КАФЕ ПАУЗА

Tag: истовремено

  • Oвие настани се случувале истовремено! 16 неверојатни историски поклопувања

    Oвие настани се случувале истовремено! 16 неверојатни историски поклопувања

    Волнестите мамути и египетските пирамиди, Мачу Пикчу и Сикстинската капела, укинувањето на ропството и пронаоѓањето на iPod-от… и уште 13 работи за кои воопшто не би помислиле дека се случиле речиси истовремено.rnrn

    Да, овие настани се случувале истовремено! 16 неверојатни историски поклопувања
    Мартин Лутер Кинг и Ана Франк

    rn

    1. Ана Франк и Мартин Лутер Кинг

    rnАна Франк и Мартин Лутер Кинг се херои и историски симболи. И двајцата се родени во 1929 година.rn

    2. Последното погубување со гилотина и „Војна на ѕвездите“

    rnПоследното погубување со гилотина во Франција се случило по премиерата на првиот филм „Војна на ѕвездите“ со наслов – Епизода IV: Нова надеж.rnrnВоведена за време на владеењето на Луј IV, гилотината останала во употреба речиси два века по неговото владеење, па така за последен пат била употребена на 10 септември 1977 година, речиси четири месеци по проектирањето на првиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ во киносалите.rn

    3. Оксфордскиот универзитет и царството на Ацтеките

    rnЕден од најпознатите универзитети во светот, универзитетот во Оксфорд датира од 1096 година, но во 1231 година бил официјално прогласен за универзитет. Царството на Ацтеките на кое често му се придодава епитетот древно, било основано околу 1430 година, речиси 200 години откако Оксфорд официјално станал универзитет.rn

    4. Фашистичка Шпанија и Мајкрософт

    rnОд октомври 1936 до ноември 1975 година со Шпанија владеел фашистичкиот диктатор Франциско Франко. Во мај 1975 година во Ново Мексико, САД, Бил Гејтс и Пол Ален ја основале една од најважните светски компании, Мајкрософт.rn

    5. Укинување на ропството и првиот iPod

    rnСтив Џобс во 2001 година го промени светот кога ја дизајнираше првата верзија на iPod. Со меморија доволна за 1.000 до 2.000 песни и батерија која траеше 10 часа, првата генерација на iPod сега се наоѓа во историските музеи. Пет години подоцна, во исто време кога беше пуштена во продажба шестата генерација iPod, беше укинато ропството во Мавританија, последната земја во светот каде што ропството сè уште беше законско во 21 век.rn

    6. Волнестите мамути и египетските пирамиди

    rnПирамидите во Гиза се една од најголемите мистерии во светот – која е тајната што се крие зад прецизниот начин на градење?rnrnПирамидите биле изградени помеѓу 2550 и 2490 п.н.е., и тоа во период кога праисториските волнести мамути сè уште биле присутни на Земјата. Последниот животински вид од периодот на ледената доба изумрел околу 1650 година п.н.е., околу 900 години по изградбата на пирамидите.rn

    7. Династијата Јуан и битката кај Креси

    rnСклони сме кон тоа да го замислуваме развојот на оружјето во линеарна насока, ама историјата покажува дека не е така. Најстариот бронзен пиштол што користел барут е пронајден за време на кинеската династија Јуан околу 1332 година.rnПо десет години, во битката кај Креси помеѓу француската и англиската војска која завршила во 1346 година се користел самострел како оружје.rn

    8. Падот на Римското Царство и откривањето на Америка

    rnИсточното Римско Царство (познато како Византија) пропаднало во 1453 година кога било освоено од страна на отоманските Турци. Четириесет години подоцна, во 1492 година, Кристофер Колумбо се вкотвил на северноамериканското копно. Тоа значи дека многумина од луѓето кои се сметале себеси за Римјани (една од најстарите цивилизации во светот) слушнале дека бил откриен нов континент.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дали е можно да сте вљубени во две личности истовремено?

    Дали е можно да сте вљубени во две личности истовремено?

    Имајќи го предвид современиот начин на живот, лесното создавање познанства и склопување пријателства, како и секојдневната комуникација која ја остваруваме со многу личности, сè почесто ни се наметнува прашањето: Дали е возможно да сакаме двајца истовремено?rnrnВо денешно време речиси и не постојат такви кои остануваат со еден партнер цел живот, што би значело дека луѓето се способни да сакаат повеќе пати во текот на животот, но дали можат да сакаат повеќе од една личност истовремено?rnrnДали е можно да сте вљубени во две личности истовремено?rnrnДали е возможно да се вљубувате во друга личност додека сè уште го сакате сегашниот партнер? Дали можете еднакво да сакате повеќе од една личност на романтичен начин и дали со вљубувањето во друга личност ѝ одземате нешто на првата?rnrnКако прво, многумина би ја одрекле вистинитоста на оваа појава бидејќи според нив љубовта е целосна физичка и психичка посветеност на една личност кон друга. Не може да почнете да негувате одредени чувства кон некого без да му одземете нешто на сегашниот партнер. Но од друга страна, љубовта не е ограничена, не е потрошно средство. На пример, родителите кои имаат  повеќе од едно дете се способни да си ги сакаат сите деца еднакво. Но сепак, дали станува збор за ист начин на сакање?rnrnОд друг аспект, доколку би постоела дефиниција за љубовта, тогаш љубовта би ја дефинирале како моногамна. Партнерот од вас очекува да ви биде единствен и тоа впрочем е природниот тек на работите. Многумина посакуваат моногамна врска и за тоа не е потребно никакво  објаснување бидејќи тоа е она што се очекува од секој кој стапува во врска – да биде верен. Но дали е потребно објаснување за посакување полигамна врска? Дали постојат луѓе кои се способни да сакаат повеќемина и кои би можеле да бидат во отворена врска и дали таквите луѓе се почести отколку што мислиме?rnrnДали е можно да сте вљубени во две личности истовремено?rnrnДруго прашање кое се наметнува во овој контекст е дали му одземате нешто на сегашниот партнер доколку се вљубувате во друг? Без разлика дали станува збор за емоционално неверство или работите стигнале до физичко неверство, постојат ограничени и неограничени ресурси со кои секој човек располага. Ограничени сме со пари и време, но не со чувства. Сепак, многу психолози тврдат дека иако нашите чувства не се потрошни и ограничени, развивањето симпатии кон друга личност по автоматизам прави да ѝ одземеме нешто на првата.rnrnВо прилог на тврдењето дека може да сте вљубени во двајца истовремено, оди и аргументот дека би можеле да сме вљубени, но би ги сакале на различен начин, бидејќи секоја љубов не е иста. Најчесто втората љубов се случува поради:rn

      rn011

    • оладување на односите со партнерот
    • rn011

    • монотонија во врската
    • rn011

    • финансиски проблеми
    • rn011

    • повторно појавување на личност во нашиот живот која ни била драга во минатото
    • rn011

    • возбуда и адреналин поради забранетото
    • rn011

    • потребата по нешто ново и различно
    • rn

    rnНајчесто луѓето кои се во долга врска бараат нешто ново, развиваат чувства кон одредена личност без да престанат да го сакаат својот партнер и без да сакаат да го/ја напуштат. Можеби станува збор за несигурност и несамодоверба, а можеби навистина чувствата и кон двете личности се речиси еднакви.rnrnДали е можно да сте вљубени во две личности истовремено?rnrnФеноменот за вљубување во две личности истовремено не е и не може целосно да се објасни, бидејќи на крај сепак станува збор за индивидуален избор. Сепак е тешко прашање, љубовта не се наоѓа често, а некогаш се појавува во навистина несоодветно време, како на пример додека сте веќе вљубени во друга личност. Можеби најдобро би било да ја прекинете постоечката врска со цел да се обидете со новата, но не секогаш е толку едноставно бидејќи постојат околности кои многу влијаат и создаваат притисок. Некогаш не можете да заминете од постоечката врска, а некогаш не сакате. Па така не ретко се случува луѓето да пробаат да балансираат помеѓу двете врски.rnrnКако заклучок би можело да се каже дека дури и да негувате чувства за двајца истовремено, не може да ги сакате со иста жар и не можете еднакво да бидете склони и кон двајцата. Со вљубување во друга личност додека сте веќе вљубени во една со сигурност и на двете страни им одземате нешто. Љубовта можеби не е потрошна, но во никој случај не би можеле совршено да ја избалансирате помеѓу две страни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметник црта портрети со двете раце истовремено

    Уметник црта портрети со двете раце истовремено

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnСамоукиот уметник Ксионан Сан црта портрети со двете раце истовремено. На овој начин, а во чест на филмот „Бегство од Шошенк“, тој на еден лист хартија го сместил актерското дуо Морган Фримен и Тим Робинс. Ваквиот исклучително редок талент меѓу уметниците, можете да го погледнете на импресивното забрзано видео подолу.Уметник црта портрети со двете раце истовременоСан, за себе вели дека цртањето портрети му е пасија и најголемо хоби. Ако ви се допадна неговиот труд и посакате да изработи и ваш портрет, слободно испратете му ја омилената фотографија. Како да го сторите тоа и колку истото ќе ве чини, информирајте се преку неговиот сајт.rn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.