Од целото наше тело, само 43% е изградено од човечки клетки, а остатокот е вода, микроорганизми и други живи едноклеточни организми. Ова сознание може да донесе многу промени во медицинскиот пристап на лечење.rnrnrnrnГрупа биолози, по долги истражувања, заклучиле дека без разлика колку се бањаме и одржуваме хигиена, на површината на нашата кожа постојат микроорганизми без кои не можеме да функционираме. Во оваа симбиоза, благодарение на која сме живи и која помага организмот правилно да работи, човечките клетки зафаќаат 43% од вкупниот број. Иако оваа информација може да биде доста збунувачка, професори од Институтот Макс Планк објаснуваат зошто оваа појава е сосема нормална.rnrnУште од најрана возраст, на часовите по запознавање на природата, учиме дека две третини од нашето тело се составени од вода. Во нашето тело, исто така, постојат градбени клетки кои ги носат нашите гени, но во исто време сме и дом на голем број микроорганизми, вируси, бактерии, па дури и габи.rnrnrnrnПрофесор при Универзитетот во Сан Диего, Калифорнија, изјавил дека луѓето се повеќе микроби, отколку луѓе. Ако претходно се сметаше дека соодносот меѓу човечки клетки и микроорганизми е 10:1, сега, благодарение на новите сознанија, може да се каже дека овој број е изедначен.rnrnДури и на ниво на клетките, постојат живи материи (микробиоми) кои ги поврзуваат синџирите на нашата ДНК во целина. Истото се случува и во бактериите кои ги имаме во и на себе, а кои се клучни за правилно да функционираме. Така, може да се заклучи дека нашето тело е група од клетки, микроорганизми и материи, благодарение на кои можеме да бидеме она што сме од биолошки аспект – луѓе.
Применете го овој супер едноставен метод за да му помогнете на организмот што побрзо да ги промени старите и оштетени клетки од нитрати, слободните радикали, тешки метали и слични токсини, со нови. Исто така, помага во ослободувањето од симптомите на многу кожни, но и внатрешни болести и може да го превенира создавањето канцерогени клетки.rnrnrnrnСтанува збор за методот со сол на рускиот академик Балотов. Половина час пред јадење, ставете на јазикот околу 1 грам сол. Почекајте неколку минути солта да се растопи и потоа голтнете. Во текот на денот, оваа постапка можете да ја повторувате од 1 до 10 пати.rnrnОд малото количество сол, рефлексно започнува обилното лачење на желудочниот сок кој ги содржи сите потребни состојки за елиминација на штетните материи. Брзото подмладување на своите клетки можете и да го направите ако во исхраната започнете да користите растенија кои стимулираат лачење на желудочниот сок, како што се: Диво зелје, анасон, зелка, коприва, детелина, морски алги, црн пипер, сенф, рен, ротквица, коријандер, ким, цимет и ментол.
Лекувањето на ХИВ вирусот доживеа многу промени и пресврти од 1980-тите години до денес и научниците сè уште се обидуваат да пронајдат соодветна терапија која не само што го контролира, туку и целосно го отстранува вирусот од 37-те милиони луѓе низ светот кои се инфицирани. Научниците и истражувачите направиле важен чекор кон безбедното отстранување на ХИВ вирусот од човечкиот имунолошки систем и запирањето на неговото повторно појавување.rnrnrnrnКако што објаснуваат во научните забелешки, истражувачите требало да го нападнат вирусот онаму каде што се криел: Во човечката ДНК. ХИВ вирусот примарно цели на делот од белите крвни клетки, кој е витален во борењето на организмот со инфекциите, наречен ЦД4+ и се интегрира во клеточната ДНК. Напаѓањето на вирусот не е лесно, бидејќи неговото уништување може лесно да ги уништи и имунолошките клетки, што во никој случај не е добар резултат. За да го нападнат само вирусот, научниците користеле еден систем за уредување на гените наречен CRISPR/Cas9. Системот ја скенира клеточната ДНК додека не ја пронајде секвенцата на вирусната ДНК, а потоа ја дели таа секвенца, го отстранува вирусот и одново ги поврзува двата краја. Најдобриот дел е тоа што процесот не ѝ наштетува на клетката, не ја загрозува нејзината функција и ја прави отпорна на повторното појавување на вирусот.rn
„Антиретровирусните лекови се многу добри во контролирањето на ХИВ инфекцијата, но пациентите изложени на ваквата терапија патат од забрзано повторно појавување на вирусот, доколку го запрат третманот“, вели главниот истражувач Камел Калили.
rnКлучно е да се спомне дека иако клетките во оваа студија биле човечки, сепак не биле внатре во еден човек, што значи дека сè уште постојат многу пречки кои треба да се преминат пред генетското уредување да биде користено како терапија. Но, ова истражување сепак покажува дека лекувањето е теоретски и делумно практично возможно, што им ја дава и потребната самодоверба на научниците да продолжат напред.
Колку поинаку би се одвивале работите ако никој не го напушта светот на живите додека чека за трансплантација на неговите болни органи. Наместо да чека со месеци, замислете колку би било полесно кога клетките на пациентот би можеле да бидат искористени во создавањето на еден сосема нов и здрав орган во рок од само неколку недели, без никаква шанса од одбивање на истиот. Можеби звучи како научна фантастика, но истражувачите направиле голем напредок во правењето на оваа невозможна мисија во реалност, создавајќи ново, функционално човечко срце со помош на матични клетки.rnrnrnrnДостигнувањето, кое детално е опишано во „Дневникот за теренски циркулации“, еден ден ќе може да даде надеж на илјадници луѓе низ светот кои умираат бидејќи не добиле трансплантација на срце поради невозможноста да се пронајде соодветен орган. Техниката сѐ уште ќе вклучува дарител, но клучната разлика е тоа што секое срце ќе одговара. За да се направи повторно здраво, срцето се мие со посебен детергент кој ги чисти сите клетки од органот, заедно со сѐ друго што може телото на реципиентот да го одбие. Она што останува е една протеинска структура која служи како гнездо за матичните клетки кои ќе прераснат во едно ново срце. За процесот да биде целосно завршен се потребни две недели во кои срцето се чува во инкубатор и на кое потоа му се дава електричен шок кој ќе овозможи да започне повторно да пумпа.rnrnУбавината на оваа техника е тоа што таа не е ограничена само на срца. Претходните истражувања покажаа сличен успех и со бубрези, трахеи и ткивото на црниот дроб. Сепак, научниците сѐ уште се соочуваат со бројни предизвици и недостатоци кои секојдневно се обидуваат да ги поправат. Еден проблем е бројот на матичните клетки. За сите 73 срца користени за оваа студија се употребени 500 милиони матични клетки, но за да можат тие срца да бидат подготвени да работат во едно човечко тело, потребни се милијарди матични клетки. За жал, нивната достапност е регулирана од владата, па научниците за истражувањето биле принудени да создадат свои клетки користејќи ги клетките од кожата, што во никој случај не е идеално сценарио.
Автор: Маја ЛинковаrnrnКожата во којашто се наоѓаме е навистина фасцинантна. Таа истовремено ги штити органите, ги исфрла мртвите клети и се грижи да ни биде топло или ладно во зависност од годишното време. Меѓутоа, колку ние навистина ја познаваме нашата кожа?rnrnrnrn„Хафингтон Пост“ собрале некои интересни факти поврзани со кожата.rnrn1. Имаме многу кожа.Кожата е нашиот најголем орган, а нејзината површина изнесува 2 метри квадратни. Вториот најголем орган е црниот дроб.rnrn2. Целата кожа на нашето тело нема иста дебелина.На пример, очните капаци имаат најтенок слој кожа – 0,05 милиметри, додека пак најдебела кожа имаат стапалата и дланките – 1,5 милиметар.rnrn3. Кожата е тешка. Кожата сочинува речиси 16% од нашата вкупна тежина.rnrn4. Кожата нема само еден слој, туку три. Епидермис, дермис и хиподермис. Хиподермисот е последниот слој кој се состои од колаген и масти. Дермисот е средниот слој и е одговорен за 90% од нејзината дебелина. Епидермисот е надворешниот слој кој служи како заштитна преграда меѓу телото и средината.rnrn5. Секоја минута исфрламе неверојатна количина клетки.Поконкретно, меѓу 30.000 и 40.000 клетки.rnrn6. Кожата му помага на телото да одржува оптимална температура.Кога нам ни е премногу топло, крвните садови се шират, така што топлината лесно може да се ослободи низ кожата. Кога ни е ладно, крвните садови во кожата се собираат.rnrn7. По раѓањето, нашата кожа има друга боја.Здравото новородено бебе има кожа со црвеникава боја, а рацете и нозете имаат сина нијанса на кожата.rnrn8. Лузните предизвикуваат оштетување на вториот слој на кожата.Изгребаниот колаген е различен од колагенот во нормалната кожа. Како таков, кога умираат клетките на кожата и се заменуваат со нови, изгребаниот колаген не се менува и оштетеното ткиво не дава влакна.rnrn9. Начинот на којшто спиеме може да влијае врз кожата.Доколку спиете со лицето нурнато во перницата, тоа може да предизвика појава на брчки.rnrn rnrn
