Клонирањето домашни миленичиња станува сè попопуларно во Кина. Поврзаноста на луѓето со домашните миленичиња е голема, па кој не би сакал да го клонира својот најдобар пријател?rnrn
rnrnКомпанијата „Синоген“, која се занимава со клонирање животни, соопштила дека од 2018 година до првата четвртина на 2019 година, клонирале 40 кучиња. Компанијата планирала за 5 години да започне да клонира и до 500 кучиња годишно.rnrnНеодамна беше објавено дека оваа компанија била прва во земјата која клонирала мачка. Мачето Лук е родено на 21-ви јули од страна на мајка сурогат и тоа носело генетски материјал од мачката која било клонирано.rnrnПретседателот на Управниот одбор на компанијата „Синоген биотехнологија“, Ми Џидунг, изјавил дека зголемената побарувачка за клонирање животни во Кина е поврзана со зголемената побарувачка за миленичиња.rn
„Пазарот за домашни миленичиња во Кина се развива многу брзо, и моментално околу 100 милиони луѓе поседуваат мачка или куче. Токму оваа група луѓе формирале потреба за клонирање животни, бидејќи сопствениците се врзуваат за миленичињата кои со години живеат со нив. Често не можат да се носат со загубата на своето куче или маче, па бараат да се клонира нивното милениче. Всушност, побарувачката за клонирање отсекогаш постоела, само технологијата претходно не можеше да ја задоволи таа потреба“, изјавил Ми Џидунг.
rnЦената за клонирање на домашно милениче изнесува околу 32 илјади евра, па не може секој да си дозволи таква услуга.rn
„Нашите клиенти се луѓе кои се премногу врзани со своите домашни миленичиња, кои имаат разбирање и одредено знаење за овој процес, како и можноста да платат, бидејќи нашите цени не се ниски“, објаснил Џидунг.
rnСпоред неговите зборови, здравствената состојба и животниот век на клонираните животни не се разликуваат од животните кои се родени по природен пат.rn
„Од моментот кога е клонирано првото животно – овцата Доли, поминаа 23 години. Оттогаш луѓето научија како да клонираат мачки, кучиња, како и покрупни животни – свињи и говеда. Практично никогаш немало проблем со ова“, рекол Ми Џидунг.
rnСпоред зборовите на професорот од Институтот за ветеринарство во Сичуан, Чен Џенглија, покрај здравјето и животниот век на животното, треба да се земат предвид и неговите карактерни црти.rn
„Целта на клонирањето сама по себе е добра, но сепак тоа е формирање на потполно нов живот. Клонот може да живее пократко, неговото однесување може да се разликува од однесувањето на претходното животно, а прашање е и дали сопственикот воопшто ќе може да го прифати новото животно“, рекол Чен.
rnИстовремено, Ми Џидунг објаснил дека нивната компанија досега немала работа со сопственик кој сметал дека клонираното животно се разликува од својот претходник. Иако надворешниот изглед на клонираното животно можел да биде малку поразличен, најважно било клонот целосно да ги наследи карактерните особини од претходното животно.rnrnПрочитајте и за оваа компанија која прави домашни влечки кои изгледаат како миленичињата на купувачите.

Главни улоги:
Сара Менинг е аутсајдер, израсната во Лондон заедно со Филекс, нејзиниот посвоен брат. Таа се враќа дома за да си го среди животот, да ја врати назад својата ќерка, да ја обнови врската со Филекс и да стави точка на нејзиното минато, лошите избори и лошите момчиња. Токму кога мисли дека го нашла лесниот начин за излез од проблемите, всушност влегува во лавиринт од нови непознати дејствија кои ни малку не се лесен пат до безгрижен живот.
Чекајќи воз на железничката станица, таа среќава жена која пред нејзините очи си го одзема животот, и што е најчудно од сè, изгледа идентично како неа. Сара е стаписана од оваа случка, но ја користи во своја полза, па ги зема нејзините лични документи и следствено, нејзиниот идентитет и нејзиниот живот.
Многумина не знаат дека таа не е полицајката Бет, но изненадувачки, некои сепак знаат дека не се работи за истата личност, а уште поголемо изненадување е тоа што Бет не е единствениот нејзин дупликат.rnrnКако се случило ова? Како е можно да има повеќе од една идентична личност? Кој ги создал? Колку ги има? Каде низ светот живеат? Колку досега се убиени…rnrnТВ серијата има интересна замисла и дејство кое е лесно да се следи. Воодушевува актерката Татјана Мазлани (Сара Менинг), која не само што глуми повеќе различни ликови кои имаат различен стил, карактер и начин на живот, туку се и од различни страни на светот и говорат со различен акцент. Нејзиниот руски е крут, британскиот англиски ѝ е стегнат, па би се запрашале кој е всушност нејзиниот мајчин јазик. Се префрла од една улога во друга умешно претопувајќи ги сите различности на карактерите во клонирани верзии од себеси.
