Што и да ви се случи, знајте дека постои добра причина за тоа. Оваа приказна носи поучна порака дека никогаш не треба да очајуваме и да веруваме дека дошол крајот на светот, без разлика низ што поминуваме. Утре е нов ден.rnrnrnrnВо една богата земја живеел моќен крал. Тој имал свој верен слуга кој го следел секогаш и секаде, а бил познат по тоа што постојано му велел: „Никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа.“ Бидејќи кралот често запаѓал во различни непријатности, почнал малку да се фрустрира од изреката која слугата без прекин ја повторувал.rnrnЕден ден кралот со својата придружба отишол на лов за да ја испроба својата нова пушка. Поради неисправност на пушката, при пукањето тој изгубил еден прст на раката. Слугата како и секогаш рекол: „Ваше височество, немојте да се вознемирувате, никогаш не знаете какво добро ќе ви донесе тоа.“ Кралот се налутил и засекогаш го протерал својот слуга од неговото кралство.rnrnПо кратко време кралот со брод тргнал на патување, сакајќи да го запознае светот. Во текот на патувањето ги снашла голема бура и кралот заедно со својата придружба доживеале бродолом. Невремето ги исфрлило на остров населен од човекојадци.rnrnrnrnОткако ги заробиле, човекојадците секоја вечер правеле специјален ритуал, убивајќи по еден член на кралската придружба. Кога дошол ред кралот да биде убиен и изеден, домородците забележале дека му недостасува еден прст на раката.rnrnСпоред нивното верување, каков било физички недостаток непоправливо го расипувал месото, а луѓето кои имаат такви недостатоци се сметале за личности кои носеле голема несреќа, па затоа кралот веднаш бил протеран од островот и така се спасил. Тој потоа успешно се вратил во своето кралство и се сетил на својот стар слуга. Веднаш пратил гласници за да го побараат и да го вратат во дворецот со цел да му се заблагодари и да го награди.rnrnКралот вистински се израдувал кога го видел слугата, му раскажал што се случило со човекојадците и сфатил дека тој секогаш му мислел добро. „Поради сето ова, одлучив да те наградам како што заслужуваш, но и да ти се извинам што те протерав од моето кралство“, рекол кралот.rnrnСлугата одговорил, „Нема потреба да се извинувате Ваше височество, никогаш не знаевме какво добро ќе донесе тоа.“rnrnКралот се изненадил од одговорот и го прашал слугата: „Што сакаш да кажеш со тоа?“rnrnТој смирено одговорил, „Ваше височество, да не ме протеравте тогаш од вашето кралство, сигурно и јас ќе бев во вашата придружба на патувањето, па домородците и мене ќе убиеја и изедеа.“rnrnОд тој ден кралот никогаш повторно не се посомневал во изреката на неговиот верен слуга.
Сите би сакале да бидат психички силни луѓе кои би преживеале секаков пад во животот. Колку и да ни се чини на моменти убав и лесен, животот е исполнет со падови, мали и големи, кои на еден или друг начин влијаат на нас. Некогаш не сме ни свесни дека дадена ситуација за нас претставува загуба, слегување на подолно морално ниво и сл. И додека секој функционира индивидуално справувајќи се со животните падови на свој начин, постојат одредени нешта кои можат да ви укажат колку всушност сте подготвени да се справите со тие падови во зависност од вашата психичка состојба.rnrnrn
„Заслужувам да бидам среќен/на“
rnИако можеби се чини како добра мотивација кон доаѓање во состојба во која би биле среќни, ваквата изјава, како и сите изјави од сличен карактер, можат всушност да ја оддалечат уште повеќе таа цел. Како? Многу лесно може да се најдете себеси како ја очекувате таа среќа на погрешни места и од погрешни луѓе. Кога наместо помислата дека заслужувате среќа би поминале повеќе време посветувајќи се на луѓето и работите кои ги сакате и кои ве исполнуваат, среќата која ја барате ќе дојде сама по себе.rn
„Побрзо би молел/а за прошка отколку да барам дозвола“
rnИ додека самите зборови нагласуваат дека станува збор за нешто што веројатно не би требало да го правите, она што треба да се запрашате е дали тоа што имате намера да го направите вреди за последиците кои ги носи со себе? Уште повеќе, кои точно последици се тие? Дали влијаат на вас или на вашите сакани, дали некому ќе предизвикаат проблеми, дали ќе го означат крајот на нешто? Правејќи нешто што уште на самиот почеток ве тера да мислите дека ќе треба да барате прошка на крајот е нешто што не треба да го направите, барем не во тој момент. Ако ништо друго, можеби би било подобро убаво и детално да ги разгледате околностите, така што кога конечно ќе се решите да го направите првиот чекор, ќе бидете сигурни во себе знаејќи зошто навистина го правите тоа.rnrnrn
„Животот е само еден“
rnИзговори. Изјави како оваа се доказ дека барате изговор во животот да направите нешто што разумот во вас не би ви го дозволил во која било друга околност. Убедувајќи се себеси дека животот е еден, вие всушност си давате дозвола да направите нешто нетипично за вас. Да, некогаш тоа е добра работа бидејќи на тој начин пребродувате некои стравови, доживувате нешто возбудливо и различно од вашето секојдневие, запознавате нови луѓе. Но многу почесто, се наоѓате себеси уверени дека ова важи и за сите останати гранки во вашиот живот. На тој начин, вие сигурно ќе се најдете во ситуација кога ќе направите нешто што не е во ред, често дури и несвесни дека е така.rn
„Само сум искрен/а“
rnМожеби ве учеле како мали дека секогаш треба да бидете искрени, но факт е дека искреноста не е секогаш најдоброто решение (барем не во целост), а уште помалку изговор во секој аспект од вашиот живот. Искреноста е навистина во поголем дел од случаите подобро решение во споредба со премолчувањето (никогаш со лажењето), но често свесно или не, луѓето ја користат како добар изговор да повредат некого или да направат нешто што не е во ред. Така, наместо искрени, поверојатно е дека ќе делувате како груби и безобразни луѓе кои немаат почит кон нечии чувства.rn
„Не се грижам што мислат другите“
rnОва во целост ве карактеризира како сосема бесчувствителна личност која не се грижи за туѓите мисли, чувства или ставови и која се обидува да се убеди себеси дека е подобра од сите останати. Иако има вистина во тоа дека постојаното согласување и удоволување секому не е здраво, постои уште поголема вистина во тоа дека секој човек треба да има обѕир кон луѓето околу себе. Нема потреба да се согласите со нечие мислење ниту, пак, да правите нешто што не го сакате, но покажете почит кон личноста со која зборувате на тој начин што барем ќе ја ислушате докрај. Никогаш не можете да знаете што тој/таа има да ви каже и како тоа на крајот може да влијае на вас.
Има причина зошто клишеата постојат. Тие се тука бидејќи човекот од најраната фаза на своето постоење се соочувал и справувал со секакви ситуации. Пренесувајќи го своето искуство од колено на колено, па тоа во комбинација со истото искуство на следната генерација, создадени се многу, како што ги нарекол народот, клишеа. Често, тие се многу повеќе како животни лекции и правила кои би требало да ги познаваме и следиме. А следниве 8 се оние најчесто појавуваните.rnrnrn
1. Крвта не е вода
rnСемејството го чинат оние луѓе кои се секогаш тука за нас. Во добро и во лошо, најблиските се оние кои можете да ги побарате во кое било време и за која било работа, знаејќи дека ќе ви помогнат на секој можен начин. Ова се луѓето кои ни се секогаш, без конкуренција, први на листата на приоритети, оние за кои би откажале сѐ останато, за кои би дошле со трчање за да им помогнеме. Родител – дете, брат – сестра, дедо, баба, братучеди. Крвта не е вода, а семејството се состои од најважните луѓе во сечиј живот.rn
2. Крушата под круша паѓа
