Замислете си дека предавате во училиште и имате ученик кој постојано се однесува лошо. Кое е вашето решение?rnrn
rnrnПовеќето училишта ќе го казнат ученикот или ќе го суспендираат на неколку денови. Никој не ни помислува дека можеби ученикот кој се справува со фрустрација, стрес и гнев би требало да медитира. Самата идеја не звучи толку добро.rnrnНо и казните не звучат добро. Иако можеби целта на казните е да ги натераат учениците да размислат што направиле, ова не секогаш функционира. Многу од казнетите ученици само стануваат побунтовни и погневни откако ќе ги казнат.rnrnНо едно основно училиште во Балтимор, Мериленд ги заменило казните со медитација, а резултатите биле подобри од очекуваното. Уште откога ги терале учениците да медитираат, ниту еден ученик не бил суспендиран. Покрај тоа, ова уникатно правило можеби им помага на децата да бидат поуспешни.rnrnУчениците повеќе не ги испраќаат кај директорот или психологот на разговор, туку ги праќаат во „соба за смиреност“. Оваа соба е дизајнирана да нуди мирна и удобна атмосфера. Насекаде има светилки, смирувачки дезени по ѕидовите и перничиња на кои седат учениците. Секој што се однесува лошо го праќаат во собата каде што вежба техники за дишење и медитација со кои се смирува. Учениците се приземјуваат со овие техники, а некои дури се охрабруваат да дискутираат за нивното искуство во собата, како и постапките што ги донеле таму.rnrnИнтересно е што медитацијата и другите техники за смирување се користат во другите култури со милениуми. Неодамна дури и научната заедница почна да се восхитува на концептот и многумина почнаа да ги истражуваат придобивките од медитацијата. Овие истражувања покажале навистина интересни резултати.rnrnЕдно истражување работело со војници кои ги учеле на медитација. Се открило дека кога медитирале редовно, тие биле посмирени и подобро се справувале со нивните емоции. Дури им се подобриле и сеќавањата. Друго истражување докажало дека медитацијата го зголемувала времето на концентрација и генерално го подобрувала фокусот.rnrnДодека истражувањата на луѓето треба да се гледаат со малку скептицизам, најчесто од медитацијата има многу придобивки, дури и во полето на психотерапијата.rnrnНавистина е неверојатно и неочекувано толку мало дете да медитира. Дури и на годишната божиќна забава, децата од училиштето требало да медитираат пред да ги добијат подароците и никој од нив не се пожалил. Веројатно на децата им било тешко да влезат во медитативна фаза додека се возбудени за подароците, но го направиле тоа успешно.rnrnДецата не се ограничуваат само на медитирање во училиштето. Многу родители изјавиле дека медитацијата и техниките што ги научиле од нивните деца им помогнале да се смират кога биле под стрес цел ден.rnrnПокрај медитацијата, децата имаат часови за зачувување на планетата. Им организираат разни активности како градинарство и екскурзии до фарми. Учениците можат да држат или да земаат часови по јога.rnrnМожеби не треба да бидеме сигурни дека промените настануваат поради медитацијата, но очигледно е дека таа има големо, позитивно влијание.rnrnПогледнете ги и овие одлични алтернативни форми на медитација.
Tag: казна
-

Училиште ги заменило казните со медитација и резултатите се неверојатни
-

Маќеа казнува мало девојче со засрамување. Дали ова е добар начин на воспитување?
Често се случува да добиете известување од училиштето дека вашето дете е повредено, болно или дека некој го задева. Но што кога ќе ви кажат дека вашето дете е проблемот?rnrn
rnrnЕли, една жена од Јута, добила имејл од училиштето на нејзината поќерка Кајли, која е во четврто одделение. Ели била шокирана кога дознала дека таа задевала некој од нејзините соученици. Кога ја прашала поќерка ѝ за тоа, Кајли не се извинила и воопшто не се чувствувала лошо за нејзината постапка. Наводно, Кајли толку многу ја навредувала својата соученичка, што девојчето не сакало да оди на училиште.rnДобра или лоша идеја?
