КАФЕ ПАУЗА

Tag: креативни

  • 5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаете за нив

    5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаете за нив

    Денес ретко ги сметаме екстровертите за креативни луѓе. Најчесто ги гледаме како луѓе кои сакаат да се забавуваат, кои се пријателски настроени и кои постојано сакаат да бидат со своето друштво. Вистината е дека екстровертите се „полнат“ со енергија кога се во друштво, додека интровертите го прават тоа во самотија.rnrn5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаетеrnrnСепак, не значи дека широкото мислење за екстровертите е точно. Многумина од нив не уживаат во забави и имаат навистина креативна страна. Па, погледнете кои се нештата што креативните екстроверти сакаат да ги знаете.rn

    1. Тие разговараат со цел да развијат нови идеи

    rnЕкстровертите размислуваат најдобро додека разговараат. Често им се разјаснуваат работите додека зборуваат за нив. Освен самите ако не нагласат, тие не очекуваат нивните зборови да ги сфатите како ветувања или факти. Она што го кажуваат може да има само потенцијал, но не значи дека е точно. Исто така она што го кажуваат често може да звучи и како заповед, иако целта воопшто не им е да ве контролираат или да ги сфатите така. Тоа е само нивната брза и директна навика за зборување.rn

    2. Добиваат инспирација од другите луѓе

    rnИнтровертите подобро работат и креираат кога се сами. Но, креативните екстроверти сакаат да ги споделат нивните идеи со другите и се стимулирани од туѓите коментари. Многу често тие не можат да се фокусираат на нешто доколку немаат со кого да разговараат за тоа. Додека интровертите не сакаат да ги набљудуваат кога прават нешто, на екстровертите ова им годи.rn

    3. Ги ценат вреднувањата, но и негативните критики

    rnКреативните екстроверти сакаат да го слушнат туѓото мислење за она што го работат. Им се допаѓаат пофалбите, но ги прифаќаат и негативните критики. Најчесто ги гледаат како мотивација за да се подобрат. Според нив, најлошото нешто што може да им се случи е да не добијат никаков одговор.rn

    4. Кај нив не постои суптилноста

    rnЕкстровертите не сакаат да се смират или да се релаксираат. Нив им се потребни стимулирачки активности и опкружување. Потребна им е страст во нивните животи. Тие уживаат во оваа енергија, па не треба воопшто да се обидувате да ги „смирите“. За нив мирот и тишината можат да бидат како вистински затвор. Разни нешта им се допаѓаат на разни луѓе и секој си има своја дефиниција за среќа. Ентузијазмот навистина ги расположува екстровертите, додека сентименталноста може да ги замори. Тие сакаат да бидат со личности пред кои можат да го покажат нивното вистинско лице.rn

    5. Ја ценат повлеченоста на другите луѓе

    rnНа екстровертите им се допаѓа способноста на другите да се воздржат додека тие не можат да престанат да се смеат. Исто така, трпеливоста и стабилноста се одлики што навистина ги сакаат кај другите. Не очекуваат вие да се однесувате како нив и тоа не значи дека сте помалку забавни од нив. Им годи да бидат во центарот на вниманието и не им пречи доколку вие сте потивки од нив.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека не сте интроверт, туку навистина чувствителен екстроверт.

  • Талентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци

    Талентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци

    Креативноста е многу важен дел од човечкиот живот, па затоа таа се поттикнува уште во детството преку училишните предмети како што се ликовно и музичко. Децата уште во градинка добиваат задачи да цртаат, бојат и да прават рачни изработки. Постојат многу начини на кои може да се развива креативноста: Сликање, свирење музички инструмент, пеење, пишување поезија или раскази, измислување нови работи и слично. Да не постоеја креативните поединци, животот на луѓето ќе беше многу поедноличен и посиромашен.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrnrnКреативните луѓе се слободоумни, постојано ги прошируваат своите хоризонти и добиваат нови идеи. Замислете си свет каде што никогаш ништо не се менува и секој ден е ист како претходниот. Здодевно, се согласувате?rnrnПа, сега кога ви докажавме дека креативноста е од големо значење во животот на луѓето, време е да дознаете кои се 5-те најкреативни хороскопски знаци. Секако дека сите луѓе се креативни на свој начин, но следниве знаци едноставно зрачат со креативна енергија! Во продолжение прочитајте кои се тие…rn

