КАФЕ ПАУЗА

Tag: комуникативност

  • Кои се трите најљубопитни хороскопски знаци што обожаваат да озборуваат?

    Кои се трите најљубопитни хороскопски знаци што обожаваат да озборуваат?

    Постојат луѓе кои навистина не ги интересира животот на другите, а постојат и такви кои по секоја цена сакаат да дознаат некој трач и се упорни во тоа. Тие ќе поставуваат прашања, ќе ветуваат дека нема да ја пренесат информацијата на никого, навистина ќе направат сè што е во нивна моќ за да дојдат до тоа озборување. А, еве на кои хороскопски знаци љубопитноста им е една од највпечатливите карактеристики:rnrnКои се трите најљубопитни хороскопски знаци?rn

    1. Овен

    rnЗа Овните може да се каже дека владеат со комуникацијата и сакаат да бидат центар на вниманието. Особено сакаат нивниот збор да биде главен и да водат монолози во кои ги истакнуваат своите познавања и информации. Секогаш ги имаат најновите вести и трачеви, а љубопитноста им е тивка и незабележлива. Така, тие воопшто не им додеваат на другите, а сепак успеваат вешто да ги дознаат сите нови озборувања.rn

    2. Бик

    rnБиковите имаат природна способност за да ве анализираат и многу точно да ве проценат врз основа на изгледот, изразот на лицето и движењата на телото. На тој начин, веќе имаат доста информации за вас. Тие никогаш нема да ви постават прашање, ниту пак ќе озборуваат, но затоа секогаш ќе имаат основа за да изградат мислење за вас само поради тоа што ве набљудуваат и анализираат.rnrnКои се трите најљубопитни хороскопски знаци?rn

    3. Стрелец

    rnАко сакаат нешто да дознаат, Стрелците ќе минат и низ невозможното само за да стигнат до трачот или информацијата која ги интересира. Комуникативни се и отворено ќе прашаат сè што ги интересира. Имаат многу пријатели, доста познаници и постојано ја надградуваат мрежата на блиски луѓе, од кои ќе дознаваат информации за она што ги интересира.rnrnПрочитајте ги и овие 20 цитати за озборувањето.

  • 10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЕден од најистражуваните „проблеми“ на денешницата е што сакаат мажите? Какви карактеристики треба да има една девојка за да го привлече и задржи нивното внимание, како и дали физичкиот изглед е пресуден? Многу прашања, многу одговори, многу дилеми и полемики се поврзани со оваа тема.rnrnВо оваа поделба накратко се опишани неколку типови девојки кои докажано го привлекуваат машкото внимание. Девојки, прочитајте ги внимателно, можеби ќе се пронајдете во некои карактеристики. А вие момци, слободно споделете го вашето мислење дали се согласувате со оваа класификација и кој е вашиот омилен тип девојка.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn1. Госпоѓица „слатка“ – Позитивна девојка со интересен живот, секогаш оптимистична, благослов е да ја имате во вашето опкружување. Таа е фина личност. Едноставно таа никогаш не се однесува како „кучка“. Ја радуваат средбите со вас и сето свое внимание ви го посветува вам. Ако пронајдете ваква девојка, чувајте ја внимателно и грижете се за неа бидејќи таа е вистинска скапоценост.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn2. Госпоѓица „еднаква“ – Станува збор за вистинска феминистка. Девојка која стои цврсто на своите ставови. Таа не ги мрази мажите, туку само сака еднаквост помеѓу партнерите. Сака одговорностите и обврските во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn3. Госпоѓица „сексуална“ – Треба да бидете навистина среќни за да ја запознаете неа. Оваа госпоѓица ги сака мажите и го сака сексот и нема речиси никакви ограничувања на оваа тема. Таа не продава секс и не го користи сексот како начин за да манипулира со мажите, туку едноставно копнее по него. Не треба да ја нарекувате нимфоманка, бидејќи таа не е тоа. Таа едноставно сака да ужива во својата сексуаланост. Жените најчесто ја мразат и ја сметаат за лесно достапна девојка. Но, мажите ја обожаваат, го обожаваат нејзиниот слободен дух и желбата за секс.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn4. Госпоѓица „најдобар пријател“ – Овој тип девојка е многу сличен на госпоѓица слатка. Таа е девојка која е во потполна согласност со вас, бидејќи сакате исти работи, гледате исти ТВ програми, идете на исти места. По само 5 минути поминати со неа, може да помислите дека ја знаете со години. Таа е секогаш на ваша страна, се смее на вашите шеги и ви се јавува само за да ви рече „Здраво“, бидејќи и недостигате. Најдобра е за дружба. Но, доколку навистина ви се допаѓа и сакате да бидете повеќе од пријатели, потрудете се и сексуално да ја заинтригирате и да ѝ дадете до знаење дека ве привлекува. Ако од почеток се поставите како нејзин пријател, подоцна тешко ќе ја промените таа мисла во нејзината глава. Доколку ја сакате како девојка, реагирајте на самиот почеток.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn5. Гопоѓица „јасна“ – Девојка која знае како да комуницира. Со неа нема да имате потреба да читате мисли и да решавате загатки, бидејќи таа отворено ги изнесува своите мисли и чувства. Ова не е тип девојка која кажува едно, а има потреба од нешто друго. Доколку таа сака нешто, тоа го бара директно и јасно.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn6. Госпоѓица „независна“ – Девојка која има сопствен живот и се движи во позитивна насока, кон остварување на своите цели. Доколку немате многу време за вложување во врска или пак сакате повеќе простор за себе, ова е идеален тип девојка за вас. Таа е девојка која сака да има машко во нејзиниот живот, но нема некои преголеми потреби од него. Таа не бара маж за да ги реши нејзините проблеми или пак да го обвинува кога работите нема да се одвиваат добро. Таа си е доволна сама на себе.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn7. Госпоѓица „без притисок“ – Додека другите девојки сонуваат и копнеат за да се омажат, таа воопшто и не се обидува да размислува за тоа. Таа едноставно е среќна да биде со вас. „Каде оди нашата врска“, „кога ќе ме запросиш“ и „каква ќе биде нашата венчавка“ се прашања кои никогаш нема да ги чуете од оваа девојка. Таа секако дека сака да се омажи, но не се брза за брак. За неа мажењето е спонтана работа, која доколку се случи би требало да биде природно. Девојка која ужива во сегашниот момент на љубов.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn8. Госпоѓица „сигурна“ – девојка која добро ги знае своите добри и лоши страни и е во добра согласност со самата себеси. Не пати да биде центар на внимание, има самодоверба и не бара постојано да ѝ бидете посветени за да ѝ го зголемувате егото. Сака да биде со вас и ве прифаќа такви какви што сте.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rnrn9. Госпоѓица „шарм“ – Можеби нема убавина за мис на светот, но нејзината интелегенција, духовитост и искреност ја осветлуваат собата во која таа е присутна. Таа е како магнет за луѓето. Нејзиниот шарм и харизмата ги надополнуваат сите нејзини недостатоци.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?10. Госпоѓица „нематеријалистка“ – Ова е најнентипичен тип современа жена. Таа воопшто не се грижи дали и колку пари имате. Таа ве сака вас и вие сте ѝ доволен. Воопшто и не размислува за материјалните работи кои таа може да ги добие од вас. Исто така и оваа девојка е еден вид феминистка. Секогаш го плаќа својот дел од трошоците и сака работите во врската да бидат еднакво поделени.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?rn

    Госпоѓица „вистинска“

    rnМногу момци избираат девојки кои претставуваат само трофеј, некој кој ќе им помогне да го зајакнат својот статус меѓу останатите мажи или ќе им помогнат во прикривање на својата несигурност. Но, во целата нивна игра на барање, докажување и ловење девојки, сигурно е дека ќе се појави некоја која ќе ги направи вистински среќни, која ќе одговара на нивните лични барања и на социјалниот статус. Во тој момент тие престануваат со својата потрага и ѝ се посветуваат неа. Госпоѓицата „вистинска“ е таа која на вистински начин ќе ги допре и ќе им го понуди најдоброто од себе, ќе ги сака и разбира, ќе биде една и единствена – нивната ВИСТИНСКА.rnrn10 типови девојки со кои машките сакаат да излегуваат – дали сте една од нив?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Што треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?

    Интервјуата за работа се еден вид натпревар. Се прашувате како токму вие да победите во „морето“ од дипломирани и магистрирани луѓе? Не губете надеж! За секого има место во овој свет. Она за кое треба да се борите е да се прикажете себеси во најдоброто можно светло, но притоа да не делувате премногу ентузијастички настроени.

    rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?Секое интервју е различно искуство, па затоа обидете се да го „прочитате“ говорот на телото и фацијалните експресии на вашиот соговорник додека зборувате. Дали тој/таа ве гледа во очи додека вие се обидувате да ѝ придадете значење на некоја ваша способност или карактерна особина? Тоа е обично добар знак. Дали тој што ви го прави интервјуто вообразено се потсмевнува, го трга погледот од вашите очи и се потпира со грбот на столот? Тоа не е добар знак.rnrnВо продолжение следуваат 5 клучни работи кои не смеете да ги занемарите во текот на интервјуто.rn.rn

    1. Страст за работата

    rnДајте му на знаење на вашиот потенцијален шеф дека со голема страст и волја ќе ги извршувате вашите работни обврски. Последното нешто кое работодавачите го сакаат, е вработен кој работи само за да преживее или за да се испроба во конкретната област.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    2. Човечки капитал

    rnОдењето на работа не е исто што и стажирање, а тоа значи дека работодавачот не сака да слушне дека вие сте аплицирале да работите во неговата фирма затоа што сте сакале нешто да „научите“. Она што сака да го чуе, е дека вие поседувате одредени квалификации, способности и квалитети кои ќе му донесат поголема заработувачка. Сè што треба да направите, е да го убедите шефот дека компанијата ќе има голема полза од вас.rn

    3. Комуникативност

    rnКвалитет број 1 според работодавачите е вештината за ефективна комуникација на своите вработени. Способноста за јасно изразување на вашите идеи и перспективи на колегите и на надворешните соработници е од мошне големо значење за вашиот работодавач.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    4. Брзо учење и напредување

    rnДоколку вчера сте излегле од академските клупи, невозможно е да имате големо работно искуство зад себе. Бидејќи работодавачите се по малку скептични за вработување на луѓе без искуство, вие ќе мора да го убедите вашиот потенцијален газда дека доволно би ви било одредена задача еднаш да ви биде објаснета, за потоа самостојно да се усовршувате во извршувањето на истата.rnШто треба да кажете на вашето интервју за да ја добиете посакуваната работа?rn

    5. Практичност

    rnПовеќето луѓе кои штотуку дипломирале едвај чекаат да ја пронајдат првата вистинска работа и да „скокнат“ во својата позиција со полна пареа. Ентузијазмот е двигател на мотивацијата на вработените, но преголемото возбудување може лошо да биде сфатено од страна на работодавачите. Тие тоа го доживуваат како особина на младите да избрзуваат со ветување работи кои не можат да ги исполнат. На тој начин, многу е важно да го уверите вашиот потенцијален работодавач дека ќе ги исполнувате вашите работни задачи служејќи се со вашата здрава логика, реалистичност и практичност.rnrnrnrnrnrn