КАФЕ ПАУЗА

Tag: Јута

  • Овој син канал е најпопуларната оаза за фотографирање

    Овој син канал е најпопуларната оаза за фотографирање

    Со цел да се фотографираат за социјалните мрежи, доаѓаат туристи од целиот свет, но овој канал не е наменет за тоа.rnrnОвој син канал е најпопуларната оаза за фотографирањеrnrnСолената пустина Боневил во северозападна Јута, во Сад, веќе неколку години е хит меѓу туристите. Тоа е прекрасна област долж Големото Солено Езеро – најголемото природно солено езеро на западната хемисфера и едно од најсолените во светот.rnrnОвој син канал е најпопуларната оаза за фотографирањеrnrnИако истражувањето на необични и скриени места е омилена активност на светските патници, сепак е важно да се почитуваат правилата на локалното население. Синиот канал е делумно на приватна сопственост, насекаде има знаци за забрана и не треба да се посетува без претходно одобрување од сопственикот. Покрај тоа, треба да знаете дека каналот не е природен феномен, туку вештачки направен за индустриски цели. Имено, локалната компанија „Intrepid Potash“ го користи каналот во процесот на вадење минерали. Иако водата не е отровна, таа не е наменета за капење. Исто така, локалните власти предупредуваат дека некои делови од синиот канал може да бидат нестабилни, што значи дека може да се срушат.rnrnПогледнете го овој совршен парк во Њујорк за кој веројатно не знаевте.

  • Кога условите се совршени, оваа пустина ја преплавуваат безброј разнобојни цвеќиња

    Кога условите се совршени, оваа пустина ја преплавуваат безброј разнобојни цвеќиња

    Овој регион во Јута, кој е подобро познат како Бедлендс се наоѓа во западниот дел од Америка и е познат по своите суви и безживотни пејзажи кои се опколени со остри и еродирани камени површини. Но, доколку ја посетите во вистинскиот момент и во вистинските услови, ќе бидете сведоци на „оживувањето“ на оваа инаку безживотна област. Разнобојна експлозија од многубројни цветови ги преплавува пукнатините во пустината и токму тие ја прават оваа област едно од најпрекрасните места за време на пролетта.rnrnКога условите се совршени, оваа пустина ја преплавуваат безброј разнобојни цвеќињаrnrn

  • Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото

    Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото

    Кај националниот споменик „Grand Staircase Escalante“, на самиот крај од арката Џејкоб Хемблин во Јужна Јута, можете да најдете импресивна природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото. Голем број од туристите кои ја посетуваат оваа област одлучуваат тука да поминат неколку дена за да можат целосно да доживеат сè што нуди кањонот. Посетувањето на оваа област е бесплатно, но сепак претходно мора да добиете дозвола. rnrnПриродна структура која изгледа како отворен покрив кон неботоПриродна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото Природна структура која изгледа како отворен покрив кон небото
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањони и клисури – неоткриена убавина

    Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Антилопа во Аризона

    rnОвој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Вердон во Франција

    rnКлисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Големиот кањон во Аризона

    rnГолемите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Трите мали клисури во Кина

    rnТрите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Брус во Јута

    rnФасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тароко во Тајван

    rnКлисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот Вулингјуан во Кина

    rnКањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Клисурата Тодра во Мароко

    rnКлисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Бакарниот кањон во Мексико

    rnБакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrn

    Кањонот на реката Тара во Црна Гора

    rnКањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот.rnrnКањони и клисури - неоткриена убавинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Човекот кој живее без пари

    Човекот кој живее без пари

    Даниел Суело уште во 2000-та година се откажал од парите и заминал да живее во хармонија со природата. Времето го поминува во својот дом во една пештера во пустината Моаб во Јута, но само додека не патува по целата земја. Тој смета дека парите се илузија која што никому не му е потребна, а животот е најубав кога се користи само она што природата бесплатно ни го дава.rnrnЧовекот кој живее без париrnrnВаквиот поглед на светот го стекнал додека волонтирал како лекар во Еквадор, каде што гледал како селаните постепено се богатат од земјоделството за потоа да купуваат работи кои не им се потребни, што според Даниел го влошило нивното здравје.rn
    rn

    „Кога живеев со пари, постојано ми фалеше нешто. Парите претставуваат некаков недостиг. Или претставуваат нешто од минатото (долг) или од иднината (кредит), но никогаш не претставуваат нешто од сегашноста“, објаснува Даниел.

    rnrnЧовекот кој живее без париЧовекот кој живее без париrnrnСуело се храни само со она што може да го добие бесплатно: собира шумски плодови кои растат во пустината и ги собира прегазените животни по патиштата. И покрај тоа што живее во пештера, тој сепак не е целосно изолиран од цивилизацијата. Често ја посетува библиотеката во гратчето Моаб од каде што редовно го ажурира својот блог.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

    Фестивалот Холи, попознат како Фестивал на боите е хиндуистички ритуал со кој што се означува крајот на зимата и се пречекува пролетта. Освен во Индија, се оддржува и во други делови од светот, а најмасовниот на западната хемисфера е оној пред храмот Шри Шри Рада Кришна во гратчето Спениш Форк во Јута. Додека настанот во Индија го посетуваат туристи од сите возрасти од целиот свет, во Јута доаѓаат преку 40.000 млади луѓе. Најголем дел од нив се студенти од универзитетот Бригам Јанг и од другите универзитети од американската сојузна држава Јута, а во последните години доаѓаат млади од целиот континент.rnФестивалска експлозија од бои и младешки духДивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.rn

    rn

    rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.