Кредитните и дебитните картички одамна ја заменија готовината која и понатаму е најсигурниот облик на плаќање. Без разлика на заштитата, сѐ почесто доаѓа до злоупотреба на картичките. Освен физичката кражба на кредитните и дебитните картички, често се случуваат и кражби на податоците од картичките на Интернет или со помош на електронски уреди кои криминалците ги поставуваат на банкоматите и други уреди. Погледнете на кои места не би требало да користите кредитни и дебитни картички.rnrn
rn
1. Банкомати кои се оддалечени од банката
rnЕкспертите препорачуваат да се користат само банкомати кои се наоѓаат во банките или во нивна непосредна близина, бидејќи оние оддалечените на изолирани места се мамка за криминалците. Во нив е полесно да се постават уреди за кражба на податоците, бидејќи не се под постојан надзор.rn
2. Улични станици за полнење на мобилниот
rnКога патувате во странство, можете да наидете на киосци за полнење на батеријата на телефонот. Во некои градови таа услуга е бесплатна, но таму каде што не е, мора да платите со кредитна картичка. Освен што може да ги украдат податоците од картичката, познато е дека можат да ги симнат и податоците од вашиот мобилен.rnrn
rn
3. Десктоп и мобилни апликации
rnБидете внимателни при купувањето надвор од официјалната продавница со апликации или официјалната програма. Сигурно веќе сте имале прилики да видите поп-ап прозорци кои ви бараат да уплатите одредена сума пари за да го отстраните вирусот или да ги отклучите вашите документи, но не наседнувајте на такви барања, бидејќи е во прашање измама.rn
4. Непроверени онлајн веб-сајтови за купување
rnМожеби сте помислиле дека веќе го знаете ова, но не е штетно да повториме колку е опасно оставањето на податоците од својата картичка на веб-сајтови чија сигурност претходно не сте ја провериле.rnrnСекогаш внимавајте на вашите лични податоци, како ги користите и на кој начин ги споделувате, а овие лични податоци никако не треба да ги испраќате преку текстуална порака.

rnrn
rnrn
rn
rnrn
rn
rn
rnrnАко имате многу тапи кои не сте ги фрлиле, ова е одличен начин да ги искористите. Земете четири штици со должина по ваша желба (зависи колкава работна површина ви треба). Залепете ги штиците за да добиете правоаголен или квадратен облик. Во празнината, ставете ги тапите и лепете ги една до друга, странично. Во празнините во кои не може да се стави цела тапа, исечете делови од тапата и вметнете ги. Така, ќе добиете работна површина во кујната (на која може да ставите жешко тенџере) или во вашата работилница.rn
rnrnНа тапата ставете дебела игла, протнете ја низ тапата и иглата забодете ја во подот, низ дупчињата од паркетот. Тоа ќе спречи удирање на вратата во ѕид.rn
rnrnЗемете го лампионот и на горниот дел протнете рибарски конец. Со игла, провлечете го рибарскиот конец низ тапата. Од рибарскиот конец направете отвор во кој ќе можете да го закачите лампионот на новогодишната елка.rn
rnrnОва е многу инвентивен начин за вашата забава, роденден или прослава. На тапата со нож направете странична вдлабнатина, доволно длабока за да се стави картичка. Потоа, ставете ја картичката со соодветни информации на секоја маса.rnrn rnrn