Карипскиот остров Монтсерат, кој слободно можеме да го наречеме рај, им ги отвори вратите на дигиталните номади, односно на сите оние кои можат да работат од удобноста на својот дом. Кој сака, можеби би можел да размисли да го направи овој остров свој дом за една година.rnrn
rnrnИдејата и желбата е да им овозможат на заинтересираните да испробаат совршен деловен и приватен баланс, бидејќи тука, кога ќе завршите со вашата работа, ве очекуваат егзотични плажи и богата културна понуда. Со ограничувања поради пандемијата, воопшто не се сомневаме дека голем дел од дигиталните номади наскоро ќе се преселат во Монтсерат.rnrn
rnrnСепак, нешто треба и да се плати. За да аплицирате за дозвола, треба да дадете 395 евра за едно лице или 595 евра за целото семејство (до 4 члена). Кандидатите треба да покажат доказ за вработување и да имаат годишен приход од најмалку 52 000 евра што секако ќе елиминира значителен број апликанти.rnrnОстровот се наоѓа во источниот дел на Карибите и зафаќа вкупна површина од 39,5 квадратни километри. Покрај веќе неверојатните плажи, тој е украсен со одлична мрежа на пешачки патеки, но и активен вулкан – Софриере Хилс.rnrnСите потребни информации за една година уживање во Монтсерат, ќе ги најдете на овој линк.rnrnДали знаевте дека на португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади?
Tag: Кариби
-

Пријавете се и уживајте: Наместо работа од дома, може и од „смарагдниот остров на Карибите“
-

Тропско кафе: Карипски острови
Почувствувајте се егзотично со овој одличен рецепт за кафе
rn
rnСостојки:
rn
- rn011
- 45 милилитри еспресо
- 20 милилитри кокосов ликер
- 10 милилитри црн рум
- 50 милилитри шлаг пена
- 3 ледени коцки
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги ледените коцки и шлаг пената во шејкер и тресете 20-тина секунди. Сипете го ликерот од кокос во чаша, а врз него додајте го и румот. Подгответе го еспресото во посебен сад или чаша и потоа претурете го врз румот. Завршете со оладената шлаг пена.
-

Волонтери им помагаат на мали желчиња да го најдат својот пат до морето
На 1 јули 2013 година, 112 морски желчиња започнале да се искачуваат кон своето гнездо. Тие излегле од своите јајца после 52 дена на Карипскиот остров Бонер.

Во неодамнешно интервју за ABC News, Сју Вилис која е директор на Здружението за заштита на морски желки во Бонер изјавила:rnrn„Оваа група бебиња-желки се родиле на плажа која е многу блиску до аеродромот. Откако желките ќе излезат од своите јајца, тие започнуваат да се движат кон најсилното светло кое го гледаат, кое најчесто е Месечината над океанот. Но, бидејќи светлото од аеродромот е премногу силно, тоа ги збунило желките и тие почнале да се движат во погрешна насока. Пред две години изгубивме цела група бебиња-желки бидејќи излегоа на прометен пат. За да се осигураме дека овие желчиња нема да тргнат во погрешна насока, направивме човечки ѕид од волонтери за да ги насочуваат. Како награда за нивната помош, волонтерите беа сведоци на еден од многуте неверојатни настани на природата“.
rn
Главатите морски желки (Caretta caretta) се сметаат за загрозен вид и се под заштита на Интернационалната унија за зачувување на природата. Овие желки кои живеат во океаните се распространети насекаде низ светот и кога се целосно пораснати, во просек достигнуваат околу 90 сантиметри должина. Досега најголемата желка која е пронајдена од овој вид била со должина од 280 сантиметри. Возрасните морски желки тежат отприлика околу 135 килограми, додека пак најголемиот примерок досега пронајден тежел повеќе од 450 килограми. Во просек, тие живеат од 47 до 67 години.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn -

Снешко од Карибите
Сини мускули, големи очила за сонце и зелено фризурче – тоа е Снешко од Карибите. Луѓето од ваквите егзотични земји немаат привилегија да му се радуваат на снегот и од него да направат снешко како нас. Тие мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат, но очигледно е дека тоа добро им оди.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дестинации кои можеби нема да постојат до 2100 година
Глобалното затоплување и покачувањето на нивото на водата, можат да бидат сериозна закана за светот, особено за следниве области кои до 2100 година можат да исчезнат од лицето на земјата.rnrn
Карибите
rnЕден од најубавите пацифички архипелази, Карибите, кој се состои од 33 острови, е еден од најзагрозените токму поради постепеното подигнување на нивото на водата.
rnБангладеш
rnСекоја година поради обилните дождови барем една четвртина од територијата на оваа земја е потполно под вода, а понекогаш се случува дури и 60% од територијата да биде поплавена. Клучен проблем е тоа што најголемиот дел од оваа земја е само 4,5 метри над морското ниво.
rnМалдивите
rnМалдивите со сигурност се една од најпознатите туристички дестинации кои се наоѓаат на оваа листа. Поради својата популарност, досега на Малдивите им се посветува најмногу внимание, кога станува збор за опстанокот на ова мало парче рај.
rnПалау
rnОвој идиличен пацифички остров секојдневно е жртва на морето кое нагризува, создавајќи ерозија и уништувајќи го неговото плодно земјиште. Со ова најмногу страдаат мештаните бидејќи се загрозува нивниот опстанок на ова место.
rnТувалу
rnСпоред многу извештаи Тувалу е најизолираната земја на планетата, што ја прави вистинско место за уживање. Но, колку ситуацијата со поплавувањето е сериозна говори и изјавата на еден советник од владата на САД, кој вели дека доколку локалното население не почне да гради куќи на високи столбови, може слободно да почне со иселување од земјата.
rnМајами
rnСе предвидува дека нивото на водата на Флорида во наредните 20 години ќе порасне за повеќе од 20 сантиметри, а до 2100 година од три до пет метра. Некои прогнози говорат дека голем број луѓе ќе бидат принудени да се иселат од своите домови.
rnШангај
rnШангај се разви како метропола најмногу поради неговото излегување на вода, но поради тоа во иднина може да има големи проблеми. За заштита од поплави и реновирање на комплетната инфраструктура градските власти веќе инвестираа многу милијарди долари, со цел да биде избегната катастрофа.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најдобрите летни карипски дестинации
Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn
Аруба
rn
rnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrn
rnБонер
rn
rnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrn
rnБахами
rn
rnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrn
rnПунта Кана, Доминиканска Република
rn
rnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrn
rnКурасао
rn
rnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Факти и фотографии од тропскиот рај Јамајка
Јамајка е добро познат тропски рај во Карипското Море прославен по хедонистичкиот стил на живеење. Разгледајте ги следните фотографии и факти од преубавиот остров кои ќе ви го доближат тамошниот егзотичен амбиент.
Јамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.

Тропската природа на островот е извонредно место за живот на многу егзотични животински и растителни видови. Сепак, прошетките во дивината не се опасни, особено ако се земе предвид дека змиите таму се многу ретки. Истребени се од мунгосите, кои претходно биле донесени за да ги истребат стаорците.rnrnЖивописните предели од бели песочни плажи над кои се издигаат планини со разновиден див свет се резултат на тропската клима и повремените поројни дождови. Затоа од првите доселеници островот бил наречен „Xaymaca“, што значи „Земја на шуми и вода“.

Првиот народ кој ја населил Јамајка биле Араваките. Тоа бил мирољубив народ дојден од Јужна Америка чиј живот поминувал во хармонија со природата. Нивното хедонистичко секојдневие било исполнето со јадење, пиење, танцување и пеење.rnrnДенеска во Јамајка живеат народи со најразлично потекло: доминираат оние со африканско потекло, а има и такви со ирско, либанско, сириско, шкотско, германско, итн. Сите тие комуницираат главно на англиско-африканско-креолскиот јазик наречен јамајкански патоа, иако официјален е англискиот.rnrnЗнамето на Јамајка има три бои: црна, жолта и зелена. Црната ги означува пребродените тешкотии од историјата и оние кои допрва ќе дојдат, жолтата ги симболизира тропското сонце и природните богатства, а зелената ги означува надежта и дивата природа на островот.

Народот во Јамајка е многу религиозен, а тоа се обидува да им го пренесе и на децата. Затоа секое утро во јавните училишта започнува со молитва.rnrnИако островот не е многу голем, дел од него сè уште е неистражен. Има еден мал дел кој е населен од Маруните, африкански робови кои по бунтот и ослободувањето од Британците оформиле свои населби длабоко во џунглата, а по извесно време стекнале и извесна автономија.rnrnСамо Американските атлетичари имаат освоено повеќе олимписки медали од јамајканските. И покрај тоа, Јамајка важи за земја од која доаѓаат најбрзите луѓе на светот. Од таму доаѓа најбрзиот спринтер на светот Јусеин Болт, а од седумте најбрзи спринтери во историјата, дури пет се од Јамајка.
На Зимската олимпијада во Калгари во 1988 година, тимот на Јамајка во бобслед (санкање) на оваа островска земја ѝ даде статус на прва тропска земја која учествувала на Зимски Олимписки игри. Нивниот подвиг беше инспирација за филмот Cool Runnings.rnrnСелото Најн Мајл во рурална Јамајка е родното место и вечното почивалиште на најпознатиот Јамајканец и крал на реге музиката, Боб Марли. Таму му е изграден мавзолеј кој на посетителите им дава можност да видат многу предмети кои му припаѓале нему, меѓу кои и „рок перницата“ на која легнувал секогаш кога барал инспирација.rnrnЈамајканските убавици се на четвртото место на вечната листа според наградите освоени на Мис на светот (што не е исто со Мис Универзум), веднаш зад Индија, Велика Британија и Венецуела. Во случајов се сметаат и титулите за прва и втора придружничка и разните награди кои ги доделуваат организаторите.
Јамајканците често можат да уживаат во феноменот сина месечина. Оваа појава се случила дури шест пати во последните 40 години.rnrnИако одгледувањето и поседувањето марихуана е забрането, законите поврзани со неа ретко се почитуваат, што само го зацврстува статусот на хедонистички остров.rnrnСпоред извештаите на Обединетите Нации, Јамајка има една од највисоките стапки на убиства и на улично насилство во светот.rnrnВо Јамајка сè уште се практикува обеахизмот, вуду магиски ритуал кој може да донесе добро или зло. Се казнува со затвор согласно Кривичниот закон на земјата.








