Можеби најважната алка во тимот претставува мозокот зад целата поставеност на играчите и креаторот на играта, тренерот. За некого е чудно тоа што тимовите кои претендираат да освојуваат титули, фрлаат милиони евра за да донесат на својата клупа некој истакнат и искусен тренер, но без него играчите би трчале по теренот како муви без глави.
rnrnrnАлекс Фергусон – Тренер на Манчестер Јунајтед веќе 26 годиниrnrnДобриот и успешен тренер се одликува со интелигентност и мудрост и секогаш е спремен за надигрување и надмудрување на теренот и надвор од него (медиумски војни за создавање психички притисок). Тактичката замисла од неговата глава се пренесува на тренинзите и со нејзино правилно и успешно спроведување, тимот ја зајакнува својата игра и гради менталитет на победник. Не само со градењето на играта на својот тим туку и со добра анализа и со предвидување на тактиката на противникот, тренерот создава машинерија на која шансите за неуспех и се многу мали.rnrnЖозе Мурињо – Тренер на Реал МадридrnrnМоментално актуелни најуспешни тренери: Жозе Мурињо (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Барселона), Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед), Фабио Капело (селектор на Англија), Рафа Бенитез (Интер) Арсен Венгер (Арсенал) Карло Анчелоти (Челзи)rn
rnКапитен
rnКапитен е играч кој е одбран од тренерот за да биде морален двигател на теренот. Неговата задача е секогаш да ги бодри и поттикнува своите соиграчи да даваат максимум од себе и да ја оставаат душата на игралиштето. Многу често се случува тој да е најискусниот поединец во тимот или пак некој од моменталните најдобри играчи во тимот. Него ќе го препознаете по тоа што носи лента на ракавот на едната рака.rnrnСтивен Жерард – Играч на Ливерпул