КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јужна Америка

  • Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

    Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

    Од пустината Атакама чиј состав на почва е најблизок до оној на Марс до најмоќната река во светот, Амазон, како и заборавениот град на Инките, убавините на Јужна Америка не можат да се споредат со никој друг континент.rn

    Пустината Атакама

    rnПустината Атакама се наоѓа на висорамнина во северниот дел на Чиле и претставува едно од најсушните места во светот. Бидејќи нејзината почва по состав е најблизу до онаа на Марс, НАСА ја користи за различни истражувања и тестови. Малкумина би помислиле дека се карактеризира со богата флора која брои околу 500 видови растенија, а по ретките дождливи периоди се јавува феномен на „цветна пустина“ кога пустината е покриена со шарени цветови.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Мачу Пикчу

    rnЛегендарниот град бил изграден во долината на реката Урубамба околу 1300-та година, но поради страв од напад на Шпанците, Инките го напуштиле во 16 век и ги уништиле сите траги кои водат до него. Тие изградиле импресивни градби без железни алатки, а со оглед на тоа дека Перу се протега на трусно подрачје, овие структури се отпорни на земјотреси. Голем дел од градот на Инките е сè уште неистражен, но доколку патот ве однесе натаму морате да ги посетите Храмот на Сонцето и Храмот на Месечината.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Амазон

    rnСо должина од 6.500 километри и повеќе од илјада притоки, Амазон носи една петтина од вкупното количество вода на сите речни текови во светот. Поради огромното богатство на растителни и животински видови, централното подрачје на реката е под заштита на УНЕСКО. Реката е дом на разноразни животни меѓу кои и алигатори, мајмуни, но и најголемата змија во светот – анакондата.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Национален парк Los Roques

    rnСтанува збор за венецуелски архипелаг со повеќе од 300 острови. Бројните плажи со бел песок и тиркизно море нема да ве остават рамнодушни. Сепак, со оглед на тоа дека Венецуела се карактеризира со висока стапка на криминал и сиромаштија, за ваша безбедност најдобро е да патувате со локална агенција.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rnrnОткако прочитавте за мистичните локации во Јужна Америка, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те причини поради кои вреди да ја посетите Аргентина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Авантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчиња

    Авантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчиња

    Жорже Саенз е парагвајски фотограф кој користи класични трикови со перспективата и гледните точки за да ги оживее неговите играчки диносауруси во епска патувачка серија која на Инстаграм е позната како #Dinodinaseries. Неговите фотографии ги документираат туристичките доживувања на диносаурусите низ Јужна Америка – патување кое започнало со Дино, зелениот брахиосаурус, во Боливија.rnrnАвантурите на диносаурусот Дино и неговите пријателчињаrnrnСанез го купил Дино во една продавница за сувенири во Ла Паз, Боливија и потоа објавил една смешна фотографија од играчката на неговиот профил на Инстаграм. Фотографија доживеала изненадувачки успех и внимание, па Саенз одлучил да му купи на Дино неколку нови пријателчиња: Стегосаурусот Дина, спиносаурусот Спини и кафеавиот брахиосаурус Брахи, која му е девојка на Дино. Во продолжение погледнете ги нивните интересните авантури.rnrn

  • 7 причини да ја посетите Аргентина

    7 причини да ја посетите Аргентина

    Јужна Америка е дом на дел од најстарите светски цивилизации во светот како и на една неверојатна држава – Аргентина. Таа се наоѓа во долниот дел на Јужна Америка и е осма по големина во светот. Исто така таа е домот на тангото, високата трева пампас, едно од најдобрите говедски меса како и на пингвините. Да не заборавиме и дека таму се наоѓа еден од најдобрите светски градови – Буенос Аирес.rnrn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnСе верува дека поради своите климатски и географски екстреми, Аргентина била многу слабо населена пред да стане колонија на Шпанија. И покрај тоа што пред многу години таа не била најпријателското место за населување, сепак тоа не значи дека не е одлично место за одмор. Кога станува збор за разновидност и можности, Аргентина има сè. Погледнете ги наредниве неколку причини поради кои, доколку имате шанса, дефинитивно би требало да ја посетите.rn

    1. Буенос Аирес, родното место на тангото

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnБуенос Аирес е домот на голем број танго-клубови, како и на разнобојните домови на улицата Каминито. Покрај тангото, во овој град можат да се видат најразлични видови улични танци и други активности кои целосно го оживуваат градот, особено во населбата La Boca. Буенос Аирес поседува сè што може да се очекува од еден светски град – мода, одлични ресторани, луд ноќен живот, музеи, зоолошки, паркови, театри и многу повеќе…rn

    2. Водопадите Игуасу

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnВодопадите Игуасу се наоѓаат на самата граница помеѓу Бразил и Аргентина во северниот дел од државата и се една од најголемите туристички атракции. Постојат од 273 до 300 индивидуални водопади со мали острови кои ги одделуват. Оние кои се поголеми авантуристи имаат можност со хеликоптер или со брод да се доближат многу блиску до ова природно чудо.rn

    3. Националниот парк Талампаја

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnНационалниот парк Талампаја е црвена пустина која се наоѓа во северозападниот дел од државата. Оваа пустина постои многу одамна и токму поради тоа таму можат да се најдат неверојатни камени формации за кои се верува дека датираат од пред милиони години. Дали знаевте дека најстарите коски од диносауруси биле пронајдени во Аргентина? Исто така постојат и многу цртежи од антички култури кои некогаш живееле во оваа област. Не е ни чудо што овој национален парк е под заштита на УНЕСКО.rn

    4. Аргентинските винарски визби

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАко сте љубители на виното, тогаш сигурно веќе знаете дека Аргентина со години наназад ја гради својата репутација како производител на деликатесни вина. Но, доколку сакате да пробате одлични аргентински вина уште веднаш, тогаш ви ги препорачуваме „Malbec“, „Syrah“, „Cabernet Sauvignon“, „Sangiovese“, „Chardonnay“, „Viognier“ и „Sauvignon Blanc“.rn

    5. Барилоче, главниот град на медените месеци во Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАтмосферата која владее во овој град наликува на село во Швајцарија, а самиот град е опколен со планини каде што има центри за скијање, жичарници и продавници за чоколадо. Во текот на летото можете да одите на плажа покрај езерата. Што се однесува до храната, доколку сакате да конзумирате нешто друго покрај чоколадите, тогаш можете да најдете голем број ресторани со традиционална аргентинска кујна.rn

    6. Глечерите во Јужна Аргентина

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnКолку често може да ви се отвори можност да одите некаде каде што има глечери? Точно, тие знаат да бидат многу студени, но тоа не значи дека не се едни од најневеројатните светски природни чуда. И покрај тоа што има голем број области во Аргентина од каде што можете да гледате глечери, едно од најдобрите места за посета е националниот парк Лос Гласиарес.rn

    7. Дивиот свет

    rn7 причини да ја посетите АргентинаrnrnАргентина има разновидна фауна, која е многу ретка и необична. Доколку сакате морски животни, тогаш ви препорачуваме да го посетите полуостровот Валдес каде што можете да видите голем број морски цицачи и птици, вклучувајќи ги јужните китови и пингвините. Нуркањето е исто така многу популарна активност во Јужна Аргентина, со којашто можете од многу близу да видите дел од неверојатниот морски свет, како и некои од најпопуларните бродоломи.rnrnЗа оние кои повеќе ги интересираат земните животни, оваа област исто така е и домот на реата (птица која наликува на ној) и гуанакото (роднина на ламите). Доколку сте во потрага по нешто малку поразлично, тогаш дефинитивно би требало да ги посетите мочуриштата Ибера. Тие се вторите по големина мочуришта со свежа вода во светот, како и дом на голем број фасцинантни животински видови.

  • Модерни латино музички стилови за танцување

    Модерни латино музички стилови за танцување

    Латино музиката лесно го освојува секој подиум за танцување и успева да ги натера да мрдаат дури и оние кои ретко се препуштаат на музичките ритмови. Во последните неколку години со влијанието на електронската музика се создадоа уште неколку латино стилови кои забрзано го освојуваат светот, а ако сакате да додадете некој таков на вашата летна музичка плејлиста, тогаш сигурно ќе се пронајдете во некој од следните ритмови.Модерни латино музички стилови за танцувањеrn

    Регетон

    rnРегетон е музички стил кој последните неколку години достигна светска популарност. Неговите заразни ритмови претставуваат мешавина од салса, хип хоп и електронска музика со одредено влијание од јамајканското реге. Своите корени ги влече од Порто Рико и Панама.rn

    rn
    rn

    Мумбатон

    rnКога диџејот Дејв Нада во 2010 година ги споил регетонот и хаус музиката добил сосема нов жанр на електронска музика со темпо на регетон. Потоа мумбатонот многу брзо станал популарен во целиот свет.rn

    rn
    rn

    Кандомбе

    rnКандомбе е музички стил кој се изведува со жестоко удирање на тапани и е совршен за танцување. Добиен е од микс на музиката донесена од африканските робови во Уругвај и латино музиката. Ритамот на кандомбе е заштитен и од УНЕСКО.rn

    rn
    rn

    Кумбија Вилјера

    rnКумбија Вилјера потекнува од сиромашните предградија на Буенос Аирес, а текстовите се вртат главно околу забави, жени и уличен живот. Претставува мешавина од повеќе латиноамерикански и карибски звуци.rn

    rn
    rn

    Кудуро

    rnВеќе добро познатиот жанр кудуро патувал долго низ целиот свет пред конечно да стигне до Јужна Америка и да ја стекне светската слава. Корените ги влече од анголскиот уличен танц семба, а кога стигнал преку Атлантикот претрпел влијание од карибските мелодии зук и сока. Откако кудуро изведувачот Дон Омар учествуваше во филмот „Брзи и бесни 5“, кудуро го освои целиот свет.rn

    rn
    rn

    Романтикео

    rnРомантикеото важи за романтичен подправец на регетонот, иако многу повеќе наликува на Р‘н‘Б. Името го добил од зборовите романтик и миксео.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 најубави птици во светот

    Топ 10 најубави птици во светот

    Секој од нас ќе ги препознае овие птици. Можеби не сме ги виделе во живо, но сме ги сретнале на многу документарни емисии. Повеќето птици, со исклучок на тркачите, имаат способност за летање. Нивните карактеристики се многу слични со оние на влекачите, од кои всушност потекнуваат. Тие продуцираат јајца исто како и влекачите, но главната разлика кај нив се пердувите. Не само што им овозможуваат да летаат туку тие се и многу добар изолатор за зачувување на нивната константа внатрешна температура, многу подобар за разлика од влакната кај цицачите. Стекнувањето на способноста за летање и хомеотермијата довеле до значајни промени во физиологијата на птиците и развиток на нивниот сензорен систем многу повеќе од другите групи животни. Сето тоа им дава можност да бидат господари на небото, да се колонизираат во јата и да населуваат многу еколошки средини.rn
    rn

    1.Кралски пингвин

    rnКралскиот пингвин е највисокиот и најтешкиот од сите пингвини и е ендемски вид кој живее на Антарктикот. И машките и женските видови се слични во големината и бојата на перјата. Високи се 120 см и тежат 22-45 килограми. Грбот и главата им се обоени црно, стомачето им е бело со остра жолта линија, а ушите им се бледо-жолтеникави. Како и сите пингвини, кралскиот пингвин не може да лета, па затоа е прилагоден кон морски начин на живот.Топ 10 најубави птици во светотrn

    2. Африкански крунисан жерав

    rnСивиот крунисан африкански жерав е птица од фамилијата Gruidae. Ги населува сувите савани во Африка, јужно од Сахара, а се гнезди во повлажни предели. Оваа птица е висока 106 см и тежи околу 3,5 кг. Бојата на телото е сива, крилјата се бели, но се среќаваат и златни и кафени. Овој вид може многу брзо да се приспособи на живот меѓу луѓето.Топ 10 најубави птици во светот rn

    3. Тупик

    rnАтлантскиот тупик е морски тип птица од фамилијата на норки. Тој се храни нурнувајќи се во водата и така ловејќи ги рибите и другите морски видови како ракови и лигњи кои пливаат под нејзината површина. Неговата највпечатлива карактеристика е светлата обоеност на клунот во текот на сезоната за парење. Поради неговата интересна појава и љубопитност, оваа птица е наречена уште и океански кловн или морски папагал.Топ 10 најубави птици во светотrn

    4. Какаду

    rnСемејството Какаду сочинува 21 вид од редот папагали, распространети во Индонезија, Австралија, Филипини и Папуа Нова Гвинеја. Птиците од ова семејство растат 30-70 см во зависност од видот. Тие се егзотични птици кои се вгнездуваат на високите дрвја и несат 3-5 јајца.Топ 10 најубави птици во светотrn

    5. Американска ветрушка

    rnОваа птица е мал сокол кој ја населува територијата на Северна Америка. Често го мешаат со јастребот, но тие се далечни роднини. Живее во различни средини, тревни, пустински и  планински. Голема е 19-21 см и има распон на крилјата 50-60 см.Топ 10 најубави птици во светотrn

    6. Црвен Макао

    rnОвој вид е најголем во родот Ara кој ги населува централните и северните предели на Јужна Америка. Висок е 125 см. Оваа мала птица има многу моќен клун кој може да генерира притисок до 13,8 мегапаскали, па поради оваа карактеристика без никаков проблем ги крши и најтврдите семки.Топ 10 најубави птици во светотrn

    7. Пита Гурнеи

    rnОвој вид птица го населува Малајскиот Полуостров, Тајланд, а посебно Бурма. Обоеноста на телото е темна со светл0сини линии. Името го добила по нејзиниот пронаоѓач Џон Хенри Гурнеј.Топ 10 најубави птици во светотrn

    8. Лорита

    rnЛорита се мали до средни арбореални папагали кои имаат карактеристичен врв на јазикот во форма на четка која им помага во исхраната со нектар и меки плодови. Тие се широко распространети во австралиско-азискиот регион, вклучувајќи ги Полинезија, Папуа Нова Гвинеја, Австралија и др. Како и повеќето папагали од нивната група, тие имаат светли перја.Топ 10 најубави птици во светотrn

    9. Ред: папагали

    rnОвој ред вклучува 342 вида птици групирани во 2 фамилии: какаду и обични папагали. Папагалите се егзотични птици кои ги населуваат најчесто тропските предели на Земјата. Тие првиот партнер за парење го задржуваат до крајот на животот. Кога ќе се испилат малите пилиња и двајцата родители се грижат за него. Од сите видови птици, папагалите се најприспособени како домашни миленичиња.Топ 10 најубави птици во светотrn

    10. Црвен Змеј

    rnОва е средно-голема птица од групата птици-грабливки, која исто така вклучува јастреби и орли. Овој вид во моментов е ендемски за Палеоарктичкиот регион и Западна Африка. Порано ја населувал и територијата на Иран. Тој е редок вид кој бара поблаги услови на живот кој ги наоѓа во Западна Африка и Европа, но за време на зимскиот период мигрира во Средоземноморскиот регион.Топ 10 најубави птици во светот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn