Треј Ретклиф е фотограф од Нов Зеланд кој одлучил да ги улови сите убавини на светот – неверојатните изгрејсонца, пејзажи и разни улици кои кријат тајни – и едноставно да ја пренесе магијата на живеењето во слики. Неговите колоритни и богати фотографии ќе ви го разубават секојдневието и можеби ќе ве поттикнат да ги пропатувате овие мистични места и сами да се уверите во убавините кои ги нуди планетата Земја.rnrn
„Фотографиите на Треј се восхитувачки креации кои на прв поглед изгледаат како да се направени во Фотошоп. Но не, неговите фотографии, преку разни техники кои отворено ги споделува, се реални и инспиративни. Токму поради тоа се уште поневеројатни“ – Џеј Џеј Абрамс, режисер и сценарист на: „Стар Трек“, „Изгубени“, „Војна на ѕвездите: Будење на Силата“
rn
„Некој еднаш одамна ми кажа дека фотографот е уметник кој слика со светлината. Никогаш не разбрав што сакаше да ми каже сѐ додека не ги видов делата на Треј“ – Патрик Ротфис, писател на: „Името на ветрот“, „Стравот на мудрецот“, „Вратите од каменот“.
rn























rnrnПораката на авторот е јасна. Секојдневните проблеми да ги ставите во сенка на желбите и на имагинацијата за поинакво и поубаво утре. Недвосмислено ја потенцира разликата меѓу реалноста и сонот, со тоа што цртежите му се црно-бели, а фотографиите изразено колоритни.rnrn
rnrnВо неговите „доцртани“ фотографии се испреплетуваат илузијата, реалното и надреализмот. Во фокусот се луѓето, природата, животните и архитектурата, а главните теми се љубовта, слободата, пријателството и задгробниот живот.rnrn












rnrn rnrn
rn

Тој работи со акварел и техника на масло, но специфично во неговата работа е начинот на нанесување на боите, за што користи нож. Резултатот од ова се прекрасните илустрации на Лондон, Париз, Њујорк…
Цртежите на Кал се исклучително колоритни и за миг го обземаат просторот во кој се наоѓаат. Тоа не е така само затоа што овој уметник го апсолвирал овој стил на цртање, туку и затоа што тој ја обожава својата работа и тоа се гледа во секоја негова слика. Препознатлив знак на Кал се црвените чадори, кои вметнати во овие живописни цртежи ја прават неговата колекција беспрекорна.