rnТаткото на Кајли и неговата сопруга, Ели, знаеле дека мора да преземат нешто за да ја натераат нивната ќерка да сфати дека тоа што го прави е лошо. Тие се одлучиле да ѝ покажат како се чувствувало девојчето кое Кајли го навредувала.rnrnЕли решила да ја однесе Кајли на шопинг во некоја од локалните продавници. Таа ѝ рекла да ја одбира само најгрдата облека. Следниот ден, Кајли се разбудила со вестите дека на училиште мора да ја носи облеката која ја купиле претходниот ден. Нема потреба да кажуваме дека таа се чувствувала посрамено и дека станала жртва на задевање.rn
Како е да се биде во кожата на жртвите
rnЕли ѝ рекла:rn
„Ние навистина мислиме дека кога ќе почувствуваш како му било на тоа девојче, можеби ќе станеш почувствителна.“
rnКајли рекла дека не можела да разбере зошто била навредувана поради облеката која ја носела бидејќи, како што рекла:rn
„Јас сум нормална личност, не е важно каква облека носам.“
rnКајли научила важна лекција од ова искуство и подоцна му се извинила на девојчето кое го навредувала. Сега, тие се добри пријателки.rnrnИако ова искуство е понижувачко, Кајли рекла дека не би сакала да ја научи лекцијата на друг начин. Оваа приказна брзо се прославила и постојат многу разни мислења за постапката на родителите. Што мислите вие? Дали овој начин на воспитување е добар, или родителите ги преминале границите?rnrnПогледнете го и ова видео за подобро да ја запознаете Кајла, како и нејзините родители…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tBhsg2ZaVU0rnrnПогледнете го и овој татко кој ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин.
-

4 типови тишина кои се штетни за вашата љубовна врска
Живееме во доба кога голем дел од времето го поминуваме гледајќи во екраните на компјутерите или на телефоните. Голем дел од комуникацијата со колегите, па и со блиските ја остваруваме преку социјалните мрежи. Разговорите полека стивнуваат, а тишината и звукот на тастатурите стануваат сè погласни. Но, што станува со тишината во љубовните врски? Сите парови имаат моменти на тишина, тоа е сосема јасно. Се случува. Некогаш еден или двајцата партнери се зафатени или преморени за да разговараат, и тоа не е ништо страшно, бидејќи многупати е посочено дека здравите врски имаат многу тишина во себе. Но, сепак постои и една друга тишина, која е штетна за вашата врска и може да биде знак дека нешто не оди како што треба помеѓу вас. Постојат неколку типови тишина, а ние ги издвоиме 4-те кои се најштетни за љубовниот однос.rnrn
rn1. Си се казнувате со тишина
rnКако и секој пар, така и вие. Сте се скарале и до толку сте се налутиле, што потоа подолго време не разговарате. На тој начин го избегнувате партнерот. Мислите дека така ќе ја надминете ситуацијата полесно и нештата сами од себе ќе се средат. Но, грешите. Ваквата тишина најчесто не завршува добро. Го казнувате вашиот партнер, кој не знае што да мисли, но и вие самите си се казнувате. Кажете си отворено што мислите и одете напред. Не терајте го партнерот да ве моли за внимание. Проблемите се решаваат со разговор, а не со молк.rn
2. Немате што да си кажете
rnОва најчесто укажува дека дошло време да ставите крај на вашата врска. Ако се вратите од работа, седнете на маса да вечерате и покрај толку нешта што ви се случиле и на обајцата во текот на денот, сепак немате што да си кажете поставете си го ова прашање: Зошто? Дали неговиот/нејзиниот глас ве прави нервозни? Не сте заинтересирани за неговиот/нејзиниот живот? Доколку не сакате да ги споделите убавите и лошите моменти од секојдневието, тогаш можеби таа личност не треба да биде покрај вас, затоа што на крајот на денот, комуникацијата со најблискиот човек до вас е суштинска. Ако комуникацијата меѓу двајца партнери умира, тогаш умира и самата врска.rnrn
rn3. И двајцата се исклучувате
rnИма периоди од врската, кога со вашиот партнер не се согласувате речиси за сè, не постои заеднички јазик и доаѓате во ситуација кога повеќе не знаете кој чекор да го преземете. Тогаш најлесно ви е да се повлечете. Се исклучувате и се затворате во себе. Почнувате да се согласувате со ставовите и барањата на партнерот, само да го замолчите и едноставно ги заладувате односите. Но, со тоа си наштетувате и себеси и на својот партнер. Не се затворајте, кажете што мислите. Доколку личноста со која што сте е разумна, ќе размисли и ќе се согласи со вашето размислување и барање. Многу е полесно да ги кажете работите, отколку навечер да си легнете полни со лутина. Тоа ве заморува, а истовремено ја разорува и вашата љубов.rn
4. Не одговарате на пораки подолго време
rnОва е нешто што голем број парови го применуваат. Постојат многу причини зошто не би му одговориле на вашиот партнер, кога ќе добиете порака од него или неа. Можеби сте зафатени со работата, со семејството, со пријателите… Но, она што е важно е дека треба да му најавите дека одредено време нема да бидете достапни. Доколку со вашиот партнер комуницирате преку пораки, без оглед дали тоа е преку социјалните мрежи, имејл или телефонски, ако наеднаш ве снема, тогаш ќе го/ја ставите на мисла што се случува со вас и ќе почне да размислува во различни правци. Но, доколку претходно му најавите дека одредено време ќе ве нема, тогаш нема да настанат непотребни проблеми. Тишината знае да ги комплицира работите повеќе отколку што мислите.
