КАФЕ ПАУЗА

Tag: ЛЕД

  • Моќта на само една коцка лед: Со овој трик решете многу здравствени и психички проблеми!

    Моќта на само една коцка лед: Со овој трик решете многу здравствени и психички проблеми!

    Можеби ви звучи премногу добро за да биде вистинито, но сепак вреди да се проба, се согласувате? Ако ја ставите коцката лед на одреден дел од телото, тоа може да има безброј позитивни влијанија на вашето здравје, како и на енергијата.rnrnrnrnЗа овој трик, потребно е да ја ставите коцката лед на вратот. Оваа точка се нарекува „фенг фу“ и според традиционалната кинеска медицина има посебно влијание на нашето тело. Таа е цврсто поврзана со зајакнување на животната енергија, како и со подмладување на организмот.rnrnЛегнете на стомак и ставете ја коцката лед на задниот дел од вратот. Останете во таа позиција 15 минути. Ако сакате можете да ја прицврстите коцката лед со марама или со нешто слично. Во продолжение прочитајте ги сите придобивки од оваа навика:rn

      rn 011

    • Подобрување на сонот
    • rn 011

    • Подобрување на варењето на храната
    • rn 011

    • Намалување на забоболка, главоболка и болки во грбот
    • rn 011

    • Спречување настинки
    • rn 011

    • Стабилизирање на нервниот систем
    • rn 011

    • Помагање при високиот или нискиот притисок
    • rn 011

    • Помагање при голем број психички проблеми – стрес, депресија, исцрпеност…
    • rn 011

    • Намалување на менструалните тегоби
    • rn

    rnПогледнете го и следново видео за повеќе информации:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-zM_Dan6IRE

  • Прекрасни фотографии со хулахопи во кои не можеме да престанеме да гледаме

    Прекрасни фотографии со хулахопи во кои не можеме да престанеме да гледаме

    Кога Грант Мелори и неговата вереница Марија Џејкоб одлучиле да појдат на патување низ САД, не заборавиле да си ги понесат и нивните страсти со себе. За Мелори, тоа значело пакување на неговиот фотоапарат. Но, Џејкоб понела нешто не толку очекувано – нејзиниот хулахоп со ЛЕД светла.rnrn14-prekrasni-fotografii-so-hulahopi-vo-koi-ne-mozheme-da-prestaneme-da-gledame-kafepauza.mkrnrnЗа време на нивното патување, парот ги поврзал нивните страсти што резултирало со воодушевувачки фотографии со хулахоп на преубави места. Џејкоб го завртувала хулахопот, додека Мелори ги ловел прекрасните светлосни шаблони обиколени од убавината на природните пејзажи.rn

    „Понекогаш нè врнеше, беше смрзнувачка ладно или бевме преплавени од комарци, или едноставно не го наоѓавме она што го баравме како позадина“, вели Мелори.

    rnНо, и покрај предизвиците со кои се соочиле, фотографиите кои ги добиле како резултат на нивната заедничка страст сериозно го одземаат здивот. Уверете се!rnrn

  • Ледени колачиња и крем: Совршено летно освежување

    Ледени колачиња и крем: Совршено летно освежување

    Доколку сте расположени за едноставен леден рецепт кој истовремено и ќе ве заблажи и ќе ве олади во најтоплите летни денови, тогаш погледнете го овој. Сè што ви е потребно е млеко и Орео колачиња и за само неколку минути рецептот ќе биде подготвен. Погледнете…rn

    Ако не сте љубители на Орео, можете да искористите кои било друго колачиња под услов лесно да се кршат.

    rn(1) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десертrn

    Најпрво, искршете ги колачињата на мали парчиња.

    rn

    (2) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десерт

    rn

    Потоа поставете ги на дното од сад за лед, полнејќи го секој дел до половина.

    rn(3) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десертrn

    Врз нив ставете млеко, полнејќи ги деловите за лед до врв.

    rn(4) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десертrn

    И потоа ставете ги во замрзнувач на околу 3 часа.

    rn(5) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десертrn

    Добиените ледени коцки можат да бидат додадени во ледено кафе.

    rn(6) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десертrn

    Или пак, во кој било друг леден пијалак.

    rn(7) Ледени колачиња и крем: Совршен летен десерт

  • 7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

    Доколку сакате да имате јагоди долго по завршувањето на нивната сезона, тогаш погледнете ги следниве неколку стари и нови методи за конзервирање кои не бараат многу труд и време. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви овозможат да имате јагоди дури и за време на зимата.rnrn7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезонатаrn

    Едноставен сируп од јагоди

    rnЗа сирупот од јагоди ќе ви бидат потребни 200 грама шеќер и 1 литар вода. Исчистете ги јагодите и ставете ги во пластичен сад за замрзнување, прелијте врз нив ладен сируп и ставете ги во замрзнувач. Откако ќе замрзнат извадете ги од замрзнувачот и оставете ги цела ноќ во фрижидер за да се стопат. Овој сируп ќе ви биде одличен додаток за десерт, можете да го користите за колачите или овошни јогурти. Во сирупот исто така можете да додадете ванила, цимет или кора од портокал за дополнителна арома.rn

    „Дехидрирани“ јагоди

    rnСушените продукти во нутритивна смисла се многу препорачливи бидејќи овој процес не ги нарушува природните карактеристики. Станува збор за многу едноставна постапка за подготвување. Измијте ги јагодите, исечкајте ги на тенки парчиња и оставете ги да се сушат. Тоа можете да го направите и во рерна, на најниска температура околу 3 часа. Потоа затворете ги јагодите во стаклен сад и ако се добро исушени можат да траат и до 1 месец.rn

    Смрзнување цели јагоди

    rnСмрзнатите јагоди се идеални за изработка на овошно фрапе или колачи во текот на целата година. Тие најдобро е да се смрзнуваат поединечно, па откако ќе ги измиете распоредете ги во замрзнувачот така што да не се допираат. Прво замрзнете ги, а потоа спакувајте ги во кеса. На овој начин можете да смрзнувате и друго овошје.rn

    Сос од јагоди

    rnСосот од јагоди е одличен како прелив за сладолед, палачинки, колачи, па дури и како додаток за мусли. Измијте половина килограм јагоди и заедно со една лажица шеќер и пола лажица лимонов сок ставете ги во блендер. По вкус можете да додадете и повеќе шеќер. Откако ќе завршите замрзнете го сосот.rn

    Ледени коцки

    rnОдличен трик! За да го подготвите концентратот, ќе ви биде потребен сосот од јагодите. Во 230 милилитри сос додајте 200 грама шеќер и 230 милилитри цеден сок од лимон. Ставете ги сите состојки во блендер, добро измешајте, а после сипете го овој концентрат во калапи за лед и замрзнете го. Откако ќе замрзне, во една чаша ладна вода ставете две коцки концентрат и за секунда ќе добиете освежителен пијалак.rn

    Џем од јагоди

    rnЈагодите се одлични состојки кога станува збор за подготовка на џем. Врз 1 килограм јагоди сипете 700 грама шеќер и сок од 1 лимон и оставете ги да преноќат во фрижидер. Потоа исцедете ги јагодите, а добиената течност ставете ја во голем лонец каде што за околу 1 час ќе згусне. Претурете ги јагодите во сад за готвење и откако ќе зовријат, варете уште 15-тина минути заедно со 10 исчекани свежи лисја од нане и 10 големи зрна бибер. Џемот сипете го во загреани тегли.rn

    Овошни кори

    rnОвошните кори кои се познати и како дехидрирано овошно пире, можете да ги подготвите на следниов начин: Со миксер измешајте јагоди и шеќер (количина по ваш вкус), на кои можете да им додадете и различни зачини по желба. Потоа смесата излијте ја на хартија за готвење во многу тенок слој (од само неколку милиметри) и исушете го исто како „дехидрираните“ јагоди. Корите се готови откако целосно ќе се исушат, односно кога нема да ви се лепат на допир. Во фрижидер, заедно со хартија за готвење тие можат да траат и по неколку месеци.

  • Кревет за мирен сон под ѕвездено небо

    Кревет за мирен сон под ѕвездено небо

    „Вселенски кревет“ е името на изумот на руската дизајнерка Наталија Румјанцева, кревет кој овозможува мирен сон под ѕвездено небо во затворена просторија. Каде и да го сместите, смирувачкиот сонувачки амбиент не ви бега.rnrnКревет за мирен сон под ѕвездено небоrnrnВселенскиот кревет е направен од бел фиберглас и има форма на пресечено јајце. Магијата ја постигнува со ЛЕД светилки поставени на горниот дел, а ја дополнува со аудио систем кој пушта смирувачка музика и систем кој испушта мириси кои го поттикнуваат сонот. Душекот може да се навалува нагоре или надолу, како што подобро му одговара на оној кој го користи. Покрај тоа, во креветот е вграден и аларм за будење.rnrnКревет за мирен сон под ѕвездено небо Кревет за мирен сон под ѕвездено небо Кревет за мирен сон под ѕвездено небо
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Часовник во вид на стилски прстен

    Часовник во вид на стилски прстен

    Ring Clock е концепт-проект стар 2 години, но сега изгледа дека ќе успее да стане реалност благодарение на сервисот indiegogo. Креаторот на идејата Szikszai Gusztáv бил љубител на часовници, но не го сакал чувството да носи часовник на зглобот. Па така почнал да размислува да го обедини часовникот со прстен и го изработил проектот за кој рекол дека може да биде стварност за 10 години. За среќа, тоа се случува многу порано.Часовник во вид на стилски прстен Часовник во вид на стилски прстен Прстенот го кажува часот, минутите и секундите преку 3 ротирачки прстени. Изработен е од челик кој не ‘рѓосува и не прави алергии, водоотпорен е, но не е погоден за со него да се туширате. Има ЛЕД диоди кои можат да светат во портокалова или во сина боја. Откако ќе видите колку е часот, тој автоматски се гаси за да ја штеди батеријата.Часовник во вид на стилски прстен Часовник во вид на стилски прстенБатеријата трае една недела при нормална употреба (15 активирања во текот на еден ден), а се полни безжично на пад кој доаѓа со него.Часовник во вид на стилски прстенЧасовник во вид на стилски прстенПрстенот е широк 14 мм, дебел 3-3,5 мм, а внатрешниот дијаметар може да биде од 15,7 до 23,8 мм.Часовник во вид на стилски прстенЧасовник во вид на стилски прстенrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќна ламба во форма на книга

    Моќна ламба во форма на книга

    Лумио (Lumio) е мултифункционална ламба со одличен дизајн и моќна технологија. Составена е од ЛЕД светилки, кои функционираат кога ќе се отвори книгата, додека „корицата“ е изработена од трислојно дрво во кое се вградени магнети.rnrnМоќна ламба во форма на книгаrnrnТие пак овозможуваат ламбата да се прикачува за разни елементи во домот или надвор од него. Практична е за во читална, како дополнително осветлување во кујната, за правење романтична атмосфера или за осветлување во услови на потполн мрак.rnrnМоќна ламба во форма на книгаrnrnРаботи на литиум-јонска батерија која овозможува 8 часа непрекината работа, а потоа се полни и може повторно да се користи.rnrnМоќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книгаrnrnПокрај како подвижен технолошки аксесоар во вашата чанта, ламбата Лумио можете да ја користите и постојано приклучена во домот, како замена за лустер. Можете да ја прилагодувате формата според потребите, како и да комбинирате повеќе ламби за да постигнете креативност, естетика и ниво на осветлување кое е потребно за вашиот простор.rnrnМоќна ламба во форма на книгаМоќна ламба во форма на книгаВо јули, 2013 ќе почне испораката на првата серија Лумио ламби, а ако нарачате сега, една ќе ве чини 85 долари. Моќна ламба во форма на книгаrnrnПогледнете како работи ламбата Лумио:rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Превитканиот мост во Сараево

    Превитканиот мост во Сараево

    „Festina Lente“ е мост во Сараево, чиј дизајн е дело на тројцата босански дизајнери Аднан Алагиќ, Бојан Канлиќ и Амила Хрустиќ. Тој се наоѓа веднаш пред академијата за ликовни уметности, а триото поранешни студенти, дизајнот за мостот го имаат смислено пред пет години. Откако со проектот победиле на натпревар, започнала изградбата на овој иновативен мост на реката Миљачка.Превитканиот мост во СараевоМостот е долг 38 метри, а на него има две локации за седење на местото каде што се превиткувањата. За дополнителен естетски шарм, додадени се многу ЛЕД светилки по краевите на мостот.Превитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во Сараевоrn
    rn

    Поминувањето преку мостот е уникатно доживување, поради специфичноста на градбата и глетките пред нашите очи со кои се соочуваме кога поминуваме низ портата (превитканиот дел), подготвувајќи се себеси да влеземе во поинаква димензија и да ја разбудиме спиритуалноста – велат дизајнерите за мостот.

    rnПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во СараевоПревитканиот мост во Сараево
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледена куќа инспирирана од глобалното затоплување

    Ледена куќа инспирирана од глобалното затоплување

    Оваа ледена куќа ја има создадено артистот Крис Норт кој живее во Минесота, САД. Неговиот проект тој го нарекол „Deep North“, а тој претставува напуштен дом, оставен на немилост на ниските температури. Во едно негово интервју тој објаснил дека за овој проект бил инспириран од една ледена бура, на која тој бил сведок додека бил на одмор во Швајцарија.Ледена куќа инспирирана од глобалното затоплувањеТака, сакајќи да го повтори моментот на гламурозност и апокалипса, тој решил да изгради куќичка и во зимските месеци да ја прска со илјадници литри вода, за да го создаде овој ефект. Со овој проект тој сака да го покрене вниманието на луѓето за глобалното затоплување, сакајќи да покаже што природата може да ѝ стори на нашата планета. Оваа инсталација со замрзната куќа, ја претставува иднината и што таа може со себе да ни донесе.Ледена куќа инспирирана од глобалното затоплувањеЛедена куќа инспирирана од глобалното затоплувањеЛедена куќа инспирирана од глобалното затоплувањеЛедена куќа инспирирана од глобалното затоплување
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Река низ која пловат 100.000 светилки

    Река низ која пловат 100.000 светилки

    И преку токискиот фестивал „Хотару“ Јапонците покажаа дека знаат како да ја одржат традицијата, притоа паралелно чекорејќи со екстремно брзиот технолошки развој. За да ја создадат таканаречената река на светлината, тие за првпат свеќичките ги замениле со 100.000 ЛЕД диоди, кои светнуваат во контакт со водата.Река на светлината Ова незаборавно доживување било идеја на компанијата „Panasonic“, која специјално за фестивалот одлучила да ги дизајнира уникатните ЛЕД светла, чие напојување зависи исклучително од соларната енергија. Ги изработила поврзувајќи неколку диоди во едно светло, со цел да ги направи доволно големи, односно да спречи тие да станат плен на рибите.Река на светлинатаРека на светлината„Hi-tech“ реката e всушност линк помеѓу човекот и природата, бидејќи ЛЕД светлата ги претставуваат малечките инсекти, познати како светулки. Нивното пловење по реката Сумида го набљудувале околу 400.000 луѓе.Река на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлината
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.