Бермудскиот триаголник е едно подрачје кое се наоѓа во Атлантскиот океан, помеѓу Мајами, Порторико и Бермуда, формирајќи една триаголна форма од каде го добива и името. Приближно 8.127 луѓе, како и многу бродови и воздухопловни летала се водат како исчезнати токму во овој регион, откако во 1851-та година почнало да се води запис.rnrnrnrnЕдно од актуелните објаснувања за исчезнувањата е подводната карпа која наводно поседува магнетни својства кои можат да ја компромитираат работата на компасите. Но, истражувачите од Арктичкиот Универзитет во Норвешка откриле уште еден подводен феномен кој може да го предизвикува потонувањето на бродовите.rnrnЕкипажот неодамна наишол на огромни подводни кратери, надвор од норвешкото крајбрежје, кои зафаќаат површина од 800 метри должина и 45 метри длабочина. Кратерите веројатно биле формирани од експлозии на метан, природен гас закопан на дното на Баренцовото море. Доколку овие експлозии навистина се случиле, тогаш тие резултирале во меурчиња од метан кои ја претвориле површината на водата во пена. Бродовите, независно од нивната градба, можат да потонат доколку се изложени на вакви услови.rnrnrnrnНо, откритието се случило само на Баренцовото море и засега важи само за таа област и сѐ уште не е јасно дали ваквите кратери постојат и во останатиот дел од Бермудскиот триаголник. Иако овие метански кратери можат да го објаснат исчезнувањето на многуте бродови, а карпата со магнетни својства да го опфати исчезнувањето на авионските летала, сепак, сѐ уште постојат мистериите зад исчезнувањето на илјадниците луѓе кои ги снемало од бродови кои не потонале. Истражувањата се во тек, а нам ни преостанува да се надеваме на некое ново, пионерско откритие за една од најголемите неразрешени мистерии во историјата на човештвото.
„Врата кон пеколот“ е соодветно именувано поле со гас во пустината Каракум во Туркменистан, кое гори веќе подолго од 40 години. Разгорениот кратер првин бил пронајден од страна на советските научници во 1970 година, како област полна со ресурси на гас. За жал, земјиштето пропаднало од тежината и притисокот на платформата за нафта поставена на местото. Големи количества метански гас штетен за околина, се ослободиле од масивното опаѓање и тоа ги натерало научниците брзо да реагираат и да го изгорат гасот, сметајќи го за најевтино и најлесно решение на проблемот. Гасот, планирале да изгори за неколку дена. Но, она што тие не го очекувалe, е огнот да гори 4 декади, до ден денешен. Денес, ова е туристичко место, кое привлекува посетители од целиот свет, да дојдат и да ја видат одблизу пеколната бездна. rn
Овие необични езера се формираат во вулкански кратери, кои биле предизвикани од метероити или пак во огромни дупки настанати по вештачки пат од големи експлозии. Езерата кои се наоѓаат над активни вулкани се нарекуваат и вуклански езера и водата во нив најчесто е киселинска, сатурирана со вулкански гасови и матна, а се одликува со силна зелена боја. Но, голем број од езерата кои се наоѓаат во неактивни или изумрени вулкани имаат свежа вода и многу често нејзината провидност е неверојатна бидејќи има недостаток од доводни извори и седименти. Погледнете ги наредниве неколку фотографии од најпрекрасните кратерски езера во светот. Фактот дека сите тие настанале од вулкани, само придонесува за нивната убавина и мистериозност…rnrnКратерско езеро, Планина Мазама – Орегон, АмерикаrnrnКратерско езеро Квилотоа – ЕквадорrnrnКратерски езера во Албертин Рифт – АфрикаrnrnКратерско езезро Келимуту – Осторов Флорес, ИндонезијаrnrnКратерско езеро, Планина Пинабуто – Лузон, ФилипиниrnrnКратерско езеро (Окама), Планина Зао – Хоншу, ЈапонијаrnrnКратерско езеро, Планина Катмаи – Аљаска, АмерикаrnrnКратерско езеро, Вулкан Таал – Лузон, ФилипиниrnrnКратерско езеро Дериба, Џебел Мара – Дарфур, СуданrnrnКратерско езеро, Планина Руапеху – Нов ЗеландrnrnКратерско езеро Јак Лоум – Ратанакири, КамбоџаrnrnКратерско езеро Керид – ИсландrnrnКратерско езезро, Ликанкабур – ЧилеrnrnГеотермално кратерско езеро Вити, Аскј – ИсландrnrnЕзеро Рај, Планина Баекду – Кина/Северна Кореаrnrn
Жителите на Флорес, велат дека душите на врачевите живеат високо во планините на нивниот остров во Индонезија, во езерото каде водата е црна. Блиското зелено езеро е дом за грешните души, а душите на децата и девиците почиваат во езерото со светлозелена боја.rnrnrnrnНа висина од над 1.600 метри, во кратерите на Кели Муту, кој претставува еден од многубројните згаснати вулкани на овој индонезиски остров, се наоѓаат овие три езера. На островот има и 14 активни вулкани, а и земјотресите се честа појава.rnrnrnrnСамите езера со неверојатни бои претставуваат доволно изненадување, но со нив е поврзана и приказната дека не толку одамна нивните води биле поинаку обоени – со црна, кафена и сина боја. Во 60-те години на 19 век имале боја на бело кафе, црвено-кафеава и сина боја, а триесет години пред тоа имале бои слични на денешните.rnrnrnrnНикој не ја открил причината зошто овие езера се вака обоени, ниту пак зошто им се менува бојата. Тие таинствено лежат во кратерите што некогаш биле жешки, а непознати процеси ја диктираат нивната следна промена на бојата.rnrnrnrn rnrn