КАФЕ ПАУЗА

Tag: карактери

  • Откријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографии

    Откријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографии

    Исто како што сите ние сме различни, така и птиците и животните се различни. Сите тие имаат свои навики, карактеристики и таленти. Со внимателно разгледување, можеме да сфатиме дека не само што секој вид има свои разлики, туку и секоја птица поединечно се разликува од друга. Некои се храбри, а некои срамежливи, некои се сонливи, а некои се немирни и весели.rnrnАко внимателно ги разгледаме, можеме да забележиме многу повеќе од само површен впечаток. Постојат танчари, љубовници, спанковци, борци, спортисти и несмасни „летечки“ другарчиња.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии од птици, дело на фотографката Хана Асил.rn

    1. Панк-рокерот

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    2. Акробатот

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    3. Сериозниот

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    4. Супер-моделот

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    5. Грижливата

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    6. Шеќерче

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    7. Џентлменот

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    8. Ѕвездата Деница

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    9. Трапавко

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrn

    10. Карпата

    rnОткријте ги уникатните карактери на птиците преку овие 20 фотографииrnrnПродолжете да ги гледате овие прекрасни птици и на следната страница…rnrn

  • Имавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јават

    Имавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јават

    Излеговте, запознавте некоја супер интересна личност и завршивте во нејзиниот кревет истата вечер? Тоа не е незамисливо сценарио, но дали контактот ќе продолжи зависи од тоа со кој сте имале работа. Имено, некои луѓе се поотворени за започнување врска на таков начин, додека за други тоа е само секс за една вечер. Постојат различни личности и карактери, но астролозите велат дека овие 3 знаци најверојатно нема никогаш повторно да ве побараат.rnrnИмавте секс за една вечер? Овие 3 хороскопски знаци не очекувајте да ви се јаватrn

    Стрелец

    rnАвантуристички расположените припадници на овој знак, немаат лоши намери, но нив толку ги понесува можноста да испробаат нови работи и да запознаат нови личности. Тие, сепак, нема да ги продлабочат односите кои ги сметаат за „краткотрајни“. Ова не значи дека, како по правило, се работи за луѓе за краткотрајни авантури, но ако се во тој „филм“, тие соодветно и така се однесуваат. Стрелците првенствено ја слушаат својата интуиција и не се секогаш најдобри во артикулирањето на нивните идни намери. Овој страстен знак лесно се возбудува во моментот, но се „оладува“ исто толку брзо, па немојте да мислите дека ќе имате повторна средба.rn

    Скорпија

    rnПри заведувањето можеби тоа не изгледа така, но припадниците на овој знак се всушност многу тајновити луѓе и нивното срце е заклучено како длабок сеф. Тие се страсни љубовници, но им треба многу време да развијат подлабоки емоции, кои треба да ги анализираат и прифатат, и тоа секако не се случува преку ноќ. Откако ќе имате „жешка“ средба со нив, ќе им бидат потребни денови, па дури и недели, за да може да согледаат колку им било добро, но тогаш им е глупо да ви се јавуваат. Тие се плашат дека може да испаднат очајни, па поверојатно е дека нема да ве побараат повторно. Ако го сторат тоа, очекувајте покана за секс, а не за кафе-средба – па ќе ви биде полесно да одбиете каква дружба отколку повторно да бидете емотивно погодени.rn

    Близнаци

    rnАстролошката иронија е дека припадниците на овој знак, познати како „богови на комуникацијата“, најверојатно ќе бидат оние на кои ќе им се избрише трагата по ваквата авантура. Тие се прилагодливи  и со отворен ум и одлично ја согледуваат можноста.rnrnИако се добри за излегување и дружење, не се снаоѓаат во емотивните контакти. Затоа љубовните односи со Близнаците можат да бидат комплицирани. Иако знаат да сакаат и бараат љубов, најтешкиот дел е да ги држите заинтересирани за да ви се доверат. Тие знаат да бидат многу себични и самодоволни, а најмногу им одговара кога другата страна е трпелива и со многу разбирање, иако се подготвени да дадат сè за да ве придобијат, барем на почетокот.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 4-те хороскопски знаци што ќе имаат драматичен Ден на вљубените.

  • Мејкап артистка ги претвора своите усни во карактери од поп културата

    Мејкап артистка ги претвора своите усни во карактери од поп културата

    Лаура Џенкинсон, мејкап артистка од Лондон, пронашла креативен начин за да ги покаже своите неверојатни вештини! Таа со помош на кармин и боја создава секакви видови карактери и цртани ликови од поп културата на своите усни. Започнувајќи од Дизни, до Игра на тронови, таа нема недостаток од идеи за следниот проекти, а нејзините 300 илјади следбеници на Инстаграм уживаат во секоја нова објава повеќе од претходната. Погледнете и самите колку е таа талентирана!rnrnrnrn

    rnrnПогледнете ја и оваа талентирана мејкап артистка која се трансформира во страшни чудовишта и фиктивни ликови!

  • Постојат 4 типа луѓе родени во декември: Еве што ги прави поразлични од останатите!

    Постојат 4 типа луѓе родени во декември: Еве што ги прави поразлични од останатите!