И останатата актерска екипа фино се надополнува во реализацијата на дејството. Партнерот на Бет, детективот Арт (Кевин Ханчард), нејзиниот љубовник – харизматичниот Дилан Брус, ќеркичката Кира (Скајлер Векслер) и нејзиниот геј брат Филекс (Џордан Гаварис) ја поставуваат серијата на солидни темели, над кои се издига добра приказна и интересно дејство.
Нема посебна целна група на која би ѝ ја препорачале оваа серија. Не е тешка, но не е ни здодевна, типична за во недела попладне. Изгледајте ја првата епизода, па или ќе сакате да продолжите да ја гледате или ќе се откажете уште на половина.rnrnПрвата сезона заврши заокружувајќи 10 епизоди, а за оние кои ќе станат нејзини фанови, добрата вест е дека нова сезона ќе се спрема во 2014.
rnrn
rnrnБизарно, но вистинито. Пред неколку години научниците докажаа дека ларвата од овој вид може да се клонира. Кога биле изложени на нивните природни непријатели, рибите, тие покажувале необичен одбранбен механизам.rnrn
rnrnТие се клонираат себеси, што значи, си ја преполовуваат големината на телото и на тој начин рибите потешко ги детектираат. Секако, ова не се единствените животни кои имаат ваква моќ. Морските ѕвезди, во својата возрасна фаза, можат да се клонираат откинувајќи дел од телото. Други такви видови се морските ежови и морските краставици.rnrn
rnrnСекогаш кога ќе се најдат во поволни температурни услови или места со изобилство на храна, тие создаваат група колонии за да можат да ја искористат предноста на условите.rnrn
rnrnКарактеристично за спесканиот морски еж, е тоа што тој ја поседуваа оваа особина само како одбранбен механизам. Ако тие ефикасно ја преполоват својата големина, рибата не може да ги види.rnrn
rnrnЗа процесот на клонирање потребни се неколку часа, но научниците велат дека тој почнува да се случува уште кога ларвата ќе го детектира присуството на предаторот, а не кога всушност ќе го види. Значи, тие почнуваат да се клонираат штом ќе го осетат рибниот слуз, па така кога рибата ќе пристигне, тие се невидливи за неа.rnrn
rnrnОд друга страна, пак, оваа особина си носи и свои негативни страни, односно цела нова група предатори, како што се малите морски ракови кои се исхрануваат со мали морски ежови. Но лукавите мали ежиња, се чини имаат решение и за овој проблем. Тие живеат во колонии во кои помалите единки секогаш се заштитени од поголемите браќа.rnrn
rnrn rnrn
Повеќето телесни клетки се разликуваат и се специјализираат за одредени функции. Кога клетките се специјализираат, обично ја губат способноста за делење и за создавање нови клетки, а тие кои можат да се делат, создаваат клетки само од истиот вид. За разлика од нив, матичните клетки, можат да се обновуваат и да го поттикнуваат развивањето на многу видови ткива. Клетките во ембрионите (почетна фаза во развитокот на
Кај бебињата, децата и возрасните, матичните клетки можат да се добијат само од одредени делови од телото, како што е коскената срцевина. Матичните клетки од коскената срцевина можат да создадат само ограничен број телесни ткива, но доказите укажуваат дека матичните клетки од ембрионот, со вештачко поттикнување можат да ги создадат сите видови ткива. Се смета дека крвта од папочната врвца на бебето, што може да се собере непосредно по раѓањето, може да биде одличен извор на матични клетки, иако нивното издвојување и одгледување од тој извор е доста тешко.
Матичните клетки може да се ползуваат за обновување на оштетено ткиво или за создавање органи потребни за трансплатација. Денес, еден од проблемите при трансплатирање во туѓо тело, како што се донираните органи, е тоа што имунолошкиот систем, веројатно, ќе ги отфрли. Проучувањата на матичните клетки може да доведе до неколку решенија на ваквите проблеми.
Прво решение е да се трансплантираат ткива што се создадени од матичните клетки на самиот пациент. Второ решение е генетски да се изменат ембрионски матични клетки за да се намали можноста од нив добиените ткива да предизвикаат имунолошка реакција, дури и ако клетките се имплантираат во друг човек. Третото решение е терапевтско клонирање. Оваа постапка може да вклучува соединување на генетскиот материјал на пациентот со празна јајце-клетка на дарителот. Секој ембрион што подоцна ќе се развие, ќе се поттикнува да создава матични клетки и истите ќе бидат имунолошки сообразени со пациентот.rnrnАко продолжат истражувањата во областа на терапевтското клонирање, солидни резултати можат да се очекуваат околу 2020 година. Меѓутоа, некои луѓе од етички побуди протестираат на овие проучувања, бидејќи тие опфаќаат експериментирање со човечки материјал.
rnrnrn