КАФЕ ПАУЗА

Tag: каса

  • Како да ја изберете редицата во супермаркетот во која најмалку ќе чекате?

    Како да ја изберете редицата во супермаркетот во која најмалку ќе чекате?

    Просечно, луѓето трошат половина час од својот ден стоејќи во редови. Народот на една земја, за стоење во редови може да изгуби десет милијарди часови. Научниците се шокирани од овој број, па затоа се одлучиле да ги напрегнат своите мозоци и да истражат што сè може да ни помогне да го скратиме времето кое го минуваме во редот за наплаќање. Со цел да го поминете вашето време попродуктивно, погледнете ги следниве совети за тоа како да ја изберете редицата која најбрзо се движи.rnrn1-kako-da-ja-izberete-redicata-vo-supermarketot-vo-koja-najmalku-kje-chekate-www.kafepauza.mk_rn

    1. Застанете зад купувачот кој има полна кошничка

    rnНајверојатно сега мислите дека ова нема баш никаква смисла, но истражувачите докажале дека на овој начин многу побрзо ќе поминете на другата страна од касата. Секоја личност троши одредена количина време за да се поздрави со касиерката, потоа за да плати, да ги земе кесите и да замине. Ова просечно трае 41 секунда по личност, без да е израчунато во ова и времето за ставање на производите на лентата и скенирањето на баркодовите на касата (скенирањето трае по 3 секунди од предмет).rnrn2-kako-da-ja-izberete-redicata-vo-supermarketot-vo-koja-najmalku-kje-chekate-www.kafepauza.mk_rnrnНаучниците откриваат дека доколку застанете зад личноста која има 100 производи во својата кошничка, ќе поминете 6 минути во чекање ред. Но, доколку застанете зад четворица луѓе од кои секој има по 20 предмети, тоа ќе потрае скоро 7 минути. Ова значи дека помалку ќе чекате во редицата во кој има помал број луѓе со полни кошнички, отколку во редица со повеќе луѓе со полупразни кошнички.rn

    2. Редиците од вашата лева страна се почесто пократки

    rnБидејќи поголемиот дел од луѓето се десничари, тие обично вртат на десно. Затоа е подобро да застанете во редот од вашата лева страна.rn

    3. На касата е касиерка! Одлично!

    rnПо правило, ако ве услужува женска личност, ќе бидете поефикасно и побрзо услужени.rnrn3-kako-da-ja-izberete-redicata-vo-supermarketot-vo-koja-najmalku-kje-chekate-www.kafepauza.mk_rn

    4. Проверете што имаат купувачите пред вас во нивната кошничка

    rnЗа да си го скратите времето, обрнете внимание на производите што ги одбрале оние кои чекаат пред вас, бидејќи стаклените артикли и цврстите пакувања најбрзо поминуваат покрај скенерот. Потребно е подолго време за скенирање на баркодовите од лепенката на пластичните кеси, затоа што понекогаш касиерката мора рачно да ги внесува. Значи, купувачот кој има само шише млеко и сок во својата кошничка ќе го заврши своето купување побрзо од купувачот со кеса свеж зеленчук и овошје.rn

    5. Немојте да ја изберете редицата што е подолга од полиците крај касата

    rnСпоред истражувачите, касиерите се многу побавни доколку не го гледаат целиот ред купувачи на својата каса.

  • Касичка за фер штедење

    Касичка за фер штедење

    На сите убаво ни звучи идејата за штедење пари. Некои размислуваат за книжни, други за метални, некои за денари, други за девизи, но во секој случај, заштедата е слатка работа. Многу луѓе имаат проблем да почнат да штедат, или им фали мотивација или доволно цврста волја. Ако сте ваков случај, тогаш касичката DUEl би можела да ги смени вашите досегашни навики.rnrnКасичка за фер штедењеrnrnПорцеланската површина на касичката е згодна за лесно пишување врз неа. Едноставно, пишете го вашето име на едната страна, а името на вашиот цимер, партнер, брат или сестра на другата. Кон која страна ќе се наведнува касичката, таму има повеќе пари. Едноставно, но креативно решение кое нема да дозволи да ве лаже вашиот партнер во штедењето, а сепак ќе ве мотивира двајцата да го правите тоа.Касичка за фер штедењеИсто така, може да штедите и сами, но за 2 работи кои сакате да си ги купите, на пример, нов мобилен телефон и акустична гитара, па кога овие две работи ќе ги ставите на двобој, ќе имате претстава за која повеќе одвојувате пари.Касичка за фер штедењеИ најдоброто од сè, кога ќе решите да ја извадите заштедата на виделина, не мора да ја кршите касата. Доволно е само да ја извлечете црвената лента.Касичка за фер штедењеrnrnАко ви се допаѓа касичката, можете да си ја купите за 39$ од Sleek Identity.