Шетањето ви овозможува да ја подобрите својата креативност и да си го унапредите животот. Тоа го знаел и познатиот композитор Лудвиг Ван Бетовен. Имено, после секој ручек, тој одел на долга прошетка низ шумата. Задолжително со себе носел молив и неколку листови хартија за да би ги запишал нотите кои евентуално би му паднале на памет. Слична метода користеле и неговите колеги, великаните како Густав Малер и Бенџамин Бритн.rnrnrnrnНаучниците од универзитетот Стенфорд докажале дека прошетката го поттикнува креативното размислување. Објаснувањето лежи во неколку факти.rnrnОдењето е најлесниот и најбезбедниот пат до добро здравје на духот и телото. Предностите од одењето се во тоа што организмот подобро функционира, врши подобра размена на материи и се внесува повеќе кислород. Телото се релаксира, а покрај благиот замор, се враќа изгубената енергија и поквалитетно се спие.rnrnСтручњаците тврдат дека овој вид активност го подобрува квалитетот на животот за 27%. Во текот на одењето доаѓа до ослободување на ендорфин, кој претставува природна дрога која предизвикува добро расположение.rnrnМеѓутоа, одењето не го подобрува само здравјето, туку го поттикнува и креативното размислување. Истражувањето објавено во Списанието за експериментална психологија покажало дека подобрувањето на креативноста под влијание на прошетките е за 60%.rnrnПешачењето исто така ни помага да останеме смирени и концентрирани и во напнатите ситуации на работа.
Сите редовни корисници на социјалната мрежа Твитер, се барем малку опседнати со стекнувањето сѐ поголем број следачи на нивниот профил. Но, притоа голем број твитерџии забораваат на фактот дека бројот на следачи не е толку важен, колку што е важен квалитетот на твитовите кои ги објавуваат. Така, доколку честопати знаете да твитнете нешто интересно, имајте на ум дека вашите нови следачи сами ќе си доаѓаат. Оние кои се пронајдоа во текстов, можат конечно да ја воочат разликата на овие две работи, на мошне интересен илустриран начин.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во поголема варијантаrnrnrn
За поп дива од калибарот на Каролина Гочева, нема потреба да трошиме многу зборови на претставување. Освен со неверојатните гласовни способности кои разнежнуваат, развеселуваат, ве ежат и растажуваат истовремено, Каролина ја плени публиката со нејзиниот цврсто изграден стил. Каролина е девојка која е секогаш претставителна, знае да носи буквално сè, од секси и женствено, до спортски и лежерно. Нејзиниот стил е препознатлив, а се темели на елеганција, убавина, женственост, но пред сè на квалитет.На македонската јавност ѝ е позната уште од нејзините тинејџерски години, но она што буквално ја подига нејзината музичка кариера во нагорна линија е потпишувањето договор со Авалон продукција во 2000 година. Нејзините сценски настапи пленат и воодушевуваат, особено кога ќе испее некоја балада. Токму поради тој неодолив шарм на сцена, досега два пати беше одбрана да ја претставува нашата земја на избор за песна на Евровизија. Можеме со сигурност да кажеме дека Каролина и покрај тоа што е доста успешна и позната на Балканот, останува верна на своите корени и со гордост ги исполнува и традиционалните македонски песни. Токму таа ги наежи срцата на сите македонци ширум целиот свет кога во огромен црвен фустан настапи на прославата за Денот на независноста минатата година.Нејзиниот втор албум, „Зошто сонот има крај“, беше повод Каролина да биде прогласена за мега-ѕвезда. Пролетта 2003 излегува и нејзиниот трет албум насловен како „Знаеш колку вредам“, кој исто така е одлично прифатен од публиката. „Кад звезде нам се склопе… као некада“ е насловот на српската верзија од истиот албум со што нејзината популарност се шири на териториите на поранешна Југославија. Со албумот „Во заборав“ од 2005-тата година, Каролина го менува нагло својот имиџ и покажува една поинаква, жешка страна. Таа е женствена, секси и неодолива, но никогаш претерано и секогаш со вкус.Никогаш не потпаѓајќи на ниски медиумски провокации и озборувања, таа успева колку што може повеќе да ја заштиути својата приватност, останува ладна на „чаршиски“ муабети и буквално докажува дека нејзината слава се темели на нејзината способност и талент, а не на правењето скандали. Многубројни турнеи, гостувања, настапи на фестивали, само докажуваат дека Каролина е една од ретките на нашите простори кои можат слободно да се мерат со светските ѕвезди.Нејзиниот петти студиски албум, „Македонско девојче“ е најпродаваниот во Македонија во 2008. Наместо спотови за песните, за овој албум излезе едночасовно шоу со десетте песни од албумот. Овој пат со смирен, сериозен и по малку ретро стајлинг, „Македонско девојче“ е сосема поинаков албум од нејзините дотогашни, кој содржи песни исполнети со чувства, во кои секоја жена би се пронашла макар за момент. Потоа следува „Капка под небото“ како и „Најубави песни“, што се докази дека Каролина останува доследна на нејзиниот стил и имиџ на поп дива и нешто за што со гордост можеме да кажеме дека е наше, македонско.rnrn
Оваа неофицијална реклама за презервативите „Дурекс“ е дело на Шарлот Рабат. Насловот на рекламата е „Durex Water Balloon“ или „Балон со вода Дурекс“.rnИако станува збор за неофицијална реклама, како и секогаш, истакнат е квалитетот на презервативите на многу интересен начин.rn
Дајте му шанса на слаткото маче Бретон да ви покаже како да го подобрите квалитетот на живот, преку 10 едноставни чекори. За разлика од мрзливите пријатели кои постојано ви солат памет, а ништо од тоа не практикуваат, Бретон лично ќе ви демонстрира како да се придржувате до неговите совети. Па, кому би верувале за нивната ефикасност, ако не домашното милениче со 9 животи? 🙂 Прочитајте ги, па погледнете ги и во пракса…1. Будете се раноrn 2.Хранете се правилноrn 3. Бидете физички активниrn 4. Бидете силниrn 5. Пијте водаrn 6. Одржувајте хигиенаrn 7. Одвоите време за медитацијаrn 8. Бидете љубопитниrn 9. Наспијте сеrn 10. Малку повеќе потрошете на сонотrn
rnНе чекајте Нова година, почнете да ги практикувате веднаш! :)rnrnИдејата за ова видео е на Ариел Белзити (Ariel Belziti), кој е најверојатно и сопственик на мачето Бретон.rnrn
Во новиот LG OLED 3D телевизор веднаш би се вљубиле. Но, со оглед на тоа дека би чинел најмалку 10.000 долари, веројатно вашиот соживот со него, не би бил возможен во блиска иднина. Како и да е, ако гледате во него само 2 секунди, ќе ви стане јасно зошто има третман на скапоценост, а не на 55-инчен телевизор. Боите се исклучително живи, црната е зифт црна, има молскавично брзо време на реакција и неверојатна острина на движењата.Овој телевизор е првиот 3Д телевизиски сет кој го доловува потенцијалот за гледање 3Д во домашни услови. Неговиот екран не прикажува заматена 3Д слика како останатите плазма и ЛЕД 3Д телевизиски дисплеи, кои ги видовме изминатава година, што е бонус на неговата извонредна светлина со која се карактеризира. 3Д видео содржините имаат живост и длабочина колку што е тоа воопшто возможно, со остар квалитет на сликата и мазни движења, без затреперувачки ефект, каков што може да се види и кај најновите 3Д телевизори. Едноставно кажано, ова е најдобриот 3Д телевизор досега, а беше претставен на големото изложбено шоу за технологија CES 2012 во текот на првиот месец од годинава.Друга предност која ја има LG OLED 3D пред останатите телевизори од неговиот ранг е дека троши многу помалку енергија во споредба со други LCD и плазма телевизори. Сите нови телевизори во линијата „Cinema screen“ на LG имаат дебелина на рамката од 1 милиметар, што практично значи дека при гледање видео буквално не ги забележувате границите на сликата, па дејството на екранот скоро целосно се претопува во просторот.Покрај овој телевизор, кој веројатно ќе биде предизвик и за длабоките џебови, останатите телевизори од истата линија исто така имаат некои добри својства. Освен скоро невидливата рамка, тие се и паметни телевизори кои се базираат на софтверска платформа, онаа на LG, NetCast, или пак на Google TV OS. Покрај тоа, тие вклучуваат опции за користење широк спектар на апликации, 3Д видео стриминг, можност за пребарување и веб прелистувач кој подржува Flash и HTML 5.