-

Лично од полицајците: На овие начини можете да избегнете казна
На сите ни се случило да нѐ застане полицаец, без разлика дали поради пребрзо возење или нешто друго. Погледнете ги овие 10 совети за да знаете како да се снајдете следниот пат кога ќе заглавите во ваква ситуација.rnrn
rn1. Никако не се обидувајте да флертувате или да го подмитите
rnТака само ќе направите да се чувствува без интегритет и 100% ќе добиете казна.rn
2. Не се однесувајте идиотски
rnСе гледа кога некој има лош ден, но сепак ќе одлучи да не ве казни. За тоа да се случи, вие треба да се однесувате пристојно и да не се однесувате како најголемиот кретен на планетава. Немате идеја колку пати некој добил казна само поради неговото однесување или карање.rn
3. Не му давајте луди изговори
rnДоволно е само да кажете: „Можно е да возев повеќе од дозволеното, мислев дека го следам текот на сообраќајот.“rn
4. Никогаш не го признавајте прекршувањето
rnНикогаш не признавајте дека сте возеле пребрзо затоа што ако ја признаете вината, тогаш навистина ќе мора да ви даде казна.rn
5. Држете го погледот пред себе
rnНе се загледувајте во полицаецот преку страничниот или задниот ретровизор. Полицајците го забележуваат ова и им изгледа уште посомнително, а некои дури стануваат уште подефанзивни.rn
6. Културно побарајте само опомена
rnЕдноставно речете: „Ќе ве молам ако може само опомена. Ќе внимавам следниот пат“. Ова може да ве спаси. Ако признаете на ваков начин: „Не внимавав на знаците“, тоа ќе го запишат во делот за забелешките бидејќи тоа им е работа и казната сама ќе си дојде…rn
7. Не правете ништо што може да предизвика да се почувствува загрозено
rnСообраќајот може да биде многу опасен. Голем дел од самите застанувања на полицајците се поради сомнителен изглед, налог за апсење, наркотици или нешто слично. Ако немате ништо од ова, тогаш голема е веројатноста дека ќе ве пуштат без казна.rn
8. Не бидете диви
rnОвие неколку фрази НИКОГАШ не ги употребувајте ако ве застане полицаец:rn
- rn011
- „Знаеш ли ти кој/а сум?“
- „Данокот што го плаќам е твојата плата.“
- „Го познавам судијата ____.“
- „Немаш ништо попаметно за правење?“
rn011
rn011
rn011
rn
rn
9. Мавнете кога ќе видите полицаец
rnТој или ќе мисли дека се знаете и ќе ви возврати или ќе мисли дека признавате дека сте возеле пребрзо и му кажувате дека ќе забавите.rn
10. Вашата кола кажува многу за вас
rnСакате да пренесувате порака: „Разумен/а сум и го почитувам законот“, а не: „Ја мразам полицијата и сакам да скријам нешто од неа.“
-

Татко ја натерал својата 10-годишна ќерка да носи облека која ќе ја казни поради тоа што флертувала онлајн
Децата растат брзо. Некогаш родителите не можат да си поверуваат колку брзо растат нивните деца. Со овој факт морал да се соочи еден татко кој дознал дека татината принцеза, неговата 10-годишна ќерка флертувала онлајн, лажела за своите години, дури и тврдела дека има момче во кое е вљубена до уши.rnrn
rnrnЗагрижениот татко веднаш презел мерки бидејќи она што неговата ќерка го правела било сосема спротивно од начинот на кој ја воспитувал и на правилата кои ги поставил. Така, Кевин Џонс се погрижил неговата ќерка да биде казнета за своите постапки и добро да ја научи лекцијата. Тој на социјалните мрежи објавил фотографии на кои се гледа дека девојчето има детска фризура, носи ранец со детски принцези, и како тоа да не било доста понижувачки, носи и розова маичка на која пишува дека таа има 10 години.rnrn