    Бик

    rnИмате многу енергија и најдобриот издувен вентил за вас е создавањето нешто креативно. Ви постојано создавате нешто: Уметничко дело, приказна, дизајн за ентериер… Најважно е тоа што верувате во себе и секогаш ги завршувате работите што сте ги започнале. Некои од најпознатите креативци родени во знакот Бик се Одри Хепберн и Шекспир.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrn

    Лав

    rnПостојано сакате да пробувате нови работи и да бидете зафатени. Тоа значи дека ја покажувате креативноста на милион различни начини. Секогаш смислувате нови, подобри стратегии за да стигнете до крајната цел и знаете како да си го организирате времето. Деми Ловато е една од славните Лавици и таа ја покажува својата креативност преку пеењето, пишувањето текстови, глумењето и залагањето за разни цели.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrn

    Девица

    rnВие уживате во читањето добри книги и затоа не е воопшто чудно тоа што вашата креативноста се јавува во различни форми. Обрнувате внимание на најситните детали и можете да ги забележите дури и најмалите разлики. Вие навистина знаете како да им вдахнете живот на работите, па затоа вашата креативност најдобро се отсликува преку пишаниот збор. Вие би можеле да им помогнете на читателите да го доживеат она што го читаат. Некои од најпознатите класични писатели родени во знакот Девица се Роалд Дал, кој ја напишал „Чарли и фабриката за чоколадо“ и Стивен Кинг, авторот на хорор романите „Кери“ и „Сјаење“.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrn

    Јарец

    rnВие вложувате многу труд за да успеете и никогаш не ги оставате работите недовршени. Но, во која област можете најмногу да блеснете? Музиката. Можеби се работи за пишување текстови, свирење инструмент или пеење, но сигурно веќе сте ги пробале сите овие работи и сте покажале успех во сите нив. Музиката ви помага да ги изразите вашите емоции и постојано барате нови можности за да создавате музички дела и сакате да ја користите музиката на нови и интересни начини. Елвис Присли, Дејвид Боуви и Џон Леџенд се само дел од Јарците кои се успешни музичари.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrn

    Риби

    rnРибите се многу креативни и поседуваат уникатен уметнички талент. Тие исто така се длабоко поврзани со музиката, но не потфрлуваат и во другите креативни вештини како што се цртањето, пеењето и танцувањето. Стив Џобс и Ријана се само дел од многуте успешни и креативни припадници на знакот Риби.rnrnТалентирани и инспиративни: Дознајте кои се 5-те најкреативни хороскопски знациrnrnВо продолжение прочитајте кои се 7-те најдобри карактеристики на секој хороскопски знак.

  • Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

    Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

    Оние кои обожаваат книги секогаш ќе сакаат да испробаат нови начини на нивно уредување. Покрај основните и вообичаените полици кои ги имаат повеќето, вреди да ја искажете вашата креативност и да создадете нешто необично, затоа што вашите книги заслужуваат да им посветите внимание! Погледнете ги овие идеи кои ќе можете да ги искористите за во вашиот дом.rn

    1. За сите оние кои обожаваат да се шегуваат

    rnКреативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот домrnrnОвие полици освен што служат за редење книги, имаат и своја забавна страна: Малата библиотека која е на ниво на земјата се врти, па води во детската соба на горниот кат. Овие интересни полици биле дизајнирани од архитектот Мет Вајт за неговото семејство.rn

    2. За оние кои обожаваат топла атмосфера

    rnКреативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот домrnrnОвие полици се сместени на ѕидот, а во средина помеѓу нив се наоѓа шпорет на дрва, што дополнително ја прави атмосферата потопла и поопуштена.rn

    3. За мрзливите

    rnКреативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот домrnrnОваа фотелја „со библиотека“ е дизајнирана од италијанскиот бренд Nobody&Co и ви овозможува сите омилени книги да ви бидат буквално на дофат. Не мора да станувате, за да ја изберете наредната за читање. Оваа е паметна идеја и доколку имате мал простор во вашиот дом.rn

    4. За оние кои имаат високи тавани

    rnКреативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот домrnrnАко имате поголем простор на вашиот ѕид, тогаш не двоумете се истиот да го пополните со полици за книги. Секогаш е добро да погледнете дека вашиот ѕид од подот до таванот е исполнет со книжевно богатство.rn

    5. За оние кои не обожаваат да стануваат од креветот

    rnКреативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот домrnrnАко сакате да не се разделувате од вашиот кревет, тогаш додавањето полици зад него е одлична идеја.rnrnСвртете на наредната страница за да погледнете уште креативни идеи.rn

  • 15 креативни билборди ширум светот

    15 креативни билборди ширум светот

    За да го привлече вниманието на луѓето, рекламата мора да биде оригинална и добро смислена. Покрај другото, големо влијание тука има и креативноста, која има за цел не само да го рекламира производот или услугата, туку и да ги насмее и да ги забавува минувачите. Погледнете ги овие уникатни билборди кои не би можеле да ги заборавите откако еднаш ќе поминете покрај нив.rn

    1. Национално осигурување, САД

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnВерувале или не, овој билборд не е реклама за боја, туку е дел од кампањата „Животот доаѓа брзо“, создадена од националното осигурување. Како што може да се забележи, бојата изгледа како да истекла надвор од билбордот, покривајќи ја едната страна од зградата, голем дел од паркингот, па дури и неколку автомобили.rn

    2. Олстејт, Чикаго

    rn15 креативни билборди ширум светотrnrnОваа реклама за осигурување за автомобили покажува како возило виси од едната страна на кулата. Кој и да е сопственикот, дефинитивно автомобилот не е „во добри раце“.rn

    3. Формула, Индонезија

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnОвој билборд е создаден за да се потенцира идејата дека пастата за заби Формула „гради цврсти заби“. Како што можете да видите, наместо да биде користен убав модел со бисерно бели заби, овој билборд покажува човек чиишто заби се толку силни, што тој дури ја влече рекламата.rn

    4. Олдтајмер, Австрија

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnКолку често ги забележувате билбордите кога минувате по патот? Па, ако возите низ овој тунел во Австрија, дефинитивно нема да можете да го пропуштите овој билборд, затоа што буквално поминувате низ самата реклама.rn

    5. Тајленол, Канада

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnОвој билборд е дизајниран за да укаже на тоа дека лекот Тајленол може да ви помогне да ја надминете главоболката и да се „вратите во нормала“. Преку креативната употреба на силната топка, овој билборд покажува колку е сериозна главоболката кај луѓето, како и ефикасноста на лекот.rn

    6. Панасоник, Индонезија

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnСо цел да ја рекламира машинката за отстранување влакна во носот, Панасоник го создал овој билборд. Тој ги користи каблите за да покаже колку им е потребна оваа машинка на луѓето, истовремено додавајќи и малку хумор.rn

    7. Економист, Велика Британија

    rn15 креативни билборд реклами ширум светотrnrnОвој билборд чувствува кога човекот поминува под сијалицата, па таа се вклучува, што има за цел да пренесе порака дека читањето на овој весник може да ви донесе многу идеи.rnrnПогледнете уште креативни билборди на наредната страница…rn

  • 20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија

    20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија

    Дали чувствувате дека вашата канцеларија станува досадно место каде што ви недостига позитивност и креативност? Доколку е така, тогаш погледнете ги овие 20 интересни работи што ќе ви помогнат да внесете дополнителна радост и удобност, а со чија помош ќе направите и вашиот работен ден да помине многу побрзо. Овие предмети се креативни, а истовремено и многу функционални, па, дефинитивно ќе сакате да ги поседувате!rn

