Правењето украсни јајца од конец или волна може да биде многу забавно.rnrnrn
Потребни материјали:
rn
rn 011
неколку балони
rn 011
волна во разни бои
rn 011
течен лепак
rn 011
брашно
rn 011
сад за мешање
rn 011
штипки
rn 011
игла
rn
rnВо садот за мешање ставете околу половина чаша брашно и една чаша течен лепак и промешајте.rnrnПотопете го конецот во круг во смесата и надујте ги балоните. Земете го крајот на конецот од садот со лепак и завиткајте го балонот. Закачете ги балоните со штипки за сушење за да се исушат, а кога ќе се исушат, прободете ги со игла и извлечете ги.rnrnПогледнете ја постапката на видеото:rnrnhttps://youtu.be/BVKbtuyV3WQrnrnПогледнете како да направите велигденски венец со зајачиња.
Средувањето на веѓите со конец е техника која потекнува од Азија, а во последно време станува сѐ попопуларна и веќе ја користат многу експерти за шминкање. За оваа постапка се користи памучен конец кој се замотува околу секое поединечно влакно, а потоа тоа се извлекува од коренот. Техниката најчесто се користи за средување на веѓите и областа над усните.rnrnrnrnОваа техника е побрза отколку средувањето на веѓите со пинцета. За нејзино изведување потребни се 5-10 минути, додека користењето на пинцетата бара околу 20 минути. Во зависност од тоа каде живеете, оваа услуга не би требало да биде скапа, па препорачливо е прво тоа некој професионално да го направи, а потоа вие само да ја одржувате формата на веѓите со помош на пинцета.rn
Безболно отстранување на влакната на веѓите со помош на конец
rnСредувањето на веѓите со конец е сѐ попопуларна техника во светот и сѐ повеќе дами се одлучуваат за овој метод на обликување на веѓите. Многу жени кои ја испробале оваа техника велат дека боли помалку отколку отстранувањето со пинцета и дека е совршена за оние кои имаат чувствителна кожа. Исто така добро е и тоа што со само еден потег можете да отстраните и повеќе влакна. Имено, се покажало дека со примената на овој метод веѓите растат побавно, односно дури за 4-8 недели.rn
Правилно отстранување на влакната со конец
rnОвој метод се користи за средување на веѓите затоа што ги обликува брзо и лесно. Но, освен за веѓите, оваа постапка може да биде корисна и за отстранување на влакната од областа над усните, брадата и останатиот дел од лицето. Може да се отстрануваат влакна кои се подолги од 1 милиметар, а за тоа не ви требаат никакви помагала како на пример восок или пинцета, туку само вашите раце и малку конец. Пред да започнете да ги отстранувате влакната, на дофат имајте:rn
rn011
Конец
rn011
Дрвен молив
rn011
Коцки мраз
rn
rn
Постапка за отстранување на влакната од веѓите
rn1. Прво исечете малку конец со должина од околу 15 до 20 сантиметри, во зависност од тоа колку ви се долги прстите, затоа што не е добро конецот ниту да биде премногу долг, ниту премногу краток. Спојте ги краевите и со двете раце фатете го конецот, така што ќе ги земете различните краеви додека во средината се формира јаз. Со молив исцртајте го посакуваниот облик на веѓите. Ако имате чувствителна кожа во областа околу веѓите, прво истријте го местото со мраз.rnrn2. Со десната рака свијте ја едната страна на конецот 6 пати, водејќи сметка јазот да не биде токму на средината, туку малку повеќе кон десната страна. Со левата рака силно придржувајте го конецот за да не ви се испушти, затоа што треба да биде добро затегнат.rnrn3. Вежбајте да ги отворате прстите со едната рака додека во истиот момент ги затворате другите прсти и тоа што побрзо, како ножици. Делот во средината ќе ги влече непотребните влакна.rnrn4. Откако ќе го совладате претходниот чекор, време е да се обидете сами да го примените овој метод дома. Рацете ставете ги на лицето под веѓите, поместувајќи ги показалецот и палецот од едната и другата рака така што јазот ќе ги отстранува влакната. Тоа треба да го правите изедначено, односно кога на едната рака ќе ги раширите палецот и показалецот, на другата да ги приближите.rnrn5. Подигнете го триаголникот на делот кој сакате да го отстраните, а влакната би требало да ги скубете во спротивен правец од нивниот раст.rnrn6. Затворете ја раката, односно прстите кои го контролираат триаголникот, додека ја отворате другата. Внимавајте конецот да ја допира кожата додека вие што побргу ја отворате и ја затворате дланката.rnrnНајважно е што повеќе да вежбате за да ја усовршите оваа техника. За жените кои сакаат природно да се негуваат, оваа метода е вистинскиот избор!rnrnПогледнете го видеото за подетално да видите како се изведува оваа техника.rnrn
Физиотерапевтите пронашле нов начин кој ќе ви помогне да постигнете рамен и затегнат стомак. Имено, се покажало дека еден обичен конец врзан околу половината, може да ви помогне да добиете затегнат стомак, без притоа да вежбате или да одите во теретана.rnrnrnrnВодечкиот британски физиотерапевт, Семи Марго, тврди дека конецот врзан околу половината постојано ја потсетува личноста на неопходноста за зацврстување на стомачните мускули.rn
„Земете конец, врзете го околу стомачните мускули. Поставете го на половина земен воздух, така што ќе го почувствувате откако ќе издишите. Притисокот од конецот постојано ќе ве потсетува на неопходноста од затегнување на мускулите. Правете го тоа во текот на целиот ден: Додека одите, додека стоите, за време на работата или дома. Обидете се да не го отстраните конецот колку подолго можете да издржите. Тој ќе ви даде рамен стомак и ќе ви го подобри држењето на телото“, вели Семи.
rnВаквите вежби се прават постојано, што е многу поефикасно од вежбањето три пати неделно. Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето да го остварат посакуваниот резултат, со помал психолошки и физички напор. Внатрешните стомачни мускули најверојатно се едни од мускулите во човечкото тело кои не се тренираат со динамички напор, туку со статичен. Постојаното нивно затегнување (вовлекувањето на стомакот) е вежба која доведува до рамен стомак.
Уште од самиот почеток луѓето се прашувале и сѐ уште се прашуваат за значењето на животот. Во сите агли на светот потрагата за крајниот одговор покренала разни филозофски предавања и неверојатни, волшебни легенди. Во тој контекст, прочитајте ја приказната за црвениот конец. Со потекло од Јапонија, оваа легенда ги објаснува животните мистерии на начин кој многумина го сметаат за романтичен, па дури и веројатен. Доколку судбината како ентитет навистина постои, тогаш да се надеваме дека функционира токму така како што е опишана овде.rnrnrnrnЗатворете ги очите и замислете дека вашето тело е транспарентно. Можете ли да си ги претставите комплексните мрежи на крвни садови кои ги поврзуваат сите делови на вашиот организам? Нашето постоење се должи на овие испреплетени линии. Сега, замислете го оној посебен канал во системот кој ги спојува вашето срце со вашето мало прсте. Формиран од улнарната артерија, овој канал го прави вашиот најмалку забележлив прст вистински претставник на срцето. Поради оваа причина, во многу култури во светот, се вели дека кога двајца треба да се смират или да направат завет, тоа го прават со своите мали прсти.rnrnСпоред јапонската легенда, овој канал кој произлегува од срцето не завршува на врвот од малото прсте, туку продолжува во еден невидлив црвен конец кој лебди во воздухот и се поврзува со црвените конци на другите луѓе – поврзувајќи го вашето срце со нивното. Двајца кои се поврзани на овој начин се всушност поврзани од судбината. Порано или подоцна, ним им е судено да се сретнат, независно колку се оддалечени еден од друг или колку нивните животи се разликуваат. Конецот понекогаш може да се истегне и да се заплетка, што може да ја отежни судбоносната средба, но оваа поврзаност никогаш нема да се скрши.rnrnВаквата гледна точка на животот и врските ја создала холистичката филозофија во која се вели дека главната есенција и важност во и на животот не е ограничена со нашата физичка форма. Холистите тврдат дека ние сме едно со универзумот и го гледаат црвениот конец како еден од начините на кои може да се разбере тоа единство. Сте помислиле ли некогаш: „Оваа личност постои во мојот живот со причина?“ Според холистичките ставови, вие сте во право и можеби судбината веќе ве довела до оној момент кога можете да правите промени во туѓите животи.rnrnОваа филозофија аргументира дека, иако сѐ уште не го разбираме тоа, нашите животи се движат во една предодредена насока, предводени од невидливите конци кои се вткаени во материјалот на самиот универзум. И, како што поминува времето, така црвениот конец кој нѐ поврзува со нашите далечни сродни души станува сѐ пократок и пократок. Затоа, Јапонците велат:rn
„Нашиот свет е преполн со пречки и предизвици, но ништо не се случува без причина.“
Подарокот кој сте го направиле сами е секогаш подобар од оној за кој сте платиле. Тој има многу поголемо значење. За да ви помогнеме во оваа задача, решивме да го споделиме со вас ова одлично видео кое ќе ви покаже како да го направите совршениот зимски подарок за сопствениците на смартфони.rnrnrnrnЕдинствениот проблем со кој се соочуваме за време на студените денови е недостатокот на одговор од екраните на нашите уреди додека носиме ракавици. Но, со помош на овој едноставен трик, вие ќе можете без прекин да го користите вашиот смартфон додека истовремено прстите ви се на топло. Сè што ви е потребно се дебели ракавици и метален конец. Погледнете го видеото за подетално упатство.rnrn