    Декември за многумина е најстудениот месец во годината, но за останатите, тој е највеселиот. Личностите кои на свет дошле во овој месец се родени или како Стрелци или како Јарци. Едно истражување покажало дека тие се многу помирни и подисциплинирани во детството. Нивниот камен на раѓање е тиркиз кој се смета за еден од најстарите камења во историјата. Познат е како симбол на мудроста и заштитата, а според бројни верувања носи моќ и среќа. Цветот на раѓање за личностите кои дошле на свет во декември е нарцисот.rnrn1-4-tipa-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-eve-shto-gi-pravi-porazlichni-od-ostanatite-kafepauza.mk_rnrnЛичностите родени во декември се делат на четири групи, а во продолжение погледнете ги главните карактеристики на секоја група.rn

    Од 1-ви до 8-ми декември

    rnТие се отпорни на недостатоци. Столбовите на нивниот живот ги сочинуваат доследност и стабилност. За некои на прв поглед изгледаат малку арогантни, но всушност се полни со здрава самодоверба заради која емотивно послабите луѓе ги доживуваат на тој начин. Имаат изразено силна волја и се одликуваат со храброст. Многу се социјални и сакаат да бидат помеѓу луѓето.rn

    Од 9-ти до 15-ти декември

    rnАко ви е потребен некој за конструктивен разговор или рамо за плачење, личностите родени во оваа група сигурно ќе ви помогнат. Тие се одлични во давањето совети, силни се и без проблем се снаоѓаат кога ќе наидат на некоја животна препрека. Снаодливи се во решавањето на проблемите, како своите, така и на туѓите. Одлични се и посветени на остварувањето на своите цели.rnrn2-4-tipa-na-lugje-rodeni-vo-dekemvri-eve-shto-gi-pravi-porazlichni-od-ostanatite-kafepauza.mk_rn

    Од 16-ти до 22-ри декември

    rnОвие личности како да се родени под среќна ѕвезда. Тие се независни индивидуи кои веруваат во слободата и го живеат животот по сопствени правила, не оптоварувајќи се за мислењето на другите луѓе. Често длабоко размислуваат и одлично се снаоѓаат во работата која од нив бара добра концентрација. Имаат развиена смисла за мода и со своите разиграни модни комбинации секогаш привлекуваат големо внимание.rn

    Од 23-ти до 31-ви декември

    rnНема да пронајдете поголеми оптимисти од оние родени во овој период од декември. Многу се емотивни и друштвени, а таа комбинација резултира со голема посветеност на семејството и пријателите. Кога е во прашање пријателството, многу се пребирливи и не пуштаат лесно нови луѓе во својот мал, близок круг на пријатели. Но, кога ќе го направат тоа, тоа значи дека сте ја добиле нивната доверба. Креативни се, полни со одлични идеи и обожаваат да патуваат.rnrnДекември е месец на снегот, декорациите, собирањето впечатоци, планирањата, добрата храна, опростувањата и уживањата, а еве кои нешта треба да ги направите токму во текот на овие денови.

  • Одберете го највпечатливиот цвет и дознајте интересна тајна за вашиот карактер

    Одберете го највпечатливиот цвет и дознајте интересна тајна за вашиот карактер

    Цветовите се една од најубавите работи кои ги носи природата. Освен тоа, дознавме дека без оглед на лековитите својства, цветовите имаат многу различни значења. Изберете го највпечатливиот цвет според вас и дознајте интересна тајна за вашиот карактер.rnrn1-odverete-go-najvpechatliviot-cvet-spored-vas-i-doznajte-interesna-tajna-za-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    Цвет број 1 – Крин

    rnВие ќе се вратите во живот за време на новогодишните и божиќните празници. Вие се будите во овој период од годината и почнувате да организирате одлична забава за вашите најмили. Секогаш ве опкружуваат пријатели, не само затоа што сте фантастичен забавувач, туку и затоа што секогаш сте тука за нив. Постојано ги имате вистинските зборови за утеха и најдобриот совет за кој било проблем, без разлика дали е голем или мал. Овој цвет симболизира врвна убавина и често се користи за означување вредности кои се над убавината.rn

    Цвет број 2 – Момина солза

    rnВие имате цел тон енергија. Вашиот силен впечаток ги привлекува луѓето кон вас. Ги мотивирате останатите со вашата енергија и фантазија. Работите не би биле толку пријатни без вас. Овој цвет, исто така, означува чистота и софистицирана убавина. Вие сте позитивни, љубопитни и храбри. Секогаш сте воодушевени кога се започнува некој нов проект, но не сте секогаш подеднакво ентузијастични кога треба да се доврши, бидејќи сакате да работите со големи концепти и да ја оставите напорната работа на другите луѓе.rn

    Цвет број 3 – Ружа

    rnВие сте прекрасна личност, но можете да покажете трња доколку некој ви се приближи. Луѓето сакаат да бидат во ваша близина, бидејќи не ви е приоритет да ги уверите другите дека сте во право. Освен тоа, овој цвет исто така покажува дека сте друштвени, храбри и многу искрени. Секогаш се организирате за иднината и имате големи планови за себе. Знаете што сакате и не се плашите да се обидете истото и да го остварите, но имајте на ум дека понекогаш мора да застанете на момент за да издишете и да уживате во сегашноста.rn

    Цвет број 4 – Црна ружа

    rnЦрната ружа е необична билка и препознатлива, исто како вас. Никој не може да ве копира, бидејќи сте едноставно посебни и тоа е она што ве прави исклучително вредни. Размислувате на различен начин од сите останати, па затоа и секогаш сте водичи, а никогаш следбеници. Вие ги привлекувате луѓето, но сте исклучително независни и имате тенденција да се потпрете сами на себе, а не на другите луѓе. Сепак, имајте на ум дека понекогаш е во ред да ги пуштите луѓето во ваша близина.rn

    Цвет број 5 – Лале

    rnПролетта е вашата доба од годината, бидејќи иако тогаш сѐ уште има траги од студенило во воздухот, вие цутите во полн сјај. Лалето означува надмоќ и совршена љубов, а вие ги поседувате токму тие два квалитета. Познати сте по топлото срце и љубезната природа, но понекогаш премногу им се препуштате на емоциите и знаете да бидете многу суптилни. Кога ќе се заљубите, сакате со целото ваше срце и сакате да го поминете животот со вашата друга половина. Секогаш имајте на ум колку сте прекрасни и не дозволувајте потешкотиите да ве совладаат.rn

    Цвет број 6 – Орхидеја

    rnВие во домот се чувствувате подобро од кое било друго место на светот. Орхидејата, односно кралицата на цветовите, се смета за еден од најубавите цветови на светот. Имате една заедничка работа со неа: и двете сте за восхит. Орхидејата означува ентузијазам и раскошна женственост – важни делови од вашата личност. Напорно работите и секогаш ги достигнувате вашите цели. Вие проблемите ги решавате со леснотија – вашите пријатели често доаѓаат кај вас за совет. Понекогаш се чувствувате како да не се вклопувате, но тоа е затоа што сте родени за да бидете забележани.rnrnСакате уште еден цветен тест? Кое од овие цвеќиња најмногу ве привлекува? Кликнете на него и дознајте нешто повеќе за вас!rnrn1-zhenski-test-na-lichnosta-odberete-go-vasheto-omileno-cvekje-i-doznajte-povekje-za-vas-kafepauza.mk_

  • Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

    Можеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни црти

    Според една неодамнешна студија, луѓето можат да погодат одредени карактерни црти така што ќе помирисаат нечија маица. Студијата покажала дека поголемиот дел од испитаниците со ист процент на точност погодиле одредена карактерна црта и кога мирисале нечија маица и кога гледале видео од личноста на која ѝ припаѓала таа. Но, не сите карактерни црти биле лесни за забележување.rnrnМожеби звучи лудо, но изгледа луѓето можат да ги намирисаат овие карактерни цртиrnrnИстражувачите откриле дека луѓето биле многу добри при идентификување на следниве карактеристики:rn

      rn011

    • невротизам
    • rn011

    • екстраверзија
    • rn011

    • доминантност
    • rn

    rnВсушност, луѓето биле особено точни кога ја намирисувале доминацијата кај спротивниот пол. Миризбата, сама по себе, не овозможува многу податоци за дали некој е отворен за искуства, лесен за разговор или свесен за своите потреби.rnrnЗа потребите на ова истражување, било побарано од 60 луѓе да носат обична бела маица во текот на 3 ноќи и да избегнуваат да јадат храна со интензивна миризба, како и да не ставаат парфеми. По изминувањето на овие 3 дена, испитаниците ги мирисале носените маици.rn

    Доминација

    rnМиризбата на доминацијата може да се поврзе со нивото на тестостерон. Според авторите на студијата, доминантното и агресивното однесување има тенденција да биде позитивно поврзано со зголемено ниво на тестостерон. Овој хормон стимулира лачење на потните жлезди, па затоа подоминантните мажи мирисаат поинаку од останатите.rn

    Анксиозност

    rnНа сличен начин може да се открие и анксиозноста, која исто како и стравот е добро позната во животинското царство. Кога се исплашени и под стрес, животните создаваат феромони за предупредување кои ги испуштаат низ кожата. Доживувањето на овие емоции е проследено со серија неврохемиски промени, дел од кои можат да се испуштат преку потта.rn

    Постари студии

    rnПостојат и други начини што можат да објаснат како луѓето можат да намирисаат карактерни црти. Иако точниот механизам на кој ова се случува допрва ќе се истражува, сепак постои едно можно објаснување дека луѓето забележуваат одредени особини врз основа на пријатноста на миризбата на телото. Имајќи го тоа на ум, постара студија ни покажа дека можете да намирисате среќна личност. Постојат хемиски состојки во потта, што изгледа можат да бидат откриени од другите. Истото важи и за стравот и одбивноста, што други студии веќе докажале дека можат да бидат намирисани.

  • 9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    9-те типови личности кои го менуваат светот и нивните силни страни

    Овие 9 карактеристични типови личности го прават човештвото специјално, не само поради интеракцијата меѓу нив, туку и поради својата внатрешност. Синхроницитетот ги поврзува заедно во убав систем кој прави сè да функционира како што треба. Ниеден човек не може да се претстави само со една од овие личности, туку најчесто е мешавина од неколку. Станува збор за начин на размислување кое се фокусира на среќните моменти, без да бидеме свесни дека секое делче од сложувалката е интегрален дел од духовната еволуција на човештвото. Сѐ се менува толку брзо и секој од овие сегменти има важна улога во формирањето на човечката свест.rnrnДевет типови на личности кои го менуваат светотrn

    1. Иницијатори

    rnБез оглед на иницијативата, ова се личностите кои го движат светот напред. Тие го симболизираат принципот на почеток и иницијација низ чистота на причината. Тоа е енергијата која ги започнува сите дејствија и нè води во нови правци. Без нив, многу работи ќе останеа ненаправени, бидејќи кога никој друг не би сакал да ги направи. Тие истапуваат и се истакнуваат со својата храброст, оригиналност и решителност.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Креатори и водечка сила на свеста и големите движења.
    • rn011

    • Не гледаат крај на нивните патувања и цели во животот.
    • rn011

    • Најмоќните иницијатори се оние кои веруваат дека е подобро да служиш отколку да владееш.
    • rn011

    • Секогаш се напред и им го покажуваат патот на другите.
    • rn011

    • Веруваат во своите способности да го разликуваат доброто од злото.
    • rn011

    • Најчесто се ментално посилни од останатите луѓе.
    • rn011

    • Живеат онака како што тие мислат дека треба и ништо не може да им застане на патот.
    • rn011

    • Генерално се оптимистични луѓе кои поседуваат голема внатрешна сила и често се инспирација за другите.
    • rn011

    • Самите себеси се мотивираат и се желни за напредок.
    • rn011

    • Поседуваат лидерски способности кои привлекуваат многу следачи.
    • rn

    rn

    2. Исцелители

    rnБидејќи Иницијаторите често се повредуваат себеси, во нивните константни обиди да одат напред, Исцелителите се неопходни да го вратат балансот во нивното физичко здравје. Во овој тип луѓе доминира женствената енергија, но има и многу мажи со силна исцелителна енергија. Тие го симболизираат принципот на соединување со другиот, помеѓу позитивното и негативното, машкото и женското, денот и ноќта, црното и белото, јин и јан. Тие ги соединуваат сродните умови и идеали. За исцелителите животот мора да има значење. Тие имаат најсилна интуиција од сите типови личности.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Вешти медијатори кои покажуваат високо ниво на сочувство и емпатија.
    • rn011

    • Нивната интуиција е на највисоко ниво споредена со другите типови личности.
    • rn011

    • Тие се вечни оптимисти дека светот ќе стане подобро место за живеење и дека сите ќе живеат во мир и хармонија.
    • rn011

    • Добро соработуваат со другите со цел да постигнат хармонија во нивните животи.
    • rn011

    • Избегнуваат конфликти и расправии и наместо тоа ја гледаат поголемата слика.
    • rn011

    • Секогаш се обидуваат да се несебични и фокусирани на правењето добри дела.
    • rn011

    • Се грижат сите да го искористат целиот свој потенцијал.
    • rn011

    • Сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и настојуваат да најдат работа која ќе им овозможи да се искажат во вистинско светло.
    • rn011

    • Го помагаат својот личен напредок и напредокот на другите.
    • rn011

    • Се грижат децата да растат во топла и пријатна средина, дури и на сметка на нивниот личен комфор.
    • rn

    rn

    3. Катализатори

    rnКатализаторите на светот имаат единствена дарба со голема креативност постојано да ги менуваат луѓето и околностите. Тие се посредници на планетата кои им овозможуваат на другите да ја искористат својата енергија. Кога Иницијаторите и Исцелителите се немоќни, тие бараат помош од Катализаторите на квантно ниво. Никој од нив не може да разбере што прават за другите, но кога Иницијаторите и Исцелителите ќе се здружат, тие често имаат потреба од синтезата на Катализаторот за да ја искористат ефективно целата енергија.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Имаат карактеристики на возвишен водич.
    • rn011

    • Можат да им помогнат на сите да најдат мир, чистина и љубов во себе.
    • rn011

    • Способни се да се справуваат со животните падови и подеми и не очајуваат долго кога доживуваат неуспех.
    • rn011

    • Повеќето се надарени музичари, писатели, танчари и јавни оратори.
    • rn011

    • Имаат широки размислувања.
    • rn011

    • Се одликуваат со ентузијазам, младоликост и живост.
    • rn011

    • Одлично комуницираат и често брилијантно владеат со јазикот.
    • rn011

    • Чувствуваат потреба да инспирираат и да го разубават светот со нивните природни можности.
    • rn011

    • Охрабруваат повеќе отколку што обесхрабруваат и секогаш наоѓаат решенија наместо проблеми.
    • rn

    rn

    4. Заштитници

    rnПред да постои каква било технологија, постоела Геја, односно мајката Земја според грчката митологија. Повеќето модерни луѓе ја изгубиле врската со Геја. Заштитниците не се свесни дека можат да играат со светлината, но знаат дека се поврзани со свеста на Геја. Тие ги гушкаат дрвјата, се грижат за животната средина, одгледуваат градини, комуницираат со животни и искрено ја сакаат природата. Некои ја игнорираат нивната диетална потреба за енергија и наместо тоа ги жртвуваат своите потреби за нивната вистина и љубов кон Геја. Тие ја сакаат Земјата и Мајката природа онаква каква што е и со сето тоа што го обезбедува за нас и таа страст не ги напушта до крајот на животот.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Работат макотрпно и можат да бидат многу упорни.
    • rn011

    • Наоѓаат големо задоволство во достигнувањата кои ги постигнале со физичка работа, посебно кога се работи за обработка на земјата и повеќе се радуваат на резултатите отколку на финансиската награда или јавното признание.
    • rn011

    • Веруваат во самоконтролата и имаат зацртани цели, но тоа се едноставни и скромни цели.
    • rn011

    • Не сакаат да создаваат неволји, но ги ценат моралните убедувања и не отстапуваат кога се убедени дека го прават вистинското нешто.
    • rn011

    • Обврската на подолг рок за нив е приоритет бидејќи тие се лојални и совесни.
    • rn011

    • Амбициозни се и ориентирани кон кариерата.
    • rn011

    • Градат сигурни основи за себе и други, и се грижат сите да бидат безбедни и сигурни.
    • rn

    rn

    5. Менувачи на играта

    rnМенувачите на играта имаат најголем број стари души од сите типови личности. Тие се екстремни индивидуалци и во душата и во умот. Имаат многу интереси и се мултиталентирани. Тие се атрактивни, независни, слободоумни и брзо се движат низ животот. Тие често се сексуални суштества. Одбиваат забрани и одговорности, додека често се одликуваат со нестабилност и непредвидливост. Го одвлекуваат нашето внимание кон чудата на животот и нѐ повикуваат да го цениме хаосот околу нас. Па зошто тие ја менуваат „играта“? Бидејќи одат наоколу и шират сочувствителни акции вклучувајќи ги сите други.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Го практикуваат принципот на многустраност, прогресија и страст и ја симболизираат потребата од промени, разновидност и нов раст.
    • rn011

    • Пренесуваат и шират информации како никој друг.
    • rn011

    • Тие се прагматични и опортунисти и можат да бидат многу, многу убедливи.
    • rn011

    • Најчесто се интелектуалци, сестрани и имагинативни.
    • rn011

    • Големата флексибилност им овозможува да запрат со нешто што прават и да продолжат во сосема друга насока.
    • rn011

    • Не се држат до ништо кое создава монотонија во нивните животи и се гадат од рутина и досадни, монотони професии.
    • rn011

    • Имаат способност да се адаптираат и да се менуваат бидејќи имаат слободен дух, со чувство за авантури.
    • rn011

    • Крајно љубопитни индивидуалци кои сметаат дека искуството е најдобро школо во животот.
    • rn

    rn

    6. Негуватели

    rnНегувателот ја претставува хармонијата, балансот, искреноста, љубовта и вистината. Тие се сметаат за најхармонични од сите типови личности. Секогаш имаат силен импулс за креирање хармонична и мирна средина. Го осветлуваат нашиот пат во областите кои бараат спиритуален и духовен баланс. Тие нè учат како да управуваме со сочувството и свесно во секоја ситуација да избираме опростување. Тие се мајки на светот. Тие знаат да се жртвуваат, да се грижат, да помагаат, да ги штитат и учат другите. Ниедно семејство или општество не може да функционира без моќта на Негувателот, која ги држи на сигурно.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Ја симболизираат одговорноста и услугата, кои ги постигнуваат преку љубовта, негата и заштитата.
    • rn011

    • Поседуваат вродена внатрешна желба да донесат хармонија, мир, правда и вистина во животот.
    • rn011

    • Најголемата радост во животот ја црпат од грижата за сите и овие луѓе се чувствуваат најкорисно кога ги поправаат нештата.
    • rn011

    • Ќе се борат за своите идеали и принципи во корист на другите.
    • rn011

    • Имаат силни верувања и ставови за она што го чувствуваат како вистина.
    • rn011

    • Во врска тие љубат, нудат поддршка, утеха и бараат стабилни и балансирани партнери.
    • rn011

    • Тие се одлични домаќини за сите и знаат како да внесат љубов, баланс и убавина на сите семејни пригоди и општествени собири.
    • rn

    rn

    7. Истражувачи

    rnТие резонираат со вибрациите и енергиите од колективната свест, вербата и духовноста. Тие се занимаваат со езотеричните и научните аспекти на реалноста. Фокусирани се на активирањето на имагинацијата и вклучувањето на резултатите во нашите животи преку употребата на свесни мисли и спознанија. Тие во себе носат нешто што може да се нарече магична вибрација, со основни разбирања на фундаменталните закони на универзумот. Тие се таинствени, мистериозни, интуитивни и интроспективни. Тие се визионери и мислители и секогаш се обидуваат да ги најдат основните, скриени вистини.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Тие се едни од најголемите мислители и често големи визионери.
    • rn011

    • Ја сакаат природната убавина и цутат кога се наоѓаат во природно опкружување, далеку од цивилизацијата.
    • rn011

    • Имаат неверојатна способност да ги лекуваат луѓето на спиритуални, емоционални и духовни нивоа.
    • rn011

    • Имаат способност интуитивно да ги разберат потребите на другите.
    • rn011

    • Бараат многу од другите, но и од себеси, затоа што имаат многу високи стандарди.
    • rn011

    • Вљубени се во убавината на природата, цвеќињата, растенијата, океаните, морињата и езерата.
    • rn011

    • Не се задоволуваат сè додека не најдат врска помеѓу познатото и непознатото.
    • rn011

    • Знаењето и мудроста се нивна цел и нивната интелигенција води до тоа да најдат многу извори на информации.
    • rn

    rn

    8. Стабилизатори

    rnТие се најмалку сфатените типови личности. Кога Стабилизаторот на кармата ќе тропне на вашата врата, можете да бидете сигурни дека ќе го жнеете она што сте го посеале. Тие се практични, реални и интелигентни. Покажуваат вибрации од авторитет и лична моќ, самодоверба, способности за извршување, внатрешна сила, професионализам, менаџирање, материјална слобода, успех, добро расудување, пари. Тие ја знаат разликата помеѓу природната и вештачката духовност и се чувствуваат покомотно во царството на материјалните факти кои можат да се допрат. Тие се фокусираат на резултатите, често во форма на пари, а сепак не се грижат многу за парите како средство за задоволување на потребите. Стабилизаторите не се алчни и парите ги гледаат само како алатка, а не како краен резултат.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сигурни се и задоволни од себеси.
    • rn011

    • Знаат што сакаат од животот и знаат како да ги остварат своите цели.
    • rn011

    • Решителни и со силна волја.
    • rn011

    • Никогаш нема да ги предадат своите верувања и принципи.
    • rn011

    • Најчесто нивна главна цел е да научат да манипулираат со пари и моќ, без да се корумпираат во текот на процесот.
    • rn011

    • Поседуваат природни лидерски квалитети, долгорочни визии и во текот на животот можат да се стекнат со многу моќ, престиж и богатство.
    • rn011

    • Имаат огромен потенцијал за да ги подобрат животите на илјадници други луѓе, на практични начини, што е дел од нивните способности за стабилизирање.
    • rn011

    • Доверливи се и независни и не бараат милост од никого.
    • rn011

    • Поддржуваат сè што носи убавина, правда, значење и профит во светот.
    • rn

    rn

    9. Финализатори

    rnТие се поврзани со универзалната љубов, вечноста и вербата. Поседуваат мудрост и одговорност и нивната крајна цел е да му служат на човештвото. Тие се справуваат со интелектуалната моќ, инвентивноста, влијанието врз ситуациите и нештата. Тие ни помагаат да ги препознаеме нашите внатрешни атрибути и да ги искористиме овие способности во светот, за да направиме позитивна разлика. Оваа вибрација му служи на светот и го прави подобро место за живот. Тие работат без мотив. Нивна цел е подобар живот за сите. Тие имаат заштитничка енергија и голема моќ и љубов во нивната душа. Интуитивно, Финализаторите ги разбираат врските помеѓу целото човештво.rn

    Силни страни:

    rn

      rn011

    • Сочувствителност, несебичност и великодушност.
    • rn011

    • Мудрост, интуиција и идеализам.
    • rn011

    • Тие се милосрдни, добротворни, алтруистички настроени.
    • rn011

    • Имаат големо разбирање за угнетените и неразбраните.
    • rn011

    • Ги делат аспирациите и идеалите на понапредните души.
    • rn011

    • Тие се мечтатели кои се чувствуваат како дома во царството на уметноста, медицината, религијата, драмата, филозофијата и метафизиката.
    • rn011

    • Исцелители се и учители, кои секогаш работат за доброто на другите.
    • rn011

    • Бараат решение од инспиративниот и креативен свет.
    • rn011

    • Се грижат за сите, но мора да научат да зборуваат гласно кога тие самите имаат потреба од помош, љубов и поддршка.
    • rn

  • 8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

    8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафуле

    Во близина на вашиот дом има прекрасен кафе бар, со пријатна атмосфера и одлично кафе. Без разлика дали таму одите само за да сурфате на интернет додека уживате во кафето или пак бидејќи таму работи некој ваш пријател, во него поминувате долго време од денот. Покрај тоа што во крвотокот веќе имате кофеин, вие навистина сте вљубени во тоа мало местенце. Токму затоа се вадите од памет кога тоа кафуле ќе го посети еден од овие осум типови луѓе.rnrn8 најлоши типови луѓе кои ќе ги сретнете во вашето омилено кафулеrn

    1. Гласниот муабетчија

    rn„ШТО? Не можам да те чујам, во глупавово кафуле има премногу врева. Господе, зошто во околинава нема друго место за кафе?“ Поради бизарни, необјасниви причини, овој гласен муабетчија не може да ги забележи останатите 30 луѓе во кафулето и претпоставува дека никој не го слуша неговото врескање. Ако постои правда во светот, менаџерот ќе побара од него да не вика толку или да го заврши разговорот надвор. Но, многу е поверојатно дека тој ќе продолжи со својот приватен разговор во просторијата полна со странци.rn

    2. Пребирливиот

    rnКога сте заглавени во редот зад пребирливите кафеџии, тогаш имате време да го извадите телефонот и да одговорите на сите мејлови поврзани со работата.rnrn„Би сакал мало лате во голема чаша, не средно, туку во голема чаша. Нека биде со бадемово млеко, една и пол лажичка шеќер, сируп од лешници и многу пена.“rnrnШто ќе прави со ова ремек-дело? Дали вака кафето навистина ќе има подобар вкус или на овој начин тој само го одвлекува вниманието од својот досаден живот? Најлошото од карактерот на пребирливите излегува на виделина кога нивната нарачка нема да испадне баш како што ја замислиле или почекале подолго отколку што планирале.rn

    3. Канцеларискиот потрчко

    rnКанцеларискиот потрчко има свежо и невино лице кога доаѓа да земе кафе за неговите колеги од работa. Кутрото дете е како кокошка без глава кога ќе треба да земе 45 жешки кафиња и чаеви за злобните корпорациски шефови кои раководат со секој негов потег. Имајте сочувство за потрчкото и отворете му ја вратата кога ќе излегува со сите тие жешки кафиња.rn

    4. Семејниот човек

    rnПрекрасно е што овој татко ги донел своите деца да пробаат од слатките десерти, но дали мораа да седат веднаш до вас? Дури и да сакате деца, седењето до 7 разврескани палавковци не е идеално кога се обидувате да сработите нешто на вашиот компјутер. Извесно е дека жешкото какао ќе ви биде истурено во скутот, а откако ќе се соземете од жештината и ќе ги отворите очите, ќе ве пресретне беспомошниот татко кој немоќно ги собира рамената. Во знак на извинување ќе ви понуди марамче.rn

    5. Фриленсерот

    rnНејасно е дали овие личности имаат свој дом или само ги населуваат кафулињата во текот на целата нивна професионална кариера, но нивните работи се расфрлани насекаде. Треба да поминувате низ купови со хартија кои се прекриени со белешки како „Квадратен корен од торта е квантна физика“ или „Нејзините очи имаа боја на јавор, исто како моето куче“. Нејасно е дали фриленсерите навистина имаат работа или само сакаат да изгледаат зафатено.rn

    6. Зависникот од кафе

    rn„Тројно еспресо, ВЕДНАШ!“ Зависникот би го убил секој што побрзо од него ќе дојде до дозата кофеин. Се чини дека порано бил зависник од метамфетамин, но сега преминал на нешто полесно. Неговите раце се тресат и од устата му излегува пена сè додека не ја земе чашата со горко, топло кафе.rn

    7. Тинејџерите

    rnНиедно кафуле не би било комплетно без група тинејџери во нивната готска, емоционална фаза од животот. Тие ретко нарачуваат што било, но одлично ја усовршиле вештината на ѕиркање низ нивните смешни шишки кои им го прекриваат лицето. Ги гледате со восхит и се прашувате како може толку млади луѓе да се презаситени од животот? Понекогаш ќе ви довикнат нешто навредливо од нивната маса.rn

    8. Луѓето со животни

    rnЛуѓето кои премногу ги сакаат животните не ги почитуваат санитарните правила и своето кафе мора да го испијат во присуство на нивното милениче. Секако, секој добродушен човек нема проблем кога се работи за слатки кучиња, кои мирно чекаат до нозете на својот сопственик. Но постојат луѓе кои своите миленици ги качуваат на маса и им даваат да јадат колачи од нивните чинии, што секако може да биде непријатна глетка за луѓето на околните маси. Што мислите, како поминуваат останатите гости кои протестираат поради ова?

  • Неверојатни полициски скици направени од описите на ликовите во вашите омилени книги

    Неверојатни полициски скици направени од описите на ликовите во вашите омилени книги

    Кога станува збор за физичкиот изглед на своите ликови, добриот писател има моќ да нацрта слика со зборови. Многу често тие обрнуваат големо внимание на описите, како и на атрибутите кои помагаат да се изгради нечија личност, а потоа и цела новела. Ако книгата со тек на време се претвори во филм и овие внимателно одбрани детали се занемарени, тогаш целосно се губи ликот кој сите ние го имаме во нашата глава.rnrn

    Кетнис Евердин - Игрите на гладните, напишана од Сузан Колинс
    Кетнис Евердин – Игрите на гладните, напишана од Сузан Колинс
    rnrnАртистот Брајан Џозеф Дејвис, кој работи во филмската индустрија, преку неговиот сегашен проект ни покажува како изгледаат полициските скици на добро познатите ликови направени од описите во книгите. Тој ги создава овие цртежи со софтверот кој го користи полицијата, а потоа манипулира со нив со цел да ја долови визијата на авторот. Фасцинантно е да се гледа како зборовите можат да оживеат. Погледнете.rnrn

  • Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    Што кажуваат за вас дестинациите на кои најчесто патувате или за кои сонувате дека еден ден да ги посетите? Дали патувањето за вас е само бегство од реалноста или пак, начин на живот?rn

    Што кажува за вас начинот на кој патувате?

    rn

    Бекпекери

    rnПатниците со ранец се најпопуларните патници ширум светот. Вие сигурно сте сфатиле дека времето е најважно. Можеби сте работеле канцелариска работа од 8 до 4 откако сте завршиле факултет, каде добро сте заработувале, но сте чувствувале дека вашата душа полека истекува од вас секогаш кога доаѓате на работното место. Токму затоа и тргнувате во вакви авантури, со цел да го вратите повторно вашиот дух. Најчесто овие патници можат да се забележат по големиот ранец, сами или со пријателите, обидувајќи се да уживаат во животот.rn

    Парови

    rnОваа категорија патници има неколку поткатегории. Можно е да сте го започнале патувањето сами, а потоа да сте продолжите заедно, или можеби сте тргнале на заедничко патување. Исто така, вие сте или неразделни во текот на целиот ден или да сте навикнати одделно да ги посетувате местата кои ви се допаѓаат. Во секој случај вие се фотографирате како и сите туристи, на познатите локации со цел да поставите стандард кој ќе сакаат да го достигнат и останатите парови, со вашите прекрасни и оригинални фотографии.rn

    Културолози

    rnВашата цел е длабоко да се поврзете со местата кои ги посетувате. Сакате да ги откриете нијансите на локалното население, храната, музиката и природата. Стандардните туристички дестинации се само мал дел од она што вие сакате да го откриете во светот. Се подготвувате за вашето патување учејќи го јазикот што се зборува во следното место кое ќе го посетите, јадете во локални ресторани и патувате наоколу со јавен превоз. Без разлика дали се работи за едногодишна пауза од школувањето, одмор или пензија, вие сте тип човек кој исчезнува, за после неколку години да биде пронајден како поглавар на локално племе. На светот му се потребни повеќе луѓе како вас.rn

    Историчари

    rnИсторијата и науката се главните причини поради кои патувате. Вашите патување се испланирани така што постојано ќе добивате нови информации, но без строгата структура на академското опкружување. Посетувате музеи, ја истражувате значајноста на културолошките локалитети (посебно тие кои се поврзани со вашето наследство) и обожавате тури со туристички водичи. Често разговарате со водичите или им кажувате интересни факти на останатите патници. Вообичаено изгледате како спореден лик од филмот „Индијана Џонс“.rn

    Луѓе од природата

    rnУживате во дивината и допирот со недопрената страна на светот. Воодушевени од новите откритија, целосно се впуштате во светот на природата со голема приспособливост и со оптимистички размислувања. Истражувањето на природното опкружување околу вас е најважниот дел од вашето патување. Ненамерно, вашата храброст ги инспирира и другите да почнат да патуваат или да продолжат да патуваат, откривајќи нови природни убавини. Вие сте флексибилни и сакате да патувате сами или во мала група. Често планинарите, скокате од карпи или се нишате од дрво на дрво како Тарзан.rn

    Хедонисти

    rnТоа го правите заради возбудата. Сѐ што е забавно, различно и интересно е токму за вас. Вие не сте тип на човек кој целиот ден би го поминал денгубејќи на плажа. Нема да се задоволите со ништо, сè додека тоа што го правите не побуди емоционален одговор и не ве направи да се чувствувате живи. Најчесто вие сте оние кои раскажуваат приказни кои звучат премногу неверојатно за да бидат вистински или ги убедувате другите да пробаат нешто ново. Вие сте опуштени и не брзате да стигнете на вашата следна дестинација, а веројатно имате долга, бушава коса и не се грижите многу за облеката и чевлите.rn

    Опуштени патници

    rnЗа вас патувањето е начин да излезете од секојдневната рутина и да се релаксирате и одморите. Живеете брз и динамичен живот и потребно ви е полнење на батериите. Одвреме-навреме посетувате нови места, но среќни сте и ако ги посетите вашите роднини за празниците. Вашиот идеален одмор е патување за свадба. Вие сте тие кои за време на појадокот ќе се напијат вотка со сок од боровинка и ќе завршат пијани на плажа.rn

    Повторувачи

    rnОд патувањето очекувате стабилност и удобност. Не сте тип на човек кој ќе организира патување околу светот. Вашата идеја за патување е да не сте во вашиот дом, но да немате проблеми со брза адаптација. Иако сакате да си поминете убаво на патувањето, сепак не се грижите премногу за организацијата. Понудените аранжмани за одмор и туристичките тури со водичи се најдоброто нешто за вас.rn

    Патници на кратки дестинации

    rnСакате да избегате од секојдневието, но ретко одите многу далеку од дома. Сакате да одите на викенд во блиската викендичка, да посетите некој национален парк или да одите на одмор во село. Без разлика дали патувате со нив, или ги посетувате, пријателите и семејството ви се најважен дел од патувањето.rn

    Духовни трагачи

    rnВеројатно ова прво им паѓа на ум на повеќето луѓе кога помислуваат на патување. Има големи шанси дека претходно сте биле несреќни со правецот во кој се движел вашиот живот. Лошата врска или некој неуспех во животот ве втурнале во депресија и сега патувате низ светот за повторно да се пронајдете себеси. За вас патувањето претставува трансформација. Во сите ваши патувања барате значење и длабока врска со вашата душа.rn

    Луксузни патници

    rnКој вели дека патувањето мора да биде со испланиран буџет? Немате проблем да престојувате во хотели со пет ѕвезди или во луксузни апартмани. Местата кои најчесто ги посетувате се големите светски метрополи, шопинг центри и скапи ресторани. Зошто да го пакувате вашиот живот во мал ранец, кога можете да го спакувате во голем куфер од Луј Витон? Имате личен возач каде и да одите, а кога се чувствувате расположено се возите со хеликоптер.rn

    Сѐ што може да се направи, вие можете подобро

    rnНа патувањето му пристапувате како Мајкл Џордан на кошарката, со силен натпреварувачки дух. Сакате да посетите што повеќе земји за што пократко време. Сакате да планинарите на највисоките планини. Сакате да нуркате на дното на океанот без боца со воздух. Зошто да патувате ако не можете да се пофалите што сте постигнале?