Внесувањето на природата во вашата канцеларија е еден од најдобрите начини да го намалите вашиот стрес, да го подобрите вашето расположение и ефикасноста во работата, да го подигнете нивото на енергија и да ја зголемите отпорноста на болести.rnrn
rnrnТоа не значи дека треба да бидете опкружени со џунгла. Доволни се три растенија високи по 20 см, се тврди во истражувањето кое го направило тимот на професорката Маргарет Бурчет од Технолошкиот факултет во Сиднеј.rnrnВо оваа студија е откриено дека собното растение може да го снижи нивото на токсини во воздухот за дури 20%, а друго истражување открива дека тоа може да го намали уморот, кашлицата, воспалението на грлото и симптомите на настинка за повеќе од 30%, како и честото отсуствување од работа за 60%.rnrnВоедно, воздухот во затворените простории е за 5-10 пати позагаден од оној надвор. Кај луѓето кои во најголем дел од денот престојуваат во затворена просторија, можат да се јават здравствени проблеми како што се кашлица, тешкотии со дишењето, астма и други тегоби во респираторниот систем, како и проблеми со крвните садови.rnrnНекои научници тврдат дека за прочистување на воздухот и одржување на оптималното ниво на влага во просторијата, не се заслужни само билките, туку и микроорганизмите кои живеат во нивните корења, во хумусот и земјата во која се засадени.rnrnСе чини дека главната предност на собните растенија можеби и не се состои во нивното снабдување на просторот со кислород, туку во отстранувањето на јаглеродниот диоксид. Бројни истражувања докажале дека ефикасноста на работното место опаѓа кога расте нивото на јаглерод диоксид (а тоа често се случува во затворените простории во кои работат повеќе луѓе).rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Клучот за правилно дишење, се состои во вклучување на дијафрагмата во процесот, која ги турка белите дробови, помагајќи им целосно да се рашират. Белите дробови можат да инхалираат околу 6 литри воздух за 1 минута, но доколку не го користите целиот нивен капацитет, не ги користите ни приближно колку што треба.rnrnСледете ги следните 3 едноставни чекори, со кои ќе научите како длабоко да дишете:rnrn
rnrnГолем дел од функциите на нашиот мозок сè уште се голема мистерија. Но, има неколку неверојатни научно докажани факти кои дефинитивно ќе ве замислат.rn
rn
rnrnПротокот на крвта до срцето се зголемува во текот на вежбањето.Но, при направениот експеримент, кога на спортистите им биле дадени кофеински таблети, резултатите покажале дека протокот на крвта бил драстично намален, што би значело дека помалку кислород и хранливи материи одат до срцето.rnrn
rnrnОвој ефект на намалување на притисокот на крвта не е важен само од аспект на остварување на поголема ефикасност при вежбањето, туку може да претставува и сериозен проблем за оние со срцева болест или висок крвен притисок. Комбинацијата од вежбање и кофеин, ја зголемува работата на срцето и значително ги зголемува потребите на телото за кислород. Па, кога оваа потреба нема да се остварува, резултатот може да биде постојана зашеметеност и сериозни промени на срцевиот ритам.rnrn
rnrnЕфектите на кофеинот врз спортските перформанси може да варира во зависност од индивидуата и количината на кофеинот која се консумира, па затоа е тешко да се генерализира. Сепак, би било мудро да се избегнува пиење кафе пред вежбање за да се одбегнат евентуалните негативни ефекти. Многу фитнес тренери препорачуваат, доколку вежбате, кафето да го замените со зелен чај без кофеин.rnrn rnrn