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најубавите приватни острови во светот
Ако имате многу пари и голема желба да побегнете од урбаниот живот, тогаш купување, изнајмување или барем посета на приватен остров е добра опција. На некои од нив сопствениците веќе изградиле туристички центри, а некои се добро сочувани и претставуваат рај на земјата. Ова се најдобрите од нив.rn
Гуана
rnГуана е мал приватен остров кој припаѓа на Британските Девствени Острови. На само 3,4 квадратни километри има планини, ридови, пешачки патеки и седум прекрасни егзотични плажи со бел песок. Гуана важи за рај за нуркачите, чии три корални гребени се големо искушение за нив.rnrn
rnЕмералд Кеј
rnЕмералд Кеј е дел од островите Туркс и Каикос. На него е изграден суперлускузен туристички центар, составен од шармантен замок чии делови се разделени со канали од тиркизното Карипско Море, а поврзани со спектакуларни мостови. Може да се купи за 48 милиони долари.rnrn
rnСофител Моту
rnСофител Моту е еден од рајските острови Бора Бора. На неговите падини и над водата се изградени луксузен спа-центар, хотели, бунгалови и базен.rnrn
rnМотукаваити
rnПрестојот на ова островче е многу пријатен со оглед на тоа што на него нема никакви инсекти, а во бистрата вода најчесто можат да се видат делфини. Се наоѓа во близина на Нов Зеланд во архипелагот Кавали.rnrn
rnЕнталула
rnБели песочни плажи, карпи во кои плиска тиркизниот океан, пештери, заливи и неверојатни нуркачки локации се одлика на беспрекорниот приватен остров Енталула. Тој е дел од Филипините, а се наоѓа во провинцијата Палаван.rnrn
rnТртл Ајленд
rnАко знаете дека на овој остров е снимен филмот „Сината лагуна“, тогаш ви е јасно за каков егзотичен рај се работи. Феноменалната природа на овој остров во форма на желка може да биде изнајмен за 275.000 долари за седум ноќи. Се наоѓа во близина на Фиџи.rnrn
rnДајмонд Кеј
rnДајмонд Кеј е сместен во близина на Хондурас. Припаѓа на вториот најголем корален гребен во светот, што го прави перфектно засолниште за многу егзотични морски видови и место на кое нуркачите не можат да му одолеат. Има неколку колиби кои им се издаваат на туристите за високи цени.rnrn
rnБалисо
rnБалисо е дел од територијата на Сент Винсент и Гренадин, а го носи епитетот „Пепелашка од Гренадините“. Се верува дека познатиот пират Црнобрадиот во осумнаесеттиот век често застанувал на овој остров. Оние кои мислат дека сè уште имаат шанса таму да најдат некое богатство скриено од него, можат да го купат за 30 милиони долари и да проверат.rnrn
rnНекер Ајленд
rnПриватниот рај на англискиот бизнисмен сер Ричард Бренсон е во негова сопственост од седумдесеттите години на минатиот век. На него е изграден неверојатен туристички комплекс опкружен со колоритен корален гребен и разновиден морски животински свет. Еднонеделно уживање таму чини 330.000 долари.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најсекси плажи во светот
Најубавите плажи во светот доаѓаат во сите облици и големини, бои и видови, започнувајќи само од далечинскиот управувач, преку рајски места со палми и бел ситен песок, па сè до тренди места за социјализација и хедонистички центри за забава. Во потрага по песочни плажи кои ги поттикнуваат романтиката, страста и заводливиот дух, издвоивме кои се најсекси плажи во светот.rn
Плажата Зума во Малибу, Калифорнија
rnКалифорнија има една од најсекси плажите што се наоѓаат покрај брегот на Пацификот. Плажата Зума во Малибу е место каде што планините на Санта Моника речиси се спојуваат со океанот, каде може да пиете изладено Шардоне гледајќи ги делфините. Оваа плажа нуди долг песочен брег и одлично засолниште за славната клиентела. Во непосредна близина се наоѓаат куќите на Џенифер Лопез, Бред Пит и Анџелина Џоли. Плажата Зума е вистински избор за сите што ги сакаат песокот и ѕвездите.rnrn
rnПлажата Менли во Сиднеј, Австралија
rnИако Австралија има голем избор на плажи, сепак најпопуларна е космополитската плажа Менли во Сиднеј. Како што кажува самото име, оваа плажа е рај за сурферите. Тука можете да седнете, да им се восхитувате на сонцето и брановите и да се предозирате со сладолед. Оваа плажа нуди релаксирачки одмор, мали заливи, предели со борови и целосно опуштена атмосфера.rnrn
rnМалдиви
rnЗамислете си алеи од палми, приватни куќички покрај море, песок бел како креда и бесконечни базени со поглед кон рајот. Тоа се Малдивите, земја на корални острови на југозападниот брег од Индија, во Индискиот Океан. Малдивите нудат голем избор на хотели со пет ѕвездички и други луксузни сместувања, сончеви зраци во текот на целата година, прекрасни лагуни, па затоа се најчест избор кога станува збор за меден месец или некое друго романтично патување.rnrn
rnТуркс и Каикос
rnТуркс и Каикос се островски архипелаг јужно од Бахамите, составен од 40 острови од кои само неколку се населени. Плажите на овие острови, поради својата географска положба (затскриени се зад Карибите) се едни од ретките кои изобилуваат со чиста и недопрена природа. Една од најубавите плажи на Туркс и Каикос е заливот Грејс, со брег долг 12 милји покриен со песок бел како шеќер. Туркс и Каикос се дестинација за сите романтичари кои обожаваат вечера на свеќи.rnrn
rnКопакабана и Ипанема во Рио де Жанеиро, Бразил
rnЗа љубителите на жешки плажи и луди забави, сензационалните плажи Копакабана и Ипанема се вистински избор за нив. Овој рај во Јужна Америка ги има најпопуларните и најпровокативните брегови покрај Атлантикот, покриени со бел песок. Преку ден можете да уживате гледајќи ги бразилските убавици како шетаат по плажите, а навечер клубовите покрај шеталиштето нудат целовечерни забави.rnrn

rnСвети Мартин
rnЕден од најсофистицираните острови на Карибите, Свети Мартин, се наоѓа источно од Порторико и претставува спој на европската култура, создавајќи фузија на историјата и чувство на хедонизам. Една од најзначајните области на островот е областа Гранд, поранешно рибарско село, а денес кулинарски епицентар на Свети Мартин, ако не и на Карибите воопшто. Гранд изобилува со крајбрежни гурмански бистроа кои се наоѓаат наспроти тиркизните води.rnrn
rnСеверен Брег, Оаху, Хаваи
rnВулканскиот тропски архипелаг на Хаваи е оддалечен илјадници километри од најблискиот континент и изобилува со осамени плажи. Плажите на Северниот брег на Оаху се познати по нивната природна убавина и брановите погодни за сурфање. Во текот на летото, брановите се речиси рамни и се добри за сурфери-почетници, но во октомври и март, брановите формирани од зимските бури, патуваат од Алјаска сè до Оаху и се одлични за професионалните сурфери.rnrn
rnХаад Рин, Тајланд
rnАко ве привлекува лудиот ноќен живот проследен со романтични средби, плажите на Тајландските острови се вистинскиот избор за вас. Секој месец, кога настапува полна месечина, 20.000 трагачи по луди забави доаѓаат на плажата Хаад Рин за да присуствуваат на целовечерната забава позната како „Полна месечина“. Патниците привлечени од танцовите кои се изведуваат со помош на оган, конзумираат евтино локално виски и одат од еден во друг клуб сè до изгрејсонце.rnrn
rnЦрвената плажа во Санторини, Грција
rnИако овој грчки остров има многу плажи, сепак најнеобична е Црвената плажа која има облик на млада Месечина. Заради посебните географски карактеристики и вулканската активност, брегот на оваа плажа е црвен и црн. Карпите создадени од лавата полни со железо, навлегуваат длабоко во Егејското Море. Во текот на летните месеци, Црвената плажа нуди луди вечерни журки во крајбрежните клубови.rnrn
rnБоракеј, Филипини
rnПлажата Боракеј е вистински трофеј за Филипините. Оддалечена 30 минути со авион од Манила, Боракеј не е многу долга плажа. Широка е помалку од еден километар и се смета за туристички центар, каде што луѓето доаѓаат за да се дружат и да ја апсорбираат културата на Филипините. Плажата Боракеј нуди бел песок ситен како прашина и чиста сина вода. Оваа плажа е вистинската дестинација за сите кои ги преферираат водните спортови.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn