Јосемити без сомнение е едно од најневеројатните места на планетата. Овој национален парк со години наназад привлекува огромен број фотографи и артисти кои се обидуваат да ја пренесат неговата убавина во своите дела. Еден од тие артисти е и Шон Ридер кој скоро 2 години ги фотографирал Јосемити и Хај Сиера.rnrn
rnrnФотографиите на Шон Ридер се навистина неверојатни. По 2 години работа, тој конечно го составил своето тајмлапс видео.rnrn
Шон вели: „Се надевам дека ова видео ќе ги инспирира сите да излезат надвор и да ги истражуваат природните убавини, особено магичните места како Националниот парк Јосемити и Хај Сиера.“
rnПогледнете ја неговата визија на неговиот дом во наредново видео. Вклучете ја HD-опцијата на видеото, пуштете го на цел екран, притиснете плеј и на неколку минути отпатувајте во еден неверојатен свет. Уживајте!rnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



rnrn„Огнената“ вода паѓа од околу 600 метри височина, а најдобро се набљудува и фотографира, ако застанете на една мала и чиста лединка, која се наоѓа источно од Ел Капитен. Лединката е во близина на едно излетничко место, на северната страна од патот што води до долината Јосемити.rnrnКако што полека заоѓа сонцето, така и силно златната боја на водопадот полека избледува, сè додека целосно не исчезне…rnrn

rnrnВо овој редок природен феномен уживајте и преку следното видео, направено пред две години.rnrn
rnrnНие ќе се обидеме да ве пренесеме до Јосемити преку следново видео направено од фотографите Шелдон Нил и Колин Делеханти кои, фасцинирани од сето она што ќе го видите, поминале некое време во дивината, снимиле огромен број фотографии и ги споиле во ова запрепастувачко видео во HD резолуција. Уживајте!rnrnrnrn rnrn