rnrnШто точно сакал да постигне овој татко и како ова ќе влијае на животот на неговата ќерка не можеме да знаеме. Но, едно е сигурно, тој се погрижил себеси да се увери дека неговото мало девојче е уште негово мало девојче.rnrnДали го одобрувате овој начин на казнување и воспоставување дисциплина? Што би сториле да сте на местото на овој родител?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the New Black)
Ако завршиш во женски затвор, ќе ти се промени не само животот, туку и личностаrnrn
Главни улоги: Тејлор Шилинг, Лора Препон, Џејсон БигсrnrnЖанр: криминалистика, драма, комедијаrnrnКреатор: Џенџи Коан (креаторката на „Weeds“)rnrnПремиера: 11 јули 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англиски, шпански, руски…rnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnНетфликс ги објави сите 13 епизоди одеднаш, колку што ја чинат првата сезона. И верувајте, сите ќе ги изгледате во 3 дена.
Во најкратки црти, се работи за Пајпер Чепман, која добива затворска казна во времетраење од 15 месеци, за шверц на пари од дрога – криминално дело кое се случило пред повеќе од 10 години, а во кое е вмешана нејзината тогашна партнерка Алекс. Пајпер се помирува со својата судбина и се труди максимално подготвено и одговорно да ги одлежи петнаесетте месеци кои ги добила. Но… животот во затвор ти се менува уште првиот ден.rnrnТука важат сосема други правила. За еден погрешен збор може да останеш без јадење со денови, за погрешен поглед може да бидеш начекан во тоалетот, за обраќање со погрешен тон на погрешен човек може да завршиш во самица каде што слушајќи ги врискањата и завивањата преку ѕидовите од другите келии, тотално ќе изгубиш чувство за времето.
Во оваа средина ги има и типичните работи: корумпирани службеници, мажи кои ја злоупотребуваат униформата за да добијат сексуално задоволство од сексуално гладните затворенички, еден куп лезбејски активности, закани, сопки, забивања ножеви в грб…rnrnСо оглед на минатото на Пајпер (била во врска со женски партнер) и нејзината сегашна ситуација (ѝ претстои брак со нејзиниот свршеник Лери), уште на почетокот може да се очекуваат интересни пресврти во приказната. Но, тоа е сè што можете да очекувате и да насетите – изненадувања, пресврти и зинати усти на крајот на секоја епизода.
ТВ серијата е базирана на вистинска случка, а е правена според истоимената книга на Пајпер Керман која претставува мемоар за нејзините искуства од затворот. Иако има многу сличности со реалните случки, сепак екранизираната верзија има „аксесоари и шминка“ кои го надополнуваат ефектот на самата приказна.rnrnОва е серија која ги има сите квалитети на куп – солидна, несекојдневна приказна, фантастична глума, симпатична доза хумор и тамам шминка колку за да биде мерачки гледлива. Чувството пак на тензија и исчекување, многу добро се балансира со случки кои континуирано разоткриваат елементи од дејството, но истовремено воведувајќи го во нови и оставајќи нова доза неизвесност за следната епизода.