rnНекои телевизори во линијата Smart TV имаат dual core процесори кои имаат опција за препознавање на глас, поточно опција за конверзија на глас во текст и можност за задавање говорни команди. И, конечно, за безжично управување со телевизорот, во комплет со уредот добивате далечински управувач кој е како Wii контролер, што значи дека работи со насочување кон одреден дел од екранот и кликање на соодветната опција на него.Карактеристичниот дизајн „Cinema screen“ го поседуваат 3Д телевизорите од средната и високата класа на овој производител. 55-инчниот 3Д телевизор кој ќе се продава по цена од 5 бројки изразена во долари, ќе се појави на пазарот во втората половина од годината.rnrn
Автор: Ивана ГрујоскаrnrnПатот на комерцијалниот успех на кафето е добиен преку потенцирање на квалитетите што ги поседува. Во минатиот век се водела доста застрашувачка кампања против него. Се кршеле копја околу ефектот на кофеинот врз здравјето на човекот, а производителите на безкофеинското кафе триеле раце и уште повеќе го засилувале пожарот во жариштето на целата битка што се водела околу обичното кафе. И покрај нивните напори, тие не успеале да ја намалат неговата популарност.rnrn
Кафето прави да се чувствувате добро
rnОна што го прави кафето втор најпродаван производ во светот, е комбинацијата од неговиот вкус и освежувачкиот ефект што го има врз нас, кој сите го знаеме и сакаме. Кафето е убаво за пиење и прави да се чувствуваме добро додека го консумираме. Затоа, направете си една кафе пауза.rn
Не задоволувајте се со второкласни работи
rnАко има нешто што сите производители на кафе го тврдат, тоа е дека тие се најдобри провајдери на вашата дневна доза. Животот е премногу краток за лошо кафе, не можете да добиете добар напиток од потпросечен производ.rn
Кафето ве прави попосакувани
rnВистина е тоа што го велат. Полесно ќе напредувате во животот ако се однесувате како возрасни и пиете кафе, а истовремено ќе бидете гламурозни и сите ќе ве сакаат.rn
Кафето е важно за социјалните врски
rnКупишта реклами за кафе, било да се телевизиски или печатени, му придаваат важно место на кафето како социјален лубрикант.Еве и неколку стихови од реклама за кафе:rnrn
„Доброто кафе е како пријателството: богато, топло и силно.rnКафето е толку корисно…rnНишто друго не може толку да ви се доближи.rnПравете го секогаш на овој начин: црно и богато,rnдајте му карактер, благословете го со јачина,rnИзвлечете го од него сиот благодет што доброто кафе може да го даде,rnПравете го кафето такво. Правете го често. Правете го како што треба.“
rn
Кафето е добро за бракот
rnКафето е добро за пријателствата, но исто така се чини дека е и клуч за среќата во сечиј семеен дом.rn
Машините за кафе се важни за да се чувствувате добро со себеси
rnСјајните играчки за кафе го вртат светот….rn
Кафето е најдобриот начин за започнување на денот
rnКафето ќе ве подигне наутро и ќе ве одржува будни цела ноќ. Тоа внесува енергија во секој ваш чекор. Ќе ве одржува во текот на целиот ден.rn
Кафето е искуство за сите сетила
rnКафето е вкусно. Ве разгалува. Делува инспиративно врз сетилото за вкус, меѓутоа и убаво мириса и ù дава пријатно чувство на вашата уста. Аромата е битна.rn
Кафето треба да биде едноставно
rnВистинската привлечност на инстант кафето е во неговата брза и лесна подготовка. Совршено е за оние кои немаат многу време. Едноставноста е сѐ.rn
Свежото кафе е најдобро
rnЛуѓето знаеја дека свежината на кафето е важна уште на почетокот на ’30-тите години…. или барем така изгледа.rn
Тоа го знаеја и во ’50-тите
rn
Складирањето е битно
rnИсто така е важно да се задржи воздухот надвор од вашиот сад за кафе.Свежо меленото кафе е најдобро…. Без конкуренција…rn
Процесот е важен
rnПокажувањето разбирање за процесот на правење на кафето, секогаш била добра стартна точка за истакнување во однос на конкуренцијата.rn
Безкофеинско кафе – кофеинот ве прави луди (или можеби не?)
rnСе користеле и патетични маркетинг трикови како на пример: „бескофеинското кафе ги прави старите луѓе пофини“ или „Помала е веројатноста дека татковците ќе ги удираат своите деца, а исто така има повеќе шанси дека фармерите почесто ќе ги молзат своите крави“.Жешко како Сонцето или ладно како Северниот пол, кафето е напиток што ќе ви ја стопли душата. Оваа реклама е од ’40-тите.Еве една реклама за безкофеинско кафе од ’50-тите.Еве и реклама за една поранешна „замена“ за кафето.rn
Никој не ја одбива препораката од славните
rnЏорџ Клуни, Ал Пачино и Роже Федерер се модерен пример на славни кафе-консументи, но поддршката на кафето од славните личности датира од толку одамна, колку и рекламната кафе-индустрија сама по себе.rn
Треба да се лаже за да се продаде инстант кафе
rnНема реклама за инстант кафе која претставува приказ на реализам или вистина. Затоа што нема таква реклама која ќе каже дека нејзиниот производ има вкус на нечистотија. Но, огласувачите на инстант кафето низ историјата, навистина ја наметнаа „вистината“, кога почнаа да тврдат дека нивниот инстант напиток е подобар од вистинското кафе.И еве ги почетоците на династијата на „Нескафе“ и нивните заведувачки реклами, кои кулминираа во денешниот популарен тип „Green Blend“.rnrn
Овој фотоапарат е толку мал, што ќе помислите дека не може да го фати во кадар ни врвот од вашиот прст и е дефинитивно многу лесен за губење. Но, пред да го измислат овој микроскопски уред кој е достапен во продажба, креаторите очигледно верувале дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.Минијатурната камера со површина од 2,54 см², може да направи фотографии од 2 мегапиксели и може дури и да снима видео. Неговите креатори од Њујорк, убедуваат дека уредот од 28 грама работи совршено добро, без разлика што е голем колку врвот од прстот.Мини-камерата е произведена од американската фирма „Hammacher Schlememr“, која на полиците го продава за 99,95 долари.rnrnГенералниот директор на „Hammacher Schlememr“, Фред Бернс велиrn.rn
„И покрај тоа што најмалиот фотоапарат во светот е малку поголем од џамлија, сепак прави фотографии и снима видеа исто како повеќето фотоапарати со нормална големина. Тоа е извонредно парченце уред, кое очекуваме да стане многу популарно во јавноста.“
rn.rn
„Фотоапаратот има ремче за да го носите околу рачниот зглоб, при што се олеснува неговата преносливост.“ – додава тој
rnrnrnНајмалиот фотоапарат во светот може да прави фотографии во JPEG формат со резолуција од 1600 x 1200 мегапиксели, има автоматски фокус и може да снима видеа со 30 фрејма во секунда во AVI формат, со резолуција од 640 x 480 мегапиксели. Сето тоа се складира на мемориска картичка microSD од 2GB, но прифаќа и мемориски картички со големина до 32GB. Исто така, тој може да се поврзе со компјутер преку УСБ кабел, исто како секој друг фотоапарат.Мини-апаратчето е одлично за шпионирање и „ловење“ интересни „фотки“ додека никој не ве гледа. 🙂 Но, ако веќе планирате шпионски да фотографирате, подобро побрзајте, зашто батеријата на апаратот трае 30 минути, после едночасовно полнење.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ништо не ги најавува годишните времиња како плодовите на пазарските тезги. Изобилство од свежина, бои и вкусови… Имајте ги предвид следните совети кога ќе одите да пазарите:rn
1. Кој рано рани, две среќи граби
rnСите знаете дека продуките наутро се оние најсвежите. За време на викендите, обидете се да станете порано и да испазарите уште изутрина. Така ќе бидете сигурни дека сте го купиле најсвежото и најквалитетното на пазарот.rn
2. Пробајте пред да купите
rnСекој продавач треба да биде среќен кога купувачот сака да проба од неговиот производ. Ако тоа не е случај, не купувајте од таа тезга. rn
3. За квалитет/свежина и органски производи се плаќа повисока цена
rnИмате две опции: да испазарите во блискиот супермарект или да отидете на пазар. Пазарот е подобра опција, затоа што имате поголем и подобар избор на повеќе продукти. rn
4. Не се ценкајте
rn…или па ако баш морате или сакате, правете го тоа со усул. Невкусно е да барате премногу ниски цени, а да знаете дека добивате квалитет и свежи производи.rn
5. Работата на земјоделецот не е ни малку лесна
rnОва е уште едно дополнување на правилото погоре. Копање, орање, садење, наводнување… Сето ова бара физичка работа и многу труд. Имајте го тоа предвид кога ќе ги видите цените на продуктите на пазарите. rn
6. Поголемиот дел од продавачите се трговци на мало
rnТие се оние на кои треба да им се вреднува трудот повеќе. Има и такви кои купуваат на големо и препродаваат. Пазарот треба да постои за земјоделците.rn
7. Купувајте во зависност од сезоната
rnНема смисла да купувате домати во зима и тикви во лето.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.