Дали се сеќававте кога сте биле мали и кога вашите родители ве испраќале во собата бидејќи не сте биле мирни? Зарем не сте посакале да можете да го направите тоа и со некој возрасен? Во Шведска тоа е возможно. Ова е мала колиба од стакло која е опкружена со природа и е дизајнирана со цел да им помогне на луѓето кои се многу изложени на стрес. Ова е еден вид рехабилитација за луѓето на кои им е потребен краток одмор.rnrn
rnrnЗа да проверат дали работи, Швеѓаните испраќаат по 5 луѓе во овие кабини. Целта е да се види дали овие луѓе кои имале многу стресни работни места, ќе успеат да се смират во ова опкружување.rnrn
rnrnПрограмата трае по 72 часа и ги проучува ефектите на природата врз луѓето. Тие се надеваат дека ќе откријат какво е физичкото и психичкото влијание на природата кога луѓето се под стрес.rnrn
rnrnМожеби не сте знаеле, но Швеѓаните имаат уникатна врска со природата. Можеби ова ја објаснува нивната смиреност. Сега тие сакаат да ги охрабрат и другите земји да го прават истото.rnrn
rnrnВо овој случај тие не ги судат луѓето, туку само сакаат да им помогнат. Кога посетителите ќе ја научат врската помеѓу жителите и нивното опкружување, можеби ќе научат како да го подобрат квалитетот на својот живот.rnrn
rnrnОвој проект ќе истражува какво влијание има слободното „лутање“ на луѓето. Ако функционира, сакаат да го применат овој проект на места каде што луѓето се најмногу изложени на стрес.rnrn
rnrnИспитаници доаѓаат од целиот свет. Има новинар од Лондон, таксист од Париз, организатор од Њујорк… Секој од нив ќе треба да помине 3 дена во посебна колиба.rnrn
rnrnКолибите се сместени во западна Шведска. Испитаниците ќе немаат пристап до надворешниот свет, сè со цел да им се ослободи време за релаксација, прошетки, риболов, пливање… Резултатите се очекуваат во октомври.rnrn
rnrnАко и вам ви е потребно опуштање и одмор, погледнете ги овие одлични совети за релаксација.
Tag: колиби
-

Стаклени колиби за релаксација во Шведска
-

Луксузниот хотел „Ayada“ на Малдивите
Луксузниот хотел „Ayada“ на Малдивите е можеби најоптималното тропско место за авантуристички одмор. Сместен во кристално сината вода на Индискиот океан, комплексот е направен во стил на мали колиби и нуди незаборавен поглед кон плажите од ситен бел песок и мирната отворена водна површина.
Доколку некој од гостите не сака да се капе во солените води на океанот, истото ќе може да го стори во приватните базени кои се во склоп на отворените апартмани. Лежалките со меки перници, интимната атмосфера и прекрасниот ентериер во колибите само дополнително ќе придонесат да уживате во природниот рај кој ќе ве опкружува.








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.