КАФЕ ПАУЗА

Tag: камења

  • Креации од камења кои ги рушат законите на физиката и си поигруваат со нашата перцепција

    Креации од камења кои ги рушат законите на физиката и си поигруваат со нашата перцепција

    Камењата ги доживуваме како ладни, тврди и непопустливи материјали, но креативноста на артистот Хиротоши Ито ни ги претставува во една друга форма – како необични, топли, по малку збунувачки и хумористични креации во кои ќе треба да погледнете два пати за да ги сфатите сосема.rnrn1-kreacii-od-kamenja-koi-gi-rushat-zakonite-na-fizikata-i-si-poigruvaat-so-nashata-percepcija-kafepauza.mkrnrnТој својата работа ја започнува покрај речното корито во неговата населба, каде што собира мали камења. Потоа, најголем дел од неговата работа се состои во оптимизирање на природната форма на камењата, давајќи им ја нивната препознатлива груба површина, а дури потоа им дава живот, претворајќи ги во забавни скулптурни креации. Тоа го прави додавајќи им, на пример, нож со кој создава илузија дека ги засекува, патенти под кои се сместени широко насмеани вилици, па дури и отворач на конзерва од сардини, кој одвртувајќи се, открива полно мали златни камчиња.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Обоените пејсажи во Кина Данксија

    Обоените пејсажи во Кина Данксија

    Кина Данксија е област заштитена од Унеско во која се наоѓаат неверојатните обоени пејсажи кои се развиле во суптропската зона во југозападна Кина. Тие се карактеризираат со спектакуларни црвени гребени, вклучувајќи и драматични природни столбови, кули, котлини, долини и водопади. Овие каменести пејзажи помогнале при одржување на суптропските зимзелени шуми во кои живеат различни видови флора и фауна, од кои голем дел се сметаат за ретки или во опасност од изумирање.rnrnПогледнете ја галеријата со фотографии од овие обоени пејсажи во Кина. Прекрасни се, нели?rnrnОбоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија Обоените пејсажи во Кина Данксија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметност која ѝ пркоси на гравитацијата

    Уметност која ѝ пркоси на гравитацијата

    Камењата се едни од најстарите примитивни алатки. Многу култури низ светот со векови ја вежбале уметноста на балансирање на камењата. Кога тие се во рамнотежа можат да означуваат многу работи, како на пример, обележување на присуството на човекот, знак на благодарност или пак, форма на медитативната природна уметност. Мајкл Граб успеал да го усоврши овој вид уметност и има многу фотографии со кои може тоа да го докаже.Уметност која ѝ пркоси на гравитацијатаGravity Glue“ е проектот на Мајкл со кој тој го снима и споделува своето искуство и патување низ уметноста наречена „Stone Balancing“, при што единствениот лепак кој ги држи овие структури во еквилибриум е гравитацијата. Уживајте!Уметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијатаУметност која ѝ пркоси на гравитацијата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Слатки животинки нацртани на камења

    Слатки животинки нацртани на камења

    Италијанската артистка Ернестина Галина имала чувство за уметност уште како дете. Отсекогаш сакала да слика, да црта и да моделира, но бидејќи нејзиното семејство никогаш не ја охрабрило да ги развива нејзините таленти, никогаш не посетувала школо за уметност, па уметноста ѝ била само хоби.rnrnСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаrnrnВо 1987 година заедно со семејството се преселила во Кенија, каде го здогледала новиот свет со многу природа и животни. Потоа, еден ден во библиотека наишла на книга со цртежи на камења и ја заинтригирала помислата, колку лесно речните камења можат да бидат претворени во уметнички дела инспирирани од природата. Ваквата идеја ѝ дала шанса да ја искомбинира нејзината страст за уметноста и љубовта кон животните и така амбициозно почнала да црта на камења и не престанала до ден-денешен. rnrnСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаrnrnОткако ги изострила нејзините вештини, за 3 години почнала да учи други луѓе за тајните на цртањето на камења, а во 2003 година, го оформила првиот клуб за сликање на камења во Италија. И покрај тоа што оваа форма на уметност постои подолг период, сепак оваа италијанска артистка, успева да ја воздигне на едно надреално ниво, со нејзините реалистично насликани животни.rnrnСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камењаСлатки животинчиња нацртани на камења
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куклица – оживување на старата легенда

    Куклица – оживување на старата легенда

    Ако ви треба идеја за викенд прошетка, наш предлог е селото Куклица, близу Кратово, каде ќе ги најдете камените кукли. Ова необично место им е познато на странските туристи и како камен град, а крие легенда која ќе ве натера на размислување и ќе ви ја скокотне фантазијата.Куклица – оживување на старата легендаНајпознатата легенда за ова место вели дека во дамнешно минато, на една свадба во селото Куклица се случила огромна трагедија. Една разочарана и вљубена девојка, била бесна поради тоа што момчето се жени за друга, па ги проколнала. Клетвата ги стигнала на денот на свадбата, кога веселејќи се, сите гости на веселбата, заедно со зетот и невестата, се скамениле. Локалните жители, тврдат дека на секои 5 до 6 години, се појавува по една нова камена кукла.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаНаучниот аспект е сосема спротивен. Научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаМожеби легендите на народот не се толку логични и не звучат вистинито, сепак секогаш се поинтересни од тврдењата на научниците. Затоа легендата останала и ќе се пренесува од генерации на генерации. Ќе се зборува за разочараната девојка, нејзината клетва и скаменетите свадбари. Местото ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легенда
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

    Мистериозните лизгачки камења во Долината на смртта

    Долината на смртта е голем национален парк во Калифорнија полн со разни природни атракции. Дел од него е и Рејстрак Плаја, басен на пресушено езеро кое изгледа многу здодевно сè додека не се забележат камењата кои самите се движат по неговата каллива површина.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnОвој феномен се случува на секои две или три години, а причините кои стојат зад него сè уште се мистерија. Единствено што се знае е тоа дека камењата кои пред извесно време стоеле на едно место, сега се преместиле на друго, оставајќи јасна трага зад нив. Нема никакви знаци дека човек или животно помогнале во тоа, а нема ниту видео снимка која ќе ја разреши мистеријата.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnИстражувачите до сега развиле повеќе теории, а речиси сите од нив вината им ја припишуваат на силните зимски ветрови. Тие дуваат од југозапад кон југоисток, а најголемиот дел од правите траги зад камењата одат во истата насока. Други научници причината ја бараат во тенките слоеви мраз кои настануваат во зимата. Според нив, тоа или создава перфектни услови за ветрот да ги помести тешките камења или се формираат мали санти мраз кои го лизгаат каменот.rnrnМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаМистериозните лизгачки камења во Долината на смрттаrnrnЛизгачките камења во Рејстрак Плаја се голем предизвик и за научниците на НАСА, чии обемни истражувања не довеле до откритие, тука само до нови теории. Додека не ги испитаат нив, овие камења ќе останат една од најголемите неразрешени мистерии во светот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поштарот кој изградил палата

    Поштарот кој изградил палата

    Оваа приказна започнува во 1979 година, кога Жозеф-Фердинанд Чевал (1836-1924), работел како рурален поштар во југоисточниот дел на Франција. Бидејќи неговата дневна рутина опфаќала пешачење околу 32 километри, претежно сам, тој често почнал да фантазира. Еден ден, пешачејќи се сопнал на мал варовнички камен. Воодушевен од неговата форма и изглед, го понел каменот дома. Наскоро, тој започнал патем да собира камења во неговите џебови и да ги носи во својот дом. Колекционирањето камења му станало зависност. Кога на неговата сопруга и станало досадно да му ги шие џебовите, тој решил да го промени начинот на транспорт и земал кофа. Кога и кофата веќе била мала да ги носи големите камења, тој земал количка.rnПоштарот кој изградил палатаВо текот на наредните 33 години, тој и неговата жена од камењата го изградиле  еден од најстарите споменици на сите времиња, „Идеалната палата“ или „Palais Idéal“. Според неговите пресметки, биле потребни повеќе од 9.000 денови или 65.000 часови да се изгради палатата, која и ден денешен носи повеќе од 100.000 посетители годишно во здодевното село Отрив, кое се наоѓа јужно од Валанс. Палатата е долга 26 метри, а висината варира од 8 до 10 метри. Таа е микс од различни стилови, инспирирани од Христијанството и Худизмот.rnПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСо текот на времето палатата била завршена и започнала да привлекува внимание од сите краишта на светот. Познати уметници почнале да го посетуваат и да црпат инспирација од него. Почнала да се појавува и по медиуми, од разгледници до магазини.rnПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаСепак, иако Чевал успеал да придонесе Отрив да се најде на картата на Франција, градските власти не дозволиле да се оствари неговата желба, тој и неговата сопруга да бидат закопани во палатата. Потоа, тој осум години поминал градејќи нова структура на локалните гробишта, која ја нарекол „Гробницата на тишината и вечното почивање“. Две години откако ја комплетирал и само неколку дена откако завршил со пишувањето на својата биографија, тој починал и бил погребан во новата градба.Поштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палатаПоштарот кој изградил палата
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn