КАФЕ ПАУЗА

Tag: криминалец

  • Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

    Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

    Група од интергалактички криминалци се приморани да работат заедно со цел да го спасат универзумот

    rnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)Режија: Џејмс ГанrnrnУлоги: Крис Прет, Вин Дизел, Бредли Купер, Зои Салдана, Дејв БаутистаrnrnВреметраење: 121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 август 2014rnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЗарем некој би помислил дека Марвел би направиле лош филм? Станува збор за легендарниот отпадник „Star-Lord“, човек од планетата Земја чие вистинско име е Питер Куил (Крис Прет). Тој како мал бил киднапиран од страна на вонземјани, кои потоа го одгледале како свој и го претвориле во криминалец. Уште во првите неколку моменти ќе можете да забележите дека Питер има уникатна способност да западне во неволја, но исто така и без проблем да се извлече од неа.rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnТоа нè води и до настанот кој ќе му го промени животот. Тој ќе успее да украде нешто што доколку западне во погрешни раце, може да значи крај за целиот универзум. Токму оваа кражба и ќе го одведе во затвор, каде што ќе се запознае со уникатна група на криминалци. Овие криминалци многу брзо ќе побудат нова страна во него, онаа човечката, која не мисли само на профит, па токму затоа неговиот живот ќе тргне во нова насока. Кој би рекол дека една група криминалци, кои сами по себе се толку опасни, заедно би можеле да си влијаат да бидат подобри, а со тоа и да станат бранители на целиот универзум?rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnЕдинствената причина зошто овој филм нема оценка 10-ка е фактот што на моменти приказната делува малку избрзано. Премногу голем акцент се става на акцијата и специјалните ефекти, па токму поради тоа се добива чувство како да не откриваме сè што ни е потребно за подобро да ги разбереме ликовите и нивните постапки. Од друга страна пак, она што нас нè освои кај овој филм е неверојатниот саундтрак. Питер Куил, кој постојано слуша музика на неговиот вокмен, нè навраќа на прекрасните песни од 60-тите до 80-тите години и токму поради тоа се издвојува од другите филмови од овој жанр.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Црната листа (The Blacklist)

    ТВ серија: Црната листа (The Blacklist)

    Најбараниот човек во светот одеднаш се предава на ФБИ и ја нуди својата „црна листа“ како помош во потрагата по некои од најозлогласените криминалци ширум светотrnrnТВ серија: Црната листа (The Blacklist)Главни улоги: Џејмс Спејдер, Меган Бун, Хери Леникс, Диего КлатенхофrnrnЖанр: криминалистика, акција, мистеријаrnrnКреатор: Џон БокенкампrnrnПремиера: 23 септември 2013rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn

    rnЗамислете дека работите во ФБИ и дека ова ви е само уште еден сосема нормален ден. Доаѓате на работа и започнувате со своите секојдневни обврски. Ги погледнувате вашите колеги кои си ја „бркаат“ својата работа и во себе си помислувате дека и овој ден ќе ви помине монотоно. Но, одеднаш и без никакво предупредување, на вашето работно место се појавува еден од најбараните светски криминалци, го кажува своето име, ги крева рацете во воздух и чека да биде уапсен. Што би помислиле во тој момент?(2) ТВ серија: Црната листа (The Blacklist)Рејмонд Редингтон (Џејмс Спејдер) е поранешен агент кој живеел „под радарот“ речиси 20 години. Тој успешно ги завршувал своите нелегални зделки, бегал од полицијата и постојано бил на еден чекор пред нив. Но, Редингтон од за нас сè уште непознати причини решава да ја смени својата игра. И што е уште поинтересно, тој вели дека има информации за еден баран терорист кои би сакал да ги сподели со ФБИ, но само под услов да разговара со агентката Елизабет Кин (Меган Бун).ТВ серија: Црната листа (The Blacklist) ТВ серија: Црната листа (The Blacklist)Елизабет или Лизи, како што ја викаат најблиските, токму тој ден започнува со работа како специјален агент. Коинциденција, или можеби сепак не? Таа се сретнува со Редингтон и веднаш сфаќа дека тој знае застрашувачки многу работи за неа и за нејзината фамилија, интимни работи кои никој не би требало да ги знае. Исто така тој ја предупредува дека во текот на денот еден познат терорист ќе ја киднапира ќерката на еден генерал. Елизабет го прашува дали треба да му верува, а тој ѝ вели: „Секако дека не. Јас сум криминалец.“ Но, сепак излегува дека тој е во право и откако нема да успее да го заштити девојчето, таа решава да побара помош од него во нејзината потрага.ТВ серија: Црната листа (The Blacklist) ТВ серија: Црната листа (The Blacklist)Она што е навистина интересно и различно во оваа ТВ серија е тоа што е обвиена со премногу мистерија. Како што ќе поминуваат сцените така вие сè повеќе ќе сфаќате дека навистина не знаете што се случува. Секоја нова сцена ви носи нови прашања – која е Елизабет, дали таа крие нешто во врска со нејзиното минато, која е нејзината поврзаност со Редингтон… На еден момент дури ќе помислите и дека нејзините најблиски можеби не се оние кои се претставуваат дека се.rnrnА што се однесува до Редингтон, уште веднаш може да се забележи дека неговата цел не е онаа која што тој вели дека е. Тоа е уште едно прашање кое дополнително ја зачинува оваа неверојатно комплицирана приказна. „Црната листа“ е навистина одлична ТВ серија за која вреди да одвоите дел од вашето време.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најпознатите криминалци во историјата

    Најпознатите криминалци во историјата

    Нема некој кој не слушнал за славниот Ал Капоне, но дали знаете за што всушност бил обвинет овој гангстер? Или кој се крие зад прекарот „Били Кид“? Ова се најпознатите криминалци кои човештвото ги памети. Најпознатите криминалци во историјата

    rnrn

    Били Кид

    rnВилијам Бони (1859-1881), познат како Били Кид, бил еден од најпознатите пиштолџии на Дивиот Запад. Учествувал во војната во округот Линколн, во Ново Мексико, каде што во 1880 година бил фатен и осуден на бесилка, но успеал да избега. Подоцна шерифот Пет Гарет го пронашол Били Кид и го убил. Се претпоставува дека Били Кид убил 21 човек, по еден за секоја година од неговиот живот, но според поновите информации, бројката е сведена на 9 луѓе. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Крвавата Мама

    rnКејт Ма Баркер (1873-1935), позната уште како Крвавата Мама (Bloody Mama), била лидер на бандата Баркер–Карпис во периодот помеѓу 1931 и 1935 година. Дел од криминалната банда која извршила безброј убиства, грабежи и киднапирања низ Америка, биле и нејзините пет деца кои несомнено биле убијци. На 16 јануари 1935 година Крвавата Мама и нејзиниот син Фред биле убиени од страна на ФБИ. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Ал Капоне

    rnАлфонсо Габриел Капоне (1899-1947), познат како Ал Капоне, е најпознатиот американски гангстер кој се занимавал со коцкање, проституција и шверц на алкохол. Најголемиот масакр кој Ал Капоне го направил, бил масакрот во подземјето на 14 февруари 1929 година, кога ги убил речиси сите членови на противничката гангстерска банда. И покрај многуте злосторства што ги извршил, завршил во озлогласениот затвор Алкатраз, само заради затајување данок. Откако целосно го загубил здравиот разум, починал во својот дом на 25 јануари, како резултат на подоцнежна фаза на сифилис. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Бони и Клајд

    rnНајпознатиот гангстерски пар, кој во 1967 година беше прикажан на големото платно преку Ворен Бити и Феј Данавеј, го сочинуваа Бони Паркер (1910-1934) и Клајд Бароу (1909-1934). Оваа љубовна двојка ја предводеше бандата на Бароу во серија грабежи и убиства во централниот дел на САД, помеѓу 1931 и 1934 година. Славниот пар завршил многу неславно кога биле убиени во заседа од страна на полициските службеници во руралниот дел на Луизијана во 1934 година. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Убавото момче Флојд

    rnЧарлс Флојд (1904-1934) станал познат како Убавото момче Флојд, откако еден сведок на негов грабеж го опишал како „убаво момче со образи како јаболки“. Но Флојд отсекогаш го мразел тој прекар. Тој негирал дека бил вмешан во нападот во Канзас Сити во 1933 година, кога биле убиени четворица полицајци. Но и покрај тоа, Флојд бил застрелан од агентите на ФБИ во Оклахома во 1934 година. Неговиот погреб, на кој се смета дека присуствувале помеѓу 20.000 и 40.000 луѓе, бил еден од најголемите погреби во историјата на Оклахома. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Тројцата затвореници од Алкатраз

    rnИако многумина се обиделе, само тројца затвореници успеале да избегаат од Алкатраз и никогаш да не бидат повторно фатени. Френк Ли Морис (1926-1962), Кларенс Англин (1931-1962) и Џон Англин (1930-1962) се тројцата учесници во бегството од озлогласениот Алкатраз кое се случило во јуни 1962 година. Тие ги ископале ѕидовите од ќелиите, се движеле по вентилацијата и допловеле до заливот во Сан Франциско со помош на сплав кој самите го направиле. Никогаш повторно не биле видени.Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Ли Харви Освалд

    rnЛи Харви Освалд (1939-1963) наводно го извршил атентатот врз претседателот Џон Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година. Според разни владини истраги, Освалд испукал три куршума од еден прозорец во Тексас, кон поворката во која бил Кенеди. Меѓу другото, Освалд бил уапсен и за убиство на полициски службеник. Тој бил убиен два дена подоцна од страна на сопственикот на еден локален ноќен клуб, Џек Руби. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Џејмс Ерл Реј

    rnЏејмс Ерл Реј (1928-1998) бил осуден за убиство на Мартин Лутер Кинг Помладиот во Мемфис во 1969 година. По атентатот, Реј избегал од САД во Лондон, каде што бил фатен. Тој се изјаснил како виновен за убиство и добил 99-годишна затворска казна. Подоцна ја повлекол својата исповед и избегал од затвор во 1977 година, но бил фатен три дена подоцна. Реј починал во затвор во 1998 година. Најпознатите криминалци во историјатаrn

    Џејмс Холмс

    rnЏејмс Е. Холмс (роден 1987 година) е осомничен за масовното убиство во кое загинаа 12 лица, а повредени се уште 58 други, за време на прикажувањето на премиерата на филмот „The Dark Knight Rises“, на 20 јули 2012 година. За него се покренати дури 142 обвиненија кои вклучуваат убиство од прв степен, обид за убиство и експлозиви. Најпознатите криминалци во историјата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 интересни факти за Ал Капоне

    5 интересни факти за Ал Капоне

    На 17 јануари 1899 година, италијански пар на емигранти (Габриел и Тересина), во Бруклин (Њујорк), на свет донесоа машко бебе. 14 години подоцна, синот на италијанскиот пар, се откажува од Католичкото училиште, поради расправија со професор и започнува да се занимава со секаков вид криминал и притоа станува еден од најпознатите гангстери во историјата. За кого зборуваме? Ал „Скарфејс“ Капоне, се разбира.rnrn(1) 5 интересни факти за Ал КапонеrnrnГолем број режисери и сценаристи од Холивуд, ја прераскажувале приказната за Капоне безброј пати, но колку навистина знаете за озогласениот криминалец?rnrnЕве 5 интересни факти за Ал Капоне:rn

      rn011

    • Омилен пијалак на Капоне му бил Темплетон виски од ‘рж, кој потекнува од истоимениот град во Ајова;
    • rn011

    • Специјално опремениот и блендиран Кадилак на Капоне е запленет од Американското министерство за финансии во 1932 година и подоцна е користен како примарна лимузина на Франклин Рузвелт;
    • rn011

    • Капоне го добил прекарот „Скарфејс“ по една тепачка во локален бар на Кони Ајленд, при што заработил три длабоки расекотини на неговата лева страна од лицето;
    • rn011

    • Иако сите го препознавале по неговиот надалеку познат прекар „Скарфејс“, неговите најблиски пријатели го викале „Снорки“ (Snorky);
    • rn011

    • Откако претрпел физичка и ментална пропаст како резултат од невросифилис (мозочна инфекција), Балтиморскиот и воедно личен психијатар на Капоне, извршил тестови коишто покажале дека менталната состојба му се намалила до степен на 12 годишно дете.
    • rn

    rnКапоне умира на 25 јануари 1947 година од срцев удар.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.