    1. Лепливи белешки кои се тркалаат

    rnПовеќе немате потреба да ги барате сите оние мали ливчиња расфрлани низ вашето биро.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    2. Флексибилни каиши за складирање

    rnИмајте ги на дофат сите потребни предмети со помош на овие ремени кои дополнително ќе ви заштедат и простор.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    3. Белешки во форма на часовник

    rnОдличен потсетник што ќе ви овозможи никогаш повеќе да не заборавите некој настан или да извршите некоја обврска.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    4. Маса од хартија

    rnОвој производ прави соработувањето и споделувањето идеи да биде многу полесно.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    5. Ролна за белешки

    rnИскористете го точниот износ хартија кој ви е потребен. Навистина одличен дизајн!rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    6. Мини градина

    rnОдличен начин да се опуштите и да додадете позитивна енергија на вашето биро.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    7. Смешни лепливи белешки

    rnИнтересен начин за да комуницирате со вашите колеги.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    8. Импровизирана лежалка за вашите нозе

    rnСонот станува реалност! Одморете си ги стапалата со помош на импровизираната лежалка што ќе ја поставите под вашето биро.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    9. Личен мини фрижидер

    rnСовршен за чување на омилената храна, или пак можеби некои пијалаци.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rn

    10. Скришен прекинувач

    rnКликнете и скријте ги апликациите и оние содржини кои не се поврзани со работата, во моментот кога ќе поминува вашиот шеф.rnrn20 интересни и функционални додатоци за вашата канцеларија rnrnПогледнете уште 10 интересни идеи на наредната страница…rn

  • Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Најкреативните клупи и места за седење ширум светот

    Многу работи го дефинираат изгледот на еден град: Згради, мостови, паркови, скулптури… па дури и клупи! Да, тоа е вистина. Оваа едноставна форма на „јавен мебел“ може да додаде прекрасен изглед на некое место. Погледнете ги овие необични дизајни на клупи кои докажуваат дека креативноста може да ги трансформира дури и најздодевните улици во пријатна јавна дневна соба. Без разлика дали таму ќе го јадете вашиот оброк или ќе го имате вашиот прв состанок, овие неверојатни клупи со сигурност ќе ви го разубават денот.rnrn

    Интересна клупа во Луксембург
    Интересна клупа во Луксембург
    rnrn

  • Како нашиот мозок создава креативни и оригинални идеи?

    Како нашиот мозок создава креативни и оригинални идеи?

    Според истражувачите, креативноста е способност да размислуваме на нови и оригинални начини за решавање на проблемите. Но, не секое ново решение е креативно. Ако идејата не е целосно применлива, тогаш не се смета за креативна, туку како конзервативна. Претпоставка на истражувачите е дека за да биде создадена креативна идеја, мозокот мора да активира многу различни, а понекогаш и контрадикторни мрежи.rnrnrnrnВо првиот дел од истражувањето на испитаниците им била дадена половина минута да дојдат до нова и оригинална идеја за употреба на различни објекти. Добиените одговори биле со висок процент на оригиналност. Во вториот дел од истражувањето од испитаниците било побарано во рок од половина минута да го дадат нивниот најдобар карактеристичен (и прифатлив) опис на дадениот објект. Во текот на истражувањето сите испитаници биле скенирани со помош на функционална магнетна резонанца за испитување на мозочната активност.rnrnИстражувачите откриле покачена мозочна активност во асоцијативната област на мозокот на испитаниците чии креативни идеи биле со највисока оригиналност. Оваа област која ги опфаќа предните медијални подрачја на мозокот, главно работи „во позадина” кога личноста не е концентрирана, слично на начинот на „сонување со отворени очи”.rnrnНо, истражувачите исто така откриле дека оваа област не работи сама. За одговорот да биде оригинален, дополнителната мозочна област која има административна контролна улога е во тесна соработка со асоцијативната област. Паралелната соработка помеѓу овие две мозочни област допринесува до создавање оригинална креативна идеја.rnrnРезултатот од паралелното управување на мозокот со овие две области резултира со креативност. Истражувачите заклучуваат дека е можно најголемите креации на човештвото да се создадени од луѓе кои имале многу силна врска помеѓу овие две мозочни области.

