КАФЕ ПАУЗА

Tag: курсеви

  • Ако ви недостигаат патувањата, погледнете ги овие 3 онлајн-курсеви кои се фантастични

    Ако ви недостигаат патувањата, погледнете ги овие 3 онлајн-курсеви кои се фантастични

    Иако ќе треба да почекаме уште некое време додека да можеме безгрижно да ги испланираме своите патувања, постои начин да ја задоволиме таа потреба. Барем за момент. Подолу споделуваме три онлајн-курсеви кои нè носат во различни делови на светот и се водени од врвни експерти во својата област.rn

    Рон Финли ве учи за градинарството

    rnРон Финли од Лос Анџелес е добро познат американски активист и самопрогласен за „Гангстер градинар“, а неговото поле на активност е екологијата и урбаното градинарство. Кога зборуваме за одгледување сопствена храна, имаме многу да научиме. Научете како секојдневните предмети да ги претворите во практични детали за садење, како да ги одржувате домашните растенија живи и да водите здрав начин на живот, без оглед каде живеете.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=jdISPtllh1U&feature=emb_titlern

    Френк Гери ве учи за дизајнот и архитектурата

    rnМузејот „Гугенхајм“ во Билбао, концертната сала „Волт Дизни“ во Лос Анџелес, фондацијата „Луј Витон“ во Париз се наградувани згради на Френк Гери расфрлани низ целиот свет. Бидејќи се наоѓа на списокот со желби кај повеќето патници, неговата архитектура е синоним за револуционерен дизајн и глобална култура. Регистрирајте се на Мастеркласот на Гери, опфаќајќи повеќе од 50 години од неговото искуство и дознајте повеќе за неговиот креативен процес и мислите зад неговите архитектонски конструкции на кои им се восхитуваме.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Az-m56vUjgw&feature=emb_titlern

    Џими Чин ве учи за авантуристичката фотографија

    rnПрофесионален алпинист, признат фотограф и режисер добитник на Оскар – Џими Чин ги учи сите заинтересирани за вештините потребни за фотографирање додека патуваат. Со детални објаснувања и примери, ќе научите креативни пристапи за правење на најдобрите фотографии, техниките што се користат во нив и како да започнете страсни проекти. Бидејќи организираше и водеше експедиции во Кина, Пакистан, Непал, Танзанија, Мали, Јужна Африка, Борнео, Индија и Аргентина, Џими има големо професионално искуство.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ELyMs-kiwtA&feature=emb_titlernrnПрочитајте за овие 5 профили на ТикТок што едуцираат, поврзуваат и го менуваат светот на подобро.

  • 13 онлајн курсеви кои не чинат многу, а ќе ви помогнат да научите нешто ново оваа година

    13 онлајн курсеви кои не чинат многу, а ќе ви помогнат да научите нешто ново оваа година

    Бидејќи 2017 година сѐ уште е на почетокот, не е доцна да си поставите одредени цели. Во тоа може многу да ви помогне платформата Udemy, која на својот веб-сајт нуди повеќе од 17.000 часови, а секој од нив за само 10 долари (580 денари). Оваа понуда завршува на 14-ти март, па затоа треба да побрзате и да изберете некои од нивните онлајн курсеви кои ви ги нудат. Во продолжение погледнете 13 предлози кои ќе ве мотивираат да почнете повеќе да вложувате во себе.rnrn13 онлајн часови кои не чинат многу и ќе ви помогнат да научите нешто ново оваа годинаrn

    1. Бизнис администрација

    rnПреку овој курс студентите ќе научат микро и макро економија, како да ги ценат компаниите и која е основата за тоа како работат инвестициските банки и фирмите за консултација. Во прилог на ова, заинтересираните ќе научат и за важноста на личните врски и професионалните презентации. Целиот курс чини 10$, а редовната цена му е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    2. Целосен курс за развој на веб-сајтови и мобилни апликации

    rnЗа оние кои би сакале да започнат со дизајнирање сопствен веб-сајт и мобилни апликации, ова е вистинското место. Дури и оние кои се сосема нови во овој домен, ќе бидат во можност да научат многу за време на предавањата кои траат само 6 недели. И овој курс ќе го добиете за 10$, а оригиналната цена му е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    3. Станете исклучителен писател

    rnПишувањето е важна вештина, без оглед на доменот во кој работите. Без разлика дали одржувате свој веб-сајт или пак едноставно сакате да го подобрите изразувањето во вашите пораки, овој курс ќе ве научи на совети и трикови дадени од професионалните писатели. Курсот ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    4. Совладување на Ексел

    rnАко знаете како да го користите, Ексел најверојатно е најмоќната алатка на вашиот компјутер. Овој курс е наменет за оние со основно разбирање на програмата што сакаат да научат како да направат табеларни пресметки. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    5. „Ruby on Rails“

    rnСтанува збор за рамка на веб-апликација напишана во Ruby, програмски јазик кој го користат многу врвни сајтови за создавање на нивните веб-апликации, вклучувајќи го и Твитер. Овој курс е наменет за почетници, а повторно ќе го добиете за 10$, иако неговата нормална цена е 195$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    6. Изградба на личен бренд

    rnВо многу индустрии, силниот и важен бренд е важен дел за напредувањето во кариерата. Инструкторот Гери Вајнерчук три пати е прогласуван за најпродаван автор од страна на Њујорк тајмс и има своја медиумска компанија, па можете да бидете сигурни дека неговиот курс е полн со мудри совети. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 100$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rnrn13 онлајн часови кои не чинат многу и ќе ви помогнат да научите нешто ново оваа годинаrn

    7. Целосен курс за iOS 10 програмирање

    rnАко ви е здодеано да гледате едноставни апликации, тогаш ова е вистинскиот курс за вас. Научете како да дизајнирате и да создадете апликации за iOS 10, дури и ако немате претходно знаење. Овој курс чини 10$, а неговата нормална цена е 200$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    8. Научете брзо да читате и да ја подобрите меморијата

    rnОвој курс се фокусира на читањето и на мемориските вештини, со цел да научите како да работите попаметно, наместо подолго. Овде студентите најпрво ќе научат да читаат побрзо, а потоа и како да ги задржат сите тие нови информации. Овој курс можете да го следите за 10$, а оригинално чини 145$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    9. JavaScript: Разбирање на чудните делови

    rnНа оние кои имаат основно познавање од JavaScript, овој курс ќе им покаже трикови и финти кои им се потребни за подобро работење. Тука ќе можете да научите како побрзо да најдете грешки во вашиот код и да добиете подлабоко разбирање на одредени затскриени опции. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 175$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    10. Комплетен водич за фотографирање

    rnПретворете го вашето хоби за фотографирање во бизнис, така што ќе научите некои напредни техники за фотографирање и уредување. Овој курс е наменет за обожавателите на фотографиите на сите нивоа, без разлика дали сте на некое веќе понапредно ниво или пак само што започнувате. Овој целосен водич за фотографирање можете да го добиете за 10$, а оригинално чини 50$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    11. Пајтон програмирање

    rnПајтон е јазик за скриптирање, како JavaScript, но тие имаат разлики помеѓу нив во однос на синтаксата и извршувањето. Од страна на многумина, Пајтон се смета за еден од поедноставните јазици за кодирање што се однесува до учењето, затоа што става помал акцент на синтаксата, во споредба со другите јазици. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 125$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    12. Маркетинг на социјални медиуми

    rnАко водите каков било бизнис во денешно време, неопходно е да бидете присутни и на социјалните мрежи. Знаењето како да се претставите себеси и да комуницирате со вашата публика, е од суштинско значење за промовирање на вашиот бизнис и одржувањето мрежа на клиенти. Овој курс има за цел да ги запознае оние кои сѐ уште имаат мало познавање од социјалните медиуми, надвор од личната употреба, па да ги донесе до точка каде што целосно ќе може да управуваат со својата веб-страница за бизнисот. Овој курс ќе го добиете за 10$, a оригинално чини 299$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rn

    13. Веб-дизајн и Фотошоп

    rnИ покрај тоа што во денешно време лесно е да се одржува еден веб-сајт, сепак постојат голем број сајтови кои не изгледаат доволно добро за да се претстават пред професионалците. Овој курс им помага на оние кои или сакаат да изградат свој веб сајт или да започнат кариера во овој домен. Овој курс ќе го добиете за 10$, а оригинално чини 199$. (Користете го кодот: CHANGEIT)rnrn(4) 13-onlajn-chasovi-koi-ne-chinat-mnogu-i-kje-vi-pomognat-da-nauchite-neshto-novo-ovaa-godina-kafepauza.mk

  • 5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

    5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

    Во свет и време кога толку многу информации ни се дадени како на послужавник, игноранцијата е сопствен избор. Но доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење, ова се 5 одлични и исплатливи начини како да научите повеќе за она што ве интересира.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    1. Интернет семинари и форуми

    rnСлушањето на онлајн-семинари најчесто е бесплатно, а лесно може да најдете семинар без разлика на вашето поле на интерес. Како да го надградите својот бизнис, како до успешна маркетинг стратегија, влијанието на социјалните мрежи, итн. Сè што треба да направите е да ги пребарувате клучните поими на темата која ве интересира. Некогаш можеби ќе пробаат да ви продадат нешто, но не мора да купувате ништо друго, освен знаењето кое, нели, во овој случај е бесплатно.rnrnИсто, на интернет многу лесно може да пребарувате и читате форуми на најразлични теми. Се двоумите за нешто, ви требаат повеќе мислења и слично? Посетувајте различни форуми каде ќе чуете многу размислувања како и предлози и идеи.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    2. Семинари

    rnДоколку подобро учите кога имате контакт во живо со оној кој зборува, тогаш одлучете се за посета на семинари. Информирајте се дали има и кои се семинарите кои би можеле да ги посетувате бесплатно или кои се поевтини. Може да научите многу, а што е најважно од сè ќе имате можност за интеракција со други личности со кои имате заеднички интереси, како и да создадете многу нови контакти и да го проширите кругот на пријатели.rn
    rn

    3. Тренинзи и курсеви

    rnРазликата меѓу семинари и курсеви е во тоа што семинарите обично се наменети за поголема група, додека за курсевите обично се формираат помали групи и имате многу поголема интеракција со оној кој предава. Може веднаш да го тестирате она што сте го научиле и да добиете поголемо внимание. Ретко кои курсеви се сосем бесплатни, но ги има. Ако не бесплатни може да најдете поевтини, а најчесто доколку најдете уште неколкумина кои се интересираат за тој курс може да добиете групен попуст. Доколку полесно учите во помали групи со интеракција на повисоко ниво, курсевите се подобра опција за вас.rn5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите париrnrn

    4. Книги

    rnДа, читањето книги звучи по малку застарено имајќи ја предвид новата технологија. Но, да не заборавиме дека книгите никогаш нема да излезат од мода. Не само што може да најдете евтини примероци, туку може да ги купите на старо, да ги позајмите, или пак да ги најдете онлајн. Без разлика дали би ви помогнале книги кои ќе ви ги надградат знаењата на професионално ниво, или пак барате книга за самопомош или едноставно мисла или идеја која ќе ви го смени животот, книгите ви нудат што и да ви треба. Плус, сами одлучувате кога ќе читате односно учите и си создавате амбиент што најмногу ви се допаѓа вам.rn
    rn

    5. Онлајн-курсеви

    rnНе сите онлајн-курсеви се бесплатни, но постојат, па зошто да не ги искористите за надградување на вашите знаења? Особено лесно е да најдете онлајн курсеви за странски јазици, а преку Open culture може да слушате снимени курсеви од познати факултети, на која било тема, бесплатно.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Шанса да го научите вашиот омилен странски јазик преку интернет