Хендрикје ван Андел-Шипер во 2005 година починала на возраст од неверојатни 115 години, правејќи ја една од најстарите луѓе во светот. За жена на нејзини години, таа била во исклучително добра здравствена состојба. Хендрикје исто така била доволно фина за да го донира своето тело на науката и научниците со нетрпение чекале да откријат нешто повеќе за неа што би можело да им помогне да го разберат стареењето. Поточно, истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот ВУ во Амстердам сакале да дознаат нешто повеќе за мутациите во соматските клетки кои се насобираат како што старееме.rnrnХендрикје ван Андел-ШиперrnrnВо студијата која била објавена во Журналот „Истражување на геномите“, тимот истражувачи пронашле 450 соматски мутации во нејзините здрави бели крвни зрнца. Уште поинтересно, овие мутации изгледале како навидум безопасни мутации-патници, за разлика од оние кои се поврзуваат со болестите.rnrnГрешките во репликацијата на ДНК-та често настануваат со поделбата на клетките, но поголемиот дел од времето се отстрануваат како мутации кои водат кон одредена болест. Фактот дека овие мутации не се поврзани со никаква болест сугерира дека нејзиното тело било многу ефикасно при отстранувањето на овие безопасни мутации и ни демонстрира голем број мутации кои можат да бидат толерирани во нормалното и здраво ткиво.rnrnПонатамошните истражувања покажале дека поголемиот дел од нејзините бели крвни зрнца настанувале од само 2 матични клетки. Ова откритие ни укажува дека нејзиниот базен од матични клетки бил скоро потрошен имајќи го на ум фактот дека сите ние за време на раѓањето имаме околу 20.000 матични клетки.rnrnТие исто така откриле и дека теломерите (заштитните капачиња на крајот од хромозомите) во нејзините бели крвни зрнца биле екстремно кратки, околу 17 пати пократки од оние кои биле пронајдени во нејзините мозочни клетки. Скратувањето на теломерите е природен и постепен процес кој настанува со делењето на клетките. Но, кога одреден момент ќе биде достигнат, клетките почнуваат да умираат и ние почнуваме да доживуваме нешто што се нарекува истоштеност на матичните клетки.rnrnСите овие резултати ни укажуваат дека можеби еден од факторите кои ни го ограничуваат нашиот животен век е базенот од матичните клетки кои полека изумираат и со тоа ние ја губиме способноста за регенерирање на ткивата. Овие резултати исто така ни даваат надеж дека еден ден, можеби ќе може да се забави процесот на стареењето така што ќе се најде начин да се обновуваат матичните клетки надвор од телото.rnrn
„Доколку земам сега еден примерок и си го дадам на себе кога ќе бидам многу постара, повторно ќе имам подолги теломери – но, ова можеби би успеало само со крвта, не и со другите ткива,“ вели водечкиот автор на оваа студија.
Роган Браун е англо-ирски артист кој работи со сложени уметнички скулптури направени од хартија. Тој за својата работа вели:rnrn
„Јас барам шеми и повторувачки мотиви кои се појавуваат низ природните феномени на различни нивоа, од микроскопските до макроскопските, од индивидуални клетки, па сè до огромни геолошки формации.rnrnДел од мојата инспирација произлегува од традиционалните научни цртежи и макетите, а посебно од работата на артистите-научници како што е Ернст Хекел. Но, и покрај тоа што мојот пристап вклучува внимателна опсервација и детални ‘научни’ подготвителни цртежи, тие секогаш се потиснати од имагинацијата; сè мора да биде прекршено низ призмата на имагинацијата, да се извлече и на некој начин да се трансформира.“
rnПогледнете дел од неговата неверојатна уметничка колекција…rnrnСредиште на клеткиrnrnЕрозијаrnrnВртлогrnrnПејсаж, навнатре и нанадворrnrnБранrnrnЗрноrnrnРастrnrnЗрноrnrnКлонrnrnМешунка пресечена на полаrnrnРастrnrnМешунка пресечена на полаrnrnЗрноrnrnСпориrnrn rnrn
Летото е на прагот, а на вашата кожа дефинитивно ѝ е потребно освежување, кое ќе ве направи да се почувствувате привлечни и неодоливи. Едноставен да се направи по дома и суперевтин, овој пилинг за тело е многу понежен за вашата кожа од оние коишто се базирани на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа. Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона.rnrnrn
Потребни состојки:
rn
rn011
200 грама кафеав шеќер
rn011
150 грама бадемово масло
rn011
1 супена лажица витамин Е
rn011
1 супена лажица ванилин екстракт
rn
rn
Начин на употреба:
rnИскомбинирајте ги сите течни состојки и потоа додадете го шеќерот. Можете да додадете и неколку капки етерично масло од рузмарин, кој е еден вид природен конзерванс кој ќе го одржува рокот на употреба на вашиот природен пилинг. Употребувајте го пилингот во када, пред да се туширате, триејќи го на вашата кожа, во кружни движења. Потоа измијте го шеќерот со тушот, но не го измивајте маслото со сапун, за кожата да ви остане свиленкасто мазна и да има совршена влажност.rnrnrnrnОткако ќе го направите рецептот, можете да го складирате во стаклен сад со капаче, а истиот ќе можете да го користите во времетраење од околу 1 месец.rnrn rnrn