  • Кога саканата личност е и вашиот најдобар пријател…

    Кога саканата личност е и вашиот најдобар пријател…

    Не постои поубав, поедноставен и поискрен подарок од зборовите. Искрени и длабоки, креативни и смешни, нежни и интимни. И кога не знаете што да ѝ да подарите на саканата личност, картичката во која искрено ќе искажете што чувствувате е секогаш добра идеја. А кога тој/таа е и вашиот најдобар пријател, е тогаш ниту една од следниве картички нема да биде погрешен избор.rnrn

    Сѐ уште те сакам
    Сѐ уште те сакам
    rnrn

  • 10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    10 работи кои креативните луѓе ги прават различно, а не ни забележуваат

    Креативните луѓе се лесно забележливи и препознатливи поради тоа што се разликуваат од оние стандардни типови луѓе кои ги познаваме. Дали е тоа поради облеката, косата, изразите на лицето, однесувањето, интересите… Зборот кој ги опишува е баш тој – различни. И секогаш ги шират своите видици, наоѓаат нови и интересни начини да завршат некоја работа, го гледаат светот со отворен ум и срце подготвено да прифати нови нешта, промени и предизвици. Тие го сакаат животот и гледаат да ги извлечат од него сите убавини кои ги нуди. Во кратки црти, нив ги опишуваат следниве 10 работи.rnrn(1)-10-raboti-koi-kreativnite-lugje-gi-pravat-razlichno-a-ne-ni-zabelezguvaat-kafepauza.mkrn

    1. Работат, но под нивни услови

    rnГлавна особина им е способноста за слободно изразување. За нив не постои погрешно, лошо или гадно, туку само уникатни начини на изразување на секоја индивидуа. Затоа не ни можат да работат додека некој друг им виси на глава.rn

    2. Немаат класична, нормална работа

    rnТие не ги прифаќаат зборовите нормално и така треба. Па не е воопшто за чудење што ретко можете да најдете висококреативна личност како работи заглавена на биро пишувајќи документи. Тие имаат потреба од изразување и развивање, па поинаква работа би ги загушила целосно.rn

    3. Се инспирираат од различни работи

    rnКреативните луѓе гледаат со широко отворени очи, па дури и најбаналната работа може да ги инспирира. Сѐ зависи во кои насоки им лета умот додека ја гледаат, па од ништо знаат да направат нешто фантастично.rn

    4. Прашуваат многу

    rnЉубопитноста е исто така нивна голема одлика. Ги интересираат многу работи, па токму затоа тие се оние кои најчесто поставуваат прашања и не се откажуваат додека не добијат некои одговори. Имаат сликовита имагинација која ги тера на доста размислување и распрашување.rn

    5. Не се плашат од неуспех

    rnБидејќи за нив, такво нешто е невозможно. Од фактот дека за нив не постои нешто што е добро или лошо направено произлегува дека успехот и неуспехот се исто така невозможни. Што и да правиме, каде и да одиме и на кое место да се најдеме на крајот, сето тоа е едно големо искуство од кое може само да се научи и е позитивно само по себе.rn

    6. Независни се

    rnШироките видици и отвореноста за поглед од различни перспективи им овозможува да се снајдат во многу ситуации. Тие се многу независни и личности кои можат да преживеат сами, наоѓајќи занимација насекаде околу нив.rn

    7. Ризикуваат

    rnИ не се плашат од тоа. Обожаваат да пробуваат нови работи, да видат нови места, да запознаваат нови луѓе. И токму затоа не се повлекуваат назад кога доаѓа до момент да се преземе таков ризик. Тој ризик значи нешто ново и возбудливо, а тие се луѓе кои едвај чекаат да се соочат со нешто такво.rn

