КАФЕ ПАУЗА

Tag: крокодил

  • 10 факти кои ќе ви го сменат мислењето за одредени животни

    10 факти кои ќе ви го сменат мислењето за одредени животни

    Сите знаеме по нешто за животните, но најчесто тоа се само површни познавања. Затоа сме склони кон создавање на стереотипи за нивниот карактер и можности. Овие 10 факти ќе сменат дел од таквите мислења.rn

    1. Пит булот не е толку лош колку што се мисли

    rnПит булот има углед на лошо и агресивно куче кое често ги напаѓа луѓето, ги повредува, а во некои поретки случаи може и да убие. Не му помага ниту тоа што е познато дека е создаден преку вкрстување на повеќе раси кучиња со цел да се создаде една суперсилна и воинствена раса која ќе се користи во борбите со кучиња. Сепак, колку и да звучи неверојатно, пит булот не е природно поагресивен од кое било друго куче. Тие често пати се дресирани во насока да бидат борбени, но не се родени такви. Големиот број повреди кои ги предизвикуваат доаѓаат поради тоа што ја имаат најсилната вилица меѓу кучињата. Не е исто дали човек ќе биде каснат од пит бул, од златен ретривер или од пудлица. Пит булот има најголеми шанси да предизвика повреда во вакво друштво, но не поради некаква агресивна природа.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    2. Мравките можат да помогнат во лекувањето на рани

    rnАнтичките цивилизации кои во нивно време сè уште не знаеле како да ги третираат отворените рани, ги користеле мравките во своја корист. Малите вредни инсекти можат да ја заклучат вилицата исто како пит булот, па таа нивна сила древните лекари ја користеле во времето кога шиењето на отворените рани им било непознато. Тие оставале мравка да се врзе со раната, па и ја кинеле главата која останувала на раната наместо конец. Овој метод се користел пред околу 3000 години.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    4. Комодо змејовите се физички послаби отколку што се мисли

    rnОвие големи застрашувачки суштества, кои изгледаат како времето на диносаурусите да се вратило, даваат впечаток како да се најсилното нешто кое чекори по светот. Иако може да порасне и до три метри во должина, каснувањето на овој ѕвер не е посилно од она на домашните мачки. Се вели дека ако тој се обиде да скрши нешто со својата вилица, попрво ќе си го скрши сопствениот череп обидувајќи се. Но сето ова не значи дека не е опасен по животот. Тој, всушност, има многу силен отров кој го намалува крвниот притисок, ја проретчува крвта и не им дозволува на раните да се засират.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    4. Крокодилот танцува кога сака да ја привлече женката

    rnКрокодилот има заслужен углед на суров убиец од кого нема спас штом еднаш стигне до пленот. Но, кога е „заљубен“, тогаш покажува понежен карактер. За да ја привлече женката кон себе тој изведува еден вид стомачен танц. Стои на едно место во водата, притоа „мешајќи“ со стомакот на нему својствен начин.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    5. На малите лавчиња им е многу тешко да преживеат

    rnЖивотот на малите лавови започнува со многу љубов од своите родители, но штом наполнат две години се смета дека се доволно зрели да започнат самостоен живот. Всушност, по лавовски стандарди тие сè уште се деца, но во нивниот свет преживуваат само најхрабрите и најсилните и затоа треба да поминат некои тестови. Оставени се сами на себе во џунглата и треба самите да најдат начин да преживеат. Кога ќе дојдат до доволна зрелост за да оформат своја глутница, тие прво треба да се справат со конкуренцијата чија територија ја посакуваат, а притоа треба и да им ги убијат сите малечки. Потоа можат на раат да бидат кралеви во своето кралство.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    6. Мравојадот е крволочен

    rnМравојадите се мирни суштества, речиси слепи и немаат заби. Се движат тромаво опипувајќи ја околината воглавно со сетилото за мирис. Но, сепак се поопасни од пит булот. Забележани се повеќе случаи во кои тој со своите моќни канџи нанесува тешки повреди на оние кои ќе му се најдат на патот додека лови мравки. Постои дури и еден случај во кој на еден човек во Бразил му ја скинал артеријата во ногата, по што тој искрварил до смрт. Инаку, мравојадот живее само на двата американски континенти.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    7. Комарците се најголемите убијци на светот

    rnНе се само растурачи на убавото расположение во летните попладниња и ноќи, туку убиваат повеќе луѓе од кое било друго животно. Иако луѓето повеќе се плашат од средба со змија, ајкула или волк, сепак комарците се вистинските сериски убијци. Преку пренесување на разни вируси годишно убиваат околу три милиони луѓе, најголем дел од нив во Африка. Со тоа имаат повеќе жртви отколку сите други животински видови заедно.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    8. Биковите се далтонисти

    rnЗа многумина првата асоцијација за биковите е коридата и бркањето на црвеното платно од страна на разулавеното животно. Тоа е доста чудно, ако се знае дека биковите не можат да ги распознаваат боите. Mythbusters го истражиле тоа и заклучиле дека животното нема поим дека она што му се покажува пред носот има црвена боја. Тој всушност е иритиран од тресењето на платното од страна на тореадорот и затоа напаѓа.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    9. Кенгурите се големи тепачи

    rnКога жените се во прашање, кенгурот станува многу посесивен и жестоко го брани она што смета дека е негово. Имаат многу силни нозе кои им овозможуваат лесно да потскокнуваат и затоа можат да бидат одлични кикбоксери. Овие мили животни можат да му скршат коска на противникот, па дури и да го убијат. Прво ги користат рацете обидувајќи се да го зграпчат, а кога ќе успеат во тоа напаѓаат со силните нозе. Иако изгледаат слатко, сепак се работи за големи и вешти тепачи.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животниrn