Вреди да се истакне како се избрани и изградени карактерите. Не само што глумат одлично, нивниот целокупен изглед е толку автентичен што ќе помислите дека продуцентите го правеле кастингот во вистински затвор.rnrnНасловот на серијата има врска со портокаловата униформа која ја добива секоја затвореничка додека не „созрее“ за да добие друга, но всушност се работи за паметна игра на зборови во која е содржан психолошкиот момент на „црното“ кое доаѓа подоцна.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи
Кога патувате низ светот, покрај со различните луѓе и обичаи, голема е веројатноста да се сретнете и со најразлични закони – некои премногу строги, други глупави, трети смешни… Но, какви и да се, штом се закони, треба да се почитуваат, бидејќи нивното непочитување може значително да го олесни вашиот паричник, а не е исклучена ниту можноста да завршите зад решетки.rnrnСписанието Travel&Leisure направи список на 10-те најдосадни закони, со кои се судираат недоволно информираните туристи:rn
1. Гренада – забрането е шетање во бикини!
rnНа плажа, може да си лежите во бикини колку ви душа сака, но немојте ниту да помислите да тргнете во прошетка, без претходно, преку нив да наметнете уште нешто. Казната за овој „грев“ изнесува 270 долари, но по настојување на локалниот туристички одбор, властите не го применуваат премногу овој закон.rn

rn
2. Данска, Чешка – задолжително вклучете ги автомобилските светла!
rnОд неодамна и ние можеме да се пофалиме со овој закон. Значи, како во овие европски земји, така и во Македонија возењето со запалени светла на автомобилите е задолжително, без оглед на сезоната или времето. Иако изгледа по малку чудно, сепак има разумно објаснување за тоа – истражувањата покажале дека возењето со вклучени светла значително ги намалило инцидентите во сообраќајот, бидејќи возачите навремено го забележуваат возилото, кое им се приближува од спротивната страна.rn

rn
3. Германија – забрането застанување на автопат!
rnДа снемате гориво на автопат во Германија е строго забрането. 🙂 Ако од какви било причини го сопрете вашиот автомобил, бидете подготвени да се соочите со строгите сообраќајни критериуми во земјата. Истите важат и за пешачењето по перфектните германски автопати, кое исто така, е строго забрането! Затоа, ако се подготвувате за пат во оваа земја, претходно добро наполнете го резервоарот, затоа што запирањето чини безмалку 100 евра, а пешачењето уште толку.rn

rn
4. Италија – не ги хранете гулабите!
rnВо Венеција забраната за хранење на гулабите е еден совршено логичен закон, бидејќи со намножувањето на овие птици, прекрасните венецијански дворци се преплавуваат со нивниот измет, а чистењето чини многу пари. Така што, ако ве фатат како го делите вашиот сендвич со гулабите на плоштадот Св. Марко, ќе мора да се простите од околу 60 долари. Ако пак, го повторите делото, може да добиете и неколку пати „посолена“ казна, односно одморот ќе ве чини дополнителни 600 долари.rn

rn
5. Канада – ограничено е плаќањето со жолти центи
rnНасекаде во светот парите си се пари, независно од нивната номинална вредност, но не и во Канада. Локалните закони определуваат колку максимум монети може да користите за плаќање на сметката. Целта за ваквото ограничување е да не им го губите времето на касиерите, продавачите или келнерите со бескрајно броење на жолтите центи.rnrnНо, може да се каже дека законот не е баш прецизен. Во него стои дека клиентот може да плати „соодветна сума“ во центи, но никаде не пишува колку изнесува таа „соодветна сума“. Колку монети се премногу, не е јасно прецизирано. Нема казна за овој грев, но продавачот во некој маркет може да одбие да ви продаде нешто, ако смета дека му давате премногу ситни парички.rn

rn
6. Москва – исперете ги автомобилите или платете казна
rnПогрижете се за чистотата на вашиот автомобил кога сте во Москва или ќе се судрите со законот. Внимавајте и на изгледот на вашата возачка дозвола, зашто и таа може да ви создаде проблеми. Но, никаде не пишува колку тие треба да бидат валкани за да заработите казна – тоа е оставено на проценка на „компетентните органи“. Како и да е, внимавајте, бидејќи казната изнесува 100 долари!rn

rn
7. Обединети Арапски Емирати – забрането е конзумирање храна на јавни места за време на Рамазан!
rnАко патувате во ОАЕ за време на Рамазан, бидете исклучително внимателни. Јадењето на улица во светиот дел од денот може да ве чини многу. Може дури и да се најдете зад решетки, како двајца британски туристи, кои се дрзнале да го нарушат строгото муслиманско правило, регулирано со закон. Наместо на плажа, поминале три седмици во затвор. Друг поданик на кралицата пак, платил 275 долари, бидејќи непретпазливо испил сок на јавно место.rn

rn
8. Франција и Англија – никакви бакнежи на железничките станици!
rnСпоред многумина, романтиката на француските железнички станици била „погребана“ во 1910 година. Оттогаш бакнувањето за збогување на перонот е забрането со закон! Всушност, законот е прифатен за да обезбеди почитување на возниот ред и не е предвидена казна за прекршителите на ова необично правило.rnrnСепак, службениците имаат право да ве замолат да се повлечете на посебно означено место за бакнување, кое се наоѓа близу до паркингот… Вам сигурно ви звучи чудно, но на некои Британци очигледно им се видело добро смислено, па забраната ја вовеле и на дел од островот.rn

rn
9. Тајланд – казна ако сте разголен до половината додека сте зад воланот!
rnДа ја соблечете кошулата во тропските горештини на азиската држава можеби изгледа како добра идеја, но внимавајте – казната за такво „освежување“ е 10 долари.rn

rn
10. Сингапур – строго со мастиките
rnЏвакањето мастики, плукањето по улиците и хранењето на птиците се апсолутно забранети на островот Сингапур! Всушност, непријатности може да навлечете и ако заборавите да пуштите вода во тоалетот. Законот, кој го забранува сето ова, е донесен исклучително заради естетски причини, бидејќи не е пријатно да се шетате по улици, покриени со нечии исплукани мастики и птичји измет. Уште погрозно е да влезете во нечист тоалет…rnrnОва строго правило претрпело мали измени во 2004 година, кога било дозволено џвакањето на никотинските мастики „Nicorette“. Но, ништо и од ова, ако со себе не го носите рецептот со кој докторот ви го препишал средството против пушење тутун. Локалните лекари пак, се задолжени да водат списоци на сите пациенти, на кои им ја препишуваат ваквата терапија.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Судија пресудил романтична вечера
Необична судска пресуда на Флорида. 47-годишниот Џозеф Бреј, обвинет за семејно насилство, наместо во затвор, судот го испратил на романтичен состанок со сопругата. Му наредил да ù купи букет цвеќе, да ја однесе на куглање и на вечера во ресторан за морска храна.
На ваквото необично судско рочиште, сериозните дискусии секако биле излишни, па одбраната запрашала: „Дали тоа значи дека на куглањето ќе треба да ù попушта и да ù дозволи да победи?“rnrnСудијата останал доследен на „фер-судењето“ па рекол: „Не“. :-)rnrnОчигледно тој се ставил во улога на брачен советник и раскараните сопружници одлучил да ги натера на примирје, нарекувајќи го физичкиот инцидент незначително мал. Се скарале, бидејќи Џозеф заборавил да ù го честита роденденот на сопругата. Ваквата расправија, од вербална, преминала во физичка.
rn„Судот не би донел ваква пресуда, ако навистина стануваше збор за сериозно насилство. Од сите можни решенија, ова е најдобро. После романтичната вечера, седни и размисли каде ќе одите на советување. Закажете состанок и во рок од една недела, заедно со сопругата започнете со советувањето“, рекол судијата Џон Харли, на изрекувањето на пресудата.
rn
Расплаканата 39-годишна Соња Бреј веднаш ја прифатила пресудата, по што изјавила:rnrn„Мислам дека требаше да ми го честита роденденот, а тој не ми рече ниту добро утро. Но, јас го сакам својот сопруг и сакам да се врати дома“.
rnСпоред полицискиот извештај, расправијата започнала во кујната, по што Џозеф ја турнал Соња на софата, ја фатил за вратот и ù се заканил со тупаница, но не ја удрил. Како и да е, судот си го кажал своето.
Слични неконвенционални пресуди и досега биле изрекувани во судниците низ САД.rnrnВо ноември 2011 година, судија во Орландо, Флорида, на возач без дозвола и со прекумерна тежина, му пресудил казна затвор од 30 дена. Но, за секој килограм што ќе го намали додека ја издржува казната, наредил да му се крати по еден ден. Осудениот бил пуштен 10 дена порано.rnrnВо 2008 година пак, судот во Илиноис, на хип-хоп фан му наредил цели 20 часа да слуша класична музика во неговата кола и тоа пуштена на најгласно.rnrnВо Охајо, маж кој бил фатен со проститутка, за да ја избегне затворската казна, морал да парадира по улиците облечен во костум на кокошка.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кој ги прогонува богатите и славните?
Не им е лесно ниту на познатите. Парите и огромното обезбедување околу нив, понекогаш не се доволни да ги заштитат од опседнатите фанови…
rn1. Марк Дејвид Чепмен
rnToj е на врвот меѓу прогонувачите на познатите личности. Со убиството на популарниот „битлс“ Џон Ленон, до ден денес никој не може да го симне од неславниот врв. На 8 декември 1980 година, тој испукал четири куршуми во грбот на Ленон, пред влезот од неговиот стан во Њујорк, во кој живеел со сопругата, Јоко Оно. Тогаш 25-годишниот Марк, еден од милионите фанови на славниот „битлс“, одлучил на ваков начин да го привлече вниманието на јавноста кон себе. Чепмен е осуден на доживотен затвор. Барањето за условна слобода, судот му го одбил шест пати досега.
rn2. Роберт Џон Бардо
rnБардо е прогонувачот и убиецот на младата холивудска ѕвезда Ребека Шефер, која е позната по телевизиската серија „Мојата сестра Сем“. Ја прогонувал со години, а во 1989 година, конечно ја дознал нејзината адреса. Заѕвонил на вратата од апартманот во кој живеела и ја застрелал во моментот кога се појавила пред него. Адресата ја нашол преку нејзиното возачко досие во Одделот за моторни возила. Холивуд бил шокиран од начинот на кој била убиена. Ова било аларм и за властите. Тие во 1994 година, донеле Закон за заштита на возачите, во кој се забранува институциите да ги даваат домашните адреси и останатите информации за граѓаните.
rn3. Ентони Гери Силвестри
rn21-годишната Силвестри била опседната со телевизиската репортерка, Кетрин Детман. По неколку месечно следење, таа успеала да провали во нејзината куќа. Детман во тој момент се туширала, со што на Силвестри ù оставила доволно простор да го исценира нападот. Ја чекала во спалната соба, каде ù нанела 15 смртоносни убоди со нож и мртвото тело го оставила да лежи на подот. Силвестри во моментот издржува 40-годишна казна затвор за убиство.
rn4. Џон Хинкли Џуниор
rnТој станал опседнат со актерката Џоди Фостер, по нејзината улога во филмот „Таксист“. Одлучил да студира на престижниот универзитет „Јеил“ истата година кога и Фостер. Се преселил во нејзина близина и за кусо време почнал да ја прогонува, да ù пишува љубовни пораки и поеми, кои ги оставал под нејзината врата.rnrnНо, откако не успеал на овој начин да го привлече нејзиното внимание, тој одлучил да преземе драстично порадикален чекор. Започнал да крои планови за атентат на претседателот Џими Картер. Ова го споделил со Фостер. Актерката веднаш ја алармирала полицијата и Џон бил уапсен. Но, не се откажал од намерата и во 1981 година, повторно иснпириран од филмот „Таксист“, испукал 6 куршуми кон новоизбраниот претседател, Роналд Реган. За среќа, ниту еден од куршумите не завршил во Реган. Претседателот го преживеал обидот за атентат, исто како и останатите потенцијални жртви во моментот. Џон воопшто не се обидел да избега од местото на настанот и веднаш бил уапсен. За време на судењето во 1982 година, тој бил прогласен за луд. Сè уште се лекува во душевната болница „Сент Елизабет“ во Вашингтон.
rn5. Маргарет Мери Реј
rnТаа долго време го прогонувала Дејвид Летерман, домаќинот на познатото ноќно шоу. Мери Реј страдала од шизофренија. Летерман во неговите емисии знаел често да се пошегува на сметка на неговата обожавателка, но очигледно неговите шеги не ù биле смешни на Реј. Нејзината опседнатот и фантазии отишле дотаму што таа неколку пати провалила во неговата куќа, а најмалку еднаш му го украла и поршето. Таа исто така го прогонувала и пензионираниот астронаут Стори Мајгрејв. Во 1998 година, извршила самоубиство, фрлајќи се под воз.