    Шанса да го научите вашиот омилен странски јазик преку интернет

    Најдобар начин да научите странски јазик е извесен период да престојувате во земјата во која тој се говори, преку директен контакт со луѓето таму. Но, за жал, ретко кој од нас може да си дозволи неколкумесечен престој во странство. Па, кога веќе мораме да ја отфрлиме оваа опција, а не ни оди со домашните курсеви, на ред веројатно би дошол интернетот, каде на располагање ни се неколку одлични сајтови за јазична размена.rnrnПреку нив, лесно можете да стапите во контакт со некој кој течно го говори јазикот што сакате да го научите, и ако имате малку повеќе трпение, големи се шансите да го збогатите вашето CV. Ви издвоивме неколку од најдобрите сајтови.rnrnИнтернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазикrnrn1. LiveMocha – предничи пред останатите сајтови, бидејќи ја претставува најголемата интернет заедница за учење на сите јазици. Нуди бесплатни курсеви, кои можете да ги користите самостојно, но и да се поврзете со други корисници со кои ќе разговарате и ќе разменувате материјали.rnrnСè што треба да направите е богат профил на кој ќе ги наведете јазиците кои ги говорите и оние кои сакате да ги научите. Откако ќе го сторите тоа, сајтот ќе ви сугерира партнери за помош при учењето. Слободно можете да ги додадете за пријатели и да стапите во контакт со нив. Партнери за учење можете да побарате и помеѓу лицата кои ќе ги оценуваат вашите вежби.rnrnИнтернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазикrnrn2. Palabea – овој сајт служи исклучително за олеснување на јазичните размени. Преку него, можете директно да разговарате и да разменувате идеи. Кога ќе направите профил и ќе напишете кој јазик го учите, тргнете во потрага по огласите на другите корисници, кои исто така, бараат јазичен партнер. Можете да поставите и свој оглас и да почекате некој да одговори на вашата понуда за учење на јазикот. Сајтот е особено популарен кај тинејџерите.rnrnИнтернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазикrnrn3. Italki – станува збор за сајт кој нуди курсеви за странски јазици кои се наплатуваат. Но, истовремено овозможува и поврзување со јазични партери. Направите профил и побарајте го својот сроден партнер за учење.rnrnИнтернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазикrnrn4. Mixxer – и тука можете да направите профил и да поставите оглас во кој ќе побарате партнер за учење, кој течно го говори вашиот омилен јазик. Нивната заедница не е баш најбројна, но можеби токму тука ќе го најдете партнерот кој најмногу ви одговара и ќе успеете да го совладате јазикот што сте го избрале.rnrnИнтернет шанса да го научите вашиот омилен странски јазикrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Едуцирајте се бесплатно на интернет – наука и здравје

    Едуцирајте се бесплатно на интернет – наука и здравје

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnСекој вид едукација е самоедукација. Точка. Не е важно дали седите во училница, на факултет или во кафуле. Не учиме ништо што не сакаме да го научиме.rnrnОние личности кои преземаат време и иницијатива да си обезбедат себеси сопствена едукација се единствените кои се здобиваат со вистинско образование на овој свет. Сетете се само на некој општо признат научник, претприемач или историска личност. Без разлика дали некој од нив се има здобиено со формално образование или не, ќе сфатите дека тој или таа е производ на континуирана самоедукација.Едуцирајте се бесплатно на интернет - наука и здравјеАко сте заинтересирани за учење нешто ново, овој напис е за вас. Ова е првиот од неколкуте што ќе следуваат понатаму. Ќе бидат опфатени теми како бизнис и пари, право, историја и светска култура итн.rnrnЗапочнуваме со наука и здравје.rnrnМIТ OpenCourseWare – МИТ (Институт за технологија во Масачусетс, САД) е веб-сајт кој нуди бесплатни онлајн курсеви базирани на нивната студиска програма. Овој сајт располага со материјали кои ги опфаќаат речиси сите додипломски и постдипломски предмети што се изучуваат на МИТ. Има преку 2.000 курсеви од најразлична тематика. Можете да учите историја, математика, економија, хемиски инженеринг, па дури и аеронаутика, планетарни науки, нуклеарна наука и инженеринг, буквално сè што ќе ви падне на памет. Наставата се одвива преку видео лекции, туторијали, се задаваат примери, се презентираат решенија и добивате испити и задолженија за курсот што ќе го изберете.rnrnTufts OpenCourseWare – Тафтс е дел од новото образовно движење иницирано од МИТ, кое обезбедува слободен пристап до содржината на курсевите за секого на интернет. Тафтс-курсевите ја демонстрираат јачината на универзитетот во областа на науките за животот, што го надополнува нивниот мултидисциплинарен приод во работата, меѓународната перспектива и почитувањето на основната етика да им служат на своите локални, национални и меѓународни заедници. За студентите на медицина, ова е одлична можност да се надградат себеси преку практични вежби и примери што ги нудат овие курсеви. Секако, курсевите не ви обезбедуваат сертификати или диплома, ниту пак ви овозможуваат полесен влез на Универзитетот Тафтс, меѓутоа знаењето што ќе го стекнете е бесценето.rnrnHowStuffWorksScience – Самиот факт дека главното мото на сајтот е „ве правиме експерти за сè“, говори и повеќе од доволно. На овој сајт ќе најдете научни лекции и објаснувања (почнувајќи од теми за домот, културата и забавата, па сè до теми за наука, роботика и автомобилизам), и тоа повеќе отколку што можете да сортирате преку целата година.rnrnHarvard Medical School Open Courseware – Мисијата на Иницијативата за отворени курсеви при Медицинскиот факултет Харвард е да се разменуваат знаења од заедницата на научници од Харвард со други академски институции, идни студенти, како и со општата јавност. Еден од најпрестижните универзитети во светот нуди платформа за доживотна надградба за оние што се поврзани со Хардвард-заедницата. Секој член на факултетот Харвард, во кој било курс, може јавно да ја сподели неговата содржина со едноставно обележување на соодветните полиња на веб-сајтот, кои го идентификуваат ресурсот што се објавува на сајтот на универзитетот. Така се олеснува пребарувањето на темата која сакате да ја изучувате, може да го внесете името на курсот, шифрата или пак името на студентот што го поставил.rnrnKhan Academy – Над 1.200 видео лекции покриваат сè, од основна аритметика и алгебра до диференцијални равенки, физика, хемија и биологија. Кан-академијата има мисија да ви помогне преку практични примери да го научите она што сакате, кога сакате, учејќи со свое темпо. Има дури и курсеви што нудат најсовремени предавања во HD квалитет.rnrnOpen Yale Courses – Отворените курсеви на Јеил нудат предавања и други материјали од избрани курсеви на колеџот Јеил, кои се бесплатно достапни за јавноста преку интернет. Курсевите нудат цел спектар на либерални уметнички дисциплини, вклучувајќи хуманистички и општествени науки, како и физички и биолошки науки. Сите предавања имаат аудио и видео запис, а може да ги добиете и како текстови. Не е потребно да се регистрирате. Исто така, сите видео и аудио материјали се достапни и на YouTube и на iTunes.rnrnwebcast.berkeley – Секој семестар, универзитетот Беркли избира курсеви и настани кои можат да се проследат преку интернет. Курсевите се избираат по барање на посетителите на нивниот сајт. Нивните курсеви и предавања се предвидени како извори од коишто можат да учат и нивните студенти и јавноста. Може да пребарувате по семестри, по оддели или едноставно да ги погледнете сите курсеви, па да си изберете некој по ваша волја.rnrnUC San Deigo Podcast Lectures – Поткастинг-услугата (поставување аудио записи со одредени предавања на интернет) на универзитетот во Сан Диего, беше основана да им користи на нивните студенти. Објавите може да се преземат на крајот на секое тримесечје (во текот на 10-те седмици на есенско-пролетната сесија и 5 недели во текот на летото), после што се отстрануваат. На нивниот веб-сајт има листа на курсеви на кои може да се претплатите и објаснување како да ги следите. Ако ви се допадне некоја објава, претплатете се и преземете го предавањето. Откако некоја објава ќе се тргне, факултетот ретко одобрува нејзино реобјавување.rnrnJohns Hopkins OpenCourseWare – Проектот „отворен курс“ на училиштето за јавно здравство Џонс Хопкинс Блумберг, обезбедува пристап до содржините на нивните најпопуларни курсеви. Како што секојдневно ескалира предизвикот да се обезбеди светското здравје, училиштето чувствува морален императив да обезбеди еднаков и отворен пристап до информации и знаење во врска со пречките со кои се соочува јавното здравство и со нивното потенцијално решение. За да ги следите нивните програми, потребно е да се регистрирате и да ги прифатите нивните услови на користење.rnrnCarnegie Mellon Open Learning Initiative – Нема инструктори, нема кредити, не се наплаќа. Користете ги нивните само-водечки материјали и активности за да учите по сопствено темпо. Најдете курс за кој сте заинтересирани и кликнете „Join Class“ за да се приклучите. Ако сакате да го следите својот напредок, мора да се регистрирате. Има и опција „Peek in“ (ѕирни), преку која може да видите дали некој курс ви се допаѓа или не.rnrnUtah State OpenCourseWare – Отворените курсеви што ги нуди државниот универзитет Јута, САД, се збирка на едукативни материјали кои се користат во нивниот формален начин на студирање. Нивниот кампус се обидува да им обезбеди на луѓето од целиот свет, пристап до висококвалитетни можности за учење. На нивниот сајт ќе најдете курсеви поделени по насоки на студирање или пак едноставно, може да ги прегледате сите понудени опции и да си одберете соодветна. Исто така, овој универзитет нуди и можност да се здобиете со стипендија, иако сте учеле на нетрадиционален начин, преку нивните курсеви. За повеќе информации кликнете на овој линк.rnrnAMSER – AMSER (Applied Math and Science Education Repository) е портал за образовни ресурси и услуги, изграден специјално за употреба од страна на оние во Заедницата на техничките факултети, но е бесплатен за секој што сака да го користи. За да ги користите ресурсите на овој портал, мора претходно да се регистрирате со што ќе ви се овозможи да ги зачувате, организирате и да ги споделите курсевите што ве интересираат. Можете и да се претплатите и ќе добивате информации за новите курсеви коишто можеби ќе сакате да ги проследите.rnrnWolfram Demonstrations Project – Волфрам го доближува компјутерско истражување до најшироката можна публика. Проектот претставува ресурс со отворен код, кој креира динамични илустрирани пресметки кои ги појаснуваат концептите во областа на науката, технологијата, уметноста, финансиите и математиката. Бесплатен плеер ве води низ сите демо снимки и видео клипови. Ваше е само да се регистрирате.rnrnThe Science Forum – Научниот форум нуди многу активни научни дискусии и дебати. Откако ќе се регистрирате, може да пристапите на форумот, каде ќе сретнете најразлични размислувања на најразлични теми. Може да дебатирате со форумџиите ширум светот со кои делите слични интереси, кои може да ве упатат кон безброј линкови и сајтови во врска со темата што ве интересира.rnrnFree Science and Video Lectures Online! – Овој блог содржи колекција на видео предавања и лекции за науката и филозофијата. Тука може да сретнете сè што сте сакале да знаете за науката, на лесен и едноставен начин, преку курсеви, игри и експерименти. Има дури и наука за деца – како децата преку игра да ги откријат нејзините тајни. Покрај тоа, блогот нуди и листа на универзитети во чии програми е застапено студирањето на далечина.rnrnScience.gov – Владата на САД, преку овој сајт, ви дава можност да пребарувате во над 50 бази на податоци и во над 2.000 избрани веб-сајтови од 12 федерални агенции, кои нудат 200 милиони страници со научни информации, вклучувајќи истражувања и развојни резултати. Темите се групирани по автори, по датуми или пак се поделени на подтеми, сè со цел да ви се олесни пребарувањето. Исто така, поврзани се со извори на Википедија и може да си ги спуштите и да ги зачувате за свои потреби.rnrnThe National Science Digital Library – Националната научна дигитална библиотека  е онлајн библиотека за едукација и истражување од областа на науката, технологијата, инженерството и  математиката. Регистрирајте се и почнете со пребарување на сè што ве интересира. Мултимедијалните содржини од сајтот се достапни и на iTunes.rnrnEnviroLink Network – Мрежата ЕнвироЛинк е непрофитна организација и онлајн заедница која ги обединува организациите и волонтерите низ целиот свет. Оваа организација се занимава со споделување информации за животната средина. Уште од 1991 година обезбедува пристап до илјадници онлајн еколошки ресурси.rnrnGeology.com – Овде се споделуваат информации за геологијата и науките за Земјата, без надомест: статии, вести, мапи, сателитски слики, речник итн. Можете одблиску да се запознаете со работата на геолозите и да дознаете безброј интересни работи поврзани со нашата планета Земја, да погледнете спектакуларни фотографии од фосили или пак да дознаете нешто повеќе за ретките Земјини елементи.rnrnScitable – Ова е слободна научна библиотека и лична алатка за учење, која ја има создадено „Nature Publishing Group“, водечка издавачка агенција во светот на науката. Сајтот во моментов се концентрира на генетиката и клеточната биологија, вклучувајќи теми за еволуцијата и богатата комплексност на живите организми.  Scitable нуди ресурси кои ви помагаат да станете научник, со совети за ефективна научна комуникација и помош за избор на понатамошна кариера. Веб-сајтот, исто така, се очекува да се прошири и со други теми за учење и образование.rnrnLearningScience.org – Овој сајт претставува бесплатен софтвер за споделување понови и алатки во развој кои служат како помош за полесни предавања во областа на науката. Создаден подеднакво и за професорите и за студентите, сајтот ги нуди најдобрите научни извори на светот. Формулиран по стандардите на националната научна едукација, тој е истовремено истражувачки и рецензентски ориентиран.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn