Зборот канцеларија веднаш асоцира на голема просторија сместена во некоја зграда, која најчесто се дели со повеќе колеги. Но, денес пристапот кон работата полека се менува. Благодарение на Интернетот и социјалните мрежи, сè поголем број луѓе се одлучуваат за работа од дома. Ние ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни идеи за уредување на домашна мини канцеларија. Овие фотографии докажуваат дека за удобна и пријатна работна атмосфера не ви е потребен голем простор, туку со малку фантазија и креативност, тоа може да биде само едно ќоше од вашиот дом. Создадете си минијатурна домашна канцеларија која ќе биде ваша инспирација и во која ќе уживате додека работите.rnrnСè е бело – одберете маса, полици и столица во истата боја како ѕидот, за визуелно да го отворите работниот просторrnrn
Една од најбрзорастечките социјални мрежи, Пинтерест, од неодамна отвори нови канцеларии во Сан Франциско. Нивната нова главна зграда е со површина од 4.180 квадратни метри и се наоѓа во предградието Пало Алто.rnrnrnrnНовото место е трансформирано и приспособено на потребите на вработените. Канцелариите се просторни, креативни и чисти, што одлично одговара и со самиот дизајн и естетиката на социјалната мрежа. За дизајнот на работниот простор се погрижила компанијата „All of the Above“ од Њујорк во соработка со „First Office“ од Лос Анџелес.rnrnrnrn
Бидејќи сè повеќе работни позиции се врзани со целодневно седење на столче пред компјутер, многу е важно опкружувањето да биде релаксирачко и пријатно. Ентериерот треба да е добро смислен, просторијата светла и боите да му даваат живост на местото. Ова се неколку одлични примери како треба да изгледа еден работен простор, без разлика дали работите од дома или во канцеларијата на некоја фирма.rnrnrn
Пред кусо време во Кина се отвори најголемата зграда во светот. Центарот „New Century Global“ се наоѓа во градот Ченгду и е распослан на 1,7 милиони метри квадратни. Зградата е долга 500, широка 400 и висока 100 метри. Верувале или не, но таа била целосно изградена за само три години.Во неа има два хотели, голем број канцеларии, кино, аква парк со вистинска плажа, музеј, изложбени сали, театар и нормално – многу продавници.Центарот е изграден според последните достигнувања во полето на високата технологија. Во него има вградено вештачко сонце кое ја загрева и осветлува внатрешноста на зградата, а плажата во аква паркот е долга 400 метри и оние кои ја посетуваат можат да уживаат во вистински морски ветер. rnrn
Ова се новите канцеларии на компанијата „Гугл“ кои неодамна се отворија во Токио, Јапонија. Дизајнот е дело на Клајн Дајтам, а во канцелариите доминираат прекрасни принтови, текстури и бои, кои ја отсликуваат јапонската култура. rnrn
Пред извесно време Гугл ги отвори своите нови канцеларии во Тел Авив, Израел. Канцелариите опфаќаат 8 ката од зградата „Electra Tower“, а за дизајнот било ангажирано студиото „Camenzind Evolution“ кое овој проект го извело во соработка со „Setter Architects & Studio Yaron Tal“. Кога станува збор за Гугл модерните канцеларии не се нешто ново, но секојпат успеваат да нè воодушеват.rnrnrnrn
Ако некој знае како да ужива додека е на работа, тогаш со сигурност тоа се вработените во Гугл. Пред извесно време тие ги претставија своите најнови канцеларии кои се наоѓаат во Лондон, Англија, а во нив тие можат да уживаат во сала за танцување, теретана, салон за масажа, соби за релаксација, градина на врвот на зградата и во многу други погодности. Компанијата „Penson Group“ која стои зад овој креативен дизајн на просториите имала потполно одврзани раце да го уреди овој простор, за тој да делува мотивирачки и креативно да ги стимулира вработените. Не е познато колку пари се инвестирани за да се уреди овој простор, но никој не ни помислува дека е штедено. rnrn
Автор: Петар ТодоровскиrnrnРед Бул им дал крилја на дизајнерите на „Џамп Студиос“, а овие возвратиле со прекрасни модерни работни простории. Просториите од XIX век се реновирани и претворени во едни од најубавите канцеларии во светот воопшто. Црпејќи инспирација од екстремните спортови поддржувани од Ред Бул, дизајнерите ги исполниле трите ката со лебдечки скали, комфорни кафетерии и барови, маса за состаноци дизајнирана според пинг-понг маса, голема лизгалица и многу други нешта соодветни на хиперактивноста и адреналинот по кои е позната компанијата.rnrn
Сопствениците на Гугл, сакат нивните вработени да придонесуваат со брилијантни идеи, а за да им помогнат при тој процес секогаш се трудат тие да имаат интересен и несекојдневен работен простор. Пред краток период во лондонското претставништво во кое веќе работат 350 вработени, се отвори нов кат за техничките лица, наречен L4, кој по некои претпоставки е најмодерниот во светот.Конференциските сали имаат аглеста гарнитура, ходниците се направени како на вселенскиот бродот „Enterprise“ од серијалот „Ѕвездени патеки“, а за време на паузите сите можат да се забавуваат во собата со билјард-маса и видеоигри.Кога од Гугл започнале да го прават овој работен простор, тие решиле да почнат од нула, па ги урнале сите ѕидови и го исфрлиле целиот мебел. Уникатниот изглед бил создаден само за вработените да бидат задоволни и да го даваат максимумот на работа.За освежување за време на паузите тука може да се наиде на многу храна и пијалаци. Може да се пие кафе, кое го прават во 19 видови, а за јадење може да се седне во еден од четирите ресторани кои се целосно бесплатни.Исто така, на овој кат има и фитнес-сала, звучно изолирана музичка соба во која има тапани и електрични гитари, а во собата за игри има билјард-маса, конзоли за играње и огромен телевизор.
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дефинитивно една од најелегантните канцелариски простории кои некогаш ќе ги видите. Градбата е дело на архитектите од компанијата „Kinzo Berlin“, а во неа се наоѓаат главните канцеларии на „Адидас“ во Херцогенаурах, Германија.Во корпоративната зграда работат повеќе од 1.700 вработени, кои имаат прилика да уживаат и да творат во едноставен и пријатен простор. Може да се заклучи дека елеганцијата на нивните производи е одлично пренесена и во работниот простор.rnrn