Запознавате некоја нова личност, тој/таа ви го кажува своето име, а вие и понатаму не знаете како се вика. Можеби не сте слушнале убаво, а можеби сте заборавиле. Тогаш влегувате во една непријатна ситуација од која сепак постојат овие неколку излези.rnrn
rnrnПобарајте ја нивната имејл адреса, прашајте ги како да ги најдете на Фејсбук или пак предложете им самите да го запишат својот број во вашиот телефон. Тие ќе го стават своето име и бројот. Освен што ќе дознаете како се викаат, тоа дава можност и да останете во контакт потоа.rnrnЗапознајте ги со ваш пријател. Побарајте од некој ваш пријател да се запознае со него/неа, па откако тој ќе го каже своето име, истото ќе го стори и вашиот соговорник.rnrnПрашајте ги како ги викаат нагалено. Не мора и вие веднаш да почнете да ги викате како семејството и блиските пријатели, но веднаш ќе сфатите кое е името што сте го пропуштиле претходно во разговорот.rnrnПрашајте ги за значењето на нивното име. На некои луѓе им значи тоа што нивните имиња имаат некое „скриено“ значење и сакаат да зборуваат за тоа. Други не се занимаваат толку со тоа, но во објаснувањето сигурно ќе го споменат своето име барем уште еднаш.rnrnПобарајте им визит-картичка. Доколку се луѓе од бизнисот, и онака сакаат да ви ја дадат.rnrnБидете креативни. Сигурно со вашите пријатели сте ги споредувале личните документи и фотографиите од нив. Ако успеете да издејствувате некоја таква ситуација со вашиот нов соговорник, тогаш имате шанса да видите и како се вика.rnrnЗавршете го разговорот повторувајќи го вашето име уште еднаш. Кажете како се викате исто како кога сте се запознале и речете дека разговорот ви бил пријатен или нешто слично. Веројатно и тој/таа ќе го стори истото.rnrnБидете искрени. На крај, наједноставното решение е да се извините, да признаете дека сте пропуштиле да го запомните името и уште еднаш да прашате за него. На секој му се случува тоа и затоа секој ќе ве разбере.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rn

rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Помош:” active=”false”]Првичната мисла можеби не е точна.[/toggle_item]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Потребни ѝ се 28 дена. На 28-от ден ќе скокне три метри и ќе излезе, така што вечерта нема пак да се излизга надолу.[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrnВо овој момент осамениот ја прифатил осаменоста и не се обидува да се извлече од неа, не затоа што не сака, туку заради тоа што не е доволно свесен во каква ситуација се наоѓа. Проблемот е во тоа што состојбата на осаменост наметнува начин на размислување којшто само ја продлабочува ваквата состојба. Според Винч таа тоа го прави во неколку чекори.rnrn
rnrnД-р Винч тврди дека постои излез од оваа стапица, но дека личноста треба малку да се потруди затоа што чекорите кон излезот бараат извесен напор. Тој го предлага следното:rnrn
Управувајте на маусот, предметите земајте ги со клик, а употребувајте ги од делот Inventory.rn