КАФЕ ПАУЗА

Tag: коцки мраз

  • Совети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мраз

    Совети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мраз

    Го мразиме студенилото, но затоа ги сакаме освежувачките, студени пијалаци. Но, дали знаевте дека мразот може да користи и во служба на убавината? Можеби веќе дознавте за трикот на Мерлин Монро, но сепак коцките мраз имаат уште многу други примени. Па затоа, ставете неколку коцки мраз во вашиот омилен пијалак, но обидете се да сочувате неколку и за вашето разубавување.rnrnСовети за убавина: Неверојатни начини на кои можете да ги искористите коцките мразrn

    Сè што треба да знаете за „студените“ терапии:

    rnСекогаш применувајте ги на чиста кожа! Секогаш носите заштитни ракавици, особено ако планирате да ја примените „студената“ терапија на лицето. Немојте да го ставите мразот директно на кожата, туку замотајте го во мека крпа или пластично ќесе. Коцките мраз можете да ги користите директно кога ќе ги ставите на акните или отокот. Немојте да го држите мразот на лицето подолго од еден час. За подобар ефект, направете коцки мраз од краставица, зелен чај или лук.rn

    1. Помека кожа

    rnСекоја вечер пред спиење, измијте се, а потоа со ќесе наполнето со мраз благо масирајте го лицето и вратот околу 3 минути. За неколку дена ќе забележите разлика – вашата кожа ќе биде посвежа, помека и помазна. Ова е одличен трик и за намалување на видливоста на брчките, но и за постигнување на подобар и поквалитетен сон.rn

    2. Решете ги акните

    rnПосле миењето, коцките мраз завиткајте ги во чиста, мека крпа или салвета и ставете ги на акните од 3 до 5 минути. Резултатот ќе ве изненади!rn

    3. Намалување на видливоста на брчките

    rnСекој ден пред нанесување на шминката масирајте го лицето со мраз околу една минута. Ова ќе ја поттикне циркулацијата на крвта и ќе го намали прераното стареење на кожата и создавањето брчки.rnrn3-nekolku-korisni-trikovi-neverojatni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-kockite-mraz-za-koi-dosega-ne-znaevte-www.kafepauza.mk_rn

    4. Затворете ги порите

    rnПроширените пори ќе исчезнат за неколку дена доколку секој ден со коцки мраз нежно ќе го масирате лицето. Оваа постапка нека трае од две до три минути.rn

    5. Нека надуените капаци станат минато

    rnНа сите ни се случува да се разбудиме со очи надувани како „балони“! Коцките мраз ставете го во марамче или мека крпа и две минути благо, со кружни движења масирајте ја критичната област.rn

    6. Решете се од масните наслаги на стомакот

    rnЗдрава исхрана, вежбање и овој трик – ставете ќесе полно со мраз на стомакот и држете го 15 минути. Направете пауза од 3 минути и повторете ја постапката, но така што оваа терапија да не трае подолго од еден час. На овој начин белите масни ќелии ќе се трансформираат во кафеави кои потоа полесно ќе ги согорите. Сепак, запомнете го почетокот на реченицата – овој трик е успешен само во комбинација со балансирана исхрана и редовно вежбање.rnrn4-nekolku-korisni-trikovi-neverojatni-nachini-na-koi-mozhete-da-gi-iskoristite-kockite-mraz-za-koi-dosega-ne-znaevte-www.kafepauza.mk_

  • Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мраз

    Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мраз

    Летото е период од годината кога речиси секојдневно се користат коцки мраз за разладување на пијалаците. Но, дали знаете дека во тие мали коцки кои се создаваат во автоматите за мраз се кријат многу „загадувачи“ кои можат да му наштетат на нашето тело? Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на тие бактерии, микробиолозите посочуваат дека треба да се внимава, затоа што не е познато какво влијание можат да имаат на подолгорочен план. Прочитајте ја листата од најчестите опасности кои се кријат во студените, проѕирни коцкички.rnrn(1) Внимавајте: 3 опасности кои се кријат во коцките мразrn

    1. Во апаратите за мраз се акумулираат бактерии

    rnОва се случува во процесот на замрзнување и настанување на мразот. Апаратите кои се користат за производство на коцки мраз, ретко се третираат како и останатите кујнски апарати и не се чистат редовно, поради тоа што луѓето мислат дека не се извалкани затоа што во нив се става само вода. Но, тоа е сосема погрешно и затоа треба темелно да се чистат.rn

    2. Најголем виновник за загадувањето е мувлата

    rnИако ниските температури ретко поттикнуваат создавање мувла, доаѓа до проблем доколку автоматот за мраз често се исклучува од струја. Тогаш доаѓа до растопување, насобирање влага и на крај, создавање на мувлата. Автоматите за мраз задолжително треба да се исчистат пред употреба, особено ако долго време биле неупотребувани.rn

    3. Бактериите ја сакаат и лопатката за земање мраз

    rnДоколку шанкерот ја фати лопатката со неизмиени раце и потоа веднаш се врати назад, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот, а оттаму и директно во мразот. Истото важи и во домашни услови при вадење на мразот од замрзнувачот. Секогаш претходно добро измијте ги рацете, затоа што колку и да изгледа тешко остварливо, мразот може да биде предизвикувач на зараза.

  • Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

    Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

    Дозволете ни да ви претставиме идеја која е толку едноставна, што не можеме да си поверуваме дека никогаш претходно не сме помислиле на неа. Станува збор за ледени коцки од лубеница. Овие замрзнати овошни коцки се суптилно благи, целосно освежувачки и најдобро од сè, бараат само една состојка за да ги направите. Зарем има подобар начин на кој можете да се освежите за време на топлите летни денови?rnrn(1) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите деновиrnrnСè што ви е потребно за овие чудесни ледени коцки се лубеница (без семки) и калап за коцки лед. Едноставно исечкајте ја лубеницата на мали парчиња, доволни за да можат да се сместат во калапот или пак, исцедете ја па сипете ја во нив и потоа ставете ги во фрижидер. По желба можете да додадете и прстофат шеќер или ливчиња нане.rnrn(2) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите деновиrnrnОткако ќе се замрзнат, тие се веднаш спремни за послужување. Можете да ги додадете во обична вода, природен цеден сок или кој било друг пијалак (дури и алкохолен) кој би сакале да го разладите. Исто така можете и само нив да ги јадете – тие се исто толку вкусни како и сладоледот. Единствената разлика е што се далеку поздрави за вашето тело.rnrn(3) Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови

  • Нема да поверувате: Исушете го лакот за нокти за помалку од 1 минута

    Нема да поверувате: Исушете го лакот за нокти за помалку од 1 минута

    Колку пати ви се случило да ги лакирате ноктите и потоа во наредните неколку часа да не можете да сработите ништо? Сигурно ќе одговорите дека не го знаете бројот. Секако, најважен фактор за тоа е квалитетот на лакот и колку слоја сте нанеле. Во оваа прилика со вас ќе споделиме природно средство кое секогаш ќе ви се најде при рака и ќе ви помогне за минута да ви се исуши свежиот маникир.rnrn1-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_rnrnИспробајте го овој метод и исушете го лакот за нокти за помалку од една минута на брз, лесен и едноставен начин.rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • длабок сад
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • неколку коцки мраз
    • rn

    rn

    Постапка:

    rn1. Пред да започнете да ги лакирате ноктите, во плитка чинија нанесете ладна вода и неколку коцки мраз.rnrn02-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_rnrn2. Излакирајте ги ноктите и кога ќе завршите ставете ги прстите во садот со водата и мразот.rnrn03-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_rnrn3. Задржете ги прстите во садот околу една-две минути, а потоа извадете ги. Лакот ќе биде супер исушен, а вашите нокти прекрасни какви што сте ги посакувале.rnrn04-nema-da-poveruvate-isushete-go-lakot-za-nokti-za-pomalku-od-1-minuta-www.kafepauza.mk_rn

    Напомена:

    rnПроцесот на ова сушење зависи од лакот кој го користите и од тоа колку слоеви имате нанесено.

  • Утрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начин

    Утрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начин

    Доколку и вам, како и на повеќето луѓе, наутро ви недостасуваат само уште 5 минути за да го допиете вашето прво кафе на мир, тогаш ќе бидете пресреќни кога ќе ви кажеме дека постои трик со кој ќе можете конечно да најдете време.rnrnУтрински трик кој штеди време: Оладете го брзо вашето кафе на највкусниот начинrnrnТоа можете да го сторите на два начина. Едниот начин е да сипете свежо подготвено, но оладено кафе во калапот за лед и да го оставите во замрзнувач. Овие ледени кафе коцки брзо ќе го оладат вашето кафе без да го променат неговиот вкус и притоа овозможувајќи ви повеќе време да уживате во вашиот утрински ритуал. Другиот начин на кој можете да го направите тоа е доколку замрзнете млеко. Погледнете го следново видео за деталната постапка…rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Прекрасни букети од цвеќиња замрзнати во коцки мраз

    Прекрасни букети од цвеќиња замрзнати во коцки мраз

    Со текот на годините, ботаничкиот артист Макото Азума константно наоѓа нови начини на кои ја истражува убавината на растенијата така што ги поставува во неверојатно уникатни околини. Но, неговата најнова изложба ни нуди неверојатен поглед кон променетиот животен циклус на букетите од цвеќиња кои се „заробени“ во коцки мраз.rnrnПрекрасни букети од цвеќиња замрзнати во коцки мразrnrn rn

    „Цвеќињата покажуваат уникатни експресии кои не ги покажуваат во секојдневниот живот, доколку ги поставите во различна околина“, вели Азума. „Ве молам уживајте во начинот на кој цвеќињата и ледот со тек на време се менуваат далеку од човековото постоење – тоа е неоргански простор кој прави жив контраст со цвеќињата.“

    rnrn

    rn rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ледено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летото

    Ледено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летото

    Совршен летен напиток

    rnЛедено кафе кое ќе ви помогне да го преживеете летотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 225 милилитри свежо подготвено филтер кафе
    • rn011

    • 1/2 банана
    • rn011

    • 180 милилитри кокосово млеко, без шеќер
    • rn011

    • 1 супена лажица путер од лешници
    • rn011

    • Мраз
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСместете ги сите состојки во блендер и мешајте. Потоа сипете во чаша со мраз и уживајте.

  • Ледени кафе коцки

    Ледени кафе коцки

    За поинтензивен вкус на вашето омилено кафе…

    rnЛедени кафе коцкиrn

    Време на подготовка: 3 часа

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 милилитри вода
    • rn011

    • 2 лажички инстант кафе
    • rn011

    • шеќер по вкус
    • rn

    rn Ледени кафе коцкиrn

    Начин на подготовка:

    rnВо чаша или во некој друг сад измешајте ги сите состојки додека кафето и шеќерот не се растопат. Ладното кафе сипете го во калапи за мраз и ставете ги во фрижидер за длабоко замрзнување, барем 3 часа за коцките да се стегнат. Ставете неколку коцки во вашето кафе и уживајте.rnrnЛедени кафе коцки

  • Овошни коцки мраз

    Овошни коцки мраз

    Ова е една многу кул идеја која со сигурност ќе најде примена во текот на жешкото лето. Во ледени чаеви, ладни овошни сокови или во обична вода, овие овошни коцки мраз со шумско овошје ќе ви бидат вистински хит ова лето.rnrnОвошни коцки мразrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • калапи за мраз
    • rn011

    • шумско овошје (свежо или замрзнато)
    • rn011

    • вода
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnПодготовката е иста како и за обичните коцки мраз. Разликата е во тоа што треба да ставите помало количество вода од вообичаеното. Во секоја вдлабнатина ставете по едно од сите различни овошја и калапот ставете го во замрзнувач.rnrnОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразОвошни коцки мразrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.