rn6. Џек Џордан
rnЏордан е долгогодишен прогонувач на холивудската актерка Ума Турман. Тој ù испраќал картички со заканувачки пораки и цртежи. На една од нив нацртал отворен гроб, надгробна плоча и човек со жилет во рацете како стои над неа. По сведочењето на актерката дека ја прогонува и дека е исплашена за безбедноста на нејзиното семејство, тој бил осуден на три години условна казна.
rn7. Кристин Келер
rnУште еден прогонуван „битлс“. Кристин Келер го демнела поранешниот гитарист на „Битлси“, Џорџ Харисон. Таа на јавноста ù стана позната по провалувањето во неговата куќа во Мауи, во 1999 година. Ова не било единствениот пат, Харисон да биде предмет на нејзините мечти и копнежи. По провалувањето во куќата на рок ѕвездата, Келер четири месеци поминала во затвор. Таа во вестите повторно се појавува во 2006 година, но како жртва на убиец од Калифорнија, кој потоа се самоубил.
rn8. Донет Најт
rnТаа била опседната со актерот Мајкл Даглас и се разбира нејзин непријател број еден станала неговата сопруга и колешка, Кетрин Зета Џонс. Во 2003 и 2004 година, испраќала заканувачки пораки до холивудската двојка. Се заканувала дека ќе ја искасапи Зета Џонс и со неа ќе ги нахрани кучињата. За кусо време била уапсена. По тужбата и сведочењето на актерите, Најт признала дека е виновна. Судот ù одредил три години затвор.
rn9. Пречесниот Дејвид Аџамјан
rnТој е срам за католичката црква. Свештеникот од бостонската архиепископија испраќал заканувачки писма и дивидија до водителот на полноќното ток-шоу, Конан О`Брајан. По некое време бил уапсен, а на судското рочиште во 2007 година, се изјаснил како виновен за недолично однесување. Судот му наредил да се држи понастрана од водителот, а подоцна архиепископијата му ги одзела ингеренциите како свештеник.
rn10. Вилијам Лепеска
rn40-годишниот бездомник Лепеска препливал преку „Biscayne Bay“ за да стигне до неговата љубов од соништата, тенисерката Ана Курникова. Сакал да влезе во нејзината куќа на плажа во Мајами, но бил уапсен во дворот на соседот на Курникова, каде упаднал практично гол. После ова, судот му наредил да се држи понастрана од целото соседство.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Арапски ресторан казнува за недојаден оброк
Фрлањето на храната која не можеме да ја дојадеме, не го сметаме за некоја голема работа, бидејќи мислиме дека тоа го правиме „само овојпат“. Но, во реалноста сите ние сме виновни и неблагодарни за она што можеме да си го овозможиме во животот, нарачувајќи премногу јадења од менито во рестораните, за кои сме свесни дека не можеме реално да ги изедеме, ама ете чисто онака, сакаме да пробаме каков е нивниот вкус.
Инспириран од ваквото однесување на луѓето, сопственикот на еден арапски ресторан почнал да им наплаќа повеќе пари на неговите муштерии, доколку тие нарачуваат повеќе храна отколку што можат да изедат. Fahad Al Anezi, сопственикот на ресторанот „Marmar“ лоциран во градот Дамам во Саудиска Арабија, вели дека тој се решил на ваков чекор, со обид да го спречи фрлањето на храната и да го намали прекумерното непотребно нарачување. Тој објаснува дека честопати бил сведок кога негови муштерии нарачуваат енормни количини храна, се цел да ги импресионираат луѓето околу нив.rnrnИдејата со казната за оставената храна по чиниите, наместо да го направи ресторанот непопуларен, е всушност поддржана од арапите. Неколку муштерии веќе му кажале дека си ја научиле лекцијата и дека отсега па натаму, ќе нарачуваат онолку храна колку што можат да изедат.rnrnИнаку идејата за ваквата необична казна, сопственикот ја добил откако ги чул вестите од Сомалија за луѓето таму, кои буквално гладуваат до смрт. Парите коишто се собираат од казните, тој ги донира таму, за да придонесе кон спасување на оваа гладна нација. Поради тоа, Al Anezi почнале да го нарекуваат Робин Худ во угостителството.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.