Постои едно народно верување, кое сигурно сте го чуле од вашата баба, со чија помош можете да откриете на колку години ќе стапите во брак. За овој мал „експеримент“ потребна ви е чаша вода и бурма која е закачена на конец.rnrnrnrnЗемете го прстенот и закачете го на конец, а во чашата сипете вода, малку повеќе од половина. Откако ќе го сторите тоа, поставете го прстенот во центарот на чашата, над водата и чекајте. Тој ќе почне сам да удира во рабовите на чашата, па токму затоа почнете да броите. По некое време, прстенот сам ќе застане. Се верувало дека колку пати тој ќе удри во чашата, за толку години наводно ќе се венчате.rnrnОбрнете добро внимание на ударите, бидејќи некогаш се случува прстенот да удри тивко и вие да не го чуете. Она што е навистина интересно кај овој експеримент е фактот што колку пати и да го повторувате, вие секогаш треба да добиете ист број. Реално за „валидноста“ на експериментот е тешко да се говори, бидејќи се работи за народно верување. Во секој случај, забавно е да се проба, се согласувате?
Просто премногу се слатки за да се јадат, би ви било жал да исечете парче и да ги расипете. Погледнете ги овие величествени десерти декорирани во духот на плетењето и везењето.rnrnПразнична торта декорирана со копчиња, игли, конци и ножичкиrnrn
Ви отекле прстите или малку сте се здебелиле и сега прстенот никако ни да мрдне. Во вакви ситуации обично нѐ фаќа паника и откако добро ќе го помодриме прстот влечејќи, посегнуваме по добро познатите методи – маргарин, топла вода и слично. Но, нема потреба ниту да се мокрите ниту да се мрсите. Постои многу поедноставно, суво и ефикасно решение за извлекување на заглавениот прстен, а потребно ви е само парче дебел конец и алатка, на пример клештичка, да го пикнете конецот под прстенот. Секако, неопходен е и уште еден пар раце кој ќе ја спроведе постапката.rnrnrnrnФинтата е да се провлече врвот на конецот под прстенот, потоа да се обмотува прстот скоро до врвот, сѐ додека не се формира цврста спирала. На другиот крај, конецот се пикнува под последниот ред од спиралата за да не виси и во тој момент настапува трикот – се фаќа првиот крај на конецот и едноставно почнува да се одмотува. Прстенот паѓа лесно како од шала.rnrn
Автор: Ана ПетровиќrnrnКористење селотејп, полнење на телефонот или закачување на облеката се само неколку од работите кои ги правиме секојдневно. Главното прашање е како полесно да се справиме со таквите задачи кои ни одземаат многу време и простор?rnrnВо продолжение, неколку супер едноставни и секојдневни трикови кои ќе ви го направат животот многу полесен.rn
1. Искористете ги лепливите пост-ит ливчиња за да ја исчистите тастатурата од компјутерот.
rnrn
2. Употребете ја ролната од тоалетната хартија во замена за саксија.
rnrn
3. Закачете спојувалки на крајот од селотејпот за полесно ракување.
rnrn
4. Искористете ги отворачите од лименките за полесно да ги организирате закачалките за облека.
rnrn
5. Малите црни шнолички можат да ви помогнат да ја истискате целата паста за заби.
Со помош на каков било пар ракавици и спроводлив конец, можете да направите ракавици со кои ќе можете да го користите вашиот мобилен телефон или таблет без да морате да ги соблечете. Постапката е многу едноставна и нема да ви треба ничија помош.rnrnrnrnСè што треба е да сошиете неколку паралелни линии на делот од ракавиците каде што влегуваат прстите кои најмногу ги користите при ракување со уредите. Откако ќе го направите ова пробајте ги и ако не фаќаат добро, зашијте уште конец. Во суштина, сè додека конецот го допира вашиот прст внатре и екранот од надворешната страна, би требало да имате функционални спроводливи ракавици.rnrnrnrn