Твојот мозок има потенцијал да запомни сè што некогаш си доживеал/а, прочитал/а, слушнал/а и видел/а. Единствениот проблем е што не можеш да се сетиш, но сè е складирано таму некаде.rnrnrnrnТвоето тело константно ги заменува клетките, толку многу што всушност сега имаш сосема различно тело од пред 7 години.rnrnКоличината на информации кои се верува дека мозокот може да ги чува е 1.000 терабајти. Суперкомпјутерот на IBM, Watson, единствениот противник со кој човекот се има натпреварувано, има само 16 терабајти РАМ. Каков „лузер“.rnrnСо спермата што ја имаш во твоите тестиси во моментов (момци), можеш да населиш уште една Македонија, а би ти требале 6 месеци за повторно да ја населиш целата планета од почеток.rnrnСекој што го гледаш во твоите соништа го имаш сретнато во некој момент од животот.rnrnВо текот на животот ќе изедеш околу 50 тони храна.rnrnЗа да ги вежбаш нозете колку што вежбаат твоите очи, би требало да пешачиш по 80 км на ден, секој ден.rnrnКако бебе си бил/а посилен/на од вол, сразмерно со оглед на големината.rnrnВо следните 4 години ќе произведеш мртва кожа колку твојата телесна тежина.rnrnТвојата коса расте по околу 12 мм месечно.rnrnКонстантно се потиш, по литар на ден.rnrnМожеш да реагираш на брзини од 274 км на час.rnrnОсвен што е запалива, твојата коса е скоро неуништлива.rnrn25.000.000 клетки ти умираат додека ја читаш оваа реченица, но твоето тело создаде 300 милијарди нови денес, така што без грижи.rnrnСи бил/а само клетка околу пола час од твоето постоење.rnrn
Медицинските проучувања, што опфаќаат ползување од основните телесни клетки, познати како матични клетки, е област од која може многу да се очекува. Тие клетки имаат единствена способност да се развиваат (диференцираат) во многу видови зрели клетки, како што се клетките на кожата, црниот дроб, мозокот или мускулите.Повеќето телесни клетки се разликуваат и се специјализираат за одредени функции. Кога клетките се специјализираат, обично ја губат способноста за делење и за создавање нови клетки, а тие кои можат да се делат, создаваат клетки само од истиот вид. За разлика од нив, матичните клетки, можат да се обновуваат и да го поттикнуваат развивањето на многу видови ткива. Клетките во ембрионите (почетна фаза во развитокот на бебето), се најдобар пример за матични клетки. Додека ембрионот расте и се развива во бебе, неговите матични клетки се диференцираат за да ги создадат сите видови ткива во човечкото тело.Кај бебињата, децата и возрасните, матичните клетки можат да се добијат само од одредени делови од телото, како што е коскената срцевина. Матичните клетки од коскената срцевина можат да создадат само ограничен број телесни ткива, но доказите укажуваат дека матичните клетки од ембрионот, со вештачко поттикнување можат да ги создадат сите видови ткива. Се смета дека крвта од папочната врвца на бебето, што може да се собере непосредно по раѓањето, може да биде одличен извор на матични клетки, иако нивното издвојување и одгледување од тој извор е доста тешко.Матичните клетки може да се ползуваат за обновување на оштетено ткиво или за создавање органи потребни за трансплатација. Денес, еден од проблемите при трансплатирање во туѓо тело, како што се донираните органи, е тоа што имунолошкиот систем, веројатно, ќе ги отфрли. Проучувањата на матичните клетки може да доведе до неколку решенија на ваквите проблеми.Прво решение е да се трансплантираат ткива што се создадени од матичните клетки на самиот пациент. Второ решение е генетски да се изменат ембрионски матични клетки за да се намали можноста од нив добиените ткива да предизвикаат имунолошка реакција, дури и ако клетките се имплантираат во друг човек. Третото решение е терапевтско клонирање. Оваа постапка може да вклучува соединување на генетскиот материјал на пациентот со празна јајце-клетка на дарителот. Секој ембрион што подоцна ќе се развие, ќе се поттикнува да создава матични клетки и истите ќе бидат имунолошки сообразени со пациентот.rnrnАко продолжат истражувањата во областа на терапевтското клонирање, солидни резултати можат да се очекуваат околу 2020 година. Меѓутоа, некои луѓе од етички побуди протестираат на овие проучувања, бидејќи тие опфаќаат експериментирање со човечки материјал.rnrnrn