КАФЕ ПАУЗА

Tag: јаве

  • Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

    Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваат

    Дали ви се случило неколку ноќи по ред да го сонувате истиот сон? Доколку вашите соништа постојано се повторуваат, вашата потсвест можеби се обидува да ви укаже на некој голем проблем кој можете да го дешифрирате. Ниту еден сон не може да исплови од несвесното доколку не постои некој проблем кој навистина постои во јавето. Кошмарите, пак, честопати се последица на некое трауматично искуство или ситуација која му претставува потешкотии на оној кој сонува.rnrnДознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваатrnrnДоколку ви се случува да го сонувате истиот сон неколку пати за неколку дена, месеци или години, тоа е така затоа што потсвеста сака да обрнете внимание на некоја ситуација која го нарушува вашиот психички живот. Експертите советуваат да запишете сѐ што ви се случува во тој период, како се чувствувате и што точно сте доживеале.rnrnПонекогаш таквите соништа се апокалиптични или, пак, проблемите од секојдневието ви се јавуваат на сон, но збогатени со силни емоции и проследени со чувство на парализа. Психоаналитичарите ноќните мори и обичните соништа кои се повторуваат ги сметаат за позитивни. Кога го дешифрирате сонот, неговото повторување може да ви послужи како показател кој ви кажува до каде сте со решавањето на проблемот и каде сте заглавиле. Соништата говорат за внатрешните процеси, ги објаснуваат нашите односи со другите и ги изразуваат нашите стравови и ограничувања.rnrnНајважно е да ја прифатите помошта на вашата потсвест и да се соочите со проблемот. Во продолжение прочитајте го значењето на некои од најчестите соништа што се повторуваат…rn

    Доколку сте голи во сон, размислете за одлуките што ги носите

    rnАко во сонот се појавувате голи или несоодветно облечени, тоа говори за вашиот страв од некое животно искушение за кое не сте спремни. Експертите советуваат дека по таков сон треба да размислите за одлуките што ги носите и за стравот од посрамотување.rn

    Смртта значи промена на личноста

    rnДоколку често сонувате смрт на блиска личност, тоа е обично знак дека време е да „умре“ некој стар дел од вашата личност. Сѐ што треба да направите е да се прилагодите на моменталната животна фаза.rnrnДознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваатrn

    Телефонска врска која не функционира е знак на проблеми

    rnАко во сонот не можете да воспоставите телефонска врска или да зборувате со некого, тоа укажува на проблеми во комуникацијата со другите. Обидете се да размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте за тоа.rn

    Ако не можете да закочите, сѐ е надвор од контрола

    rnДоколку често сонувате дека имате проблеми со превозот или не можете да закочите, тоа е знак дека во некој сегмент од вашиот живот работите ви излегле надвор од контрола.rn

    Технички проблеми укажуваат на проблеми со здравјето

    rnАко често сонувате дека ви се расипал некој уред, автомобил и слично, обрнете внимание на вашето здравје. Сонот може да биде и предупредување за некои пропусти што ги имате во животот. Размислете по кои ситуации го сонувате тоа и откријте ја пораката што сака сонот да ви ја каже.rnrn(3) Дознајте кое е значењето на соништата кои се повторуваатrn

    КАКО ДА ГИ ДЕШИФРИРАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА?

    rn

    Дневник и чаша вода за сеќавање

    rnПо будењето не треба да ја менувате положбата на телото, ако сакате да се сетите на сонот. Клучот на значењето се крие во која било боја, чувство и навидум неважен детаљ. Но, за да го разберете сонот, треба да се сетите на него, а тоа понекогаш е проблем. Затоа експертите советуваат да водите дневник за соништа и да се обидете што е можно подетално да ги опишувате кога ги запишувате.rn

    Бидете отворени кон пораките кои ви ги испраќа потсвеста

    rnПред да заспиете можете да го изговорите следново: „Свесен сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста“ и на тој начин ќе го олесните сеќавањето на соништата.rn

    Фокусирајте се

    rnЗа да ја поттикнете обработката на податоците од соништата, добро е да се фокусирате на она што вас ве интересира или мачи. Така полесно ќе се сетите што сте сонувале.

  • Хороскопските знаци и соништата

    Хороскопските знаци и соништата

    Секој хороскопски знак различно ги доживува соништата. Токму затоа откријте ја поврзаноста на соништата со вашиот знак и дознајте нешто повеќе за начинот на кој можете да ги пронајдете скриените знаци кои се кријат во вашата потсвест…rnrnХороскопските знаци и соништатаrn

    Овен

    rnИако можеби сонувате ретко, тогаш кога сонувате најчесто се наоѓате во ситуации каде што посакувате да решите некои службени проблеми, особено ако се занимавате со јавна работа. Вие имате професионална позиција или посакувате и во реалниот живот да преовлада натпреварувачкиот дух во вас.rnrnБез разлика дали сонувате победа или пораз во боксерски меч или трка со спортски автомобили, кај вас секогаш е присутна потсвесната желба клучот за решението на некој проблем да се наоѓа во вашите соништа.rn

    Бик

    rnПоголемиот дел од претставниците на вашиот знак сонуваат многу, па затоа сакате откако ќе се разбудите детално да ги раскажувате соништата на вашиот партнер или на блиска личност. Вие ги нагласувате оние делови од сонот кои симболизираат моќ, авторитет, финансиска стабилност и пред сè љубов.rnrnМоже да се случи во вашите соништа да патувате или пак, да се ѝ се вратите на личноста која ја сакате, а токму тоа претставува компензирање за нешто што би сакале да го доживеете во реалноста, но кое што никако не доаѓа во вашите раце.rn

    Близнаци

    rnВо вашите соништа вие сте на сцена, опкружени со внимание или аплауз и тоа може да значи дека вашата желба за популарност во реалноста, без разлика на вашето занимање, едноставно никако не ви успева.rnrnДоколку живеете брзо, бурно или крајно рационално ги решавате вашите проблеми, во вашите соништа се појавува „инстант“ решение во облик на неочекувана појава на личност која има поврзаност со далечни земји или странски градови. Оваа личност ќе ви помогне во оние моменти кога најмалку се надевате на тоа.rn

    Рак

    rnБидејќи со вашиот знак владее месечината (фантазијата), вашите соништа се исполнети со потсвесни желби за успех кој со тек на време ќе го остварите, без разлика на сомнежите од вашите најблиски.rnrnСоништата често ви укажуваат на средби со личности кои ќе ви пружат „вечна љубов“ или со оние кои ќе се потрудат вашиот статус во друштвото да биде на највисоко нив. Кога сонувате егзотични дестинации или луѓе кои доаѓаат од далечни земји, најчесто вашето претчувство не ве мами, бидејќи овие личности кога-тогаш, навистина ќе влезат во вашиот живот.rn

    Лав

    rnВие обично го сонувате она што го симболизира вашиот успех, без разлика дали се работи за освојување на највисоката позиција на работа или неочекувано препознавање на вашите квалитети од личност во странство што ќе ви овозможи патување во друга средина каде што ќе потврдите дека секаде можете да се снајдете.rnrnЧесто, соништата за странство претставуваат ваша скриена желба за пронаоѓање на идеалниот емотивен партнер.rn

    Девица

    rnВие ни самите не сте свесни колку многу влијаат секојдневните случувања за кои постојано се нервирате врз вашите соништа. Често ве следи чувство дека имате некој заштитник кој се појавува во вашите соништа и кој ви дава насоки за животот, особено кога станува збор за емоциите.rnrnПоради вашата практичност, соништата понекогаш за вас се вистинско олеснување бидејќи во нив едноставно сè е можно.rn

    Вага

    rnСе случува да имате соништа во кои некој ви укажува на вашето или на туѓо однесување во одреден временски период, а со тоа и ви помага да донесете решение уште пред да се разбудите, бидејќи во истиот момент кога ќе проработи вашата рационална природа, вие веднаш барате излез од онаа ситуација која лошо ви влијае.rnrnПонекогаш сонувате личности кои во реалноста на некој начин сте ги запоставиле, но најчесто станува збор за ситуации во кои треба да прифатите или избегнете некоја одговорност.rn

    Скорпија

    rnКако претставник на водените знаци, вие имате привилегија многу да сонувате и често тоа што го гледате во соништата ви укажува на она што го посакувате во реалноста. Станува збор за безгранична љубов од личноста која ја сакате и остварување на вашите најскриени желби за кои ретко говорите.rnrnОдвреме-навреме се случува да сонувате места на кои никогаш не сте биле, а за кои имате чувство дека некој ден ќе ги посетите. Во овие соништа ви помага вашата интуиција која никогаш не греши.rn

    Стрелец

    rnНајдоброто решение на некој проблем во врска со вашата физичка состојба или реалните можности најчесто се наоѓа во вашите соништа. Ова се случува поради влијанието на Нептун (фантазијата) и Јупитер (успехот) врз вашиот знак.rnrnВам ви се случува да имате и телепатски соништа, бидејќи некои ситуации или настани од животот на луѓето кои ви се блиски, на некој начин, повеќе или помалку, се поклопуваат со она што сте го сонувале. Токму затоа, дури и пред да станете свесни за тоа, вие веќе го имате најдено решението за проблемот во вашите соништа.rn

    Јарец

    rnВашите соништа многу ви говорат, но најчесто ви разјаснуваат некои дилеми од реалноста, особено оние кои се поврзани со емоциите.rnrnВие најчесто знаете да правите разлика во вашите соништа помеѓу оние настани кои им се случуваат на вашите најблиски пријатели и оние моменти кога некој од паралелните светови ви доставува „шифрирани информации“ во кои лежи клучот за донесување на одредена одлука.rn

    Водолија

    rnВо вашите соништа доминира желбата за разновидноста, играта и радостите на живеењето кои се во голема мера проткаени од вашата потреба да бидете истовремено на две или повеќе места.rnrnУспехот во облик на влијателни личности кои гледаат во вас нешто што го нема никој друг, кога сонувате, најчесто претставува знак за дилема во јаве, а љубовта симболизира атрактивна личност од вашите соништа која ќе сретнете онаму каде што најмалку се надевате.rn

    Риба

    rnСо вашиот знак владее Нептун, симболот на соништата, па можеби затоа најчесто сонувате во боја. Вие во вашите соништа многу често пронаоѓате практични решенија за ситуации кои не знаете како да ги решите во реалниот живот.rnrnВие обожавате да ги раскажувате вашите соништа на личноста покрај која се будите, а доколку сте сами, тогаш ги запишувате затоа што на тој начин имате чувство дека брзо ќе се остварат, особено кога станува збор за еротски фантазии со моќна и сексапилна личност која доаѓа од далеку.

  • Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон

    Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сон

    Оваа појава се јавува поради големиот стрес на кој се изложени сонувачите во текот на денот, а бидејќи се постојано во контакт со некого, тие не можат да ја препознаат разликата.Луѓе кои се под голем стрес пишуваат СМС и имејл пораки во сонСтресот предизвикува редок феномен во однесувањето, а тоа е пишување и испраќање СМС-пораки за време на спиењето, а за тоа овие луѓе не се свесни воопшто. Луѓето кои испраќаат пораки додека спијат, најчесто имаат многу работа и обврски во будна состојба, па тоа ги оптоварува и во сон. Тие и во сон мислат дека треба да бидат секогаш спремни. Австралискиот стручњак за спиење д-р Дејвид Канингтон од центарот за нарушувања во спиењето од Мелбурн, тврди дека поради постојаното примање и испраќање пораки и мејлови, овие луѓе тешко разликуваат јаве од сон.rnrnИспраќањето СМС-пораки во сон е нов феномен, додека праќањето мејл е воочено уште во 2008 година и е почеста појава, но и поопасна бидејќи мејл најчесто се испраќа на колеги и шефови.rnrnДоктор Канингтон објаснува дека имаат пациентка која пишува и испраќа мејл додека цврсто спие, а потоа не се сеќава на ништо кога ќе се разбуди. Такви случаи има сè повеќе, вели тој, а тоа може да биде многу штетно за тие луѓе и нивната околина, бидејќи мејл можете да испратите на колегите од работа и да ја доведете својата кариера во прашање, додека СМС најверојатно ќе им испратите на пријателите и семејството.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

    Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените

    Среќни сте со вашиот партнер, задоволни сте од вашата врска, а сепак честопати кога ќе легнете да спиете, сонувате како водите љубов со момчето од фотокопирницата. Дали тоа може да значи дека потсвесно не сте среќни во вашата врска? А зошто би сонувале како сте сексуално привлечени од некој маж, кој воопшто не е ваш тип? Дали можеби имате некоја засрамувачка сексуална тајна или проблем за кој не сте свесни во реалниот живот?rnrnСпоред д-р Деби Хербеник, која е автор на книгата „Бидејќи чувството е убаво: Женски водич за сексуалното задоволство и сатисфакција“, пораката која ја испраќаат сексуалните соништа е сосема различна од она што го гледаме во нив. Сонувањето чудни сексуални соништа е нормална појава, врз која немате контрола и не треба да се срамите од нив, вели таа. Д-р Хербеник, заедно со друг експерт ги декодира шесте најтипични сексуални соништа кои ги сонуваат жените.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеrn

    1. Сон во кој имате секс со личност од истиот пол

    rn„Можеби ќе ви звучи шокантно, но ваквиот сон не е воопшто ретка појава“ – вели д-р Хербеник. „Многу жени сонуваат како имаат секс со друга жена во некој период од нивниот живот, дури и ако во вистинскиот живот се сексуално возбудени само од мажи“ – објаснува таа. „Една од причините може да биде тоа што во последниве години, жените се опседнати со идејата да имаат секс со личност од истиот пол.“  Но, кога сосема хетеросексуална жена сонува како води љубов со друга жена, тоа најчесто може да претставува потсвесна експресија на цврсто пријателство со некоја пријателка. „Сексот со друга жена може да биде испровоциран од емоционалната блискост која многу жени ја имаат со нивните најдобри пријателки“ – вели д-р Хербеник. „Во соништата, понекогаш оваа блискост може да биде претставена на едно поинакво ниво, но таа не е никаков показател за вашата сексуална ориентација, освен доколку во будниот живот, сфатите дека сте заинтересирани за жени“.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеrn

    2. Бившото момче од средношколски денови во сон

    rnОдамна не сте помислиле на момчето во кое бевте заљубени во школските денови. Тогаш зошто сонувавте како имате „див“ сексуален сон со него минатата вечер? „Не срамете се“ – вели д-р Хербеник. „Не е невообичаено за жените да сонуваат за нивните поранешни момчиња со кои биле во врска одамна, дури и ако сега се среќно мажени и имаат семејство.“ – вели таа. Се прашувате дали ваквиот сон може да значи дека некаде длабоко во вас, вие сте сè уште заљубени во вашето поранешно момче? „Најверојатно не“ – вели таа. Поверојатно е таквиот сон да е резултат на процесирањето стари спомени од страна на вашиот мозок. „Сликите со вашите поранешни момчиња се складирани во вашиот мозок заедно со илјадници други спомени.“ – објаснува таа. „Исто како што машките честопати сонуваат за нивните блескави средношколски денови, кога биле одлични фудбалери или кошаркари, жените можат на сон да се присетат на нивните дамнешни денови на романтика, возбуда и љубовно истражување.“Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеСпоред Тина Б. Тесина (т.н. доктор за романса) која е калифорниски психотерапевт и автор на книгата „ It Ends with You: Grow Up and Out of Dysfunction“, овој сон може да значи и предупредување. „Тој може да значи дека некое сегашно искуство ве потсетило на некое искуство од минатото или дека вие се обидувате да сфатите нешто од тоа старо искуство.“ – вели таа, охрабрувајќи ги жените да не се плашат да размислат што нивниот сон се обидува да им каже. „Можеби некој кој го познавате или штотуку сте го запознале, ве потсетува на тоа бившо момче или пак може да значи дека сте потсвесно загрижени дека ќе ја повторите истата грешка во сегашноста.“ Нема ништо погрешно во малку носталгични чувства или патување наназад кон минатото“ – додава д-р Хербеник. Немојте само да констатирате дека вашиот сон е можеби знак дека треба да го додадете на Фејсбук вашето момче од средношколските денови.rn
    rn

    3. Сексуален сон со некој кој не ве привлекува во реалниот живот

    rn„Понекогаш жените може да сонуваат сексуален сон со некој кој не можат да го поднесат во будниот живот и физички воопшто не ги привлекува.“ – вели д-р Хербеник. „Сексуалните чувства можат да бидат предизвикани од разни емоции, вклучително и бес, што претставува еден вид страст.“ Страсните соништа може да сигнализираат гневни чувства во реалниот живот, упатени кон личноста во вашиот сон“. „Може да означува дека сте и лути на таа личност и го изразувате тој бес во вашиот сон“. Во секој случај, сон си е сон, а тоа значи дека не треба премногу да се опседнете со пораката која се труди да ви ја испрати. „Битен е фактот дека жените се способни да ги раздвојат нивните реални желби и потреби, од искушенијата кои им се јавуваат на сон и знаат дека нивните соништа не мораат да им диктираат или да им сугерираат нешто во врска со нивниот сексуален живот – додава д-р Хербеник. „Игнорирајте го и продолжете понатаму“ – вели таа.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеrn

    4. Непријатен сексуален сон со сопругот на вашата пријателка

    rnНикогаш досега не сте имале афера, а вчеравечер сонувавте како имате секс со сопругот на вашата најдобра пријателка? „Првото објаснување за ваквиот сон е дека станува збор за невина љубопитност“ – вели д-р Тесина. „Можеби на некое потсвесно ниво се прашувате како би ви било доколку вие би биле со него“ – објаснува таа. Д-р Хербеник има друго објаснување за овој тип сон. „Тоа е табу тема, возбудливо е и тотално недолично, но таквите чувства може да направат да се чувствувате секси.“ „Едно мало истражување сугерира дека овие вонбрачни соништа може да бидат искусени од страна на оние жени кои имаат рутински секс. „Сфатете го овој сон како знак дека треба да внесете малку страст во вашата љубовна врска“ – објаснува д-р Хербеник. „Дали на начинот на кој што сопругот на вашата најдобра пријателка ве бакнал, сакате да ве бакнува и вашиот сопруг или партнер? Искрадете се во некој хотел за викенд и разгорете ја страста меѓу вас.Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат женитеrn

    5. Сон во кој вашето момче/сопруг има лице, глас или тело од друг маж

    rnВашиот партнер е рус и слабичок, а во сонот тој има тело како на Арнолд Шварценегер, црна коса и француски акцент? Д-р Хербеник објаснува дека овој сон може да биде сигнал за потреба од поголема необичност во врската. „Понекогаш стануваме мрзеливи и ни е досадно и мислиме дека знаеме сè во врска со нашиот партнер. Знаеме што ќе рече следно, што му се врти во глава, што ќе јаде за вечера или што ќе гледа на телевизија. Но запомнете дека сите, без разлика колку и да изгледаат предвидливи, имаат свои фантазии и мистерии, кои треба да бидете доволно љубопитни за да ги дознаете.“rnЗначењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените Нејзиниот совет е да се навратите на почетокот на врската. Ви текнува ли на првите состаноци и споделувањето на обични работи за животот, минатото, семејството? Таа вели „Кога мислите дека престанавте да споделувате? Пробајте да отворите тема која ќе испровоцира отворен и интересен муабет. Прашувајте како поминал неговиот ден, неговата работа, неговите соништа за животот или фамилијата. Можеби ќе наидете на некоја интересна тема споделувајќи работи и за себе и ќе сфатите дека имате голем интерес еден за друг.rn
    rn

    6. Сонувате за мистериозен човек – совршениот витез во сјаен оклоп

    rnДали некогаш сте се разбудиле од перфектен романтичен сон и сте се изнервирале што сте повторно во досадното јаве? Тоа може да е сигнал дека нешто ви недостига во животот или врската. „Често се фокусираме на физичкиот аспект на сексуалниот однос, заборавајќи на емотивниот аспект, особено доколку врската е долга. Сонувањето мистериозен човек може да донесе малку емоционална романса во вашиот живот, што и не е така лошо. Доколку нешто ви се допаѓа од сонот со мистериозниот маж, пробајте да го примените тоа во реалниот живот.“Значењето на сексуалните соништа кои ги сонуваат жените
    rnrnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn