Дизајнерката Sylvie Facon дизајнира преубави, шармантни креации со бајковити детали! Нејзината најнова креација е вистинско ремек-дело! Имено, дизајнерката преку разните техники на везење успешно доловила делче од преубав, романтичен пејзаж.rnrnrnrnЗа да го заврши фустанот ѝ биле потребни околу 190 часа прецизна работа. Но, откако ќе го погледнете подобро фустанот ќе сфатите зошто бил потребен толку многу труд за да биде сошиен. Секој детаљ на сликата совршено се вклопува со романтичната визија на дизајнерката, а фустанот е надополнет и со смарагдно-зелена наметка која уште повеќе ја истакнува неговата грациозност и елегантност. Преубав е, нели?rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ја погледнавте оваа преубава креација, можеби ќе сакате да погледнете и како дел од најпознатите уметнички дела се претворени во прекрасни здолништа и фустани.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Овој ексцентричен сет на симпатични минијатурни фигури е најновата креација на московската уметница Натасија Шулjак. Направени од волна, овие експресивни фигури се проткаени со волшебност и разиграност.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете ја оваа прекрасна уметност на ќесички чај.
Понекогаш ние самите, преку нашите лоши избори и навики, сме виновни за фактот што среќата сѐ уште не затропала на нашата врата. Неретко се соочуваме со ситуации кои се наоѓаат помеѓу нас и успехот и претставуваат пречка на патот кон нашиот личен напредок. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете ваквите ситуации и да поработите на нивното решавање.rnrnrn
1. Никогаш не застанувате да одморите
rnДали во текот на денот практикувате да седнете во тишина, фокусирајќи се само на дишењето, барем 15-тина минути? Веројатно не. Малку мир и спокојство можат значително да ги намалат анксиозноста и нервозата и да го подобрат вашиот имунитет, сонот, како и да ги намалат сите негативни емоции и мисли кои ги предизвикува стресот. Побарајте некои лесни техники за медитација и вежби за дишење и направете му услуга на организмот.rn
2. Го правите тоа што не го сакате
rnКога го правите тоа што не ви се допаѓа, секој ден е исполнет со чувства на апатија, мрзливост, недоволно вреднување на вашите способности и лоша инспирација. Ако на сето тоа ги додадете и обврските и задачите, тогаш настапува стресот и тоа во големи количини. Зошто ви е на крајот платата, ако се разболите? Доколку не можете во целост да се занимавате со она што го сакате, тогаш правете ги само оние работи кои ви одговараат и кои можете добро да ги поднесете.rn
3. Вие сте преголем перфекционист
rnДа се стремите кон совршенството и не е толку лошо, но ако не го користите својот перфекционизам на правилниот начин, тогаш можете да се најдете во безброј дилеми и ноќи без спиење. Сигурно веќе знаете како е да не ви се исполнат плановите, иако вредно сте работеле и сте се труделе сѐ да биде во најдобар ред. Престанете да се грижите. Не е важно како сѐ изгледа на крајот, важно е како сте се снашле во ситуацијата. Ќе бидете многу посреќни ако почнете поопуштено да гледате на таквите моменти.rn
4. Не создавате, туку само консумирате
rnАко се чувствувате неисполнето, тогаш причината за тоа е веројатно вашето мало ангажирање да створите нешто. Креацијата и создавањето се суштински компоненти на еден среќен, исполнет и смислен живот. Стилот кој денес се наметнува не остава многу енергија и време за активен живот, меѓутоа ваша е одлуката како ќе ви изгледа животот. Креацијата не мора да биде спектакуларна, но важно е секојдневно да ја создавате.rn
5. Го поминувате целиот ден во затворени простории
rnПостојат многу позитивни страни во престојувањето на отворено, како физички, така и психички. Испланирајте барем еден ден во неделата кој ќе го поминете во прошетка во паркот или подолго пешачење. Истражувањата покажуваат дека со поминувањето време на отворено, вашата самодоверба и способноста за комуникација со другите значително растат.
Со сите фотоманипулации во светот на модата и со претерувањето од секој аспект, некогаш се вистинско освежување фотосесиите каде што акцентот е ставен на креациите, шминката и уметничкото изразување. „Lady owl“ е фотосесија на Ана Бреда за Runway USA која што со сигурност ќе ви го привлече, но и ќе ви го задржи вниманието. Нема да биде лесно да го одвоите погледот од бледата убавица покрај пастелните нијанси или пак наспроти жешко црвените елементи.rnrnrnrn
Артистката Џоди Харви Браун им дава втор живот на старите книги, преобразувајќи ги во прекрасни скулптури од хартија. Многу познати книжевни ликови, морски суштества, бродови, чудовишта и слично, едноставно оживуваат како резултат на нејзината фантазија и големата страст кон читањето книги.rnrnrn
Таа вели: „Треба да ги оживееме книгите што ги сакаме. Ликовите, кои толку многу ни значат, треба да излезат и да ни ги покажат своите приказни. Светот треба да го види она што ни минува низ фантазијата додека читаме книги.“
Позната дизајнерка на чевли Кетрин Вилсон заедно со креаторката на накит Сара Хатчингс ја создадоа спектакуларната креација во стилот на онаа од приказната за Пепелашка. Двете дами ја сплотиле својата страст и го создале овој дијамантски чевел.Целиот чевел е посипан со вистински дијаманти кои се поставени со огромна прецизност и трпение. Цената на ова дело изнесува 500.000 американски долари. Делото ќе може да се погледне во просториите на салонот за накит „Orsini Fine Jewelry“ во Окленд, Нов Зеланд.rnrn
Животот е она што го доживувавме во сегашноста. Минатото е зад нас, иднината сè уште не е тука. Доколку не ги живееме моментите од сегашноста, не можеме да бидеме во контакт со нашиот сопствен живот. Доколку се фокусираме само на убавите работи кои ги сакаме, тогаш имаме шанса да живееме убав живот. Една убава мисла вели:rnrn
„Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа.“
rnПогледнете ги следните 20 слики кои ги покажуваат едноставните, но прекрасни работи во животот. Почнете веднаш да го чувствувате вашиот поинаку – уживајте во секој момент од сегашноста, бидејќи животот е:rnrnЧувстваrnrnСреќаrnrnРадостrnrnУбавинаrnrnЉубовrnrnЕдинствоrnrnГрижаrnrnВербаrnrnСлободаrnrnМирrnrnКреацијаrnrnФантазијаrnrnУметностrnrnСонrnrnБајкаrnrnЗнаењеrnrnУживањеrnrnОдморrnrnРаскошrnrnПриродаrnrnЖивотот е убав, зар не?rnrn rnrn
Младата корејска уметница Sung Yeon Ju е дизајнерот на овие фустани направени од свежи овошја, зеленчуци и други јадења. Креациите се дел од нејзината серија „Wearable Foods“ (Храна што може да се носи), која ја започнала пред две години. Концептот на серијата е креирање слики кои се размена на моменталната и на измислена реалност на повеќе нивоа.rnrnНејзините фотографии се репрезентација на две човекови потреби, потребата за јадење и онаа за облекување, што како производ го дава токму спротивното од она што го наговестува името на серијата – облека која всушност не може да се носи заради нејзината неможност да остане трајна.rnrnФустан од бананиrnrnФустан од дајконrnrnФустан од зимски печуркиrnrnФустан од млад кромидrnrnФустан од зимски печурки 2rnrnФустан од корен од лотусrnrnФустан од доматиrnrnКошула од мастикиrnrnФустан од мастикиrnrnФустан од модри патлиџаниrnrnФустан од црвена зелкаrnrnФустан од пилешко месоrnrn rnrn
Бови Ли е артистка која изработува исечоци од хартија, кои се производ на нејзината голема имагинација, посебна техника и талент.Нејзините дела се инспиративни, кои понекогаш се јасни геометриски шаблони, а понекогаш сложени пејсажи од природата што раскажуваат цела приказна, преку ситните детали.