    8. Болните ситуации ја подгреваат нивната страст

    rnТие функционираат на принцип на пренасочување на енергијата. Така, негативната енергија која се собира кај нив откако некој ќе ги повреди, откако ќе изгубат некого или што и да е што ги натажува, ја насочуваат кон креативност и создавање нешто убаво, на свој начин.rn

    9. Постојано учат нови работи

    rnКреативните луѓе имаат немирен дух. Правењето едно исто постојано, за нив е како кафез кој ги држи заробени. Затоа константно учат нови работи и се надградуваат себеси. На тој начин се поврзуваат со светот околу нив кој за возврат им дозволува и обезбедува нови начини за да се изразат.rn

    10. Сонуваат

    rnНивното секојдневие е многу различно од она на повеќето луѓе. Тие сонуваат и замислуваат и патуваат во својот ум на места кои за останатите се незамисливи. Тие се полни со идеи, со замисли и решенија за реализација. Едноставно, тие го гледаат светот поинаку.rnrnФакт е дека во секој од нас се крие креативна личност. Сите сме способни да создадеме нешто различно и убаво, да бидеме уникатни и свои. Сѐ што ни е потребно за да ја откриеме нашата креативна страна е да прифатиме дека сликата која ние ја имаме за светот околу нас е само една вистина помеѓу неколкуте милијарди други.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 чудни прашања поставени на интервју за работа

    10 чудни прашања поставени на интервју за работа

    Автор: Маја ЛинковаrnrnКолку крави има во Канада? Колку жаби треба да проголтате додека најдете работа? Кандидатите понекогаш мора да се справуваат со чудни прашања на интервјуата за работа, па дури и со лични и тимски задачи. Дури и да изгледа непотребно, сепак треба да се обидете да останете со позитивен однос до крајот на интервјуто.rnrnHS2434rnrnСо цел да се извлечат повеќе информации од кандидатите, без да користат редовно исти прашања, работодавците пробуваат да бидат пооригинални. Еве 10 од најдобрите чудни прашања поставени на интервју за работа:rn
    rn

    „Ако можете да се ослободите од една држава во САД, која би била таа?“ (Форестер)

    rn

    „Колку крави има во Канада?“ (Гугл)

    rn

    „Еден пингвин со сомбреро штотуку влезе во собата – што ни кажува тој и зошто е овде?“ (Кларк Констракшн Груп)

    rn

    „Мојата жена и јас одиме на одмор. Каде би ни предложиле да одиме?“ (Прајсвотерхаус Куперс)

    rn

    „Која е вашата омилена песна? Изведете ја пред нас.“ (Ливинг соушл)

    rn

    „Дали некогаш сте украле пенкало од вашето работно место?“ (Џифи Софтвер)

    rnЛуѓето одговориле: „Да, но не беше намерно“ и „Да, се има случено неколку пати, но секогаш го враќам штом ќе забележам.“rn
    rn

    „Одберете две славни личности кои би ви биле родители.“ (Урбан Аутфитерс)

    rn

    „Ако бевте кујнски прибор, што ќе бевте?“ (Bandwidth.com)

    rn

    „Од 1 до 10, како би ме оцениле како интервјуер?“ (Крафт фуд)

    rn

    „Ако можевте да бидете некоја друга личност, која ќе бевте?“

    rnКога интервјуерот ви поставува необични и непредвидливи прашања, прашања за кои не би ни сонувале, прво кажете си: „Овој работодавец е креативен, ова би било забавно место за работа.“ Секогаш е препорачливо да се смеете и да одолговлечете велејќи: „Тоа е интересно прашање“, а на крајот ќе треба да одговорите со ваш личен одговор и мислење. Не обидувајте се да го најдете точниот одговор, бидејќи тој не постои. Само изнесете ја вашата вистина.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.