    10. Кокошките можат да донесат технолошки напредок

    rnКокошките можат да му бидат многу корисни на светот, но не за да го најадат. Научниците успеале во нивните очи да најдат нешто што е прагот кон нови технолошки откритија. Имено, во мрежницата на окото на секое суштество има конусни клетки кои се распоредени по одреден ред, но кај кокошките тоа не е случај. Нивните конусни клетки се хаотично распоредени, а тоа што тие сепак гледаат добро ги тера научниците да истражуваат како можат да го искористат овој податок. За сега сметаат дека можат да пронајдат технологија за пренос на светлина која ќе има ефикасност како кристал и флексибилност како течност.rnrn10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

  • Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Топ 10 научни откритија за 2011 година

    Ова е листа на најголемите научни откритија во 2011-та година според најпопуларните вести на National Geographic.rn.rn

    1. Откриена авионска несреќа во Областа 51

    rnОбласта 51 е создадена од страна на американската влада за време на студената војна. Местото било под врвна безбедносна заштита и токму тука тие ги вршеле сите авионски тестирања. Оваа година е откриено постоењето на прототипот А-12 чија хаварија се случила во 1963-та година. А-12 бил скоро невидлив за радарот и летал со 3.540 км на час. Со таква брзина тој можел да ја прелета територијата на Америка за само 70 минути.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    2. Пронајдена ретка ајкула „киклоп“

    rnОва чудно суштество било пронајдено во Мексико во октомври. Овој фетус е долг 54 см и има само едно око сместено на врвот на главата. Оваа појава е позната како киклопија, којашто се јавува кај некои животински видови, вклучувајќи го и човекот. Постојат документирани докази за постоењето на ваков вид ајкули, но само додека се во ембрионалниот развој, односно кога се внатре во матката. Тоа укажува дека надвор од неа тие не можат да преживеат. Но, ова било така сè додека не го пронашле овој вид во водите на мексиканскиот залив. Научниците имаат уште многу да учат.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    3. Повторно активирање на супер вулкан во Јелоусотоун, Америка

    rnВо Националниот парк Јелоустоун, супер вулкан повторно се активирал со што предизвикал поткревање на земјиште од неколку милји, потврдиле научници во јануари. Вриечкиот вулкан предизвикал моќни ерупции, многу поголеми од катастрофалните вулкански ерупции на планината Св. Хелена во 1980 година.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    4. Фатен најголемиот крокодил?

    rnПо 3-неделно бркање, на Филипините е фатен најголемиот крокодил кој е долг 6,4 метри и тежи 1.075 килограми. Се претпоставува дека овој крокодил е одговорен за напад на неколку луѓе и за смрт на двајца. Досега, Гинисовиот рекорд го држеше Австралиски крокодил, долг 5,4 метри. Сега тој рекорд е срушен.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    5. Нов вид печурка создава „зомби“ мравки

    rnНов вид од фунгите Ophiocordyceps camponoti-balzani расте на главата на мравките со што им дава чуден изглед. Првично се мислело дека тоа е формација од еден вид, но потоа било откриено дека се работи за микс од 4 видови, кои всушност имаат контрола врз умот на мравките. Овие видови ја инфицираат мравката, ù го „окупираат“ мозокот и кога ќе најдат идеална локација за развивање на спорите го убиваат инсектот.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    6. Фатена најголемата бела ајкула

    rnВо заливот на мексиканскиот остров Гвадалупе е фатена најголемата риба на светот, белата ајкула. Ајкулата е долга 5,5 метри и го соборува претходниот рекорд за најголема ајкула која била долга 5,1 метар.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    7. Откриена планета погодна за живот

    rnNASA овој декември го потврди постоењето на можен близнак на нашата планета, кој е оддалечен 600 светлосни години. Планетата кружи околу своето Сонце, исто како и нашата и е откриена со помош на Кеплеровата вселенска мисија. Голдилок-зоната (населива зона) на површината на оваа планета е појасот каде не е ни премногу жешко ни ладно и е можен развој на жив свет.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    8. Ископан древен град на Маите

    rnАрхеологот Бриџит Ковачевич, во близина на тунел кој водел до античка пирамида, открил остатоци од град на цивилизацијата на Маите. Овој град се наоѓа длабоко во џунглите на Гватемала. Со помош на џипиес и електронски уреди, научниците полесно стигнале до овие остатоци и откриле неколку пирамиди, опсерватории и други структури.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    9. Пронајден е мечот на Црнобрадиот?

    rnМоже ли оваа позлатена урна да биде дел од мечот на познатиот пират од 18-от век, Црнобрадиот? Не може со сигурност да се знае, но се претпоставува, со оглед на тоа дека е откриена во Северна Каролина крај остатоците од бродоломот, кој се верува дека е како резултат на одмаздата на кралицата Ана.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn

    10. Пронајдена планета слична на Земјата

    rnОткриена е нова планета која е многу слична на Земјата и е на одалеченост од 36 светлосни години. Камената планета со доволно облаци може да биде погодна за живот. Наречена HD85512b, оваа планета била забележана како орбитира околу портокалово џуџе-ѕвезда во соѕвездието Вела, а е видена од HARPS во Чиле.Топ 10 научни откритија за 2011 годинаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.