е наменет за 4 сервирања.

  • Леден кафе коктел: Темна месечина

    Леден кафе коктел: Темна месечина

    Ледено-освежителен пијалак

    rnЛеден кафе коктел: Темна месечинаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 350 милилитри студено филтер кафе
    • rn011

    • 120 милилитри ликер од кафе
    • rn011

    • 120 милилитри рум
    • rn011

    • 1 шише Кока Кола (0.3 литри)
    • rn011

    • 120 милилитри шлаг пена
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки заедно (со исклучок на шлаг пената) и поделете ги во стаклени чаши исполнети со многу лед. Додадете ја шлаг пената на крај и сервирајте.

  • Ледено кафе со Калуа

    Ледено кафе со Калуа

    Заведување со ликер од кафе

    rnЛедено кафе со Калуаrn

    Потребни состојки (за 2 кафиња):

    rn

      rn011

    • 100 милилитри еспресо
    • rn011

    • 40 милилитри млеко
    • rn011

    • 40 милилитри Калуа
    • rn011

    • 2 лажички шеќер во прав
    • rn011

    • Ледени коцки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги ледените коцки во шејкер. Сипете го подготвеното еспресо во шејкерот и врз него додадете ги и останатите состојки. Тресете 20-тина секунди со цел еспресото целосно да се олади и потоа претурете во 2 стаклени чаши.

  • Прекрасни снежни формации кои изгледаат како уметнички дела

    Прекрасни снежни формации кои изгледаат како уметнички дела

    Ледот може да направи голема штета, па дури и да биде смртоносен, но тој исто така може да создаде прекрасна и фасцинантна зимска уметност. Формацијата на мразот зависи од милиони различни варијабли, па дури и најмалите промени во влажноста на воздухот, температурата или брзината на ветрот можат да доведат до различни резултати. Ова е дел од најневеројатната ледена уметност која некогаш сте ја виделе.rnrn

    Прекрасни снежни формации кои изгледаат како уметнички дела
    Ледени смарагди на езерото Баикал
    rnrn
    Прекрасни снежни формации кои изгледаат како уметнички дела
    Замрзнати цветни пупки
    rnrn

  • Леден крем од кафе

    Леден крем од кафе

    Релативно нов рецепт кој е многу популарен во Италија

    rnleden-krem-od-kafe-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 милилитри шлаг
    • rn011

    • 250 милилитри еспресо
    • rn011

    • Екстракт од ванила
    • rn011

    • Една супена лажица рум (по избор)
    • rn011

    • Какао (за декорација)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете го шлагот во сад и замрзнете го, а потоа сторете го истото и со кафето и румот (заедно измешани). Додадете ги екстрактот од ванила и смрзнатиот шлаг, исецкан на коцки, во блендер и мешајте сѐ додека не добиете кремаста мешавина. Додадете го смрзнатото кафе, исто така исецкано на коцки, во блендерот и мешајте неколку секунди. Потоа, сипете го кремот во чаша и декорирајте со какао.

  • Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет

    Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет

    Фотографот на пејзажи, Мајкл Квин, нè води во визуелна авантура со серијата фотографии наречена „Одблесокот на Гренланд“. Секоја фотографија вклучува занемувачки поглед кон природните ледени формации кои изгледаат како да пловат на површината на мирната сина вода, додека пак светлината одбивајќи се на сите страни предизвикува интензивни сенки како и зеленикав сјај на делови од глечерите.rnrnЛедени структури кои изгледаат како да се од некој друг светrnrnМасивните ледени структури изгледаат како да се од некој друг свет. Насипите од лед создаваат заоблени линии и шилести рабови кои совршено се спојуваат во непознати и апстрактни аранжмани. Според своето био, Квин е посветен да ги инспирира луѓето да ги посетат природните чуда во светот. Оваа страст е причината позади многу негови колекции од фотографии кои им овозможуваат на луѓето секојдневно да имаат пристап до исклучителната убавина на природата.rnrnЛедени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет Ледени структури кои изгледаат како да се од некој друг свет
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.