КАФЕ ПАУЗА

Tag: ладење

  • Кои намирници можат да ви помогнат полесно да се справите со летните горештини?

    Кои намирници можат да ви помогнат полесно да се справите со летните горештини?

    Масната или слатката храна, како и јадењата кои содржат многу јаглехидрати не се препорачливи кога надвор температурите се екстремно високи. Од друга страна, добредојдена е топлата храна која го поттикнува потењето на телото, а со тоа го забрзува и процесот на ладење.rnrnКои намирници можат да ви помогнат полесно да се справите со летните горештини?rnrnСепак, се препорачува консумирање шолја топол напиток или супа навечер затоа што можат да ви помогнат полесно да заспиете. Во текот на денот, нутриционистите препорачуваат да ги замените интегралните житарки и месото со овошје и зеленчук. Во продолжение прочитајте кои намирници се идеални против жештината.rn

    Лубеница

    rnЛубеницата содржи аминокиселина наречена цитрулин која ги опушта крвните садови и му помага на телото да се ослободи од топлината.rn

    Кокосово млеко

    rnКокосовото млеко е добар извор на витамин Б12 кој ги намалува заморот и исцрпеноста.rn

    Спанаќ

    rnСпанаќот го држи под контрола крвниот притисок, а на тој начин го олеснува ладењето на организмот.rn

    Куркума

    rnКуркумата ја подобрува циркулацијата и има антиинфламаторно дејство.rn

    Чај од хризантема

    rnЧајот од хризантема ја намалува температурата на телото и го забрзува процесот на ладење.rn

    Мелена лута пиперка

    rnМелената лута пиперка ја намалува високата температура, а може да биде ефикасна и против главоболки предизвикани од долго изложување на сонце.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат при справување со летните горештини, можеби ќе сакате да прочитате и  за безалкохолни коктели кои ќе ве разладат за време на летните горештини.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Разладете го автомобилот кој се загреал на сонце за само 10 секунди

    Разладете го автомобилот кој се загреал на сонце за само 10 секунди

    Без разлика дали имате клима во колата или не, на жешко време многу е тешко да се издржат и оние први неколку минути откога ќе влезете, додека не се разлади. За среќа, постои кул трик кој го решава овој проблем.rnrnrazladete-go-avtomobilot-koj-se-zagreal-na-sonce-za-samo-10-sekundi-kafepauza.mkrnrnОвој едноставен метод драстично ја спушта температурата во колата, без да се вклучи клима-уредот. За 10 секунди, тоа можете да го постигнете со овој кинески трик кој 100% функционира.rn

    Еве што треба да направите:

    rn

      rn011

    1. Спуштете го прозорот на возачката страна и затворете ја вратата.
    2. rn011

    3. Отворете ја вратата кај совозачот и правете провев силно отворајќи ја и затворајќи ја неколку пати.
    4. rn011

    5. Температурата во автомобилот гарантирано се спушта за 10 степени Целзиусови.
    6. rn

    rn

  • Утрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начин

    Утрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начин

    Доколку и вам, како и на повеќето луѓе, наутро ви недостасуваат само уште 5 минути за да го допиете вашето прво кафе на мир, тогаш ќе бидете пресреќни кога ќе ви кажеме дека постои трик со кој ќе можете конечно да најдете време.rnrnУтрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начинrnrnТоа можете да го сторите на два начина. Едниот начин е да сипете свежо подготвено, но оладено кафе во калапот за лед и да го оставите во замрзнувач. Овие ледени кафе коцки брзо ќе го оладат вашето кафе без да го променат неговиот вкус и притоа овозможувајќи ви повеќе време да уживате во вашиот утрински ритуал. Другиот начин на кој можете да го направите тоа е доколку замрзнете млеко. Погледнете го следново видео за деталната постапка…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

    Дали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?

    Свежо подготвеното кафе има околу 100 степени и откако ќе го сипете во шолја неговата температура за само неколку минути се симнува на 50 степени. Откако ќе ја достигне оваа температура, потоа почнува побавно да опаѓа. Но, дали бојата на шолјата има некакво влијание врз тоа колку брзо целосно ќе се олади вашето кафе?rnrnДали кафето ќе се олади побрзо во бела или црна шолја?rnrnСте забележале ли како за време на топлите летни денови, доколку носите црна блуза ви е многу потопло отколку кога носите бела? Причината е едноставна, темните предмети повеќе апсорбираат топлина. Истото се случува и со кафето. Доколку сакате вашето кафе побрзо да се олади, тогаш би требало да го сипете во црна шолја бидејќи таа побрзо ќе ја апсорбира неговата топлина.rnrnОваа приказна има две страни. Бидејќи темната боја емитува повеќе топлина од светлата, доколку сакате да воспоставите баланс осветлете го кафето на некој начин. Доколку сакате тоа побрзо да ви се олади, не пијте црно кафе и додајте му млеко или шлаг. Интересно како науката се наоѓа во секој дел од нашиот живот, се согласувате?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Како да изладите топло пиво за 3 минути?

    Како да изладите топло пиво за 3 минути?

    Дали некогаш ви се случило да ви се најават гости или во полош случај тие веќе да се дојдени, а вие да немате ладен пијалак? Отсега повеќе нема да имате потреба да се грижите, бидејќи за само неколку минути, следејќи ги неколкуте едноставни чекори, вие ќе имате леден пијалак спремен за освежување. Иако примерот е прикажан со ладење пиво, истата постапка важи и за сок, минерална вода, вино или било кој друг пијалак.

    rn

    Како да изладите топло пиво за 3 минути

    rnrn

      rn011

    1. Ставете ги топлите пива во метално тенџере.
    2. rn011

    3. Наполнете го тенџерето со мраз и комплетно покријте ги пивата.
    4. rn011

    5. Потоа наполнете го тенџерето со вода.
    6. rn011

    7. Додадете 400 грама сол (во овој дел е трикот).
    8. rn011

    9. Земете дрвена лажица и убаво промешајте за солта да се растопи.
    10. rn011

    11. На крајот, 3 минути оставете го тенџерето во комората на фрижидерот.
    12. rn011

    13. Уживајте во ладното пиво.
    14. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.