rnЕдно од најпознатите правила кои постојат е токму ова. А веројатноста за точност е далеку поголема од која било друга. Се разбира, има исклучоци кои вечно се борат против овој стереотип, но факт е дека веројатноста да не е така е многу мала. Некои карактеристики се тешки за промена, а некои можете да ги искористите во своја полза. Некои се убави, а некои не ви се допаѓаат. Благодарение на гените, голем дел од особините се наследени, а останатиот дел се резултат на опкружувањето во кое живеете. Од друга страна, во која насока ќе ги насочите, е целосно оставено на вас.rn
3. Љубовта е слепа
rnИ навистина е. Заљубени до уши, луѓето тежнеат кон идеализирање на она што реално се случува. Го идеализираат партнерот, ги идеализираат нивните односи, меѓусебното однесување. Некогаш сето ова е резултат на стравот од губење на саканата личност, некогаш е резултат на претешката реалност, некогаш е само слепило. Некогаш, ова слепило е баш она што е потребно за малку забава, романтика и повеќе љубов. Сонувајте со отворени очи и чувствувајте со затворени. Тогаш навистина гледате.rn
4. Добрата ограда создава добри соседи
rnЖивотот е исполнет со виртуелни и физички граници кои стојат на своето место со причина. Како што оние вистинските нè спречуваат да одиме на места каде што не ни е дозволено, така оние виртуелните се со намена да нè сопрат кога ќе пречекориме нечиј животен праг. Луѓето секогаш имаат желба да го ставаат својот нос во туѓа манџа, а кога самите ќе се изгорат се жалат. Границите постојат со причина, а таа причина е дека секој треба да си гледа пред и за себе. Пријателства, врски, соседи, семејство… Сите овие овозможуваат да бидете свои и слободни, но сѐ додека не претерате и не почнете да се мешате во животот на другите, кај што не ви е место.rn
5. Око за око, заб за заб
rnОваа изрека се однесува и на убави на лоши работи. Не сите луѓе се одмаздољубиви, но знајте дека ретко постои личност која ќе ви заборави лошо дело. Од друга страна, пак, доброто дело е она кое секогаш се враќа назад. Во свет во кој ретко кога некој мисли на некој друг освен на себе и на своите најблиски, доброто дело секогаш се враќа со добро дело. Помогнете некому и тој некој ќе ви помогне вам. Одвојте време за некого и тој ќе одвои време за вас. Повредете некого и не се чудете доколку и вие останете повредени.rn
6. Кога си во Рим, однесувај се како Римјаните
rnИ додека не се мисли буквално само на Рим, факт е дека секоја земја и секој град си имаат свои обичаи и традиции. Ако треба да патувате, пронајдете информации за тоа место пред да го посетите. Можеби на посета ќе ви дојде пријател од странство или бизнис партнер – научете нешто повеќе за неговата земја и обичаите кои ги негува. Не само што ќе добиете плус поени за покажаната заинтересираност, туку и ќе избегнете ситуации од типот Ова е навредливо во нашата земја. Сакале или не, прилагодувањето на разликите е неопходно во вакви моменти.rn
7. Кој умре и те назначи тебе за главен?
rnЛуѓето често знаат да се занесат и да си дозволат однесување кое не им прилега. Оваа изрека се однесува баш на оние луѓе кои мислат дека нивниот збор треба да е последен, односно дека тие се главни и одлучуваат во секоја ситуација. Но реалноста има друга замисла, а таа е дека сите луѓе имаат еднакво право на глас. Пријателите и вашите блиски имаат подеднакво, а некогаш и поголемо право од вас да кажат што мислат и како треба да се постапи во дадена ситуација. Прифатете го тоа.rn
8. Чиста сметка, долга љубов
rnНема човек кој не го слушнал ова правило. Самите зборови кажуваат доволно, а тоа е дека без разлика за кого станува збор, чистата сметка е она што е основно за врската да биде здрава и просперитетна. Доколку некој некому должи или постојано едниот плаќа, додека другиот се однесува како ништо да не се случило, проблемите ќе си дојдат сами по себе. Навистина е жално, но парите или кој и да е друг метод на задолжување имаат моќ да ја уништат секоја врска. Затоа, чисти сметки – добри односи.
„Кафето не е само пијалак. Тоа е момент за уживање.“
rnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1440) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.