Како една од клучните модни дизајнери кои извршиле огромно и трајно влијание врз женската модна сцена во 20-от век, Габриел „Коко“ Бонур Шанел (1883-1971) родена во Самур, Франција дефинитивно заслужува специјално признание. Со креирање на модни парчиња како што се малиот црн фустан, костимот Шанел, синџирестите чантички прекриени со штавена кожа, како и нејзиниот препознатлив парфем Chanel No.5, Коко станала легендарна модна икона, која креирала безвременски дизајни, кои никогаш нема да излезат од мода.rnrnrnrnПогледнете го инфографикот на крајот од текстот.rnrnДодека ги креирала нејзините модни парчиња, таа особен акцент ставала на удобноста. Промовирањето еден поинаков, кежуал и релаксиран изглед, кратки здолништа и ѕвонарки, претставувало тотална спротивност на модата за носење корсети, која била популарна во тоа време.rnrnШанел имала многу тешко детство. Ја изгубила својата мајка кога имала само 12 години и тогаш татко ѝ решил да ја прати, заедно со нејзините четири сестри во женски манастир во Обазин, централна Франција, каде останала цели шест години. Покрај фактот дека таа имала многу тежок период уште од рана возраст, а образованието во сиропиталиштето било многу строго, сепак сето ова имало и своја позитивна страна – калуѓерките во текот на престојот ја научиле да шие и тоа биле почетоците на нејзината понатамошна кариера како дизајнерка. Таа никогаш не кренала раце од животот. Напротив, животните тешкотии кои ги искусила во младоста, на некој начин ја инспирирале да си изгради сосема поинаков животен за себе, кој ќе ја направи среќна.rnrnrnrnПред да стане моден дизајнер, Коко Шанел имала кратка кариера како пејачка во кабаре (1905-1908 г.) во Виши и Мулен, каде што веројатно го добила прекарот „Коко“. Некои велат дека нејзиниот прекар дошол од некоја од песните коишто ги пеела таму. Од друга страна, според една статија објавена во „The Atlantic“, самата Шанел изјавила дека Коко е всушност скратена верзија од францускиот збор „cocotte“, што во превод означува љубовница, куртизанка.rnrnКога имала околу 20 години, Шанел започнала врска со богатиот текстилен наследник Етиен Балзо, кој ѝ помогнал да го започне нејзиниот бизнис. Набрзо, таа го оставила Етиен за неговиот уште побогат пријател, Артур Едвар „Бој“ Капел. Секој од нив бил од голема помош во отворањето на првиот бутик за шапки на Шанел во Париз, 1910 г., а подоцна и во Дувил, 1913 г. и во Бијариц, 1915 г. Овие двајца мажи исто така ѝ помогнале и да најде женски клиенти, така што нејзините капи набрзо станале екстремно популарни. Преку продажба на шапки и лимитирана линија на облека, продавниците на Коко Шанел развиле посветена клиентела, па таа набрзо постигнала огромен успех.rnrnrnrnНајголем дел од облеката на Шанел била сошиена од материјалот жерсе (трикотажа). Оваа ткаенина во тоа време се употребувала само за шиење на машка долна облека. Одлуката на Шанел да го користи токму овој материјал во нејзината модна линија, ѝ донел уште повеќе обожаватели. На почетокот од нејзината кариера како дизајнер, кога била во критична финансиска ситуација, Коко го купувала овој материјал бидејќи бил евтин, но продолжила да го користи и откако нејзиниот бизнис процветал, поради неговиот добар квалитет. Трикотажата одлично прилегала на едноставните, елегантни и практични модни парчиња на Шанел, кои честопати биле инспирирани од машката мода. Трикотажата била добар избор и за широко распространетите униформи, кои станале актуелни кога започнала Првата светска војна (1914 г.).rnrnНе само што војната не ја спречила амбициозната и инспиративна Шанел да продолжи да работи енергично, туку таа во тој период дури и го отворила својот бутик во Бијариц. Во 1919 г. нејзиниот љубовник Артур трагично го изгубил својот живот во сообраќајна незгода, но Шанел и покрај тешкиот период, продолжила да работи. Во 1922 г, таа го лансирала легендарниот парфем Chanel No.5, кој останал профитабилен и популарен производ од нејзината компанија, до ден-денес. Во 1925 г., го креирала легендарниот костим Шанел со сако без јака и аналогно здолниште, а во 1926 г. светот го добил малиот црн фустан на Шанел.rnrnrnrnСамата Шанел се облекувала во мажествен стил и ги вовела тие поудобни трендови, кои биле многу ослободувачки и за многу други жени од тоа време. Интересно е да се спомене дека повеќето од нејзините трендови имале моќ да останат трајно на светската модна сцена. Тие не се менувале премногу од година во година, ниту пак од генерација во генерација.rnrnВо 1939 г. таа била принудена да ги затвори сите нејзини продавници, поради избивањето на Втората светска војна. Таа триумфално се вратила во модниот свет, на 70-годишна возраст. Во почетокот, добила негативни коментари од критичарите, но нејзините едноставни и женствени дизајни, набрзо ги освоиле срцата на купувачите ширум светот.rnrnКоко Шанел починала на 19 јануари, 1971 г., кога сè уште работела на нејзините дизајни. Во 1983 г. Карл Лагерфилд ја преземал модната куќа на Шанел во своја сопственост, за да ја продолжи нејзината приказна.rnrnrnrnОтворете го инфографикот во поголема верзијаrnrnrnrnИнфографикот е изработен од: fashioncorner.net.
Таа е кралица на стилот која направи револуција во светот на модата, создавачка на малиот црн фустан и незаменливиот парфем „Chanel No. 5“. Таа беше остар меч во бизнисот и имаше свои независни погледи во врска со сè. Ви пренесуваме 22 забавни и интересни цитати за модата, кои ќе ви дадат и поглед однатре, бидејќи кој ќе ви овозможи подобри совети за стилот, ако не незаменливата Коко Шанел?rnrnrn
„Внимавајте со оригиналноста. Оригиналноста во женската мода може да доведе до маскенбал.“
rnrn
„Едноставноста е клучот на вистинската елеганција.“
rnrn
„Грижата за изгледот започнува во срцето и душата. Производите за разубавување сами по себе нема да помогнат.“
rnrn
„Не е можно жената да се чувствува лошо расположена ако носи добра облека.“
rnrn
„Чипката е една од најраскошните имитации на природата. Но, бисерите се совршени за секоја прилика.“
rnrn
„Во своите дваесетти, жената има лице кое ѝ го дала природата. Во своите триесетти, има лице кое самата си го направила. Во своите четириесетти има лице кое го заслужила.“
rnrn
„Рацете на една жена се нејзината визит-карта. Нејзиниот врат и биста се нејзиниот пасош.“
rnrn
„Годините не се битни. Можете да изгледате прекрасно во дваесеттите, да бидете неверојатни во вашите четириесетти и да останете фабулозни до крајот на животот.“
rnrn
„Парфемот е невидлив, но задолжителен и неопходен моден „прибор“. Го најавува влезот во собата на личноста која го носи, и ги потсетува другите на неа, кога таа не е присутна.“
rnrn
„Ако некогаш сте биле воодушевени од убавината на некоја жена, но не можете да се сетите што носела, тогаш таа се облекла совршено.“
rnrn
„Најдобар накит за една жена е згоден маж.“
rnrn
„Ништо не го прави некој да изгледа постаро отколку обидот да изгледа младо.“
rnrn
„’Кога треба да нанесам парфем?’ – ме праша една млада жена. Мојот одговор беше: ‘Тогаш кога сакаш да бидеш бакнувана!’“
rnrn
„Жената која не користи козметика, има превисоко мислење за себе.“
rnrn
„Што полошо се чувствува една жена, толку подобро би требало да изгледа.“
rnrn
„Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивност на сиромаштијата. Не е. Спротивност е вулгарноста.“
rnrn
„Ако имате криви нозе, облечете нешто деколтирано.“
rnrn
„Оние кои имаат добар вкус ќе носат накит. Останатите ќе се задоволат со злато.“
rnrn
„Немојте да се обидувате да изгледате помладо. Никој не може да каже за себе дека е млад, доколку има 50 години. Но, знам многу педесетгодишни жени кои изгледаат подобро од многу млади жени.“
rnrn
„Фустанот може да биде ставен на закачалка, но тоа ништо не ни кажува. За него можеме да судиме откако една жена ќе го облече, ќе ги поткрене своите рамена, нозе и ќе се свитка во струкот.“
rnrn
„Кога ќе ставете неколку парчиња накит, соблечете го последното што сте го ставиле на себе.“
Непотребно е да се каже дека „Шанел“ е еден од најпознатите и најпрестижните светски брендови кога е модата во прашање. Компанијата е основана од страна на Коко Шанел, а почетоците на овој бренд се врзани за дизајнирање и произведување на шешири. Најзначајното парче за кое многумина ќе се сложат дека е број еден на модните листи е „малиот црн фустан“ кој Коко го претстави во 1926 година. Жаклина Кенеди го прослави овој бренд, а после смртта на Коко Шанел, сопствениците на компанијата го ангажираа Карл Лагерфилд, кој до ден-денес стои на чело на оваа компанија. Сепак, постојат и оние помалку познати информации кои секого ќе го заинтересираат. Погледнете ги овие необични факти за овој луксузен моден бренд.rnrnrnrn1.Chanel No. 5 е најпродаваниот парфем на сите времиња.rnrn2.Шанел е првиот бренд кој имал листа на чекање за купување лак за нокти.rnrn3.Коко Шанел е творец на првите женски одела.rnrn4.Првиот бутик на Шанел во Париз воопшто не бил модна работилница, туку само продавница на шешири. Првиот бутик на овој бренд е отворен дури во 1915 година.rnrnrnrn5. Коко Шанел, пред да ја стекне светската популарност, ја изградила својата репутација креирајќи и произведувајќи шешири, а не облека.rnrn6.Четири од пет бутици на Шанел се затворени во 1945 година поради Втората светска војна.rnrn7. Чантата 2.55 го добила името по датумот кога е за првпат произведена.rnrn8. Всушност, Коко Шанел никогаш не била апсолутен сопственик на модната куќа „Шанел“.rnrn
Тешко е да замислиме како светот би изгледал ако пред точно 132 години не се родела Габриел ’Коко’ Шанел во француското гратче Саумур. Модната пионерка ги ослободила жените од грубите корсети и создала култни модни предмети кои до ден-денес се модерни. По повод нејзиниот роденден, ги гледаме нејзините најдобри модни изуми.rnrnrn
1. Бижутерија
rnКоко Шанел скоро никогаш не била видена без тон лажни бисери околу вратот, а и таа е првата во модниот свет која почнала да дизајнира бижутерија. Ја изработувала од синџири, мониста и стакло и ја носела со кежуал или спортска дневна облека. Идејата да дизајнира бижутерија ѝ дошла затоа што сакала да им овозможи на жените да купуваат евтин накит за да можат да ги исполнат своите секојдневни модни комбинации.rn
2. Женски пантолони
rnПред 80 години пантолоните ги носеле само мажите. Коко Шанел тоа го променила засекогаш. Сметала дека жените мораат да имаат еднаква слобода како мажите – затоа што корсетите и здолништата физички ги ограничувале жените. Клучниот момент се случил кога Коко сфатила дека не може да јава коњ во долго здолниште и тогаш буквално му ги соблекла пантолоните на машкиот јавач и ги облекла.rn
3. Малото црно фустанче
rnКоко Шанел сакала да создаде фустан со пристапна цена кој ќе им биде достапен на жените од сите класи т.е. наменет за најширокиот пазар. Исто така, таа имала намера фустанот да може да се носи на безброј начини, па така настанало малото црно фустанче – најпопуларниот фустан во светот. Кога прв пат бил претставен во 1926 година, светското модно списание Вог напишало дека ова фустанче ќе стане униформа за сите жени и за сите вкусови. 90 години подоцна, малото црно фустанче сѐ уште е многу, многу моќно.rn
4. Маичка со морнарски риги
rnКоко Шанел голем дел од инспирацијата ја црпела од својот роден град, па така настанала маичката со морнарски риги. Набљудувајќи ги француските рибари кои носеле бело-сини маички на риги, одеднаш се сетила дека таков едноставен примерок фантастично би изгледал на женската силуета. Коко ја дизајнирала наједноставната верзија на овие маички, а подоцна ригите се пренесле и на пантолоните, чевлите, чантите и останатите модни додатоци.rnrnrn
5. Темен (изгорен) тен
rnНа почетокот од 20-тиот век бледата кожа била во мода, а темниот тен се поврзувал со пониската, односно, работничката класа. Тогаш, Коко Шанел случајно изгорела на сонце на француската ривиера. Кога се вратила во Париз, нејзините пријатели се восхитувале на нејзиниот исончан тен, па и самите почнале да се сончаат. Така, некогаш презираниот темен тен станал симбол на богатство и убавина и тренд кој никогаш нема да исчезне.rn
6. Жерсе
rnУште едно нешто што Коко го „украла“ од мажите е жерсето. Во нејзиното време овој удобен материјал се користел само за изработка на машка долна облека. За жените тоа значело целосно препородување затоа што дотогаш носеле само груби и неудобни, но скапи материјали. Евтиното жерсе Шанел го снабдила кога дошло до недостаток на скапи ткаенини поради Втората светска војна.rn
7. Женски костим
rnПовторно „крадејќи“ од посилниот пол, дизајнерката го позајмила машкото одело. Сако без јака, ткаен модел со метални копчиња и здолниште што се стеснува – ваквиот модел изработен од твид бил совршен за жените кои после Втората светска војна сакале да изградат кариера во доминантниот машки бизнис свет. Ваквите костими, меѓу останатите ги носеле и Одри Хепберн, Грејс Кели и Џеки Кенеди.
Коко Шанел била француска дизајнерка, најпозната по своите безвремени и едноставни дизајни. Нејзините креации го вклучуваат и парфемот „Chanel No 5“ како и „малиот црн фустан“. Таа била прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во 20-от век според магазинот Тајм и мораме да признаеме дека оваа иконска француска модна дизајнерка има многу да каже за животот. Погледнете ја нареднава колекција од нејзините најинспиративни цитати.rnrnrn rn
„Доколку сте родени без крилја, не правете ништо со што би ги спречиле да ви пораснат“.
rn
„Животот не ме задоволуваше, па затоа си создадов мој живот“.
rn
„И најголемата љубов мора да се издржи“.
rn
„За да бидеш незаменлив, мора да бидеш различен“.
rn
„Колку грижи губи една личност кога ќе одлучи да не биде нешто, туку некој…“
rnrnrn rn
„Кога веќе сè ни е во главите, подобро да не ги изгубиме“.
rn
„Најхраброто дело е да продолжиш да размислуваш за себе. На глас“.
rn
„Постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати“.
rn
„Жената има онолку години колку што заслужува“.
rn
„Една девојка треба да биде две нешта: елегантна и неверојатна“.
rnrn rn
„Ќе живеете само еднаш, па затоа гледајте да бидете забавни“.
rn
„Не губете време удирајќи се во ѕид со надеж дека ќе го трансформирате во врата“.
rn
„Барајте ја жената во фустан. Ако нема жена, нема да има ни фустан“.
rn
„Можете да бидете прекрасни во триесеттите, шармантни во четириесеттите и неодоливи до крајот на вашиот живот“.
rn
„Сè додека знаете дека мажите се како деца, знаете сè!“
Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.rn
Нејзиното вистинско име е Габриел
rnРодена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.rnrn
Таа направила исончаниот тен да биде популарен
rnВо тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.rnrn
Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5
rnСтанува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.rn
Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки
rnЗапочнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?rnrn
Нејзиниот омилен број бил 5
rnОчекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.rnrn
Таа направила вистинска револуција во женската мода
rnЖените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!rnrn
Од модни совети, преку безвременски парчиња облека до крупни општествени промени. Ова е начинот на кој отсекогаш функционирале големите дизајнерски имиња, чии цитати ќе ви помогнат да одговорите на прашањето: дали модата денес се движи во вистинскиот правец?rnrnrn
„Јас не дизајнирам облека, јас дизајнирам соништа.“ – Ралф Лорен
rn
„Многу ми е мило што луѓето можат да си дозволат да купат Армани, дури и кога тоа е имитација. Ме радува фактот што сум толку популарен насекаде во светот.“ – Џорџо Армани
rn
„Креативноста доаѓа од конфликтот на идеи.“ – Донатела Версаче
rn
„Мојот сон е да ја спасам жената од нејзината природа.“ – Кристијан Диор
rn
„Најубавото нешто што една жена може да го облече се рацете на мажот кој го љуби.“ – Ив Сен Лорен
rn
„Модните дизајнери се диктатори на вкусот.“ – Карл Лагерфилд
rn
„Не можете да лажирате шик, но можете да бидете шик со лажно крзно.“ – Карл Лагерфилд
rn
„Најдобрата боја на целиот свет е онаа која изгледа најдобро на вас.“ – Коко Шанел
rn
„Најдобар изглед е природниот, но за да изгледате така потребна ви е шминка.“ – Келвин Клајн
rn
„Модата е архитектура, таа е прашање на пропорции.“ – Коко Шанел
rnrn
„Жената е најсовршената кукла што сум ја облекол со радост и восхит.“ – Карл Лагерфилд
rn
„Облекување. Луѓето не го практикуваат повеќе. Мора да го промениме тоа.“ – Џон Галијано
rn
„Модата избледува, но стилот е вечен.“ – Ив Сен Лорен
rn
„Модата не е нешто, што живее само во фустаните. Модата е на небото, на улиците, модата е идеја, начин на живот и сè што се случува околу нас.“ – Коко Шанел
rn
„Разликата помеѓу стилот и модата е квалитетот.“ – Џорџо Армани
rn
„Јас не правам мода, јас сум мода.“ – Коко Шанел
rn
„Жената е најсекси кога се чувствува комотно во нејзината облека.“ – Вера Ванг
rn
„Не дозволувајте да ве заведат трендовите. Не дозволувајте ù на модата да ве поседува, самите одлучете што сакате да бидете и што сакате да изразите со начинот на кој се облекувате и начинот на кој живеете.“ – Џани Версаче
rn
„Елеганцијата се раѓа од духот, културата и интелигенцијата.“ – Армани
rn
„Мислам дека убавината е насекаде. Тоа што ‘нормалните’ луѓе го сметаат за грдо, јас обично наоѓам некаква убавина во него.“ – Александар Мекквин
rnrn
„Убавината доаѓа одвнатре. Таа е одраз на индивидуалноста на човекот.“ – Роберто Кавали
rn
„Елеганцијата е прашање на индивидуланост, таа е повеќе од парче облека.“ – Жан Пол Готје
rn
„Ја сакам модата, но таа треба да си го знае местото, а не да управува со нашите животи.“ – Миуча Прада
rn
„Никогаш не сте премногу облечени, ниту премногу разголени со мал црн фустан.“ – Карл Лагерфилд
rn
„Отсекогаш сум верувал дека модата не постои само за да ги направи жените поубави, туку и за да ги успокои и да им даде самодоверба.“ – Ив Сен Лорен
rn
„Со текот на годините научив дека она што е најважно кај фустанот е жената која го носи.“ – Ив Сен Лоран
rn
„Жената е стара онолку колку што заслужува.“ – Коко Шанел
rn
„Најубавата шминка за една жена е страста. Но, козметиката е полесно да се купи.“ – Ив Сен Лорен
rn
„Мислам дека фустанот, фризурата и шминката се клучни фактори во проектирањето атрактивна личност и шанса за подобрување на една од најдобрите физички карактеристики.“ – Вивиен Вествуд
Со текот на времето, жените успеаа да се изборат за своето место во области кои се сметаа за типично машки, како што се политиката, авијацијата, биологијата, па дури и комедијата. Следниве актерки, водачи и пронаоѓачи се само дел од жените кои нè инспирираа низ историјата.rn
Коко Шанел
rnФранцуската дизајнерка Коко Шанел имала големо влијание врз светската мода. Откако научила да шие според инструкциите на нејзините роднини и ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки, таа развила посовремен пристап кон модата, вклучувајќи креирање на едноставна, но сепак елегантна облека.rnrnrn
Фрида Кало
rnПозната по своите надреални, понекогаш дури и прогонувачки автопортрети, мексиканската сликарка Фрида Кало е симбол на мексиканското традиционално наследство и на феминистичкото движење. За жал, јавноста го препозна нејзиниот талент неколку години по нејзината смрт.rnrnrn
Марија Кири
rnЕдна од најпознатите жени-научници во историјата, полската физичарка и хемичарка Марија Кири е првата жена која добила Нобелова награда и единствена која била два пати наградена за нејзините достигнувања во областа на радиоактивноста.rnrnrn
Индира Ганди
rnИндира Ганди е единствената жена-премиер која најдолго се задржала на премиерското место. Таа, меѓу другото, ги национализирала банките и воспоставила програма за употреба на нуклеарно оружје. Над неа бил извршен атентат додека работела на планот за отстранување на вооружените бунтовници.rnrnrn
Жозефин Бејкер
rnАмериканската комедијантка со француско потекло, Жозефин Бејкер, била обичен уличен изведувач пред да почне да настапува во шоу во нејзиниот роден град Сент Луис. Подоцна таа станала првата афро-американска актерка која добила филмска улога.rnrnrn
Амелија Ерхарт
rnКако авијатичар, Амелија Ерхарт поставила многу рекорди, меѓу кои бил и фактот што таа била првата жена која сама го прелетала Атлантскиот Океан, со што поттикнала многу жени да тргнат по нејзините стапки. Иако таа трагично исчезна обидувајќи се да ја прелета Земјата, сеќавањето на нејзиниот дух денес останува инспирација за многу жени.rnrnrn
Евита Перон
rnПрвата дама на Аргентина, Евита Перон, се залагала за подобрување на работничките права и за правото на глас на жените. Иако таа не била избрана на чело на државата, Ева имала огромно влијание врз народот, кој, пак, толку многу ја сакал што за неа организирал погреб со највисоки државни почести.rnrnrn
Флоренс Најтингел
rnНајпознатата медицинска сестра во историјата, Флоренс Најтингел, е одговорна за намалувањето на стапката на смртност за време на Кримската војна, од 42% на 2%. Таа се смета за основоположник на нејзината професија, а нејзината книга „Белешки за медицинските сестри“ служела како основа во нејзиното училиште каде што се образувале идните медицински сестри.rnrnrnrn rnrn
Во денешно време има многу парфеми со потпис на славните личности, но ако барате класика, пробајте ги безвремените парфеми инспирирани од легендарните модни икони.rn
Одри Хепберн
rnПарфемот кој модната компанија на Живанши го создаде специјално за Одри Хепберн беше наречен „Забрането“ затоа што, според гласините, актерката не сакала овој парфем да биде споделен со други жени. Сепак, во 1960 година, парфемот беше претставен пред јавноста. Во рекламната кампања се појави дури и самата актерка.rnrnПарфемот е наменет за: жени кои ги привлекуваат мажите со нивната скромност и срамежливост.rnrnrn
Грета Гарбо
rnТриото парфеми „Мит“, „Сфинга“ и „Божица“ ја сочинуваат колекцијата Grès, инспирирана од Грета Гарбо. Дизајнерот Аликс Бартон ја креираше не само оваа колекција парфеми, туку и облеката на мистериозната шведска актерка. Колекцијата парфеми беше претставена во 2009 година.rnrnПарфемот е наменет за: носталгични жени кои поседуваат талент за актерство.rnrnrn
Принцезата Дајана
rnИнспириран од принцезата Дајана, парфемот е создаден од Вилијам Овен III, чие семејство прави мириси за кралското семејство повеќе од еден век. Овој парфем е именуван според истоимената египетска божица Изида и претставува комбинација од бела роза и темјанушка.rnrnПарфемот е наменет за: невообичаено весели жени со аристократско однесување.rnrnrn
Кетрин Хепберн
rnПарфемот инспириран од Кетрин Хепберн, Vol de Nuit Perfume, бил претставен во 1933 година, како насловна страна на романот „Ноќен лет“ од Антоан де Сент – Егзипери. Овој парфем бил претставуван од Ава Гарднер и Џин Харлоу, но најголема популарност му донела сцената во филмот на Мартин Скорсезе, „Авијатичарот“, во кој една од главните улоги е онаа на Кетрин Хепберн.rnrnПарфемот е наменет за: жени кои копнеат по слободата.rnrnrn
Коко Шанел
rnКреиран од самата Коко Шанел, парфемот „Шанел број 5“ е создаден за модерните и независни жени. Овој парфем бил претставен во 1920 година и претставува мешавина од неколку различни есенции. Се претпоставува дека на Коко Шанел ѝ биле понудени 25 парфеми од кои таа го избрала парфемот број 5, па така настанало неговото име „Шанел број 5“.rnrnПарфемот е наменет за: зрели и независни жени кои не се плашат да ја покажат својата внатрешна сила.rnrnrn
Грејс Кели
rnКолекцијата парфеми „Флора“ била создадена од Родолфо Гучи, а инспирирана од една марама направена специјално за Грејс Кели, откако таа ја посетила продавницата на Гучи во Милано, во 1966 година. Во оваа колекција доминираат нотите на гарденија, тубероза, магнолија, темјанушка и мандарина.rnrnПарфемот е наменет за: романтични жени кои се секогаш заљубени.rnrnrnrn
Во светот на модата постојано се појавуваат нови дизајнерски имиња. Почнувајќи од 1923 година па сè до денес, ова се дваесетте највлијателни дизајнери во историјата на модата.rnrn
Џорџо Армани
rnПоранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја. rn
Пјер Карден
rnФранцузинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори. rn
Коко Шанел
rnНа почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни. rn
Кристијан Диор
rnПрвата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор. rn
Долче и Габана
rnИталијанските дизајнери Доменико Долче (роден во Сицилија во 1958 година) и Стефано Габана (роден во Милано во 1962 година), својот прв успех го доживеале во 1985 година, за време на модната недела во Милано. Истовремено, дуото започна романтична врска која траеше 19 години. Иако нивната романса заврши, Долче и Габана продолжија да работат заедно дизајнирајќи парфеми и модни додатоци. rn
Том Форд
rnВо 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и сексуално експлицитните рекламни кампањи за зајакнување на брендот. rn
Хуберт де Живанши
rnЖиванши отворил сопствена модна куќа во текот на 1950-те години, откако се преселил во Париз, каде што го донел своето аристократско наследство. Тој е можеби најпознат по дизајнирањето облека за Одри Хепберн, и приватно и професионално, во филмовите „Појадок кај Тифани“ и „Шарада“. Одри Хепберн, меѓу другото, беше и заштитно лице за неговиот парфем L’interdit. rn
Џон Галијано
rnПрвиот обид за лансирање на сопствена модна линија Галијано го направи веднаш по дипломирањето на Колеџот за уметност и дизајн во Лондон, но финансиските проблеми беа пречка за развој на неговиот талент. Во 1995 година, тој почна со дизајнирање за Живанши, со што стана првиот британски дизајнер на чело на француската мода куќа, а веќе во 1996 година стана уметнички директор на Диор. Пред една година, Галијано беше разрешен од Диор заради антисемитски забелешки. rn
Жан Пол Готје
rnИ покрај несогласувањата со француската модна куќа Хермес во периодот од 2004 до 2010 година, самоукиот француски дизајнер, Жан Пол Готје, ќе остане запаметен по конусниот градник кој го дизајнираше за Мадона во почетокот на 90-те години. Креациите на Готје се специфични заради спојот на два спротивни елементи, кожа и метал. rn
Марк Џејкобс
rnМарк Џејкобс станал препознатлив по својот бунтовен талент, благодарение на отказот што го добил во еден бутик затоа што изработувал облека од премногу скапи материјали. Во 1997 година, Џејкобс станал уметнички директор на Луј Витон, каде што од 1984 година почнува да работи заедно со неговиот колега Роберт Дафи. rn
Келвин Клајн
rnКариерата на Келвин Клајн започнала во 1968 година, неговиот стил од 90-те години со минималистички и чисти линии и денес е препознатлив ширум светот. Клајн докажа дека ваквите чисти линии, карактеристични за машката облека, може да ги носат и жените. Неговата компанија „Вечност, опсесија, бегство“ е синоним за облека и парфеми. rn
Рене Лакост
rnФранцускиот тенисер Лакост, познат по тоа што вовел тениска униформа со поинаков изглед од стандардната, е основач на истоимената компанија за спортска облека. Во 1920 година го добил прекарот „Крокодил“, со што крокодилот за кратко време станал заштитно лого на брендот Лакост. За најголем изум на Лакост се смета поло маицата. rn
Карл Лагерфилд
rnНа 17-годишна возраст Карл Лагерфилд бил второпласиран на еден избор за фустани, веднаш зад победникот Ив Сен Лорен. Веднаш потоа, Лагерфилд почнал да дизајнира за најпознатите модни куќи. Во 1983 година ја доби најголемата задача за него: враќање на модната куќа Шанел за одбележување на 12 години од смртта на Коко Шанел. Денес Лагерфилд дизајнира истовремено и за сопствената модна куќа и за Фенди. rn
Ралф Лорен
rnАмериканскиот бренд Ралф Лорен за многумина претставува бренд кој повеќе од 40 години му пркоси на времето. Роден како Ралф Лифшиц во еврејско семејство во Бронкс, тој го менува своето име во Ралф Лорен во текот на 50-те години. Кариерата на Лорен започнала во 1967 година, прво со дизајнирање на машка, а подоцна и на женска облека. rn
Ив Сен Лорен
rnВо 1966 година, Ив Сен Лорен ја шокирал јавноста со неговиот смокинг наменет за жени. Со тоа, овој дизајнер им го отвори патот на жените за носење машки костими и за покажување моќ и авторитет. Популарните сафари јакни и чизми на високи потпетици, исто така се креација на Ив Сен Лорен. Тој е првиот дизајнер кој вовел етнички модели на модната писта и првиот кој создал колекција „подготвена за носење“. rn
Валентино
rnЗа едно интервју во 2008 година, на прашањето „Што сакаат жените?“, Валентино одговорил: „Знам што сакаат жените. Тие сакаат да бидат убави.“ Ова е мотото со кое тој постигна огромен успех, дизајнирајќи ја венчаницата на Жаклина Кенеди и освојувајќи ја наградата Нејман Маркус (моден Оскар). Креациите на Валентино изобилуваат со драматичност, детали и луксуз. Валентино се повлече од светот на модата во 2007 година. rn
Џани Версаче
rnЏани Версаче беше моден могул цели 20 години, сè додека не беше убиен пред неговиот дом во Мајами во 1997 година. Со отворањето на неговата прва продавница во 1978 година, Версаче станал синоним за гламур и иновативност. Тој дизајнирал за Мадона, Елтон Џон и за принцезата Дајана. По неговата смрт, раководството на модната куќа го презеде неговата сестра, Донатела Версаче. rn
Луј Витон
rnИдејата за дизајнирање чанти Витон ја добил уште кога почнал да работи како носач на багаж. Неговата прва линија чанти била лансирана во 1854 година. Благодарение на Луј Витон, денес имаме правоаголни куфери идеални за долги патувања. Заради многуте копии на неговите производи, Луј Витон го создаде своето лого (иницијалите LV вметнати на костенлива површина), кое се наоѓа на секоја негова чанта. rn
Вера Ванг
rnКога Вера Ванг ја планирала сопствената венчавка во 1989 година, таа била разочарана од слабиот избор на наметки, па така сама ја дизајнирала својата венчаница. За кратко време поранешната натпреварувачка во уметничко лизгање станала најпознатиот бренд за венчаници. Денес Вера Ванг не дизајнира само невестински фустани, туку и накит, долна облека и парфеми. rn
Вивиен Вествуд
rnГолемата дама на британската мода, Вивиен Вествуд, отсекогаш имала талент за провокација. Во 70-тите години, Вествуд создала нов бран и панк мејнстрим, кога почнала со продажба на ексцентричната колекција на масивни чевли на платформа и маици со слоганот „Лондон – епицентар на луксузот“. Вествуд ќе остане запаметена по нејзиното модно деби, кога претстави линија корсети со нејзин потпис, инспирирани од силуетите на куртизаните од 18-от век. rnrn