КАФЕ ПАУЗА

Tag: кисело млеко

  • 4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

    4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадат

    Јајцата се извонредна храна која треба почесто да се консумира. Еве четири интересни начини да приготвите вкусен оброк со нив и уште почесто да ги имате на вашето мени.rnrn4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадатrn

    1. Салата со јајца, сланина и сирење

    rn

    Потребни состојки за 4 лица:

    rn

      rn011

    • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
    • rn011

    • 3 лажици нискомаслен мајонез
    • rn011

    • 1/4 лажичка лук во прав
    • rn011

    • 1/4 лажичка црн пипер
    • rn011

    • 1/8 лажичка сол
    • rn011

    • 8 варени јајца
    • rn011

    • едно презреано авокадо, исечкано на коцки
    • rn011

    • 2 парчиња сланина, испржени и ситно исечкани
    • rn011

    • 30 грама сирење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, лукот во прав, црниот пипер и солта. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Полека додајте ги и авокадото, сланината и сирењето додека пасирате.rnrn4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадатrn

    2. Салата со јајца и зеленчук

    rn

    Потребни состојки за 4 лица:

    rn

      rn011

    • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
    • rn011

    • 3 лажици нискомаслен мајонез
    • rn011

    • 1/4 лажичка црн пипер
    • rn011

    • 1/8 лажичка сол
    • rn011

    • 8 варени јајца
    • rn011

    • 25 грама ситно сечкан морков
    • rn011

    • 75 грама ситно сечкана краставица
    • rn011

    • 25 грама ситно сечкан млад кромид
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Додајте ги и морковите, младиот кромид и краставицата.rnrn4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадатrn

    3. Слатка салата со јајца

    rn

    Потребни состојки за 4 лица:

    rn

      rn011

    • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
    • rn011

    • 3 лажици нискомаслен мајонез
    • rn011

    • 2 лажици сенф
    • rn011

    • 1/4 лажичка црн пипер
    • rn011

    • 1/8 лажичка сол
    • rn011

    • 8 варени јајца
    • rn011

    • 120 грама сечкан целер
    • rn011

    • 40 грама сечкани кисели краставички
    • rn011

    • 3 лажици ситно сечкан сладок кромид
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. Потоа додајте ги и целерот, слаткиот кромид и киселите краставички.rnrn4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадатrn

    4. Салата Нисоаз

    rn

    Потребни состојки за 4 лица:

    rn

      rn011

    • 3 лажици густо кисело млеко или павлака
    • rn011

    • 3 лажици нискомаслен мајонез
    • rn011

    • 2 лажици ситно сечкан црвен кромид
    • rn011

    • 2 лажици вински оцет
    • rn011

    • 1/4 лажичка црн пипер
    • rn011

    • 1/8 лажичка сол
    • rn011

    • 8 варени јајца
    • rn011

    • 150 грама туна во парчиња
    • rn011

    • 225 грама грав (по можност зелен)
    • rn011

    • 3 лажици исечкани маслинки
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот, црвениот кромид, оцетот, солта и црниот пипер. Јајцата исечете ги на половини и одвојте ги жолчките од белките. Потоа додајте ги во садот со другите состојки и пасирајте додека ја добиете смесата која ја посакувате. На крајот додадете ги и туната, гравот и маслинките.rnrn4 салати со варени јајца кои добро ќе ве најадатrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

    Лајт чизкејк – торта од јогурт со јагоди

    Лесна и освежителна, сочна и вкусна, и што е најважно, едноставна за подготовка

    rnlajt-chizkejk-torta-od-jogurt-so-jagodi-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки за подлогата:

    rn

      rn011

    • 125 г растопен путер
    • rn011

    • 250 г бисквити
    • rn011

    • 2 лажици кафеав шеќер
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 3 стандардни пакувања густ јогурт или кисело млеко (x180 грама)
    • rn011

    • 120 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 6 ливчиња желатин
    • rn011

    • 2 мали слатки павлаки (4 дл)
    • rn011

    • 1 конзерва компот од јагоди или шумско овошје
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кафеавиот шеќер и циметот и потоа додадете го стопениот путер.
    2. rn011

    3. Смесата втиснете ја во калап и кратко печете во рерна (3-5 минути на 200 степени).
    4. rn011

    5. Во два и пол јогурта измешајте го шеќерот во прав и измиксајте.
    6. rn011

    7. Желатинот растворете го во ладна вода според упатството. Во тенџере загрејте ја преостанатата количина јогурт, додајте го во неа желатинот и тргнете го тенџерето од оган. Кратко мешајте додека желатинот не се растопи и потоа таа мешавина додадете ја на остатокот од кремот и сѐ измиксајте.
    8. rn011

    9. Изматете ја слатката павлака и потоа додајте го кремот и сѐ заедно добро измешајте.
    10. rn011

    11. На бисквитите наредете го овошјето, прелијте го со кремот и ставете го во фрижидер за длабоко да отстои преку ноќ.
    12. rn

    rn

    Совети:

    rn

      rn011

    • Наместо компот можете да користите и смрзнато или свежо овошје. На тавче загрејте малку масло, додадете го овошјето, малку кафеав шеќер и сето тоа кратко пропржете го додека овошјето малку не се опушти, па потоа прелијте го врз подлогата.
    • rn011

    • Наместо цимет, во тестото можете да ставете рендана кора од лимон и малку сок од лимон.
    • rn011

    • Овошјето може да се сервира и настрана, наместо да се стави врз подлогата на тортата.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го победите уморот?

    Како да го победите уморот?

    Американски експерти откриваат кои продукти нè прават уморни, а кои ни даваат сила и енергија. Според нив, за да го елиминираме лошото чувство, во секојдневната исхрана треба да вклучиме овесни снегулки (особено наутро), јаткасти плодови (ореви, ф’стаци, бадеми и сл.), семиња и обезмастено кисело млеко.Како да го победите уморот?Исто така, и продуктите полни со железо имаат стимулирачки ефект врз организмот. Такви се јаболката, гравот, спанаќот и леќата.rnrnСлатките задоволства и алкохолот пак, имаат спротивен ефект – предизвикуваат сонливост и чувство на исцрпеност. Меѓу производите кои нè прават уморни и треба да ги избегнуваме се и тестенините и мисиркиното месо (заради присуството на специфичен протеин во него, кој има претерано релаксирачки ефект).rnrnОвој список со храна која треба да ја внесете, односно да ја отфрлите од секојдневието, е корисен и за оние што страдаат од несоница или едноставно сакаат да останат ведри и свежи во текот на целиот ден.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусно смуди од шумски плодови

    Вкусно смуди од шумски плодови

    Брзо, едноставно и диетално смуди од шумски плодови. Се приготвува за неколку минути и има одличен вкус.Вкусно смуди од шумски плодовиПотребни состојки за две чаши смуди:

    rnrn

      rn011

    • 3 полни раце боровинки или црни рибизли
    • rn011

    • 1 чаша сок од портокал или ананас
    • rn011

    • 250 грама обезмастено кисело млеко
    • rn011

    • 1 кафена лажица мед
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Сервирајте во чаша. За диеталниот ефект да биде поголем, јадете го смудито со кафена лажица. На тој начин, свежиот и вкусен енергетски оброк брзо ќе ве засити.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.